Понеделник 10.7.2017

[20.00] Leonardo Huseini / “Hallucinations” Workshop // Beatrix Crew

Леонардо Хусеини е искусен танчер и кореограф од Скопје, Македонија. Неговата работа ја препознаваат низ целиот Балкан, како и низ други Европски градови и тоа по квалитет и иновативност. Тој е еден од најистакнатите танчери во Македонија и е лидер/промотор на најновите техники од урбаните танци.

Ова ќе биде неговата Прва официјална танцова работилница, и од таа причина, тој сака да сподели со вас нешто посебно, како и да размени искуство и знаење со сите Вам, љубители на танцот.

Цената на работилницата е 10EUR (600 денари).
Пријавувањето може да го направите на фб профилот на Beatrix Crew или пак на телефонскиот број (+389 71 366 363).

 

[20.00] Ways of Seeing / 1 // Социјален центар Дуња

Џон Берџер (John Berger) е подеднакво уметнички критичар колку и уметник, романсиер, политички радикал и поет.

Во 1972 година, неговата четириделна Би-би-си серија, “Начини на гледање”, се спротистави на прифатените канони во уметноста и културата. Сѐ дотогаш, водечките британски критичари на уметничкиот предмет му беа доделиле посебно место на елитен објект за обожување, оценуван единствено според квалитетот и атрибутите, а старите мајстори ги беа поистоветувале со полубогови. Берџер е оној кој го руши просторот помеѓу набљудувачот и уметноста, меѓу високата и популарната култура, поставувајќи го уметничкиот предмет во материјалниот свет на конзумеризмот и класните разлики. Тој е еден од првите критичари на уметноста кои зборуваат за „машкиот“ осврт кон претставата на жените во уметноста.

Епизода 1:
Со пронаоѓањето на маслени бои околу 1400 година, сликарите беа во можност да ги претстават луѓето и предметите со невиден степен на реализам, а сликарството стана идеален начин за вреднување на приватната сопственост. Во оваа епизода, Џон Берџер ја доведува во прашање вредноста на оваа традиција, со посебна анализа на влијанието на фотографијата врз нашата проценка на уметноста од минатото.

Гостин и воведничар во дискусијата која ќе следи по проекцијата ќе биде Safet Ahmeti.

 

[23.55] Havana Mondays | Bionda Live Performance // Летен Клуб Хавана

Понеделник во Хавана

“Bionda band” настапуваат со нивниот богат репертоар исполнет со безвременски македонски и странски рок хитови.

Бидете дел од летната приказна на Хавана и уживајте во музиката со ладна пијачка.

Пијачки 50% попуст

Влез: Слободен

 


 

 

 

Вторник 11.7.2017

[12.00] Луд Вторник во Cineplexx! // Cineplexx Скопје

Само овој вторник (11.07) филмско уживање со летните блокбастери по популарна цена од САМО 100 денари!

Важи за сите и 2Д и 3Д филмови.

 

[15.00] Balkan Riot fest #4 // Бла Бла Клуб

Stems(usa) https://www.facebook.com/Stems.ensemble/
Swatovski(mkd)
+ more tba

 

[20.00] Еднодневна изложба со рачно изработени декорации – Dreamcatchers // Public Room

Со почеток од 20h на 11ти (вторник), изложба на 3пи Позитив со рачно изработени декорации и накит Dreamcatchers.

Изберете позитивен подарок за себе или за оној што го сакате.

 

[21.00] Gabriel Zucker / Gabriel Globus-Hoenich Duo // Бруклински Бар

Во вторник, 11.07.2017, со почеток во 21 часот, настап на Gabriel Zucker (пијано) и Gabriel Globus-Hoenich (тапани).
Нивниот звук е комплексен спој на енергична музика, рок и модерен џез.
Бруклински е една станица од нивната светска турнеја, која продолжува во Софија, Бугарија.

Влезот е слободен.

 

[21.30] 60ка џем // Че Кафе Бар

Свирење, пеење и слободен пристап до сите кои сметаат дека поседуваат квалитетни вокални и трзачко-свирачки способности!

 

[23.59] Шизи во вторник со SureShotz // Летен клуб Хавана

Ново Sure Shotz шизење во летниот клуб Havana. Dj Shorty P и Dj Irie Scratch се овој пат позади грамофоните, пијачките стандардно на 50%, а влезот бесплатен.

