Фотографија: Елена Василевска

 

Понеделник 10.9.2018

[20.00] NLB Gallery: Изложба на фотографии „Елема Монохроматик“ // НЛБ Галерија

На 10.9.2018 година со почеток од 20 часот во НЛБ Галерија ќе биде отворена изложбата „ЕЛЕМА МОНОХРОМАТИК“. Изложбата е дел од манифестацијата „56ти Денови на македонска фотографија“ 2018.

 

[00.00] Havanа Mondays со Bionda // Летна Хавана

И овој понеделник ќе слушате многу поп-рок хитови изведени од Bionda, а стандардно пијачките на 50%.

 


 

 

 

Вторник 11.9.2018

[20.00] Tuesday Expat MeetUp @Vinyl w/ In The Mood Duo // Винил

Овој а и секој нареден Вторник, БЛУЗот у Винил со Live & Acoustic so “In The Mood” Duo

 

[20.00] Силјан штркот шанца // Македонски Народен Театар

Автор: Дејан Дуковски
Режисер: Срѓан Јаниќијевиќ

Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
Кореограф: Александра Кочовска – Начева

Улоги:
Силјан: Александар Михајловски
Божин: Нино Леви
Евда: Марија Новак/Магдалена Ризова – Черних
Велчо: Ивица Димитријевиќ
Силјаница: Нина Деан
Еснафот: Александар Ѓорѓиески/Славиша Кајевски
Духовникот: Висар Вишка
Клајк: Кире Ѓоревски
Клајковица: Ана Стојановска
Си Биле: Нина Деан
Сиве: Тина Трпкоска
Чуле: Ана Стојановска
Пијаницата: Кире Ѓоревски
Трпе: Никола Ацески

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/mk/component/k2/siljan-shtrkot-shanca?Itemid=614

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
Цената на билетот е 200 ден.

 

[20.00] Синдикална коктелијада // Синдикат

Другари и другарки, потесното раководство на Синдикат во договор со поширокото членство на Синдикат донесе одлука овој вторник да организира еден симпатичен настан, кој од очигледни причини е наречен Синдикална коктелијада.

Што всушност ќе се случува на овој настан?
За почеток, заборавете го стандардното коктел мени на Синдикат, бидејќи овој вторник задолжен за подготовка на коктелите ќе биде другарот Блажо, кој доаѓа со неколку специјални рецепти, кои ќе бидат на менито оваа вечер. За да не се фокусирате само на пиење, другарот Васо ќе биде задолжен за музичкиот избор.

 

[21.00] Шанкот е твојот пријател // Барбакан

50% попуст на сѐ што ќе се порача и ќе се ужива на шанк!

 

[21.30] Burger Tuesday // Рок Кафана Рустикана 2.0

Во текот на целиот ден бургер менито ќе биде на 20% попуст

 


 

 

 

Среда 12.9.2018

[14.00] Steak Break // Дистрикт

Секоја среда и петок Steak Break во Дистрикт Бар и Ресторан.

 

[18.00] Apple Special Event – Live Stream GATHER ROUND. // Чилин Бар

Traditionally, this year again, we’re hosting the Apple Special networking event.

Apple’s next major iPhone will be unveiled Wednesday, September 12th, 10 am PDT (7pm in MK). The event will take place at the Steve Jobs Theater at the Apple HQ in Cupertino, Californa.

Apple is also likely to let the audience know when the next version of the Mac and iOS operating systems will be available for download.

 

[19.00] Ogie & Nino Naumov // Епицентар

Mid-week excitement!
hosted by> Bodan Jamakoski

ogie [AAA музика]
Nino Naumov [PMG Recordings]

 

[20.00] Разговори во четири очи // Македонски Народен Тетар

Автор: Ингмар Бергман
Режисер: Нина Николиќ
Адаптација на текстот: Тамара Барачков

Во претставата „Разговори во четири очи“ централниот лик на приказната, Ана Бергман, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење. Така, сликата на една традиционална заедница, претставува и соочување со сопствената историја, минатото и идентитетот.

