Фотографија: Александра Костадиновска

 

Понеделник 12.3.2018

[19.00] 21ва изложба на учениците од Меѓународна Матура // Мала Станица

21-ва изложба на учениците од Меѓународна Матура (IB) при гимназијата „Јосип Броз Тито“. На истата ќе се претстават 19 ученици со самостојни изложби:

Сандра Ангеловска
Дафина Андонова
Борјана Балова
Теодор Граматниковси
Данило Димитриевски
Живко Дуев
Бојана Ѓорѓиева
Анастасија Јовановска
Катја Кочишки
Михаил Насковски
Филип Наумовски
Ерина Николова
Марија Пољакова
Дамјан Самарџиевски
Сергеј Сарчевски
Маргарита Ташулова
Тијана Тројнко
Јана Трбогазова
Филип Цветков под менторство на професорката Ангелина Дамјаноска Наумоска.

Отворањето на изложбата е на 12ти март во 19:00 во „Мала Станица“, а ќе биде отворена за посетители до 15ти март.

 

[20.00] Изложба на фотографии „Во кожата, длабоко: +60“ // Музеј на град Скопје

Проектот „Во кожата, длабоко: +60“ беше започнат за време на програмата за уметнички престој Инстинкт. Берлин. Фотографот Рафаел Медина портретира девет геј мажи на возраст над 60 години кои живеат во Берлин. Серијата од 35мм фотографии и видео претставуваат визуелно истражување на нивните тела, сексуалност и нивниот однос кон геј заедницата.

Изложбата e организирана од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со уметникот Рафаел Медина. Отварањето ќе биде на 12.03.2018 во 20:00 часот, а ќе биде отворена до 18.03.2018 до 20:00 часот во Отвореното графичко студио – Музеј на град Скопје.

 

[20.00] Квартет // МНТ

Автор: Роналд Харвуд
Режисер: Зоја Бузалковска

Улоги:
Џин Хортон…………. Лилјана Велјанова
Сесили Робсон ………… Катина Иванова
Реџиналд Пеџит ……………… Емил Рубен
Вилфред Бонд ………… Благој Чоревски

Цената на билетот е 300 денари

 

[20.00] Експеримент // МКЦ

Главна инспирација за претставата е книгата “The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.

Текст и режија: Јане Спасиќ
Играат: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел Стојановски.

Резервации на: 023115 225 ( билетара на МКЦ), или на bileti@mkc.mk

 

[21.00] Светлост // Ла Кања

Џез работилница
____________________________________

Нинослав Спировски [кларинет / тенор саксофон]
Бисера Базер [тромбон]
Филип Букршлиев [ел.гитара]
Кристијан Новковски [удиралки]
Дени Омерагиќ [контрабас]

 

[21.00] In The Mood: Live & Acoustic // Кино Карпош

Стандард понеделнички во Кино Карпош дрмаат In The Mood.

 

[23.59] Нино Наумов // -1

Понеделнички во -1, дџ сет на Нино.

 


 

 

 

Вторник 13.3.2018

[18.00] Womenpreneurs Stories s01e03 // Public Room

Приказни за жени претприемачи е иницијатива која има за цел да ги и слави и сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот!

Сакате да научите како да го валидирате и финансирате вашиот бизнис / идеја преку Crowdfunding од експерт со 80% успех во 58 кампањи во целиот свет?
Womenpreneurs Stories S01E03: CROWDFUNDING со Џес Бејли е вистинската можност за вас! 13.03.2018, вторник, Public Room!

Оваа воведна работилница накратко ќе ги опфати 6-те клучни фактори кои ја прават кампањата за јавно финансирање успешна:

1. Планирање;
2. Градење заедница;
3. Storytelling – раскажување приказни
4. Совршената страница на проектот
5. Kомуницирање на кампањата
6. Следење

 

[19.00] Пре-фабрикати: Растечките куќи на Скопје // МСУ

На 26 јули 1963 г., во екот на Студената војна, катастрофален земјотрес уништи голем дел од градот Скопје. Оваа природна катастрофа поттикна бран од меѓународна солидарност и доведе до појава на заеднички хуманитарен проект кој обедини светови со крајно спротивни идеологии.

