Фотографија: @writwritten.in.the.waters

 

Понеделник 11.06.2018

[17.00] Љубовен базар No.31 // Кафе Бар Љубов

Понеделник е генерално досаден ден, па за да ја разбиеме таа лоша традиција, ве покануваме на понеделничкиот Љубовен базар, за да ја почнеме неделата со убави работи.
Доколку ја прифатите нашата покана во нашиот естаблишмент ќе имате можност да се дружите со:
– Shemko Illustrations
– Rabendā
– Sofija Hristova со https://www.instagram.com/cone.thepuntimes/
– Foreground totebags
– Shivač
– Ana Zdravkova со https://www.instagram.com/_r_you_ok_/
– Elena Peshevska Eka со Eka Filigran
– Природни сапуни Бела
– УрбанЕра /UrbanEra/
– Va Dot
– кожарска индустрија Horvat

#SupportTheArtist и елајте си на опуштена понеделничка дружба 🙂

Љубов

 

[20.00] Годишен концерт на Битрикс Културно Уметнички Центар //  Младински Културен Центар

Драги пријатели и љубители на танцот!

Битрикс Културно Уметнички Центар ве поканува на својот завршен концерт, кој е едно од најубавите случувања во годината за нас.

На овој концерт ќе имате можност да ги проследите настапите на нашите талентирани танчери кои континуирано и со огромна желба и љубов работат и вложуваат. Секако, на овој концерт ќе учествуваат и нашите пријатели од танцовите студија Aqua Dance Club, DanceStudio Vibe и Dance Team Fusion.

Ве очекуваме на 11.06.2018 во 20:00h во Кино Фросина – МКЦ и ви ветуваме одлична забава и многу позитивна енергија!
Цената на билетот е 150 ден.

 

[20.00] Железниот Светилник // Македонски Народен Театар

Претставата „Железниот светилник“ заснована на првиот роман од тетралогијата на извонредниот бугарски писател Димитар Талев, роден во Прилеп, ќе се изведе на 11 јуни, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје.

Отворајќи ја својата душа и предавајќи ја целата своја креативна енергија, Талев остава зад себе дела со неизмерна големина, неодминливост и трајност. Неговото трпеливо испитување и бележење на настаните кројат бурни приказни за едно време и едни судбини кои тој успешно ги оживува преку зборовите и прави истите до денес живо да пулсираат и греат.
Помеѓу другото, Талев е доживеан и како писателот кој во „Железниот светилник“ преку измислениот град Преспа во кој се одвива дејството неповторливо и со неизмерна љубов го опишува својот роден град Прилеп како никој дотогаш.
Нексромните квалитети на Димитар Талев и маестралноста на „Железниот светилник“ претставуваат неверојатен предизвик да се постават на сцената и ветуваат спектакл за кој што и да се каже, пред да се погледне, ќе биде малку.

Во претставата „Железниот светилник“ учествуваат: Јавор Бахаров, Владислав Виолинов, Георги Кадурин, Стојко Пеев, Георги Кркеланов, Тигран Торосјан, Иван Налбантов, Мирослав Пашов, Јордан Алексиев, Гергана Данданова, Антоанета Добрева – Нети, Стефка Јанорова, Нели Монеджикова, Милен Миланов, Радосвета Василева, Георги Новаков, Луизабел Николова од Театар на Бугарската Армија во режија на Асен Шопов и драматизација на Христо Христов.

 

[20.00] In memoriam: Салаетин Билал // Кинотека на Македонија

На 11 јуни, понеделник, во 20 часот, Кинотека на Македонија Ве поканува да испратиме последен поздрав до доајенот на театарското и филмското глумиште, Салаетин Билал, со проекција на филмот Прашина, во режија Милчо Манчевски.

Салаетин Билал беше театарски, филмски и телевизиски актер кој студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје, а како актер гостува и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма. За своето актерско умеење бил награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година ја добил награда за најдобра споредна улога. Двапати бил добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ – Актер на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ – награда на градот Скопје за 1977 г., а во 1984 г. го доби највисокото републичко признание наградата „11 Октомври“.

