НЕДЕЛА НА ИЗРАЕЛСКИ ФИЛМ

19.00
МКЦ

МКЦ заедно со Еврејската заедница на Македонија ве покануваат на Неделата на Израелски филм во МКЦ! Програмата трае од 14 – 20 декември, но од 18 декември проекциите продолжуваат во Кинотеката на РМ.

ПРОГЛАСУВАЊЕ НА САЈТ НА ГОДИНАТА

19.00
МОБ

Сајт на годината е манифестација на која по шести пат ќе се избираат најдобрите веб сајтови во Македонија во повеќе категории. Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на веб сајтовите во Македонија и да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите, интернет маркетингот и севкупното интернет издаваштво во Македонија.

ПРЕДИЗВИКАНО/СОЗДАДЕНО… BY DESIGN CHALLENGE

20.00
Public Room

Конечно дојде и тој ден. По 10 дневна работа 7-те предизвикани креативци со строги правила и ограничени материјали се спремни да ви ги презентираат резултатите од играта.

ТАНГО MILONGA

21.00
Magor Book Cafe

Дојдете да се препуштиме на тангото и неговите движења 🙂

WANNABEEZ

21.30
Rakija Bar Kaldrma

Рокање во Rakija Bar Kaldrma! Класичниот hard’n’heavy разврат продолжува! Petar Spasovskiski и Milosh Sjeklokja пред лаптопот и со секое чоканче ракија, гага мезе!

THE BEARDED MEN (LIVE)

00.01
Night Club Saloon

Во понеделник „The Bearded Men” за прв пат во Скопје. Night Club Saloon е гостинот на оваа забава која ќе се состои од акустичен перформанс и кавер изведби на познати рок, блуз, фанки и реге песни.

 

ЧОВЕК, ФАБРИКА, ПОМЕЃУ

20.00
Concept 37

Во самиот назив на изложбата „Човек, фабрика, помеѓу“ се насетува неговото гледиште на современото општество, како реакција против масовната продукција, конзумеризмот и рутинираноста.

БАРАЈЌИ ГО НЕВОЗМОЖНОТО, НИКОЛА УЗУНОВСКИ

20.00
Галерија СИА, Ѓорѓи Пешков 6, прв кат, Скопје (Боемска улица над кафеаната Чардак)

СИА галерија има чест да ве покани на отворање на изложбата „Барајќи го невозможното“ на Никола УзуновскиArtist talk: среда 16.12.2015 во 20 часот; Изложбени денови: 16.12.15 – 20.01.16.

КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА ПРВИОТ АЛБУМ НА THE BLACK AND VICE SOCIAL CLUB

21.00
Станица 26

Дами и Господа! Концертната промоција на првиот нивен  албум, „Until the road is a dead end“. Влезот е слободен, а албумот ќе биде достапен по промотивна цена од 200 ден.

СЛУШНИ БОИЛЕР VOL. 4 СО DJ FLOODER

21.00
Beta House HQ

Четврта епизода од сагата Слушни Боилер овој пат со џедај мастерот и претседавач на Советот на Винилисти, DJ Flooder.

ТАНЦОВА ЗАБАВА

22.00
МКЦ Клуб ресторант

Дојдете да се дружиме, забавуваме и секако мнооогу да танцуваме: Salsa, Valtz, Bachata, Tango, Disco fox, Cha cha cha, Samba, Rock ’n’ roll, Merengue, Rumba, Jive. На забавата се добредојдени сите љубители на танцот, сегашни, поранешни и идни членови на Танцовиот клуб *ДЕНС*, како и ваши пријатели.

 

„ФОРМИ“, ГРАФИЧКА ЕКЗИБИЦИЈА

20.00
Ла Мага

Во среда на 16ти декември 2015, во културниот простор Ла Мага во 20 часот, ќе се одржи мултимедијална изложба на графики и графички дизајни. Насловот на оваа изложба е „Форми“, а самата содржина опфаќа повеќе различни теми и медиуми, главно во гранките на урбаната уметност. Ова е прва самостојна изложба на графичкиот дизајнер Андреј Шумковски.

5 ГОДИНИ ЉУБОВ И РАЗБИРАЊЕ

21.00
Кафе Бар Љубов

Kафе бар Љубов полни 5 години. Догодина трга у школо. 🙂 По тој повод се организираат 3 дена журка од кои за петок се најавува главната журка на неделата. Одморете се добро деновиве, од среда не чека бајаги работа… пардон пиење. 🙂

НОВАТА МАНЏА НА СТАРАТА ШКОЛА

23.50
Сектор 909

Скопје помина скоро четири години без манџа, а тоа се четири години премногу. Славе x Game Over позади грамофоните од кои ќе пеат искршени музики, басови и нормално, мелодии од фолдерот „Разно“.

ПОЛНОЌНА ПРЕМИЕРА STAR WARS:THE FORCE AWAKENS

23.59
Cineplexx

Премиерата на долгоочекуваното продолжение на „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ е закажана за 16ти декември во 23:59 часот во киното Cineplexx! Билетите се веќе пуштени во продажба и се по цена од 350 денари!

 

Горан Менков – Што е потребно да се постане дијамант?

20.00
FLUX Gallery

Императив на делата создадени користејки неконвенционални методи и материjали е надминувањето на границите помеѓу традиционалните ликовно уметнички медиуми и трансендентирање на разликите мегу форми суштински еднакви. Потребно е притисок и трпение да се постане дијамант?

NY VS. NY

20.00
Македонска Филхармонија

Диригент: Борјан Цанев
Солист: Евгени Божанов, пијано (Бугарија)
Програма: Гершвин, Бернштајн, Андерсон, Џоплин, Копланд, Елингтон

ПОСЛЕДНА ШАНСА

22.00
СТАНИЦА 26

Ви ја претстставуваме монодрамата „ПОСЛЕДНА ШАНСА“ со Весна Петрушевска на нашата сцена. Режија : Синиша Ефтимов. Влезници по цена од 150 денари, на касата во Станица 26.

DJ GOCE SAF

23.45
Сектор 909

Стандарден четврток во Сектор 909. Гоце САФ и неговите ДЏ хип-хоп сетови и миксови.

SPREAD THE MUSIC

23.59
Капан Ан

Uran B. // https://soundcloud.com/uranb

Baloski b2b Pindar // https://soundcloud.com/baloski

ANA MALO // https://soundcloud.com/ana-malo

 

ТВИТЕР И БЛОГИРАМЕ НАГРАДИ 2015

20.30
Кино Фросина (МКЦ)

На 18 декември ќе ги наградуваме најдобрите блогови, твитови и иницијативи во 2015 на Твитер и Блогираме платформите. Ве молиме да гласате на http://blogirame.mk/glasanje.

R3HAB

21.00
Метрополис Арена

Nennat Omen 22:30 – 23:30
Eddie 23:30 – 00:30
R3HAB 00:30 – 02:30
Aleksandar Galoski 02:30 – 04:30

OYSHA & RESCOBAR

00.00
СТАНИЦА 26

Настап на OYSHA & RESCOBAR (King Street, Disco Zoo).

 

ПРИРОДБА

20.00
CONCEPT 37

Tретото издание на ПРИРОДБА, на која ќе бидат изложени производи од македонски уметници и дизајнери. Сите производи воедно ќе бидат и со продажен карактер.

 

Наскоро

Comments

comments