Фотографија: Васјен Катро

 

Понеделник 12.2.2018

[11.00] Модно кафе со Ирина Тошева // Стопанска банка

Поминаа 4 години од отварањето на филијалата i-bank store па по тој повод тимот на Стопанска во месецот на љубовта ви нудат средба со вас: модни следбеници (fashionistas), идни дизајнери, модни блогерки и #ТОПСИ клиенти, на која домаќин ќе биде #ТОПСИ дизајнерката Irina Tosheva
Во оваа прилика Ирина продажно ќе изложи и дел од својата колекција, секако дигитално 🙂

За заинтересираните кои сакаат и да разменат мислење, добијат совет или да договорат купување на некое “парче” од изложената колекција, Ирина ве очекува од понеделник до среда од 17 – 18 часот во i-bank.

 

[20.00] ККСК 47: Исцелител (отворена дискусија) // Кино Култура

„Исцелител“ изминатата година доби вртоглави рецензии и коментари, почнувајќи од рецензијата на Jessica Kiang во Variety по проекцијата во Талин, па се до последните најави за присуство на филмскиот фестивал во Санта Барбара, Калифорнија.

На наше огромно задоволство, на проекцијата ќе биде и режисерот и сценарист на филмот, Gjorce Stavreski, со кој ќе имаме отворен разговор за неговото искуство создавајќи го “Исцелител“, за неговите идни планови и се друго што вам ќе ви дојде на памет.

Влез: Слободен

 

[20.00] Не се клади на Енглези // МНТ

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ
Режисер: Синиша Евтимов

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.
Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

Улоги:
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

 

[22.00] In The Mood // Кино Карпош

Секој понеделник во Kino Karposh

In the mood [blues duo] Live & Acoustic

 

[23.00] Боле // -1

Понеделнички во -1, дџ сет на Боле.

 


 

 

 

Вторник 13.2.2018

[21.30] In The Mood // Рок Кафана Рустикана 2.0

Инцидентно овој вторник е денот за блуз и виски. Стандардно за музичкиот дел се одговорни InThe Mood блуз дуо и додатно 8 вида на виски/бурбон на промо од 100 денари. На ТВ се враќа Лигата на шампионите па од 20:45 со натпреварот Јувентус – Тотенхем.

 

[20.00] Чолак // Драмски Театар Скопје

Режија: Синиша Евтимов
Сценографија: Илина Ангеловска

Улоги: Сашо Тасевски, Рубенс Муратовски, Игор Стојчевски и Филип Трајковиќ.

 

[21.00] Шанкот е твојот пријател // Барбакан

50% попуст на сѐ што ќе се порача и ќе се ужива на шанк!

 

[21.30] We’re turning 5! // Паб Комедија

Драги алумнисти, пријатели, соработници, колеги, сите оние кои сте биле или планирате да одите на Summer Work & Travel програмата, на некој нивни проект, како и сите кои се прашувате како да се приклучите во нашата организација, дојдете и заеднички прославете го 5-тиот роденден на Summer Work & Travel Alumni Macedonia.

 

[21.30] 91во џемање // Че Кафе Бар

Џем сешн, играње, пеење, свирење, пиење и секој со својот талент.

 

[23.00] Зоки Бејбе // -1

ДЏ сет на Зоки Бејбе.

 


 

 

 

Среда 14.2.2018

[16.00] Аперитиво // Барбакан

Аперитиво со ДЏ Васо.

 

[19.00] Black Panther претпремиера // Cineplexx

COMIC NIGHT – BLACK PANTHER
Јунак. Легенда. Крал. Црниот Пантер.
Неговата одлука ќе одреди што ќе се случи во остатокот од светот. Запознајте го марвеловиот јунак на претпремиерната проекција во Cineplexx.