 

[20.00] Промоција на Статусот на нашето време // Музеј на Град Скопје

Статусот на нашето време, кога не би ни бил познат авторот и кога јазикот би му бил малку архаизиран, е книга што лесно би можела да се преименува во Битот на нашето време и така да помине како збирка народни умотворби. Зашто важен дел од беспрекорната книжевна постапка на Дамјаноски е токму очудувањето на познатото, на одомаќинетото и на вкалапеното во стилот на народната умотворба преку неочекувани и, честопати, иронични пресврти. Дамјаноски покажува дека е познавач на народниот гениј, но тој и им пркоси на застојаното и на очекуваното. Оттука, неговите досетки честопати упатуваат на постарата македонска традиција, но испитувачки, вјадрено, остро и жизнено изразно.
Огнен Чемерски,
Скопје, 28.09.2016

 

[21.30] Weekends are overrated // Рок Кафана Рустикана 2.0

Понеделник – Jazzy Pop Rock со New Indigo со старт после 21:30

 

[22.30] Cozy night // Епицентар

Cozy понеделник во епицентар раздвижен од Dj BLÚ, Dj OG и Dj Irie Scratch. Повторно по една година спој на mainstream и underground рап сцената.
Влез: 100ден
Информации: 075 424 517 / 077 864 201

 

[23.59] Marshall & Tito // Летна Хавана

Малку поинаков старт на оваа недела. Првиот работен ден е резервиран за Marshall & Tito. Тоа значи дека ќе има многу ретро и екс ју хитови од поп и рок естрадата, а стандардно, сите пијачки се на 50%.

 

[01.00] South Park // Клуб Маракана

Понеделник South ParkEmilija Koloska.
Пијачки на 50%.
Влезот е бесплатен со резервација до 12:30 часот. Број за резервации: 075274032

 


 

 

 

Вторник 12.06.2018

[11.00] Улрике Зиха (драмска авторка) – Предавање и работилница // Кино Култура

Почитувани театарски работници (професионалци и студенти), новинари и преведувачи од германски јазик, дојдете на инспиративно предавање и креативна работилница со Улрике Зиха, драматург и драмска авторка од Хамбург, Германија.

Листа на селектирани драмски дела:

“Mao und ich” (i.a. “Mao and I”)
Премиера – Nationaltheater Mannheim, 2013
“Radikale” (i.a. “Radicals”)
Премиера – Theater Cehmnitz, 2012
“Privatleben” (i.e. “Private Life”)
Премиера – Chemnitz, 2008
“Da drängt was” (i.e.”Something Urgent”),
Премиера – Jena Theaterhaus, 2004
“Fremdenzimmer I-III” (i.e.”Hotel Rooms I-III”)
Прв дел – Премиера – Kassel Staatstheater “Hotel Project” како копродукција на Forum Junge Dramaturgie, 2002 / Втор дел – Aachen Theater, Enervé Monologues, 2003 / Трет дел – Theaterdiscounter, Berlin, 2003
“Nomaden” (“Nomads”)
Премиера – Tübingen Landestheater, 2003
“Autofahren in Deutschland” (“On the Road in Germany”)
Премиера – Thalia Theater, Hamburg
“Kunstrasen” (“Artificial Lawn”)
Премиера – Leipzig Schauspiel, 2001

Повеќе за Улрике Зиха на следниов Линк: http://www.goethe.de/kue/the/nds/nds/aut/syh/enindex.htm#518843

Програма: Poor Little Rich Drama (2018-2020)/ Сирота мала богата драма (2018-2020)
Проект: Contemporary German Theater Play Writers (2010/2017)/ Современи германски драмски автори (2010-2017)
Предавање: „Кој е авторот?‘‘ Актуелни трендови во современиот германски театар

Предавањето ќе овозможи преглед на актуелните трендови во современиот германски театар (2010-2017), преку видео и текстовни примери. Предавањето е отворено и е наменето за сите театарски уметници, истражувачи, професори, студенти, новинари, книжевни преведувачи од германски јазик и љубители на театарот).

Kреативна работилница:  Кој сум јас, авторот?“- Стратегии за пишување и предизвици во современиот театар

Работилницата е наменета за драмски автори кои се на почетокот на својата кариера. Ќе ги дискутираме предизвиците и хазардерството на современото драмско пишување, вклучувајќи ги и променливите видови на авторство и нивниот импакт врз позицијата на авторот во театарот денес.

Линк: https://www.iti-worldwide.org/macedonia.html

 

[15.00] Youth Talks 2030 // Младински Културен Центар

Youth Talks 2030 е настан за млади од едукативно-забавен карактер кој има за цел да ги поттикне младите да размислуваат за нивната визија за општеството, да ја подигне еколошката свест и да овозможи простор за креативно изразување на иновативни идеи.

На овој настан, 10 млади луѓе (средношколци и студенти) ќе имаат свои говори на сцена со цел да ја искомуницираат својата визија за темата која ја одбрале. Најдобрите говорници ќе одат во Луксембург (16 до 26 јули) на меѓународен семинар „Active Change Makers“ на кој ќе присуствуваат и млади од Германија, Шпанија и Хрватска.