„PRE/FABRIC“ трага по приказните на куќите во ова малку истражувано поглавје од историјата на главниот град на Македонија. Проектот ја разгледува историјата на градбите на шест куќи и искуството на домаќините од животот во нив. Преку начинот на кој ги користеле објектите низ годините и оптимално ја приспособиле нивната структура заради задоволување на личните потреби, жителите на реконструираниот град се тие кои ја преиспитуваат оптимистичната верба на модернизмот во индустриското производство и можностите за префабрикување. Документирањето и анализата на домашниот пејзаж, кој се развивал преку интервенирање, приспособување и проширување, овозможува конкретно разгледување на овие сомнежи и нивна тематизација.

Проект на Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек
Фотографии: Горан Димов; Видео обработка: Ана Хојс; Превод: Милица Ѓорчевска

 

[20.00] Како да се ограби банка // Драмски театар Скопје

Автор: Сами Фејд
Режија: Иван Манасковски
Превод: Коле Ангелковски
Сценографија: Доротеа Ѓорѓиевска
Костимографија: Фросина Настевска
Избор на музика: Иван Манасковски
Кореографија: Катерина Шехтанска – Лаковски

Играат:
Лазе Манасковски
Марија Кондовска
Гоце Тодоровски
Симон Манасковски
Катерина Шехтанска – Лаковски
Калина Наумовска
Игор Георгиев

Времетраење: 90 минути

 

[20.00] Говорна мана // МНТ

Автор: Горан Марковиќ
Режисер: Драгана Милошевски-Попова

Улоги:
Мишел ― Игор Џамбазов
Славица ― Сашка Димитровска
Петар ― Ивица Димитријевиќ
Актерка ― Арна Шијак
Актерка ― Ана Стојановска
Актерка ― Билјана Јовановска

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/pretstavi/govorna-mana

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
*Цената на билетот e 300 ден.

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[21.00] 95то џемање // Че Кафе Бар

Џем сешн, играње, пеење свирење, пиење, секој со својот талент.

 

[21.00] Проекција на ‘Копање’ и дружба со актерите и дел од екипата.  // Cineplexx MK

На 13ти март по проекцијата од 21 часот ќе има дружба со актерите и дел од екипата на новиот македонски филм „Копање“. Не пропуштајте ја приликата да осознаете детали и пикантерии од снимањето на филмот.

 

[21.00] Bossa’n Jazz Love Affair w/Amália Baraona // МКЦ Клуб & Ресторан

Bossa’n Jazz Love Affair w/Amália Baraona 4tet
Bossa Nova и Jazz започнаа да флертуваат во доцните 50ти години… Нивната љубовна афера започна официјално во 1962 во Carnegie Hall со настап на најдобрите бразилски bossa музичари пред публика составена од најдобрите американски џез музичари. Истата година беше издаден bossa nova албумот “Jazz Samba” од Stan Getz и Charlie Byrd was означувајќи го почетокот на released bossa nova лудилото во Америка.

Како продолжение на оваа љубовна приказна, пејачката Amália Baraona ги споделува нејзините гласовни Bossa Nova бои со џез звуците на Гордан Спасовски (piano), Кирил Кузманов (flute/saxophone), Динко Стипаничев (double bass) и Виктор Филиповски (drums).

Задолжително резервирајте на (02)6090 606.

 

[23.59] Зоки Бејбе // -1

ДЏ сет на Бебо.

 


 

 

 

Среда 14.3.2018

[09.00] Јадрански денови // Forza Wine Bar & Restaurant

Forza Wine Bar & Restaurant Ве поканува на врвна гастрономска манифестација под името „ЈАДРАНСКИ денови во Скопје“, која ќе трае од 14-ти до 18-ти март.

Гастрономското доживување ќе биде збогатено со специјални цени на морското мени, проследени со промотивна понуда на Тиквеш врвните вина.

 

[16.00] Aperitivo by Tikveš | DJ Vaso // Барбакан

Средата е традиционално резервирана за Aperitivo дружење во Барбакан, поддржано од Tikveš Winery.
Музички селектор е DJ Vaso
Информации и резервации: +389 2 3075 093

 

[20.00] Авантурите на Аладин // МНТ

Режисер: Бојан Трифуновски

Улоги:
Аладин – Александар Михајловски
Принцезата Џасмин – Дарја Ризова
Абaнaзер Велики – Сашко Коцев
Духот од ламбата – Никола Ацески
Вдовицата – мајката на Аладин – Камка Тоциновски
Императорот – таткото на Џасмин – Славиша Кајевски
Робинката од прстенот – Леонора – Драгана Левенска
Страшилото – Принцот Леополд – Ненад Анѓелковиќ

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/pretstavi/avanturite-na-aladin

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
Цената на билетот е 200 ден., и слободен ден за средношколците.

