Понеделник 11.9.2017

[12.00] Botanica exhibition // Кино Карпош

Промоција на втората лимитирана колекција на Cactus Design.

 

[19.30] Урбана Jazz вечер со Димитар Јанев // Bypass Cafe

ByPass cafe ги поддржува локалните млади таленти, па во соработка со еден од нив е организирана оваа урбана џез вечер. Ќе имате уникатна прилика да го слушнете Dimitar Janev кој ќе свири џез класици на саксофон (Ben Webster, Louis Armstrong, Benny Goodman…). Резервации на фејсбук страницата на Bypass или на 075287065, 075287063.

 


 

 

 

Вторник 12.9.2017

[18.00] Apple Special Event – Live Stream // Chillin Bar

Поканата како и секогаш е од отворен карактер за сите оние кои што се заинтересирани да откријат нешто повеќе за новиот iPhone 8, 10, X, Pro или што и да е 🙂

Воедно, ќе одлична прилика да се дозане и нешто повеќе за останатите уреди на Apple, првенствено, нивниот часовник како и целокупните можности на нивниот iOS 11.

Агенда:

– 18.00-19.00 – Запознавање
– 19.00-20.30 – Проследување на презентацијата во живо
– 20.30-21.00 – Споделување мислења и дискусија околу новите продукти

 

[20.30] Промоција на романот „Клада“ од Ѓерѓ Драгоман // Кино Култура

„Клада“ е третиот роман на унгарскиот писател од поновата генерација Ѓерг Драгоман. Романот претставува возбудлива комбинација од роман за растењето и созревањето, историски роман и книга напишана во традицијата на магичниот реализам. Станува збор за напната приказна поставена врз фонот на револуционерните случувања при падот на комунизмот во источна Европа. Главниот лик е Ема, девојче спасено од дом за сираци од нејзината необична баба, која никогаш претходно не ја сретнала. Раскажан од перспектива на девојчето кое постепено станува девојка, „Клада“ изобилува со сцени кои како да се извадени од сон, спротивставени на сцените од грубата реалност на едно гратче од источна Европа.

Преводот од унгарски јазик го направи Златко Панзов. Промотор на изданието ќе биде Ермис Лафазановски.

 

[21.00] Jazz Special Selection // The Loft

Добитникот на Греми Cedric Hanriot во составот на GroOovematic – совршен спој на џезот и special selecton by Tikvesh. Музичката сцена од поинаква перспектива!

Резервации на тел +389 71 272 000

 


 

 

 

Среда 13.9.2017

[10.00] Отворање на deskStation – Grand Opening // desk Station

Тимот на deskStation ги отвора своите врати на 13ти септември, и вклучува кафе и еден бесплатен час користење на нашите простории.

Отворен повик до сите заинтересирани фриленсери, претприемачи и креативци на кои им е потребен работен простор, како и компании и индивидуалци кои имаат потреба од конференциски и сали за состаноци, часови, team-building и слично. Во creativeHub имате пријатна, мирна и професионална работна атмосфера.

 

[18.00] Engage Takeover 02: Diah // Радио МОФ

Другари и другарки, Радио МОФ продолжува со својот веб серијал Engage: Takeover во кој македонските диџеи го превземаат видео стримот со свој сет од час и половина! Овојпат имате отворена покана да учествувате на  снимањето на втората епизода со Diah, а ќе се случи на 13ти септември (среда) со почеток во 18:00. Ќе одиме во живо до 19:30 часот на пејџот на Радио МОФ! Takeover ќе се случува во дворот на Радио МОФ (ул. Дренак 34а).

 

[20.00] Промоција на книгата „Кантар со Метафори“ од Тони Димков // МКЦ Клуб & Ресторан

Издавачката куќа „Магор“ од Скопје ја објави книгата „Кантар со метафори“ од Тони Димков. Со поднаслов „Збирка интервјуа што ја мерат тежината на времето“ долгогодишниот новинар од областа на културата во својата нова книга прави природно продолжување на претходно објавената книга „Зборот остава траги“ (2016).