 

[20.00] Кец на десетка // МНТ

Автор: Митко Бојаџиски
Режисер: Колективна режија

Улоги:
Таткото Доксе – Александар Микиќ
Мајката Грациела – Тања Кочовска
Ќерката Ана – Нина Деан
Тоше – Ивица Димитријевиќ

 

[20.00] Murder Ballads // Македонска Филхармонија

Концерт по повод Денот на вљубените:
Диригент/аранжман: Џијан Емин
Солисти: Бранислав Николов, Тања Царовска – вокали
Актер: Димитар Ѓорѓиевски
Програма: Композиции од Ник Кејв, Џони Кеш, Том Веитс, Леонард Коен, „Портисхед“, „Масив атак“, Лу Рид.

 

[21.00] Љубовен уиски најт // Љубов

Драги љубовџии и секогаш подраги љубовџики, овој 14ти Февруари е особено драг, поради неколку работи: Прво затоа што се паѓа во среда (уиски најт), второ затоа што тој датум е прогласен за именден на Љубов (денот на љубовта, нали овај) и трето зошто е Св. Трифун.

По тој повод дојдете на една симпатична пијанка со една мала разлика, нема да има вино, него виски.

 

[21.00] Враќање во иднината #39 // Кино Карпош

ДЏ сет на Чваре.

 

[21.00] Bossa Un Der Cover // Барбакан

Св. Трифун & St. Valentine’s во Барбакан со Bossa Un Der Cover Band поддржано од Tikveš Winery!

 

[21.00] Red Bull Singles Party vol.3 // Concept 37

Овој Валентајн тимот на Concept 37 заедно со Red Bull го организираат настанот Singles Party vol.3 во Concept 37. За музичкиот дел задолжен е DJ Irie Scratch, а водител на настанот ќе биде Гораст Цветковски.

Ако сте сингл и спремни за супер провод, дојдете во среда.

П.С. Предупредување: Можеби нема да заминете како сингл по забавата ако учествувате во speed dating-от. 😉

 

[21.00] Валентин & Трифун w/ In the Mood // Бруклински Џез Бистро

Во среда (14.02.2018), има два празника за славење – Св. Трифун и Св. Валентин! 🙂 Кој за што е дојден и расположен, тимот на Бруклински ќе ве пречека со врвно вино, одличен џез и блуз ритам на IN THE MOOD, вкусна храна и многу љубов! 🙂

Резервирајте си место на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фб профил.

 

[21.00] DJ Goce SAF // Цреша Бар

За некој Валентајн, а за некој Трифун, како и да е Гоце САФ оваа среда е во Цреша.

Резервации на 026152666 – 075490825 или преку порака на нивниот фб профил.

 

[21.30] Вино и Љубов // Рок Кафана Рустикана 2.0

За денот на виното и заљубените 14.02. во соработка со Tikveš Winery  тимот на Рустикана ви подготвува една поинаква среда од стандардните. За музичкиот дел задолжени ќе бидат New Indigo, а цените на вината од линијата Cuvee ќе бидат спуштени на 600 денари. Настанот почнува во 21:30, а за резервации и информации јавете ни се на 075 478 134 или пишете им порака во инбокс.

 

[23.00] Valentine’s day со Бендикс // Клуб Маракана

Валентајнс се слави во Маракана, а за тие што го преферираат св. Трифун има точено вино на 50%

За атмосферата, како и секоја среда, ќе се погрижат Bandix, овој пат со Stefan Stojchev на бас. Резервации преку SMS на 075 274 032

 

[23.00] Flooder // -1

ДЏ сет на Flooder.

 

[23.00] ToniZen & Boogieman // С26

Street Soul Delight
(The finest selection of Hip Hop, R’N’B, Soul and Funky Grooves)

По одличната енергија во предходната епизода
Dj Boogieman и Toni Zen Official ве носат на уште едно музчко патување во Станица 26. Селекција на повеќе жанрови од времето до денес.

 

[23.59] Drunk In Love // Епицентар

Thursday Shake забавите кои полека си го наоѓаат своето место во ноќниот живот во Скопје, овој пат ќе претрпат мала промена. Поради Св. Валентајн и Трифун, забавата се преместува во среда. Shorty P и Irie Scratch си остануваат позади грамофоните, како и промо цената на Smirnoff, Johnnie Walker и Gordon`s (100 денари).