Влез за настанот се 3 празни батерии или нефункционален електричен уред (фен, телефон…)

Програма:
15:00 – 15:45 – Регистрација (Parry Hotter)
15:45 – 16:15 – Отворање на настанот (поздравни говори)
16:15 – 16:30 – Вовед во Youth Talks 2030 (Steffonator и Majestic)
16:30 – 17:30 – Излагања на говорници (средношколци) и дискусија со говорниците
– Катерина Иванова – Образование
– Виктор Велковски – Климатска акција
– Марија Пандиловска – Родова еднаквост
– Андријана Пејчиновска – Образование
– Леа Коцева – Живот на копно
17:30 – 18:00 – Пауза (Parry Hotter)
18:00 – 19:00 – Излагања на говорници (студенти) и дискусија со говорниците
– Дејан Димитриев – Енергија
– Марија Ѓорѓиевска – Здравје
– Радован Спиридонов – Мир и правда
– Дамјан Постоловски – Енергија
– Филип Макрадули – Климатска акција
19:00 – 19:15 – Затворање и визија 2030
19:15 – 20:00 – Гласање и пребројување гласови (DJ Irie Scratch)
20:00 – 20:10 – Најава на победници
20:10 – Бенд „Beta House“ и DJ Irie Scratch

Избраните 10 говорници ќе добијат менторска поддршка од страна на искусни говорници за подобра подготовка на „своите 5 минути“ на настанот.
Изборот на говорници ќе биде врз база на следниве критериуми:
– квалитет на апликација
– креативност и страст
– оригинална идеа
– ниво на мотивација

 

[19.00] Попладнето на една идеологија // Чифте Амам

Отварање 12 јуни, 19.00 часот
13 Јуни 2018 – 03 Јули 2018
Куратори Георги Лозанов и Георги Господинов

Изложбата „Попладнето на една идеологија“ ги претставува уметничките дела во сопственост на галеријата со „неуметнички очи“, барајки во нив сведочења за едно време и начинот како ги доживувале уметниците.

Сметајќи на тоа дека тие на сопствен јазик ги пишувале страниците од микроисторијата на комунизмот, дека творецот секогаш учествува во „двојна игра“, додека ја прикажува реалноста, и таа дејствува на него, присуствува во неговите дела по негова волја, но и независно од неа. Во таа смисла, естетските квалитети не се водечки при изборот на сликите и скулптурите, но далеку од тоа дека ги нема – меѓу нивните автори се некои од најзначајните бугарски уметнички имиња како: Љубомир Далчев, Иван Кирков, Васка Емануилова, Павел Којчев, Галин Малакчиев, Атанас Јаранов, Димитар Казаков, Милко Божков, Љубен Зидаров, Андреј Даниел, Недко Солаков, Вихрони Попнеделев, Станислав Памукчиев, Текла Алексиева, Ванко Урумов…. При тоа сите се творци насочени кон тоа време и кон создавањето уметност во тоа време. И посетителите ќе можат да ги следат во нивното уметничко мислење и насоки.

 

[20.00] Астро Забава // ПМФ

Повелете во вторник да ѕирнете низ телескопот во ПМФ, да направите некоја фотка и да уживате во глетката и дружењето.

 

[20.00] Дони Дарк – гостување на фестивалот Војдан Чернодрински – Прилеп// Театар Комедија

Дони Дарк – романтична комедија

Дони Дарк е слепо момче кое започнува самостоен живот. Што ќе се случи кога ќе ја запознае младата промискуитетна актерка и како на тоа ќе реагира неговата конзервативна мајка, дознајте самите!
Ова е камерна претстава за време на која публиката е сместена во дневната соба на Дони, на само половина метар од актерите.
„Дони Дарк“ ќе ве насмее до солзи, но…

Режија: Роберт Ристов
Играат: Даријан Петров, Мирјана Поповска Ристов, Магдалена Ризова Черних и Сашо Ристовски
Челист (изведувач во живо): Дејан Цветковски
Сценографија: Инес Петрова Бошкоска
Костими: Елена Лука
Музика: Гаро Тавитјан

 

[20.30] Tuesday Jazz Night // Бруклински

SkopjeJazzInc секој вторник ви нуди нова музичка авантура.

Овој вторник во состав:

Трајче Велков-труба
Зоран Костадиновски-гитара
Горан Ѓешовски-бас
Виктор Филиповски-тапани

 

[21.30] Weekends are overrated // Рок Кафана Рустикана 2.0

Вторник – Chick ‘n Heineken Tuesday – Промо пакети на пилешки крилца или прсти (со избор од 3 варијанти на вкусови) и 2 Хајнекен 0,5 по цена од 400 денари (регуларна цена, 500 денари).

 

[23.59] Шизи во вторник со SureShotz // Летна Хавана

Нов вторник и ново шизење на подиумот во Хавана. Shorty P и Irie Scratch се стандардно позади грамофоните, а позади шанкот се пијачките на 50%.

 


 

 

 

Среда 13.06.2018

[19.00] Ivana Dragshich & Violeta Kachakova // Епицентар

Среда дневна забава!