Играат: Амернис Нокшиќи Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Дарја Ризова, Катина Иванова, Благој Веселинов и Дамјан Цветановски.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
Цената на билетот е 300 ден. и слободен влез за средношколците

 

[20.30] Beertija Pub Quiz Vol.11 // Биртија Паб

Оваа недела, понатаму со нови хоустови и нови теми. Овој пат, во чест на изминатиот празник, прашањата ќе бидат од Македонски калибар, опфаќајќи повеќе категории.

 

[21.00] Pub Quiz // Коузи Бар

И уште еден квиз оваа среда во Cosy Bar.

 

[21.00] Опуштена вожња со Бојан Чакра & РСБСП // Барбакан

Опуштена вожња со Бојан Чакра & РСБСП

 

[21.30] Blues & Beer are for Friends // Рок Кафана Рустикана 2.0

Во среда блуз со Saso Gorgevski и Nikola Jimmie Petrovski ака InThe Mood Блуз Дуо (оваа среда со гостин – што ги прави трио:) ) и 3+1 пиво пакети со Хајнекен, Аместел, Лашко и Кромбахер

 


 

 

 

Четврток 13.9.2018

[17.00] Thursday Burger Night // Дистрикт

Секој четврток во Дистрикт бар и ресторан, промоција на нивните бургери.

 

[18.00] Coffee with an Expert // Јавна Соба

Кафе со Corbin Norman.

 

[19.00] Ревија на македонски филмови // Синеплекс

Седумдневна филмска програма со наслов „Ревија на македонски филм“, ќе се одржи од 13-ти до 19-ти септември во Синеплекс. Филмската ревија ги содржи речиси сите долгометражни филмови издадени во периодот од 2001-ва до 2018та година и неколку краткометражни издадени во текот на овие години. Оваа ревија е прва од ваков карактер на репертоарот на киното Синеплекс и цената на билетот за секоја проекција ќе изнесува 100 денари.

Како дел од репертоарот, скопската публика ќе може повторно, или за прв пат, да ги види големите филмови како Прашина, Мајки, До Балчак, Исцелител, Година на Мајмунот, Трето Полувреме и други. Целосната програма може да ја најдете од понеделник(10.09) на веб страната на Синеплекс (www.cineplexx.mk/filmovi/kino_programa/)

 

[20.00] 19. БИМАС – Свечено отворање // Музеј на Град Скопје

Свечено отворање на 19-то Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2018.

 

[20.00] Balkan Rivers Tour 3 // Че Кафе Бар

20:00 Проекција на документарниот филм ‘’The Undamaged” (‘’Неоштетените’’)
21:00 Кратка дискусија со Рок Розман, организатор на турата, и националниот тим на Синото срце на Европа
21:30 After party со Бојан Чакра

 

[20.00] Жена Ми Се Вика Борис // Театар Комедија

Според Рафи Шарт
Режија: Синиша Евтимов
Сценографија: Орхан Ќамилов
Костимографија: Александар Ношпал

Играат:
Борис – Сашо Ристовски
Алек – Роберт Ристов
Кристина – Мирјана Поповска Ристов
Ненад – Александар Михајловски
Марија – Жаклина Петровска
Јован – Столе Мицов
Соња – Ева Скендеровска

„Жена ми се вика Борис“ е модерна фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чиишто текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени насекаде низ светот.

 

[20.00] Irrational Man – кино на отворено // Школка Градски Парк

Повторно кино на отворено со септемвриско издание на Градски летен парк! Кино Милениум и МКЦ овој пат ве канат на бесплатна проекција на филмот „Irrational Man“ од режисерот Woody Allen.
https://www.imdb.com/title/tt3715320/

*Проекцијата започнува во 20 часот во Градски парк – Школка.
*Обезбеден е превод на македонски јазик.
*Исто како и изминатите проекции, lotus chairs/bean bags ќе ви бидат на располагање.
*Можете да си понесете камперски столчиња, ќебенце за покривање, храна, пијалаци…

 

[20.00] Кец на десетка // Македонски Народен Тетар

Автор: Митко Бојаџиски
Режисер:Колективна режија

Улоги:
Таткото Доксе – Александар Микиќ
Мајката Грациела – Тања Кочовска
Ќерката Ана – Нина Деан
Тоше – Ивица Димитријевиќ

Едноставна мисија
Кога едно сосема нормално семејство ќе се собере за да се запознае со идниот зет, се очекува секој да даде сѐ од себе, да ги смири своите човечки слабости, ако ги има, нели, да ги потисне внатрешните проблеми, не толку сјајните карактерни особини, фактот дека можеби сте пред развод… Се очекува да оставите максимален впечаток на другата страна, до степен да се прашува со што ја заслужил таа неверојатна среќа да ве сретне токму вас како прибежиште, како иднина, како судбина…

Цената на билетот е 300 ден.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.