 


 

 

Четврток 15.2.2018

[19.00] Борко Лазески / Изложба // Даут-Пашин Аман

Борко Лазески (Прилеп, 22 октомври 1917 – Скопје, 16 јуни 1993) е еден од најпознатите македонски сликари, втемелувачи на модерниот израз во македонската современа уметност, и секако најпознатиот монументалист во Република Македонија.

Изложбата посветена на 100 годишнината од раѓањето на Борко Лазески ќе се отвори во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам на почеток на 2018 година по барање на семејството и по повод одбележување 70 години постоење на Националната галерија на Македонија, во чие формирање учествувал како прв в.д директор.

 

[20.00] Буре Барут // Драмски Театар Скопје

Автор: Дејан Дуковски
Режија: Сашо Миленковски
Музика: Венко Серафимов
Играат: Лазе Манасковски, Ванчо Иван Петрушевски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Јовица Михајловски, Александра Павлова, Игор Стојчевски, Виолета Шапковска, Сашо Тасевски, Благој Чоревски, Златко Митрески, Рубенс Муратовски, Филип Трајковиќ, Соња Стамболџиоска.
КГ: Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Александар Степанулески, Димитрије Доксевски, Јана Стојановска, Симон Мансковски.

 

[20.00] Животот на Молиер // МНТ

Автор: Михаил Булгаков
Режисер: Александар Поповски

Улоги: Никола Ристановски – Жан-Батист Поклен де Молиер, познат драматург и автор
Сашка Димитровска – Медлен Бежар, актерка на де Молиер
Емил Рубен – Шарл-Вадле де Лагранж, актер со прекар „Регистар“, Отецот Вертоломеј, скитник – проповедник
Драгана Костадиновска – Луј Велики, кралот на Франција
Оливер Митковски – Жан Жан Бутон, згаснувач на свеќи и слуга на Молиер
Марија Новак – Мариета Ривал, актерка на Молиер
Нина Деан Гачиќ – Аманда Бежар, актерка на де Молиер
Игор Ангелов – Маркизот де Шарон, кариналот на град Париз
Дениз Абдула – Захарија Моарон, познат актер – љубовник
Никола Ацески – Маркизот де Орсињи, дуелант со прекар „Еднооки, помоли се!“

Подетални информации за претставата
http://mnt.mk/mk/component/k2/zhivotot-na-molier?Itemid=614

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
*Цената на билетот е 300 денари и слободен ден за студентите
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[20.00] Отворање на Академска сцена: Исцелител // ФДУ

Отворање на академска сцена за 2018 година, со проекција на филмот „Исцелител”

Филмот кој ги полнеше кино салите и кој доби огромен број на позитивни коментари, добитник на главната награда за најдобар филм во интернационалната компетиција на фестивалот „Santa Barbara International Film Festival” во Холивуд, со својата проекција и на ФДУ!

 

[21.00] AgainstU @C37 + промоција на коктел мени // Concept 37

Во четврток во C37 гостуваат AgainstU + промоција на ново коктел мени. Подгответе се за мрдање на хаус ритмови и промотивни цени на сите пијачки од менито.

 

[21.00] Маци Стојановиќ // Кино Карпош

ДЏ сет на Маци Стојановиќ овој четврток во Кино Карпош.

 

[21.00] Red House Band // Барбакан

Red House Band / Pop, Rock & Blues + 50% попуст на сѐ што ќе се порача и ќе се ужива на шанк!

 

[21.00] Ужегнатост // Детски театарски центар

Режија: Владимир Милчин

Играат: Симона Спировска Костовска, Наташа Петровиќ, Тамара Ристоска, Ненад Митевски, Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски
Сценографија: Крсте С. Џидров
Костимографија: Марија Пупучевска, Бранкица Јордановска
Превод од чешки и адаптација: Ема Маркоска Милчин
Технички координатор: Кирил Мечалов
Извршен продуцент: Радослав Гогушевски
Продуцент: Филип Николовски
Продукција: АРТОПИЈА – Скопје

 

[21.30] ЧЕтврток со Бојан Чакра // Че Кафе Бар

Бојан Чакра и звуците на фанк, свинг, соул, џез, блуз!