Line up:
Ivana Dragsiqi
Violeta Kachakova
hosted by:
Bodan Jamakoski

After 22:00 – 100MKD

 

[20.00] „ДУХ“ // Македонски Народен Театар

Автор: Дејан Дуковски
Режисер: Срѓан Јаниќијевиќ

Улоги:
Мара – Гораст Цветковски
Кирил, банкарот – Никола Ацески
Никола, таткото на Марa – Емил Рубен
Аспасија, мајката на Мара -Тања Кочовска
Жанко, братот на Мара – Ивица Димитријевиќ
Марија, жената на Мара – Тина Трпкоска
Попот – Оливер Митковски
Милена, ќерката на Мара – Матеа Јанковска
Николај – Сашко Коцев
Жозефина – Нина Деан
Месарот – Јордан Симонов
Волкот – Тони Михајловски

Пијано: Надежда Рубен
Гитара: Ивица Димитријевиќ

Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценограф: Велимир Жерновски
Костимограф: Лидија Георгиева
Музика: Надежда Рубен, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивица Димитријевиќ
Дизајнер на звук и звучни ефекти: Илија Цветковски
Дизајнер на светло: Илија Тарчуговски
Инспициент: Никола Кимовски
Фотограф: Кире Галевски
Дизајнер на плакат: Зоран Кардула
Суфлер: Тања Ивановска
Раководител на работилници: Татјана Христоска
Вајари: Ангел Петровски и Дарко Базерко
Светло – мајстори: Дарко Младеновски, Игор Ѓеоргиев и Горјан Темелкоски
Тон – мајстори: Симон Кипровски и Ненад Трпеноски
Манипуланти на горен и долен погон: Трајче Тасевски и Васко Бојаџиски
Видео оператор: Филип Петровски
Графички дизајнер на програмка: Димитар Димитров
Гардеробери: Валентина Чонкова, Скендер Бериша и Весна Ковачевска
Реквизитери: Соња Крстевска и Лазо Миев
Шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Моника Грковска
Декоратери: Мартин Китановски, Срѓан Павловски, Саво Ивановски и Дејан Стамчевски

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
Цена на билетот е 300 ден.

За подетални информации јавете се на +38923230304

 

[20.00] Прва реприза на претставата Хамлет Машина – Театар Фабрика // Младински Културен Центар

Театар Фабрика со премиера на Хамлет Машина од Милер во режија на Читкушев

На 13.06.2018 (среда) во Младински Културен Центар (Кино Фросина) ќе се случи првата реприза на претставата Хамлет Машина од Хајнер Милер во режија на Дамјан Читкушев, во продукција на Театар Фабрика. Претставата претставува дел од програмата на Театар Фабрика кој овозможува лабораториски процеси и надминување на конвенционалните театарски стандарди. По претставата Столови од Јонеско во продукција на Театар Фабрика и наградата за иновативност во сценскиот концепт на Фестивалот за интернационален алтернативен театар во Подгорица, Читкушев повторно создава авторска претстава врз основа на текстот на Хајнер Милер и зборува за катастрофата на светот, театарот, уметникот и можноста да останеме невини.

“Да живее долго омразата, презирот, бунтот, смртта! Кога таа ќе влезе во вашите спални соби со касапски ножеви, тогаш ќе ја дознаете вистината!“ – Хајнер Милер

Креативниот тим во овој проект го сочинуваат
Превод: Марија Гегоска
Инжинер за звук и композитор – Александар Томевски
Сцена и проекции – Дамјан Читкушев и Тамара Дамческа
Играат:
Стефан Вујисиќ
Дритон Вејсели
Благица Димитровска
Елизабета Стефановска
Моника Ставревска.

Театар Фабрика е независен театар кој овозможува преиспитување и создавање на вистински театарски вредности, експериментален пристап и постојана надградба на професионалните капацитети на театарски уметници вклучени во креативните процеси.

Цена на картата за претставата е 200 денари

 

[20.00] Who am I-kein System ist sicher/Кој сум јас-ниеден систем не е сигурен // Кинотека на Македонија

Германски филм во Кинотека на Македонија:
Кој сум јас – ниден систем не е сигурен

Режија: Баран бо Одар, боја, 106 мин., 2013/14

Бенјамин е невидлив, никој и ништо. Ова драстично се менува, кога тој ненадејно го запознава шармантниот Макс. Иако тие двајца надворешно не можат да изгледаат поразлично, ги поврзува заеднички интерес: хакирање на туѓи компјутери. Почнува игра со оган. А се подразбира дака огнот може и да Ве изгори.