Промотори на книгата ќе бидат Лабина Митевска, актерка и филмска продуцентка, и Александар Прокопиев, писател и книжевен критичар.

 

[20.00] Кожа – Скопје Танцов Театар // МНТ

КОЖА
Современа танцова претстава

Претставата се состои од три дела, Котел на Рисима Рисимкин, Погрешно на Адријана Данчевска и Истиот извор на Матеа Киселичка.

Повеќе инфо во линкот погоре.

 

[21.00] Хуманитарна промоција – да му помогнеме на Тео Богоевски // Кантина

ХУМАНИТАРНА ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКАТА КНИГА „ЈАС БЕЗ СЕНКА“ ОД ТЕОДОР БОГОЕВСКИ

Отворена покана до сите за хуманитарна промоција на првата поетска книга на Теодор Богоевски насловена „Јас без сенка“, која ќе се одржи во среда (13.9.), во 21 ч., во Кантина (Дебар Маало). Издавањето на оваа книга го помогна Издавачки центар ТРИ, а сите средства собрани од продажбата ќе одат во прилог на хуманитарната акција за купување на потребната количка што ќе му овозможи на Тео осамостојување и поголема слобода на движење по кои долго копнее.

 

[21.30] In The Mood // Рок Кафана Рустикана 2.0

Во живо настап на InThe Mood Блуз Дуо и 8 вида на виски на промо цена од 100 денари.

 


 

 

 

Четврток 14.9.2017

[17.00] Љубовен базар No.24 // Љубов

Септември. Летниот распуст заврши и сите полека се враќаме на секојдневните обврски, а тоа значи и нови Љубовни базари.

Рецептот веќе го знаете: музика + коктели + 11 величенствени креативци = супер забава и куп нови работи за оваа есен.
На овој базар ќе може да се запознаете со:
– Curious Leather Crafts Macedonia
– Woodyz – Wooden handcrafted bowties
– Mei Ro
– Dejana Petruševska со Foreground Totebags
– Bulberry
– Varvara Nikolova со Va Dot
– Pocket Gallery
– Em Ellephantski
– Alma Idrizi Art
– Aleksandra Pavlovska со Creations by Alex
– кожна индустрија Horvat

За сите гладни работни луѓе и овој пат задолжени се Breakfast Club Skopje со нивните вкусни сендвичи, а за музичкиот избор ќе биде задолжен Алек Пулиос. Доколку решите да се нарачате некој од коктелите на Опра, Бриџит Џонс или Џон Клиз има шанси да добиете ваучер со попуст во Literatura.mk.

 

[18.00] Design & Cocktails • Visual Arts // Public Room

Коктелите продолжуваат!
Овојпат дружба со дизајнерите 🙂

Design & Cocktails е отворен настан наменет за сите оние кои сакаат да се запознаат со новата Академија за Визуелни Уметности која за прв пат ќе стартува од октомври оваа година.

Настанот се одвива во опуштена атмосфера со коктел понуда од Public Room и гратис коктели за првите 20 пријавени лица! 😉

 

[20.00] ENSH //Белград // Социјален Центар Дуња

ENSH
Енш е арт-поп проект на продуцентот Миленко Вујошевиќ, које веќе години наназад твори и ја вознемирува Северна Америка и Европа. Редефинирајќи ги основите на жанрот, Енш успешно креира автентична и единствена визија за електро-попот, моќна бас подлога, изразен synth звук и доминантен глас.

Влез: 100 денари

 

[21.30] Audioskopje // Рок Кафана Рустикана 2.0

Кириличен рокенрол со Audioskopje.

 

[21.30] Friday // Public Room

Петочко шизење на една одлична селекција на soulfull house.
Дружење на тераса и уживање во дј сетот на Тоше Вељанов.

 


 

 

 

Петок 15.9.2017

[10.00] Skopje Challenge / Скопје Челинџ // Sk8 Парк Скопје

Асоцијација за екстремни спортови Гринд Хаус-Скопје и БлаБла Телевизија од 15.09.2017 до 17.09.2017 во новиот скејт-парк покрај кејот на реката Вардар, веднаш до стартот на велосипедската патека, под покровителство на град Скопје организираат настан наречен: Extreme Festival Skopje Challenge #4

За повеќе информации околу наградниот фонд, натпреварот и музичката програма ќе бидете благовремено известени.

