Понеделник 12.12.2016

[18.00] Брррррр неделна програма во ЧЕ! // Че Кафе бар

– Понеделник: Neda Damcevska со уникатен алтернативен музички избор
– Вторник: Џемање
– Среда: Елена Кавракова рока рок и блуз
– Четврток: Бојан Чакра со свингови фанкови блузови
– Петок: после работа со Крле и Пјотр на опуштање, вечер со Session Selection Band раздрмување.
– Сабота: е сабота е оној еден месечен ден со тематска забава. Стеј тјунд за евент.

 

[19.30] КонтраКадар СК34: Racing Extinction,тема: Охридско езеро // Кино Култура

Понеделник, 12-ти декември во 19:30 во Кино Култура, бесплатен влез
Ќе гледаме : Racing Extinction
Ќе дискутираме за: Охридско езеро – бисер или бижутерија?
Гости: Александра Бујароска и ФРОНТ 21/42

 

[20.00] Промоција на „Водата нешто носи“ од Марија Грубор // МКЦ

Овој понеделник во фоајето на кино Фросина во МКЦ ќе се одржи промоција на поетската збирка „Водата нешто носи“ од Марија Грубор, додека во просторот ќе бидат изложени аналогни фотографии од периодот на нејзиното создавање.

Во поетскиот перформанс учествуваат Драгана Стојчевска, Даниел Карески и Митко Апостолов, а истиот музички ќе го заокружат Џон Илија Апелгрен и Онија Блузерине.

 

[21.00] Неделна програма  // Рок Кафана Рустикана 2.0

*Понеделник – Камбек на New Indigo во 2.0 и еден малку по Jazzy понеделник. Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. In The Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 6 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Јован и Ташко во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.
Класичен рокенрол со Ringroad со старт после 21:30

*Сабота – Македонски евергрини со Lili Chilli од 14:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период. R’n’R 101 со Ringroad. Кума и Црни акустично со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

 


 

 

 

Вторник 13.12.2016

[20.30] Не турска, не шпанска::Книжевна Серија::Поети читаат Проза::Еп.3 // Концепт 37

Снежана Стојчевска::Ѓоко Здравески
читаат од расказите на Инго Шулце од збирката „Мобилен”,
превод од гермаснки Елизабета Линднер, Блесок 2009
Модерација::Марија Стојанова
Книги и насмевки::Даниела Костадиновска.

 


 

 

 

Среда 14.12.2016

[19.00] Промоција на Никој не рече дека ќе биде лесно  // Дистрикт Бар

Што да направите кога чувствувате дека сте создадени за големи работи, а тие никако да тропнат на вашата врата? Ќе продолжите ли да чекате верувајќи дека што е ваше ќе си дојде? Ќе им се препуштите ли на малодушноста и тагата?
Новата книга на Коста Петров е приказна за љубовта и за вербата во животот. Чекор по чекор, таа нè води по патот кон остварување на нашите соништа. Нè потсетува дека никогаш не треба да се откажуваме.

 

[19.00] Креативен Викенд зa теaтaр: Презентации и дискусии // Мобилна галерија – Парк на франкофонија

1. Анализа на Креативните викенди во 2016, презентација Јован Ламбески
2. Претставување на македонскиот центар на ИТИ (International Theater Institute) Центарот служи за меѓународно промовирање на македонските изведбени уметности (драма, танц, опера/музички театар, перформанс), презентација Проф. Др. Иванка Апостолова
3. Дискусија на тема: „Импровизација како дел од процес на создавање на една претстава” – Проф. Зоја Бузалковска.

 

[19.00] Претпремиера на Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите // Cineplexx Skopje

Имате неверојатна можност да бидете меѓу првите во светот што ќе ја погледнат претпремиерата на #Роуг1!

Во среда (14.12) од 19:00 и 21:30 часот ќе има две проекции на најновото остварување од #StarWars франшизата, а билетите веќе се пуштени во продажба!