 

[20.00] Изложба „Кроки во градината“ | Croquis in the Garden Exhibition // Галерија Акантус

Ве покануваме, во среда, 13-ти јуни од 20 часот на отворањето на изложба “Кроки во градината“. На оваа изложба ќе бидат изложени дела кои беа созданени под импресиите на литературно-уметничкиот настан кој се случи кон крајот на април во нашата градина. Пред публика, десет уметници цртаа кроки цртежи инспирирани од извадоци од литературни дела од европската книжевност кои беа читани на настанот.

 

[21.00] Khara – “Heaven Can Wait” – Промоција на кампања // Винил

Целовечерен концерт на кумановскиот пост рок бенд Khara, на кој ке биде промовирана crowd-funding кампањата за собирање на средства за нивниот втор албум “Heaven Can Wait“.
Знаејќи дека не секој човек располага со електронски форми на плаќање, во Винил ќе биде поставен штанд каде ке можете да ги подржите преку донирање средства, а за возврат да добиете соодветни награди.
Главната награда ке биде pre-order на ЦД-то од албумот.

 

[21.00] Опуштена Вожња – Бојан Чакра & РСБСП // Барбакан Бистро Бар

Среда по 21:00 часот во Барбакан Бистро Бар
Опуштена вожња со Бојан Чакра & РСБСП
Резервации на: +389 2 3075 093

 

[21.30] Sreda: Game Over // Цреша Бар

Лабаво диско со DJ Game Over

 

[21.30] Weekends are overrated. // Рок Кафана Рустикана 2.0

Среда – Blues & Whiskey Wednesday – За блузот се задолжени Saso Gorgevski и Nikola Jimmie Petrovski aka InThe Mood, а одбраните видови на виски се на промо цена од 100 денари.

 

[23.50] Среда со Bandix // Клуб Маракана

You know the drill – среда со Bandix

Почеток: 01:00
50% на пијалоци
Влез слободен со резервација до 00:30!

Резервации преку SMS на 075 274 032

 


 

 

 

Четврток 14.06.2018

[19.00] Ocean’s 8 | Ladies Night // Cineplexx

Деби Оушн собира екипа за обид на невозможна кражба на годишната Мет Гала во Њујорк. Деби, отуѓената сестра на Дени Оушн се обидува да ја изведе најголемата кражба на векот за време на годишната Мет Гала во Њујорк. Нејзиниот прв чекор е да собере совршен тим: Луи, Роуз, Дафне Клугер, Најн Бол, Тами, Амита и Констанс.
Дали го имаш ти твојот совршен тим? Очекувај наскоро информации за еден поинаков Ladies Night.

Билетите се пуштени во продажба!

 

[20.00] Завршен концерт на Aqua Dance Club // Драмски Театар Скопје

Драги пријатели, деца и родители, љубители на танцот, оваа година повторно ве покануваме на нашиот завршен концерт. Имавме уште една прекрасна година исполнета со многу труд и забава и ве покануваме да ви ја претставиме на 14.06.2018 во Дамски Театар 20:00ч.
Дојдете заедно да танцуваме и да се дружиме!

Ве очекуваме,
Aqua Dance Club Team.

 

[20.00] Звукот на идната генерација // Македонска Филхармонија

Концерт на студентите од Државните факултети по музика во Р. Македонија
Диригент: Сашо Татарчевски

 

[20.00] Не сега, драга // Театар Комедија

„Не сега, драга“
Автор: Реј Куни
Превод и адаптација: Коле Ангеловски
Режија: Коле Ангеловски
Драматург: Дарко Јан Спасов
Сценограф: Илина Ангеловска
Костимограф: Раде Василев
Избор на музика: Илина Ангеловска
Премиера: 27 март 2018 (на шестиот роденден на Театар Комедија)

Улоги:
Јоце Коцев, пратеник – Атанас Атанасовски
Кристина, негова жена – Жаклина Петровска
Ѓоре Пиже, помлад соработник – Валентин Костадиновски – Тино
Галаба Рубен, секретарка на претседателот – Ева Скендеровска
Никола Рубен, мажот на Галаба – Дарко Вељиќ
Адем Фона, келнер – Едмонд Сотир
Рецепционерката – Кристина Ласовска
Директорот – Жарко Димоски
Собарката Марија – Кристина Ласовска
Госпоѓа Цецка Донева, европратеник – Тања Мицков

Комедијата „Не сега драга“ (од современиот англиски автор и актер Реј Куни) е комедија на забуни, смешни ситуации и интересни карактери. Дејството се одвива во хотел, за време на едно пролетно попладне. Приказната е за еден парламентарец од Куманово кој доаѓа во Скопје на состанок во собранието, се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на Претседателот. Меѓутоа, со пратеникот доаѓа и неговата сопруга… и тука почнува „хаосот“.