 

[12.00] Школка во звук 2017 // Школка Градски Парк

Школка во звук е младински музички настан кој ја промовира новата културна сцена преку свирки, предавања и дружба. Оваа година, трета по ред, настанот прераснува во фестивал со здружени сили со Alternativa Connection продолжуваат и во сабота.

 

[17.00] Skopje 2k17 // Градски Парк

Официјално на 15-16 септември првиот 3×3 FIBA endorsed турнир во Скопје. Пријавувањето за турнирот во Скопје можете да го направите директно на FIBA 3×3 сајтот https://play.fiba3x3.com/events/64f8017c-8fbb-4c17-a44a-eac818568117.

 

[21.30] РазГлас Трас БОШ9! // МКЦ

Деветтото издание на БОШ продолжува со уште еден настан во Скопје.

РазГлас Трас БОШ9!

Овој пат во најава е:

Концерт на Klopka Za Pionira, кои ќе го промовираат и аудиофанзинот НЕРВНИ ГАС ИЗ ЗВУЧНИКА.
+
Настап на Donplaya & Bonpraskiza + DJ Inomatic

Едицијата РЕМЕК ДЕЛА – издавање на независни цртачи продолжува со цртеж на Миле Ничевски – автор на цртежот за плакатот РАЗГЛАС, а дизајнот е на царицата Johanna Peresito – Johanna Marcadé-Mot.

 

[21.30] Валкан Експрес & Ringroad // Рок Кафана Рустикана 2.0

По долгото топло лето, се враќа добро познатиот афтерворк, овој пат со Валкан Експрес (Jordan и Аце), старт во 17:00, а после 21:30 стандардна класик рок едукација со Ringroad.

 

[23.55] Maggie_Diah_Bruv // Капан Ан

Btkrsh петок со резидент дј-те Maggie_Diah_Bruv!

Maggie
https://www.mixcloud.com/butchym/
Diah
https://www.mixcloud.com/dijanadi58/
Bruv.
https://www.mixcloud.com/sxspul/

 

[23.59] Goran Kan & Mileskaya // Епицентар

ДЏ сет на Goran Kan & MIleskaya.

 


 

 

 

Сабота 16.9.2017

[11.00] Излезете од лавиринтот на анксиозноста и паничните напади // Public Room

Центар за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт, на ден 16.09.2017 година од 11:00 до 14:00 часот (со 15 мин. пауза) во Јавна Соба во Скопје, организираат едукативна работилница каде ќе имате единствена можност, низ практични вежби и техники да дознаете како со вашата анксиозност и паничните напади да се справите.

На едукативната работилница ќе добиете:
-Сеопфатен пристап за опоравување на физичко, емотивно, бихевиорално и ментално ниво
-Стратегии за запирање на анксиозноста и паничните напади
-Скала на анксиозност и паничен напад
-Табела на решавање на проблеми

Котизација: 1200 денари

Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до петок (15ти Септември до 20:00 часот)

 

[12.00] Alternativa Connection 2017 // Школка Градски Парк

Alternativa Connection е настан под организација на Perspektiva Records кој има за цел да се истакне, репрезентира и даде придонес за АЛТЕРНАТИВНАТА КУЛТУРА. Оваа година, трета по ред, настанот прераснува во фестивал, во соработка со Школка во звук кој ќе се одржи ден пред Alternativa Connection.

Наскоро ќе бидат објавени листи од учесници и детални информации за тоа што се ќе можете да видите на овој настан!