 

[21.00] Коктели 1+1 // Барбакан

За секој нарачан коктел, добивате еден коктел гратис и -50% попуст на сѐ што ќе се порача и ќе се ужива на шанк! За музичкиот дел е задолжен DJ Vaso!

 

[21.00] Voin (Synthetica/Berlin) // Винил

Voin.

 

[21.00] frekvencii.mk selectas vol. 3: Likvidator // Ла Кања

Selectas настаните се дел од серијал каде што членови, пријатели и блиски соработници на Подземни ќе ја претстават својата музичка колекција.

Во третото издание за селекцијата ќе биде задолжен Likvidator, еден од пронаоѓачите на Подземни Фреквенции, и продуцент на illbient/dub/trip-hop звуци.

https://soundcloud.com/likvidatorsounds
https://www.facebook.com/likvidatorsounds

 

[21.00] Molecular: Neuland Night 4 // Каза Бар

Повеќе информации наскоро.

 

[21.00] In Situ Art Fair // Младински Културен Центар

Петтото издание на единствениот национален саем на уметност Ин Ситу ќе претстави повеќе од 60 учесници од уметноста, дизајнот и архитектурата od 13 – 15 септември.

Куратори: https://insitu.mk/mk/kuratori/
Жири: https://insitu.mk/mk/ziri/

Програма ќе биде објавена наскоро.
Влезот е бесплатен.

 

[21.30] American Whiskey Night // Рок Кафана Рустикана 2.0

Овој четврток на промоција од 20% се #WildTurkey и #MakersMark, а на музичкиот репертоар Petar Isirov & Friends.

 

[21.30] 33.10.3402 & Zoki Bejbe // Младински Културен Центар

Ин Ситу саемот на уметност во програмска соработка со Longbus, а поддржано од PopUp и Златен Даб / Zlaten Dab го отвора петтото издание на саемот со диџеј сет на Зоки Бејбе и гостување на 33.10.3402 од Белград, Србија.

 

[22.00] Session Selection // Коузи Бар

Настап на Session Selection.

 

[23.59] Thursday Shake (Mac Miller tribute) // Епицентар

Почетокот на оваа Thursday shake ќе биде посветен на прерано починатиот Mac Miller, чии најголеми хитови ќе бидат вртени од Shorty P и Irie Scratch.

 


 

 

 

Петок 14.9.2018

[12.00] ETU Triathlon Balkan Championships, Ohrid 2018 // Охрид

МАКЕДОНСКАТА ТРИАТЛОН ФЕДЕРАЦИЈА
Со задоволство ве кани на ЕТУ Балканското првенство во триатлон, ОХРИД 2018

Македонскиот бисер, кој е природно, светско и културно наследство на УНЕСКО, ќе биде домаќин на ЕТУ Балканското првенство во триатлон во 2018 година.
Спортистите ќе имаат прилика да се натпреваруваат во речиси совршени услови за триатлон трка, како и да уживаат во топлата континентално-медитеранска клима на надморска височина од 695 метри.

Главни трки:
Елит (1998 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Јуниори (1999-2002): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Кадети (2003-2005): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.

Возрасни категории, деца и штафети:
Возрасна категорија 1 (30-39 години ): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Возрасна категорија 2 (40-49 години): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Возрасна категорија 3 (50+ години): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање.

Деца 1 (12 години/родени 2006, 11 години/родени 2007, 10 години/родени 2008): 185м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;
Деца 2 ( 9 години/родени 2009, 8 години/родени 2010, 7 години/родени 2011 ): 185м пливање, 4км велосипед, 1км трчање.

Мешана штафета // 2 жени + 2 мажи
4 x 185 м пливање, 4км велосипед, 1км трчање.

