Добиј копија од книгата „Како да престанете да се грижите и да почнете да живеете” на Dale Carnegie од Книжарница ТРИ. Лајкни го статусот на Facebook и тагни го твојот пријател/ка (во Facebook коментар) на кого би му се допаднала оваа книга. Добитникот ќе биде одреден на 14.1.2017 (сабота) во 14.00 часот.

Истражувањата покажале дека вообичаено тие што читаат многу книги исто така сонуваат еден ден да напишат бестселер, роман за љубовта или семејството, да изградат фантастични новелистички приказни и се разбира да станат славни како J K Rowling и „Harry Potter“ или Sherlock Holmes“.

Популарноста на Holmes, славата и многубројните обработки на неговиот фиктивен (наративен) лик се такви што веќе новите генерации на „читачи“ сметаат дека не се работи за измислен лик туку за вистинска личност која постои во реалниот живот.

И тука веќе станува појасно: за да имаме вистински изграден лик кој ќе заличува на вистинска личност од секојдневниот живот најдобро е да читаме книги во кои се раскажуваат вистински приказни.

Ама не мислам на романизирани биографии, бидејќи и таму имате доста интервенции од авторот при вметнување на наративни елементи од типот на измислување дејствија што ликот не ги направил или релации/чувства кои ги немал (кои му одговараат или нему или на дискурсот), туку напротив да ја почувствувате сржта и вистинската болка на вистинските луѓе за да може да ги доловите во вашите ненапишани романи.

Е такви real life time stories ќе најдете во книгите од жанрот „Самопомош“. Таму имате вистински приказни на вистински луѓе кои го доживеале својот пад, нешто им се случило страшно, неверојатно, малку веројатно, биле изневерени, биле отпуштени, биле на работ, па решиле магично да го сменат својот живот, нашле начин како да се справат со предизвиците и да продолжат понатаму. Упс, па нели така се гради приказна за роман?

 

 

На тој начин всушност добивате изградени ликови со изградени животни приказни, вие само ќе треба да го додадете сосот и доколку ви работи имагинацијата и сте креативни да го напишете вашиот прв реалистичен роман. Само вклопете ги замислените дијалози, релации со пријатели кои наеднаш му станале крвни непријатели на главниот лик, односно противници – согласно шемата на Greimas за семантиката на една нарација, и voila – вие сте го напишале највозбудливиот роман на годината.

Книга од ваков тип Ви ја препорачуваме култната, бестселерска, книга што досега е продадена во над 15 милиони примероци во светот: „Како да престанете да се грижите и да почнете да живеете“ од популарниот Dale Carnegie која може да ја најдете во Книгата ќе ја најдете во Издавачкиот центар „ТРИ“, во просториите на кафе-книжарницата „ТРИ“ (Дебар маало) на ул. „Аминта Трети“ бр. 33.

Ем ќе ви биде за добар старт на годината 2017-та, ем ќе најдете инспирација за пишување реалистични наративи. Уживајте и читајте!

#SmartIsTheNewSexy #ВљубениВоКнигата #ОдУмотНаЛилјана
#ВерувамВоЉубовНаПрваСтраница #ЧитамЗначиПостојам #RebornBookClub

 

Comments

comments