 

[21.30] Комеморација за Мирослав Стојановиќ – Шуки // Менада

Комеморацијата по повод ненадејното заминување на познатиот уметник и активист, академскиот сликар Мирослав Стојановиќ – Шуки ќе се одржи на 15 февруари во клуб Менада во Старата чаршија, со почеток во 21:30.

Мирослав Стојановиќ – Шуки, академски сликар, мултимедијален уметник и активист почина ненадејно, на 10 јануари. Имаше 54 години.

 

[21.30] Audioskopje // Рок Кафана Рустикана 2.0

Кирилично рокенрол шизење со Audioskopje.

 

[23.59] Tomi Bojadzi & Toni Dimitrov //-1

ДЏ сет на Томи Бојаџи & Toni Dimitrov, поддржано од Skopsko Smooth.

 


 

 

 

Петок 16.2.2018

[16.00] Lady Blue // Барбакан

After Work со Lady Blue Band.

 

[17.00] Аперитиво // Кино Карпош

#Апeритиво во Kino Karposh
Четврток, 17:00 часот.

Музика на винил w/ Бојан Чакра и Игор Спироски

+ Промотивни цени на селектирана група на вина од винарија Тиквеш
+ Промотивна ценa на Jameson
+ Вкусно мезе кое ви е веќе добро познато 🙂

 

[17.00] Валкан Експрес // Рок Кафана Рустикана 2.0

Повторно враќање на афтерворк забавите со Валкан Експрес (Jordan Pilatov и Aleksandar Avukatov) после 17:00. Вечерта стандардно – рокенрол едукација со Ring Road после 21:30. Вечерта ќе дружиме и со дечките и девојките од Jägermeister па ќе се пијат шотови и јегер дози по намалени цени.

 

[17.00] After Work party w/ BandOff // Бруклински Џез Бистро

Петок е ден за убави работи, а една од нив е првиот after work годинава со BANDOFF – Официјална Страница 🙂

Резевирајте си место на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фб профил.

 

[20.00] Тероризам // МНТ

Автори: Владимир и Олег Пресњаков
Режисер: Јордан Симонов

Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
Музика: Горан Трајковски
Плакат и анимација: Срѓан Јаниќијевиќ

Играат:
Гораст Цветковски
Славиша Кајевски
Никола Ацески
Николина Кујача
Сашко Коцев
Звездана Ангеловска
Марија Новак
Александар Микиќ
Кире Ѓоревски
Александар Михајловски
Александар Ѓорѓиески
Борче Начев
Драгана Левенска

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/mk/pretstavi/terorizam

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
*Цената на билетот е 300 ден.

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[20.00] „Нова љубов“ // Македонска Филхармонија

Концерт на гудачкиот квартет на Македонската филхармонија: Анна Кондратенко – прва виолина, Марија Михајловска – виолончело, Бојан Илкоски – втора виолина, Бојан Талески – виола

Програма:

Ј. С. Бах: „Уметност на фугата“
Ј. Хајдн: Квартет – Hob.III:17, оп. 3, бр. 5
В. А. Моцарт: Гудачки квартет бр.1, KV80
Л. В. Бетовен: Гудачки квартет бр.4, оп. 18

 

[20.30] Проекција на студентски филмови: Скомрахи 2017 // ФДУ

1. „Утопија“ (Utopia)
режија Матија Глушчевиќ
2 година филмска и ТВ режија
ментор проф. Нарциса Даријевиќ
времетраење на филмот 20:23 минути

2. „Кој дава “ (Who gives a)
режија Ленка Јовановиќ
3 година филмска и ТВ режија
ментор проф. Срѓан Голубовиќ
времетраење на филмот 22:22 минути

3. „Живот по Москри“ (Life According to Moskri)
режија Горан Николиќ
4 година филмска и ТВ режија
ментор проф. Милан Тодоровиќ
времетраење на филмот 28:29 минути

4 „Последен повик“ (Last Call)
режија Милена Грујиќ
3 година филмска и ТВ режија
ментор проф. Срѓан Голубовиќ
времетраење на филмот 16:37 минути

 

[21.00] Fluid // Кино Карпош

ДЏ сет на Fluid.