Повеќе информации околу пријавувањето можете да најдете на нашата веб страна:
http://triathlon.mk/

 

[12.00] In Situ Art Fair // Младински Културен Центар

Петтото издание на единствениот национален саем на уметност Ин Ситу ќе претстави повеќе од 60 учесници од уметноста, дизајнот и архитектурата od 13 – 15 септември.

 

[14.00] Steak Break // Дистрикт

Секоја среда и петок STEAK BREAK во Дистрикт Бар и Ресторан.

 

[16.30] After work со Lady Blue Band // Барбакан

After work со Lady Blue Band

 

[17.00] Работилница за управување со стресот // Младински Културен Центар

Научете практични техники и методи за тоа како да се справите со стресните ситуации на работа и во приватниот живот.

 

[17.00] Friday Happy Hour // Дистрикт

Секој петок HAPPY HOUR во Дистрикт Бар и Ресторан од 17-20 часот.

 

[18.00] Outdoor Cooking // Јавна Соба

Кој готви е среќен човек, кој јаде зло не мисли.
Ако маж ти / жена ти не ти зготвил/а ручек, соберете ја цела фамилија, пријатели, комшии и бујрум на готвење паста со готвачите на Јавна Соба.

 

[18.30] Малиот Принц – Детска претстава со сенки // Театар Сенки и облаци

„Малиот Принц“ во Театар „Сенки и Облаци“.
/ 40мин. / 6+ год. / македонски /

 

[20.00] Свирложба VII // СУГС Никола Карев

Реприза на Свирложба VII со тема „Петтиот елемент” овој пат онаму каде што и е вистинското место – во дворот на Карев.

 

[20.00] Film: Hördur // Кинотека на Македонија

Германски филм во Кинотека на Македонија:
Хердур

Режија: Екрем Ерѓун

Во еден момент ја губи Ајлин контролата: Младата германка со турско потекло се брани со насилство против постојаните провокации и навреди од нејзините соученици и поради тоа добива 50 часа социјална работа од Судотот за малолетници. Пресудата сепак се покажува како спас во прав момент: Ајлин работи на фарма со исландски коњи; по барање, но и охрабрување од нејзината шефица таа учи да јава и се спријателува со своеволниот Хенгст Хердур. Кога нејзиниот татко одлучува да се врати во Турција, решава ќерката самостојно за својата иднина.

 

[20.00] Диско у Диско // Сектор 909

И овој петок Диско у Диско, па потоа Диско на голем подиум. Прво Диско у Диско како официјално загревање за Steve Rachmad & Wouter De Moor – Sektor 909 со младиот, талентиран и екстра авангарден Deniz Arslan од Берлин, со домашна поддршка од Soul Case и DJ Ux.

Влез од 20:00 часот до 22:00 часот е 150 денари, потоа 300 денари.
*Истите важат и за подоцнежната забава.

 

[20.00] La Grande Bellezza – кино на отворено // Школка Градски парк

Повторно кино на отворено со септемвриско издание на Градски летен парк! Кино Милениум и МКЦ овој пат ве канат на БЕСПЛАТНА ПРОЕКЦИЈА на филмот „La Grande Bellezza“ од режисерот Paolo Sorentino.

 

[20.30] Desonanz x Audiobahn present Lakker (Live AV) + Arad live AV // Музеј на Град Скопје

Desonanz Festival во соработка со AudiobahnEpicentar и Музеј На Град Скопје го претставува првиот настан од серијата мултимедијални концерти и инсталации, отворени за ограничена публика во живо и пренесувани на Audiobahn стримот. Целта е креативно истражување на сите интересни, несекојдневни и визуелно импресивни локации кои нашиот град може да ги понуди, како и нивна визуелна и музичка (ре)интерпретација низ уметноста на врвни артисти од областа на електронската и електроакустичната музика.

 

[21.30] It’s Wine O`clock // Рок Кафана Рустикана 2.0

Целодневна промоција на вината од линијата Куве на Тиквеш и вечерна, рок свирка со Ring Road

 

[21.30] Outlanders // Рок Бар Гарсон

Outlanders овој петок во Рок Бар Гарсон.