 

[20.00] Нашиот клас // Театар за деца и младинци

Режија:
Владимир Милчин

Играат:
Драган Довлев
Владимир Лазовски
Предраг Павловски
Ненад Митевски
Јорданоски Мартин
Бојан Кирковски
Мики Анчевски
Емра Куртишова
Наташа Петровиќ
Симона Спировска

 


 

 

 

Четврток 15.12.2016

[17.00] Љубовен базар No.20 (роденденско издание) // Кафе бар Љубов

Овој базар е посебен заради неколку причини:
Прво, во четврток Љубовниот базар полни две години;
Второ, на околу две недели пред новогодишните празници, базарот претставува убава можност да се подновите нешто или да одберете подарок за вашите драги луѓе;
Трето, бидејќи се работи за роденденски базар, во план е супер журка;
Четврто, дел од базарот ќе бидат и учениците од Брејнобрејн центрите, кои изработија посебни ракотворби, а собраните средства од нивната продажба ќе бидат донирани во хуманитарни цели и
Петто, направете место во вашиот дневен распоред, завршете со работните обврски и дојдете во Љубов од 17ч па натака.

 

[20.00] Предавање: Илустрирано патување низ Сончевиот Систем  // ФЕИТ

Нашето најблиско космичко соседство е преполно со чудесни предели – од минијатурни тела кои поминуваат огромен пат околу Сонцето, преку џиновски топки од гас опкружени со прстени и чудни месечини, до мирната сина топка која ја нарекуваме дом.

Доживејте ги убавините на планетите, кометите, астероидите и останатите тела во нашиот Сончев Систем преку прекрасни фотографии од минати и тековни мисии, како и илустрации, шеми и уметнички претстави од малото делче од Вселената во кое царува.

Локација: голем амфитеатар при Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ.
Влез: 100 ден.

Дополнување: Сите средства од предавањето ќе бидат ДОНИРАНИ за лекувањето на Влатко Мицкоски.

 

[20.00] Душко Гојковиќ Квартет  // Македонска филхармонија

Диригент: Борјан Цанев
Солисти:
Душко Гојковиќ – труба
Ренато Кико – пијано
Мартин Ѓаконовски – контрабас
Владимир Костадиновиќ – тапани

Македонска промоција на албумот „Душко Гојковиќ со гудачи“

 

[20.00] Недела на современиот израелски филм 2016 // Кинотека на Македонија

Кино Милениум
15 декември, 20:00 ч. Свадбена кукла (HATUNA MINIYAR)

Кинотека на Македонија
16 декември, 20:00 ч. Претставувајќи ја Принцезата Шо (PRESENTING PRINCESS SHAW)

17 декември, 20:00 ч. Одење по вода (LALECHET AL HAMAIM)

18 декември, 20:00 ч. Сругим (SRUGIM)
21:00 ч. Кафуле Наглер (CAFÉ NAGLER)

19 декември, 20:00 ч. Илај и Бен (ILAJ VE BEN)

 

[20.00] Концерт на Градски Дувачки Оркестар // МКЦ

Програма за новогодишниот концерт :
Marsch
G.Miller Parade – Rudi Selfert Kresbornn
My Way – C.Francois & J.Reavux arr. H.Eminovic
Soul Bossa Nova – Q.Jones arr.H.Eminovic
Tico, Tico – L.Abreu arr. W.Leer
Pink pather – H.Mancini
Girls from Ipanema – A.C.Jobim arr. H.Eminovic
Fly me to the moon – arr. S.Nesticos
Flamingo – T.Grouya arr. H.Eminovic
Bamboleo – S.Diaz arr. H.Eminovic
Hello Dolly – arr. D.German
Tequila – A.Lokatelli arr. V.Platonovic

 

[21.30] Четврток во Јавна Соба  // Public Room

Rock музика, одлични вокали и многу позитивна енергија!
На 15ти шизиме со Контраплан

Резервирајте на 02 6092650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/chetvrtok-vo-javna-soba-5oEyU

 

[23.55] Danny Briottet  // Епицентар

Danny Briottet е еден од основоположниците на современиот електронски звук. Кариерата ја започна како основач на Renegade Soundwave, култен бенд кој беше главна инспирација за некои од најважните електронски музичари на денешнината, вклучувајќи ги The Prodigy и The Chemical Brothers. Неговите композиции The Phantom, Women Respond To Bass и Probably A Robbery се сметаат за класики на електронската музика. По распаѓањето на групата, изгради успешна соло кариера како продуцент, диџеј и композитор на филмска музика, а негови ремикси добија некои од најголемите хитови на Depeche Mode, Cypress Hill, Grace Jones, Aswad, Radiohead, Moby, Orbital и нашиот Кирил Џајковски.