 

[21.00] MAD 4 D Festival // MAD Kitchen & Bar

Како тренираме за новата фестивалска сезона? Се чекаме со илјадници пријатели, +100 изведувачи и гости, 4 бини, камп и еден куп случувања во најпозитивната атмосфера на единствениот летен open-air музички фестивал во Македонија од 6 до 8 Јули во Дојран? Тренинг кампот започнува::
Правиме 4 проби пред најубавите 3 дена оваа година
Пред да се преселиме во Дојран, MAD Kitchen & Bar и Дебар Маало ги боиме во нијансите на Д Фестивал, а тоа што треба да запамтите е:
– Четврток е денот
– 9 е часот
– Музиката е од изведувачи досегашни и идни на Д Фестивал
– Antenna5 Radio Network Macedonia или најдобро познати како No.1 in Macedonia и најмузикалниот партнер на Д Фестивал, кој ќе се грижи за временските и танцувачките услови на овие MAD 4 D Festival nights
– Тоа значи дека ќе има од Wilkinson до Bernays Propaganda и Terakaft со малку Кирил Џајковски и Rudimental, а и нешто како FINK, Sevdaliza и Дуке Б.
– Снимаме гифче со најоткачен dance move и со хаштаг #mad4dfestivalги објавуваме на личните профили
– Koj ќе има најмногу ♥ ќе биде шизик ипол на влез во кампот на Д Фестивал, бидејќи ќе биде пречекан со гајба ладно пиво за цела екипа
– Ќе може да си купите карти
– Имаме официјален пијалок инспириран од Дојран и Мохито и се вика Mosquito (Мохито со лубеница)
– Кога ќе го споиш убавото и корисното, тоа би било да уживаш на фестивал и да учествуваш во креирањето на истиот
*Дрес код – фестивалски – https://www.allure.com/gallery/festival-style-guide ** dress for D Fest >))
Ние сме фестивалски деца – mad4dfestival

 

[21.00] In The Mood // Форплеј Кафе

После кратка пауза, блузот се враќа во Форплеј.
Jameson е верен другар на блуз сесиите и во пролетната сезона, нормално по другарска цена.

 

[21.30] Cetvrtok: Sonja Ismail // Цреша Бар

DJ Sonja Ismail na nashata terasa.

 

[22.00] Against U со DJ сет // Концент 37

AgainstU 

 

[22.00] Dj & Volin Performance // Рок Бар Гарсон

Овој четврток Блуз и Фанк Дј сет во придружба со Виолина.
Резервирај на 072235215

 

[22.00] ЧЕтврток Чакресто // Кафе Бар Че

Бојан Чакра и звуците на фанк, свинг, соул, џез, блуз!
Културно возвишени, винтиџли расположени во најтопла атмосфера.

 

[23.00] DJ Gregory // Сектор 909

Раните 90-ти години во Франција хаус музиката беше обскурно, контроверзно underground движење во кое само мал број на просветлени луѓе ја делеа истата пасија кон оваа музика. DJ Gregory беше еден од тие луѓе.
Растејки во Париз и Њујорк Gregory се етаблира на хаус сцената како еден од најголемите таленти, тој е дел од златната генерација на електронската музика, рамо до рамо со DJ Deep, Ludovic Navare aka St. Germain, Shazz, Laurent Garnier.
Како дел од колективот A Deep Groove и радио емисија на Radio FG која ја кохостира заедно со DJ Deep и Alex from Tokyo, Gregory започнува да експериментира и со продукција.
Elle, Tropical Soundclash како и Underwater и Jean Claude издадени под неговиот underground моникер Point G, се само дел од траките кои се најдоа во сетовите на врвни диџеи меѓу кои и Louie Vega, Joe Claussell, Derrick May. Со неговата беспрекорна продукција и одлична техничка подготвеност Gregory доживеа интерпланетарен успех овозможувајќи му да настапува во најдобрите клубови, од Cielo New York, па се до Yellow во Токио, Panorama Bar, Fabric, Rex Club и други.

На 14 ти Јуни ќе имаме можност за првпат да го чуеме овој француски музички виртоуз на нашиот подиум во Сектор 909.
Не пропуштајте.

Карти во предпродажба по цена oд 400мкд. во Излет Кафе, Кино Карпош и Радио Бар. На самиот влез по цена од 500мкд.

 

[23.55] Во четврток на Рингтонс! // Клуб Маракана

Луѓе, во четврток комотно и скроз релаксирано си главиме до касно бидејќи петок е неработен! Бујрум во Маракана!

Старт – по полноќ!
Влез со резервација до 00:30 – бесплатен!
Пијачки на промоција!

Резервации по СМС на 075 274 032

www.facebook.com/weareringtones
www.instagram.com/weareringtones

 

[23.59] Thursday Shake // Епицентар

Нова Thursday Shake забава е пред нас на подиумот во клубот Епицентар, која овој пат ќе биде по опуштена со оглед на тоа дека петокот ни е неработен. Shorty P и Irie Scratch стандардно се позади грамофоните, а како изненадување ги имаме промо цените на Вашите омилени пијалоци (Johnnie Walker, Smirnoff и Gordon`s) од 100 денари.