 


 

 

 

Среда 12.7.2017

[21.00] Неделна програма // Рок Кафана Рустикана 2.0

Агендата во 2.0 од среда до сабота изгледа вака:

Среда – Блузање со InThe Mood Blues Duo и промо на 8 вида виски после 21:00

Четврток- Кириличен рокенрол со Audioskopje и шизење после 21:30

Петок – Classic R’n’R едукација со Ringroad после 21:30

Сабота – 20% промо на бургери од 14:00 – 18:00, a вечерта акустична дружба со Страна Б после 21:30

*Недела е неработен ден во 2.0 во наредниов период

За информации и резервации пишете ни во инбокс или јавете се на 075478134

 

[22.00] Хуманитарна забава за Бубе Ин // Радио Бар

Почитувани,

ЈП Паркинзи на Општина Центар заедно со RadioBar и Јегермајстер Македонија организираат голема хуманитарна забава за познатиот стилист Љупчо Петрушевски, познат како Бубе Ин.

Поради преголем ангажман околу својата работа и низа стресови, Бубе Ин се соочил со голем пад на имунитетот поради што добил воспаление на мозокот – енцефалитис. Toj бил итно пренесен во болница и лекарите едвај успеале да го спасат неговиот живот. Бубе со месеци одел на третмани со кортикостероиди и како последица од третманите потребно му е вградување имплант во рамотото, зафат кој треба се плати 20.000 евра.

 


 

 

 

Четврток 13.7.2017

[22.00] Програма // Сектор 909

13.07.17 четврток
Bruv
Ulterior

14.07.17 петок
BALANCE 17
Samoil Radinski / Maci
Aleksandar Miskoski
Og! / Tomi Bojadzi

15.07.17 сабота
Iceberg
Fecky Farris

 


 

 

 

Петок 14.7.2017

[10.00] Д Фестивал 2017 // Дојран

Единствениот летен open-air музички фестивал во Македонија годинава ќе се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран. Седмо издание на фестивалот на кој ќе уживате во тридневна музичка програма, повеќе бини, камп и единствената фестивалска атмосфера. Повеќе информации во линкот погоре.

 

[20.00] BBQ Party #7 // Public Room

Јавна скара #7 во Јавна Соба – петочно, опуштено дружење на тераса ~

Потребно е да си донесете друштво и месо по ваш избор кое шефовите на Public Room ќе ви го зачинат и подготват на грил со многу љубов, и секако бесплатно.

 

[23.00] TDFU Takeover // Д Фестивал

Журката стартува од 23 часот па се до изгрејсонце. Редослед на настапувачи:
– Inomatik
– Gloomié
– Irie Scratch
– Druggy
– Bass Infusion

Visuals: MvrSvr Production

 

[23.00] Рокенрол пречек за зурлите и тапаните со Укален, БендОфф, Тоа е Тоа // Галичник

Повелете во предвечерието на Галичката свадба на Рокенрол во Галичник. Деби настап ќе има бендот Uкalen како и најдобриот кавер бенд во Македонија БендОфф.

 

[23.55] The Ringtones // Клуб Маракана

Петочка дружба во Маракана со Ringtones.

Резервации: 075 274 032

The Ringtones:
Дина Јовановска – вокал
Симон Пеоски – гитара и вокал
Дарко Фотиновски – бас
Кристијан Лафазановски – тапани

 

[23.59] Opening Party // Епицентар

Kim Ann Foxman [Firehouse Recordings, NY, USA]
https://soundcloud.com/kimannfoxman

Local Support:
Ivana Dragsiqi

Влез:
300 денари

 


 

 

 

Сабота 15.7.2017

[20.00] Summer Vibes Party // Базен Ирина

Лето 2017 пристигна време е за незаборавна забава покрај базен во комплексот Ирина.

Старт: 20:00 до 01 :00 часот
За журката да биде во светски рамки ќе се погрижат две GoPro & тимот на Old School Music.

DJ – Артисти :
Warp Up – Vic Velkovski
*Philip Ackowsky
+ Изненадување

Влез: 200 денари

 

 


 

 

 

Недела 16.7.2017

Наскоро…

 

Comments

comments