Локална поддршка: Tripnotic

Влез: 200 денари

 


 

 

 

Петок 16.12.2016

[16.00] Lucky Friday  // Public Room

Квалитетно вино, вкусно мезе, опуштено дружење, интимни муабети, боса нова звуци ~

Вашата омилена сорта вино од Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%.

 

[18.00] Black Johnnie Friday with 2 Cool Cats // Кантина

Релаксирано после работа, па подоцна на сцена доаѓа Johnnie Black.
Music like the end of the world!

Dr. Jazz – Игор Спироски
Mr. Tegla, Dalton – Владимир Павловски

 

[20.30] Perspective – Самостојна изложба на фотографии на В.Славковска // Социјален центар Дуња , Улица Рајко Жинзифов бр.22

Прва самостојна изложба на црно бели фотографии на Верица Славковска во Социјален Центар Дуња.
Социјалниот центар се наоѓа спроти Градежен факултет позади автобуската постојка во жолтата куќа.

 

[21.00] In C од Тери Рајли, во изведба на Fighting Windmills и Sethstat // МКЦ

На 16ти декември 2016 во Кино Фросина, ќе се одржи македонската премиера на култното минималистичко дело IN C од американскиот автор Тери Рајли во изведба на Fighting Windmills + Sethstat.
Билетите се веќе достапни на билетарницата на МКЦ по симболична цена од 100 денари. (На ден на концертот билетите ќе чинат 200 денари). Билетите се во строго ограничен број од 250.

 

[22.00] Showroom: Bopers // Public Room

Showroom e отворена музичка програма во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската џез сцена, која има за цел да го претстави домашниот музички потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.

Bopers е бендот кој ќе го отвори ова музичко уживање!
Кирил Кузмановски- сакс, Трајче Велков- труба, Филип Димишковски- клавијатура, Кирил Туфекчиевски- бас, Виктор Филиповски- тапани.

Резервации на 02 609 2650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/showroom-bopers-neyjm.

 

[22.00] Alcos Saloon // Кафе Браво

Alcos Saloon:
Виктор Танасковски – гитара, вокал
Марио Симоновски – бас
Дамјан Даневски – тапани

 

[23.00] DJ DEEP – Deeply Rooted / Fr // С26

ДЏ сет на Deep & Alex Acid. Петочки разиграно во С26.

 

[23.55] Promocija:: Vidinovski – Patterns L.P. live+dj set Mirko Popov // Епицентар

Vidinovski е еден од најпознатите и најрелеванти македонски електронски музичари на модерните денови.

Уште од времето на Sound Diffusion, па преку неговите дџ сетови, продукции, Drop Series случки и изданија на Argumento i 778 Frequency, се работи за една длабока персонална потреба за изразување во имагинарните рамки кои ги има магијата наречена музика.

Patterns е неговиот деби албум, кој неслучајно во Скопје се појавува под етикетата  PMG Recordings.

 


 

 

 

Сабота 17.12.2016

[21.00] Електрични Оргазам, 30 години од албумот Дисторзија // МКЦ

Младински културен центар во соработка со концертната агенција „Одличан Хрчак“ од Белград, го најавува концертот на Електрични оргазам во МКЦ на 17 декември 2016 година.
Билети по цена од 200 денари во продажба на Билетарница МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс.
На ден на концерт (17.декември) цена на билет ќе чини 300 денари.

 

[21.00] Hip Hop Session // Wonderlust

Во сабота имаме All Star трио кое ќе врти страшно добар хип хоп.
Dj Ilic, DJ Strajk Oficijalen Profil и DJ Drazi Drags ќе пуштаат музика за мрдање со глава.