 

[23.59] Steve Rachmad & Wouter De Moor // Сектор 909

15 Years AD Bookings во Sektor 909. Настапуваат: Steve Rachmad и Wouter de Moor.

 


 

 

 

Сабота 15.9.2018

[12.00] Трет синдикален роденден // Синдикат

Другари и другарки,

На 15ти септември кафе бар Синдикат ќе го прослави својот трет роденден. По тој повод отворена покана до сите да се појават на целодневна роденденска забава.

 

[12.00] Урбан пазар vol.2 // error kolektiv

◾Урбан пазар◾ по втор пат во error kolektiv!
(една сабота во секој месец)

Дојдете и оваа сабота на second hand ствари, добра музика од ерорките и очекувајте мало слатко изненадување.

 

[20.00] Промоција на новиот албум на ФИН Проект „Ре:визија“ // Музеј на Современа Уметност

Промоција на новиот албум на ФИН Проект, трет по ред, насловен какo „Ре:визија“, и видео спот за „Дај некој благослов“, како прв сингл од албумот.

 

[21.00] Bossa Un Der Cover Band // Барбакан

Bossa Un Der Cover Band по 21:00 часот!

 

[21.00] Saturday in Public Room // Јавна Соба

Сабота со Самоил Радински.

 

[21.30] Irish Saturdays // Рок Кафана Рустикана 2.0

Оваа сабота 20% промоција на ирското виски Tullamore.

 

[21.30] Ilina Angel & Marko Rikaloski // Младински Културен Центар

Ин Ситу саемот на уметност во програмска соработка со Longbus, а поддржано од PopUp и Златен Даб / Zlaten Dab ќе го затвори петтото издание на саемот со диџеј сет на Илина Ангел и Марко Рикалоски.

 

[21.30] Tale Of Us во Скопје! // Средно Водно

Win Music Freedom ви го претставува најбараното дуо на денешницата, Tale Of Us!
Дојдете и бидете дел од најголемата журка досега!

300 лимитирани карти: 800 денари
Предпродажба: 1000 денари
На влез: 1200 денари

 

[23.30] 4 години HAUZ // Сектор 909

4 години HAUZ
Dejan Talevski
JosS
BerryQyat
Sasho Uzunovski

 

[23.59] Why Not // Клуб Маракана

Rock&Roll/Metal журка!

 


 

 

 

Недела 16.9.2018

[05.00] Езерски Врв на Шар Планина – 2580 мнв // Планинарско Друштво Трансвензалец

Тргање од Скопје: Праркинг пред Пошта 2/Железничка во 5:00
Цена: 450 ден
Пријавување најдоцна до 14.09.2018 на: Јовче Николовски 071 223 192 и Верица Тодоровска 070 342 787.

 

[21.00] Концертна промоција на првиот албум на The Mole Pack // Клуб Маракана

Концертна промоција на првиот албум на The Mole Pack, насловен „Gamblin’ Man“, во недела во Club Marakana!

Чопорот ќе грми во следниот состав:
Алек Ѓорѓиески – вокал, усна хармоника
Dimitar Danevski – гитара
Теодор Бошков – бас
Darko Stojoski – гитара
Gisho Dinev – бубањс
Branko Saplamaev – клавијатури

За тие што не стигнаа до првиот албум, истиот ќе го најдат на промоцијата по промотивна цена од 150 денари.

 

[21.00] Мижи! Замисли промена // Буден Театар

Буден Театар ја започнува кампањата „Мижи! Замисли промена.“ преку која се стреми да ги поттикне возрасните граѓани и децата активно да се вклучат во мапирање на еколошките проблеми и да „замислат“ можни решенија за почист и поубав град.

Вклучете се во кампањата на следниов начин:
– Пронајдете локации во вашата средина кои се неприфатливи од еколошки аспект, односно локации пред кои градот „замижува“.
– Пред мапираната локација фотографирајте дете, со замижани очи.
– Прашајте го детето како тоа место би можело да се промени кон подобро.
– Фотографиите и идеите на децата објавете ги јавно (public) на вашите Фејсбук и/или Инстаграм профили со хаштаговите #ЗамислиПромена#БуденТеатар #Скопје или испратете ги на е-маилот zamislipromena@gmail.com најдоцна до 16 септември 2018 година.

 

Comments

comments