 

[12.00] Саем за мажи „И мажите можат“ // Public Room

„И мажите можат“ е национална кампања* која има за цел да го промовира вклучувањето на мажите и момчињата за родова еднаквост. Овој јавен настан ќе се одржи на 16-ти септември во „Јавна соба“ (Скопје) со почеток во 12 часот. На јавниот настан предвидено е да се одржат три работилници за градење вештини („Мажите готват“, „Мажите пеглаат“ и „Креативни игри за децa“), во кои учество можат да земат мажи и момчиња. Настанот ќе биде отворен за публика и медиуми, за што дополнително ќе бидат споделени информации со јавностa.
За секоја работилница ќе бидат избрани 5-мина учесници.
Пријавувањето е преку пополнување на податоци, најдоцна до 14-ти септември.
Избраните учесници ќе бидат контактирани од страна на организаторот на 15-ти септември, и замолени да го потврдат своето учество. Пријавата за учество е на овој линк https://goo.gl/forms/xJ5u3kGBufxrIlQi2.

 

[20.00] FILCH – Концертна промоција на првиот албум // МКЦ

Почитувани,

Оваа сабота ќе се случи промоцијата на self titled деби албумот на Filch. После долг период на создавање и работење на музиката и после повеќе потешкотии, конечно албумот е готов, датумот е закажан, сѐ е подготвено за една одлична вечер.

Специјален гостин: Muhamed Ibrahimi
Размрдување после концертот: Бојан Чакра

Место: МКЦ Кино Фросина
Време: 20:00
Влез: Бесплатен

На промоцијата ќе може да го најдете и албумот по промотивна цена од 150 денари, а после концертот грувањето ќе продолжи во Кафе МКЦ!

Filch:
Zlatko Andrijevski – гитара
Darko Stojoski – гитара
Теодор Бошков – бас гитара
Branko Saplamaev – клавијатури
Gisho Dinev – тапани

 

[21.30] Marko Kuma Markovic & Владимир Чадиковски // Рок Кафана Рустикана 2.0

Акустична дружба со Marko Kuma Markovic и Владимир Чадиковски.

 

[23.59] DJ Zoki Bejbe & Sonja Ismail // Епицентар

ДЏ сетови на Бебо и Соња Исмаил оваа сабота во Епицентар.

 


 

 

 

Недела 17.9.2017

[11.00] АртПикник // Школка Градски Парк

Ателје49 како дел од „Отворен Граѓански Универзитет за доживотно учење-Скопје„ заедно со ЕУРО ДАНВЕСТ–Скопје го организираат настанот Арт Пикник инспириран од “Art Village„by STAEDTLER.

 

[15.00] Фестивал Кокино – Тврдина на Сонцето #2// Кокино

Второ издание на целодневниот културен хепенинг КОКИНО – Тврдина на сонцето.
Локацијата на настанот е мегалитската опсерваторија Кокино, датата на одржување 17-ти СЕПТЕМВРИ (недела).

Несекојдневниот мултимедијален настан и оваа година ќе се одржи со мноштво културни активности во подножјето на Кокино, долж обележаната патека/рута и во просторот на самата опсерваторија.

Програмските активности на настанот почнуваат во 15:00 часот кога ќе се одржуваат организирани едукативни тури до опсерваторијата, работилници, предавања и презентации, како и перформативните активности на настанот кои стартуваат со поетско читање и го заокружуваат целодневното дружење со музичката програма во чии рамки годинава ќе уживаме во настапите на STRING FORCES, VOLTAIRE MANI AL HAKIM и диџеј ШУРБЕ.

 

[19.00] Работилница „Непристојни„ споменици // Социјален центар Дуња

Левичарското движење Солидарност отвора повик за учество на тродневна работилница за изработка на дизајн на сувенири, постери, маици, беџеви, накит и друг промотивен материјал за споменичното наследство во Македонија од периодот на НОБ. Целта на работилницата е да се подигне свеста за уметничките, културните и општествените придобивки од ова наше подзаборавено наследство и можностите за креативен дијалог со оваа оставнина.
Работилницата ќе се одржи на 16 и 17 септември во Социјалниот центар Дуња, а ден претходно, на 15 септември ќе биде организирана посета на неколку избрани споменици од Скопје, Костурницата во Велес, Могилата на непобедените во Прилеп и Музејот на НОБ и Македонумот во Крушево. Работилницата ќе ја водат Дафина Џепароска, Нита Муча и Зоран Кардула. 

 

Comments

comments