 


 

 

 

Петок 15.06.2018

[17.00] Аперитиво во јуни // Кино Карпош

Промотивни цени на селектирана група на вина од винарија Тиквеш
Промотивна ценa на Jameson
Вкусно мезе кое ви е веќе добро познато.

 

[17.00] На серва у Винил петок // Винил

Во петок 15ти у очи Португалија – Шпанија ќе организираме играње серва пред Винил. Пријавувањето на екипи оди преку копчето горе десно на нашиот пејџ кај што пишува масаж.

Се игра у парови. Значи треба да се пријавите двајца, евентуално и измена ако имате, тројца. Значи кажувате име на екипа и се појавувате во спортска обувка на 15ти у петок во Винил. За распоред на натпреварите ќе го прашате шанкерот.

Што обезбедуваме ние?
Топка, терен, музика и по некое пиво.
И судија и судија ќе обезбедиме како не би имало несогласици дали е аут или линија.
И без добацуење од страна. Ве молиме.
Пријавувањето на екипи трае до 13ти јуни среда, четврток правиме распоред и петок се игра.
Натпреварите се од елиминациски карактер играш губиш седнуеш и мрчиш колку е тапа теренот тоа е тоа!
Доколку не се изиграат сите натпревари, турнирот ќе се одложи за наредниот ден и тн.

Се гледаме на серва у Винил!

 

[19.00] Оливер Митковски aka DJ Claudio Gentile // Кофеин

Оливер Митковски 

 

[19.00] Хуманитарна изложба на фотографии и ликовни дела на ЕВА // Јавна Соба

“Humane human” e уметничка перспектива на еден хуман човек изразена низ индивидуалниот творечки израз на студентите од Центар за обука ЕВА на програмите за цртање и сликање, фотографија и професионална шминка и фризура. Изложбата прегрнува навидум толку различни индивидуалистички приказни изразени низ ликовни дела во разни техники и фотографии на широки теми, модни едиторијали и толкувања на убавината и стилот, а сите тие комуницираат една заедничка суштина, човечкото.

Ова е изложба за светлата страна на човечкото, човекот осветелен и омекнат под рефлекторот на хуманоста.

Нашите артисти ја ставаат својата уметност и вештина во функција на доброто и животот. Ќе ги отстапат своите дела за продажба со цел да придонесат за лекување на малиот Василие Петридов, кој боледува од мускулна дистрофија и кој се подготвува за третмани со репрограмирани матични клетки во Русија по методата на д-р Гарјаев.

Линк за повеќе информации: https://www.facebook.com/donacii/posts/1837484136290898

Дојдете ни на убавина, уметност, дискусија, дружење и бидете хумани!

 

[20.00] Прва самостојна изложба на Геновева Качуркова // Младински Културен Центар

Геновева Качуркова е родена во Скопје, на 17.5.1984 година. Завршила студии по Маркетинг на Универзитетот Шефилд во Солун. Работи долго време како вокал на електронската музичка сцена, соработува со артисти и продуценти од различни континенти. Нејзиното име може да се најде на неколку изданија за престижни издавачки куќи за електронска музика.
Потребата да се изразува себеси во различни области на уметноста пред неколку години и отвара нови хоризонти, кога почнува активно да се занимава со сликарство.

Геновева манипулира со колоритот и нанесувањето на бојата, секој нејзин гест има сопствена експресивна моќ, една нејзина линија во однос на останатите визуелно возбудува и дава асоцијации за одредено расположение.

Нејзината експресија ја манифестира со сликање на главите. Во портретот таа најдобро го изразува расположението во кое интуитивно, можеби свесно го запишува својот душевен живот.

Очите како главен показател на емоции, спокој и нежност кај Геновева се со израз на осознаен ентитет. Таа е извонреден емпиристички колоритен сликар, кој е во тенденција да го зголеми просторот на израз.