 

[21.00] Wierd Yes! // Црно Кафе

Журкаџики и Журкаџии, чујте и почујте!

Jana и Симона склопија зделка, наводно ќе пуштале многу добра музика на погоре споменатото 💥 место,
присуството од сите кул, некул, прекул и најекстрамегакул девојки и дечковци е пожелно (да не речам задолжително).

 

[21.00] Vasil Hadzimanov Trio // Бруклински Џез Бистро

Во петок (16.02.2018), вечерта ќе ви биде исполнета со џез звуците на Васил Хаџиманов трио. Бидете на време и резевирајте си место на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фб профил.

 

[21.30] Ring Road // Рок Кафана Рустикана 2.0

Стандардно – рокенрол едукација со Ring Road после 21:30. Вечерта ќе бидат присутни дечките и девојките од Jägermeister па ќе се пијат шотови и јегер дози по намалени цени.

 

[21.00] „Mirno Leto” промоција, компилација, јубилеј // La Kaña

PMG Recordings скромно и свечено ќе го одбележи јубиејот по повод 150-то издание.

Компилација „Мирно Лето” се состои од композиции креирани и издадени во Македонија во 2017 и 2018 година и крие/открива неверојатна убавина, квалитет и автентичност.
„Мирно Лето” ќе биде достапно за FREE DOWNLOAD
www.pmgrecordings.com

 

[22.00] Friday night with Blackout // Berlin bar und kaffee

Според истражувањата на МКЦ, Брејкерси немаат свирено во МКЦ уште од 11 декември 1992 година (исправете ако грешат), ама сеќавањата велат дека последен концерт во Скопје е во 2008 година на мото фестивал на саем на отворено.

Цената на билетите се менува на 350 денари од 01.01.2018.
Во продажба преку продажните мрежи на MkTicketsКупи Карти За Се и на Билетарница МКЦ.

 

[23.59] Basel + Tanche //-1

B2B дџ сетови на Basel & Tanche.

 

[23.59] François X // Епицентар

François X [Dement3d Records, Deeply Rooted]
https://soundcloud.com/francoisx

Local Support:
DJ Zoki Bejbe
https://www.mixcloud.com/zoki-bejbe/

Влез: 300 денари по 01:00 400 денари.

 


 

 

 

Сабота 17.2.2018

[10.00] Audiobahn Matiné // Трифкова колиба Маврово

Со најава за ведар ден со сонце, снег, добро расположение и одлична музика, оваа сабота (17.02.2018 година) бидете во Trifkova Koliba Mavrovo или општо позната како „одма, првото бачило кога ќе се симнеш од жичара, тука одма од десна страна не тоа на Галички“.

Во етерот ќе имаат можност да се претстават:

Uzun Brothers a.k.a Ognen Uzunovski Ogi и Sasho Uzunovski –https://soundcloud.com/audiobahn101/sasho-uzun-ogi-desonanz-festival-izlet-kafe

Shamba
Marko Rikaloski – https://www.mixcloud.com/mashradio/marko-rikaloski-jul2014/

Bruv a.k.a Сергеј Пулиос – https://soundcloud.com/audiobahn101/bruv-izlet-kafe

 

[14.00] 20 % Промо на бургери + свирка // Рок Кафана Рустикана 2.0

Burger Happy Hours се од 14:00 – 18:00 и попустот од 20% ќе важи и на новите – The Night King, Hodor и Лажен Цепелин бургери. Вечерта после 21:30 акустична вечер со Marko Kuma Markovic и Владимир Чадиковски – Црни.

 

[19.00] Healing Meditation // МКЦ

Healing Meditation.

Медитација за релаксација, опуштање, регенерирање на енерија и исцелување.
Часот ќе се одржи на февруари 15 (четврток) од 19 до 20 часот во МКЦ (НВО центар) на горниот кат.

