Фотографии: Александра Костадиновска

 

Луѓето што не пијат кафе често не можат да разберат дека кафето не е доза енергија во шолја, туку ритуал.

Ок, во најмала рака е две во едно – енергетски ритуал. (Постои нешто такво?). Зашто утрото кога ќе мора да истрчаш од дома 1 час порано за на работа и нема да успееш да се напиеш кафе „како човек“, не ти пропаѓа зашто немаш доволно енергија за да постоиш, туку затоа што денот нема поента кога е започнат без овој ритуал.

А како и секој ритуал, колку и да е сличен, секогаш има нишка од твојот карактер испреплетена во него. За некои, на пример, кафе значи дупло еспресо на нога, за други нематено нескафе со млеко, за трети ладно кафе со многу мраз преку целата година, а за четвртите кафе е пијалокот што го пијат затоа што иде добро со чоколадо.

Ако не можеш да се најдеш во ниту една од овие, наречи се див и експериментален, и смести по еден дел од себе во секоја група. Така направивме ние. Се зависи од расположение, нели?

 

 

Во тој случај – би сакале да ја искористиме оваа прилика, на која и посветивме цел текст, и со тебе да го споделиме генијалниот трик што особено ќе им се допадне на оние за кои кафе, не е кафе, кога не е во пар со чоколадо.

(…drum roll…)

Дали знаеш за Twix чоко-сламка?

Да бидеме малку појасни – дали знаеше дека ако го гризнеш Twix чоколадото (најнормално обично Twix чоколадо) од двете страни, можеш да го користиш како сламка за кафе? Ти рековме – генијално!

Концептот на натопување на колаче (или како што Британците викаат – бисквита) во пијалок не е некој нов трик. Најверојатно започнува уште од Римјаните, кои имале навика да натопуваат леб во вино, а продолжува со британските морнари во 16 век, кои бисквитите што ги нарекувале „hard tack“ ги натопувале во пиво за да може полесно да ги јадат. Тек по неколку века овој концепт конечно преминал од неопходен потег во задоволство, кога Британците го започнале светскиот тренд на натопување на бисквити во чај.

 

 

Да се вратиме во 2018. Можеби конечно е време да ја дигнеме оваа традиција на уште едно ниво повисоко. Со Twix чоко-сламка не само што го натопуваш чоколадото во кафето, туку го користиш како сламка. На овој начин кафето го топи чоколадото на надворешноста, и добиваш бисквита потопена во кафе плус стопено чоколадо.

Можеби ќе прашаш: а зошто едноставно да не го изедеш чоколадото додека го пиеш кафето… како нормален човек?

Прашај било кој Британец и ќе ти каже – кога ја натопуваш, бисквитата добива подобар вкус! Благото испушта повеќе вкус затоа што шеќерите се растворуваат, додека истовремено ја омекнува текстурата. Накратко, изгледа дека ова е една од оние 1 + 1 = 3 животни равенки.

 

 

Дури постои и научен доказ за ова. Пред неколку години, познатиот Michelin готвач Heston Blumenthal, се одлучи да истражи дали навистина натопувањето на колачи во топли пијалоци ги прави повкусни. Заедно со научници од Универзитетот во Нотингем, тој разви гаџет кој го вметнуваш во нос, и кој ја мери количината на арома во твојата уста која се ослободува кога ќе се напиеш од пијалокот. Резултатите што го добиле се неверојатни – натопената бисквита, не само што испушта повеќе арома, туку и аромата се распоредува низ твојата уста побрзо. Voilà! Научно докажано.

Испробавме самите, употребивме Twix чоко-сламка со неколку различни типови на кафе и го потврдивме заклучокот на Heston Blumenthal. Плус, сфативме дека колку е потопло кафето – толку подобро функционира трикот.

 

 

Сè уште не ни веруваш? Испробај го сам и следи не внимателно следните неколку денови, зашто спремаме Twix x Reborn (aka TwixREmix) изненадување.

 

Comments

comments