 

[21.00] 6 години Љубов и (недо)разбирање // Кафе бар Љубов

Е па драги Љубовџии, секогаш подраги Љубовџики и сите останати добронамерници желни за добра журка, во сабота на 17 декември, со почеток во 21 часот ќе се случи роденденската забава на кафе бар Љубов.
Како што кажува насловот Љубов слави 6 години љубов и (недо)разбирање, пиење, журкање, другарување, сакање, раскинување, пак пиење, базарување, лутење, смирување, плачење, смеење, уште пиење, пеење, викање, бакнување (читај лапање), уше малце пиење… и ред други активности.

Музички дел: Band Off aka Day Off

 

[21.00] Промо: Под земја полесно се дише #4 // Ла Кања

По четврти пат, Скопје Ви нуди комплетна демистификација и рационализација на предновогодишната еуфорија.

ПОД ЗЕМЈА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ! #4

Промоцијата на фестивалот е закажана за 17.12 во Ла Кања, каде ќе можете директно да го поддржите скромниот буџет, купувајќи, нели, подароци за Вас или најблиските од богатото дистро.

 

[21.30] Jazz Night Jam With Oliver Duev & Co. // Кантина

Џез трио, на чело со The Master Оливер Дуев. Секоја сабота одбира музичка екипа со цел динамичност и различен репертоар, а со самото тоа несомнено ќе уживате во неповторлив перформанс.

За исполнување на сите ваши апетити на менито е превкусна храна во комбинација со вината Chardonnay и Cabernet & Merlot – Oak Edition на Тиквеш.

[22.00] Just Dance // Public Room

По препорака на Марко Настиќ, дечкото кој со својата музика го разубаве првиот роденден на Јавна Соба, доаѓа Дејан Миличевиќ од Белград.

Влез: Слободен

 

[23.55] Ison // Епицентар

Позади прекарот Ison стои Anastasios Diolatzis, еден од најзафатените музички амбасадори на електронската сцена во Грција. Со неговиот изострен осет за модерна музика и љубов кон неа тој успева да додаде уникатен печат на локалната сцена. Покрај неговата љубов кон музиката, Ison е диџеј, продуцент, радио презентер, промотор на концерти, евент координатор, организатор и секако основач на добро познатиот Non Collective кој постои веќе 16 години.

Локална поддршка: Мачки

Влез: 200 денари

 


 

 

 

Недела 18.12.2016

[13.00] Будење // Public Room

Во светот денес живеат околу 7,5 милијарди луѓе. Околу 1 милијарда се лица со попреченост и ретки состојби. Од нив, околу 150 милиони се деца. Пореченоста се манифестира како ограничување, тогаш кога околината не и е наклонета на личноста. Тоа важи за сите нас подеднакво! Се раѓаме и се стекнуваме со различности, цел живот! Да научиме да ги прифатиме! Да научиме да ги славиме!

Ова е причина зошто на 18.12.2016 во 13 часот, во Јавна Соба (Public Room), да ја завршиме годината со „Будење“ и со нашите модели со кои сакаме да Ве разбудиме и да Ви покажеме какви убавини постојат на овој свет. Различни, а на свој начин совршени.

 

[19.00] Васко Атанасоски во живо // Кафе Браво

Васко ќе свири свои песни. Влезот е бесплатен.

 

[19.00] И музиката свети // Кино Култура

ФЕНЕР е фестивал создаден за да ги радува децата. Оваа година во име на пораст на општата радост решивме да го прошириме тимот на радувачите. Покана до сите драги, музичари, бендови, сонувачи, да бидат дел од концертот „И музиката свети”. Ве молиме пријавете го вашето учество најдоцна до 14 ти декември на budenteatar@gmail.com!

 

[21.00] Раце Горе/ Зима ’16 // Концепт 37

Животот е прекраток за здодевни алишта па затоа подгответе се за една поинаква зима со уникатните парчиња од новата Раце Горе колекција.

 

Comments

comments