 

[20.00] Не сега, драга – свечено затворање Војдан Чернодрински – Прилеп // Театар Комедија

„Не сега, драга“
Автор: Реј Куни
Превод и адаптација: Коле Ангеловски
Режија: Коле Ангеловски
Драматург: Дарко Јан Спасов
Сценограф: Илина Ангеловска
Костимограф: Раде Василев
Избор на музика: Илина Ангеловска
Премиера: 27 март 2018 (на шестиот роденден на Театар Комедија)

Улоги:
Јоце Коцев, пратеник – Атанас Атанасовски
Кристина, негова жена – Жаклина Петровска
Ѓоре Пиже, помлад соработник – Валентин Костадиновски – Тино
Галаба Рубен, секретарка на претседателот – Ева Скендеровска
Никола Рубен, мажот на Галаба – Дарко Вељиќ
Адем Фона, келнер – Едмонд Сотир
Рецепционерката – Кристина Ласовска
Директорот – Жарко Димоски
Собарката Марија – Кристина Ласовска
Госпоѓа Цецка Донева, европратеник – Тања Мицков

Комедијата „Не сега драга“ (од современиот англиски автор и актер Реј Куни) е комедија на забуни, смешни ситуации и интересни карактери. Дејството се одвива во хотел, за време на едно пролетно попладне. Приказната е за еден парламентарец од Куманово кој доаѓа во Скопје на состанок во собранието, се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на Претседателот. Меѓутоа, со пратеникот доаѓа и неговата сопруга… и тука почнува „хаосот“.

 

[21.00] Македонски Шлагери со ДЈ Тоше Велјанов // Јавна Соба

Доколку ви се здосадени новите модерни хитови и сакате да слушате убава македонска музика време е да не посетите на следната забава .
Македонски шлагери, песни со душа и емоции, заслужено често ги нарекуваме и македонски евергрини.

Се гледаме на тераса.
Резервирајте за вас и вашето друштво на 078/250-554

 

[21.00] Трап на Градска Плажа – 15 Јуни // Бла Бла Клуб – Јавен Алтернативен Простор

Trap на 15ти Јуни ви го претставува своето 6то издание со наслов Wild Trap на Граската Плажа – Бла Бла КЛУБ – Јавен Алтернативен Простор
Луда журка за вистинските љубители на ТРАП !!!

Почеток- 21ч
Влез-150ден

Инфо/резервации: 072 302 649

 

[22.00] Rizinski @Che // Кафе Бар Че

Ризла си го отвара викендот.

 

[22.00] In The Mood & Band // Колектив

Live Blues со In The Mood

 

[23.59] Friday boogie with Bandix // Клуб Маракана

Blame it on the boogie во петок со Bandix!

Почеток: 01:00 h
Резервации: 075 274 032

 


 

 

 

Сабота 16.06.2018

[12.00] Македонски Алтернативни Награди 2018 // Школка Градски Парк

М.А.Н – Македонски Алтернативни Награди по 4-ти и можеби последен пат… “Бла Бла ТВ – Погребение” Награди за Особен придонес и развој на Македонската Алтернативна Сцена.. 16-ти Јуни (Сабота) – Настап во живо на Еминентни музички артисти и бендови за Подршка на Првата и единствена Алтернативна Телевизија – Бла Бла ТВ – www.blabla.mk

 

[19.00] KILLA Brand Launch // Пул Бар Ирина

Summer Vibes Vol.3
Добродојдовте !
Време е да се ослободите од дневните обврски и да се препуштите на забава.

Сабота 16 Aвгуст 2018
Журката ќе почнува од зајди сонце во 19:00 до 01 :00

DJ – Артисти :
Warp Up
Vic Velkovski
https://www.beatport.com/artist/vic-velkovski/564200
*Philip Ackowsky
https://www.beatport.com/artist/philip-ackowsky/558146

Нешто повеќе за тимот Old School Music :
https://www.youtube.com/user/Sumarful/videos

Резервациите се во ограничени број ке ве молиме за резервација слободно да не контактирате на +38971842076

Ќе ве замолиме сите посетители да носат лична карта. (18+)
Билетите ќе се набавуват на врата од цена 200 денари
со вклучена пијачка!

 


 

 

 

Недела 17.06.18

[12.00] Скопје за Битола: Некултурно // Винил

Скопјани, Битолчани во Скопје и сите останати народи во близина, јавете се.

Битолското некултурно лето е уште еден изблик на независната културна сцена во Битола која неуморно оди со глата низ ѕидој и, пак, без институции, фондации и грантови, сака да напрај нешто убо за Битола.

За да го постигниме то, ни треба вашата помош, па зато, во недела (17 јуни) во Винил, организираме фандрејзер, кај шо можите со купвањето на овие многу кул маици, (https://www.facebook.com/zadruga.artikultura/posts/1775521639164424) или со обична донација, да ги поддржите нашите потфати за поубав културен живот во Битола.

 

[20.00] Градот УБАВ Отворање на Skopje – street art & graffiti gallery // Градски Трговки Центар

Во рамките на проектот „Градот Убав“ ќе се реализира првата отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст. Задоволство ни е да ве поканиме на нејзиното отворање, на 17 јуни 2018-та година, во 20:00 часот во сутеренот на ГТЦ (автобуската постојка).

Иницијатор на овој настан е архитектот и уметник Филип Конески, а организатори се Младинскиот културен центар, Град Скопје и Градски трговски центар – Скопје.
Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

 


 

Comments

comments