Медитацијата ќе ја води Жаклина Димовска, познавач на источни медитативни техники и реики мастер
Дополнителни информации на тел 077/771-039 (Жаклина) и 078/205-507 (Валентина)

Цена: 100 денари

 

[19.00] Снежана и седумте џуџиња // Драмски Театар

Режија: Димче Николовски
Сценографија: Сергеј Светозарев
Костимографија: Лира Грабул
Музика: Димитар Андоновски
Улоги: Александра Павлова, Трајанка Илиева, Калина Наумовска, Златко Митрески, Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Игор Георгиев,
КГ: Александар Степанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексоски, Дарко Карбески, Марко Илиќ

 

[20.00] Говорна мана // МНТ

Автор: Горан Марковиќ
Режисер: Драгана Милошевски-Попова

Улоги:
Мишел ― Игор Џамбазов
Славица ― Сашка Димитровска
Петар ― Ивица Димитријевиќ
Актерка ― Арна Шијак
Актерка ― Ана Стојановска
Актерка ― Билјана Јовановска

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/pretstavi/govorna-mana

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
*Цената на билетот e 300 ден. и слободен ден за студентите

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[21.00] Bossa Un Der Cover Band Live // Барбакан

Jazz Trio Live оваа сабота во Барбакан.

 

[21.00] Soul Print // Кино Карпош

ДЏ сет на Petko (Soul Print) од Белград.

 

[21.00] Ужегнатост // Детски театарски центар

Режија: Владимир Милчин

Играат: Симона Спировска Костовска, Наташа Петровиќ, Тамара Ристоска, Ненад Митевски, Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски
Сценографија: Крсте С. Џидров
Костимографија: Марија Пупучевска, Бранкица Јордановска
Превод од чешки и адаптација: Ема Маркоска Милчин
Технички координатор: Кирил Мечалов
Извршен продуцент: Радослав Гогушевски
Продуцент: Филип Николовски
Продукција: АРТОПИЈА – Скопје

 

[23.59] Мирко Попов //-1

ДЏ сет на Мирко Попов.

 

[23.59] Funky Fresh #55 // Капан Ан

Funky Fresh #55 w/
– DJ Goce SAF
– DJ Chvare
– Marko Ortografija (opening set)
Старт на полноќ, влез 100 денари до 01, потоа 150 денари.

 


 

 

 

Недела 18.2.2018

[12.00] Social sunday // Public Room

Уживајте во барот со свежа #музика и вкусна #паста со намирници по ваш избор, додека дечињата се едуцираат на некоја од нашите работилници на првиот кат.

ПРОГРАМА за МЛАДИ КРЕАТИВЦИ
Пријавете ги Вашите дечиња на некоја од овие работилници со пополнување на следниот онлајн формулар најдоцна до сабота, 16:00 часот:
https://goo.gl/forms/6YedZBSizFM8mzpU2

За резервации на маса и повеќе информации околу работилниците јавете се на 078 250 554.

 

[20.00] Mamma Mia // МНТ

Времетраење: 180 минути |со пауза|голема сцена

Музика и текст: Бени Андерсон | Бјорн Улвеус | текст: Кетрин Џонсон | по приказната на: Џуди Крејмер
Режисер: Наташа Поплавска

Улоги:
Софи Шеридан – Нина Деан/Јана Стојановска *(за изведбата на 23-ти јануари улогата на Софи ќе ја игра актерката Нина Деан)
Дона Шеридан – Биљана Драгиќевиќ – Пројковска
Сем Кармајкл – Кире Ѓоревски
Бил Остин – Трајче Ѓоргиев
Хари Брајт – Владимир Јачев
Скај – Никола Наковски/Петар Стојанов *(за изведбата на 23-ти јануари улогата на Скај ќе ја игра актерот Никола Наковски)
Тања – Арна Шијак
Рози – Тања Кочовска
Лиза –Александра Павлова
Ели – Билјана Јовановска
Пепер – Стефан Спасов
Еди – Александар Михајловски
Свештеник – Борјан Тетиев

*Цените на билетот се следни:
1-5 ред – 1000 ден.
6-11 ред – 1200 ден.
12-17 ред – 1000 ден.
1 галерија – 800 ден.
2 галерија – 600 ден.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 


 

Comments

comments