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[20.00] Солунски патрдии // Драмски театар Скопје

Автор: Миле Попоски
Режисер: Коле Ангеловски

Сценограф: Илина Ангеловска
Кореограф: Лира Грабул

Улоги: Џенгиз Ибрахим, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Маја Вељковиќ – Пановска, Зоран Љутков, Игор Стојчевски, Јелена Жугиќ, Трајанка Илиева, Калина Наумовска, Гордана Ендровска, Марија Кондовска, Валдета Исмаили, Душица Стојановска, Викторија Анѓушева, Катерина Коцевска.

 

[20.00] Враќање во иднината #43 // Кино Карпош

Враќање во иднината по 43ти пат.

 

[21.00] Soft Machine // С26

Легендарниот бенд „Soft Machine” кој заедно со „Pink Floyd” ја создаде британската „underground” сцена во шеесетите години доаѓа во Скопје за ексклузивен концерт на 14ти март среда во Станица 26 со почеток во 21 часот. Како еден од најоригиналните психоделични бендови, „Soft Machine” поставија стандарди за појавата на едни од највлијателните имиња на британскиот прогресивен и џез-рок. Ова ќе биде настан кој ќе се памети!

Билети по цена од 1000 денари.

 

[21.00] Уиски најт со веселата дружина // Кафе бар Љубов

Поддржано од Ернест Хемингвеј 🙂

[23.59] Flooder // -1

Среда е ден за дџ сет на Flooder.

 


 

 

Четврток 15.3.2018

[18.30] Loud and Queer for Safe House // МКЦ & Клуб Ресторан

Сигурната куќа и ЛГБТИ Центарот за поддршка имаат огромна чест да Ве поканат на настан, кој ќе се одржи во МКЦ клуб и ресторан, четврток на 15.03.2018г, со почеток во 18:30 часот.

Настанот е концепиран како fundraising event, во чии рамки ќе има базар на рачни изработки и аукција на фотогафии донирани од наши познати фотографи.

Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за потребите на корисниците на услуги на Сигурната куќа.

 

[19.00] Tomb Raider Премиера // Cineplexx MK

По две култни продолженија со Анџелина Џоли, време е за новата Лара Крофт со Алиса Викендер во главната улога.

Подготви се за адреналинска вечер во Cineplexx!
Собери ги твоите пријатели и учествувај во adventure games, тестирај ја твојата брзина и логички вештини.

Билетите се пуштени во продажба.

[20.00] Маци Стојановиќ // Кино Карпош

ДЏ сет на Маци овој четврток во Кино Карпош.

 

[20.00] Филмска Премиера • Индекс 669 // Кинотека на Македонија

Премиера на „Индекс 669″, краток игран филм, Македонија, 2018, 16 мин.

Факултет за драмски уметности – Скопје
Џолев и уметностите

Продуцент: Крсто Златков
Режија: Дејан Џолев
Сценарио: Дејан Џолев
Улоги: Слаѓана Вујошевиќ, Наталија Теодосиева,
Синоличка Трпкова
Ментор: Антонио Митриќески

 

[20.00] Istok Ulčar kOnceRT Kino Frosina // МКЦ

Почитувани љубители на квалитетна музика овој четврток PMG Recordings го промовира своето најново 153о издание. Се работи за извонредно интересен и исто толку квалитетен „амбиентален” албум на скопскиот поет, музичар, па и помалку филозоф, младиот господин Исток Улчар.

Влез: 100 денари, а албумот можете да го набавите бесплатно на www.pmgrecordings.com.

 

[20.00] Авантурите на Аладин // МНТ

Режисер: Бојан Трифуновски

Улоги:
Аладин – Александар Михајловски
Принцезата Џасмин – Дарја Ризова
Абaнaзер Велики – Сашко Коцев
Духот од ламбата – Никола Ацески
Вдовицата – мајката на Аладин – Камка Тоциновски
Императорот – таткото на Џасмин – Славиша Кајевски
Робинката од прстенот – Леонора – Драгана Левенска
Страшилото – Принцот Леополд – Ненад Анѓелковиќ

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/pretstavi/avanturite-na-aladin

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
Цената на билетот е 200 ден., и слободен ден за средношколците.

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[20.00] Made in Macedonia // Македонска филхармонија

Диригент: Борјан Цанев
Солист: Здравко Ангелов – кларинет
Програма:
М. Бакрнчев: „Лет“
Л. Шпор: Концерт за кларинет и оркестар бр. 1, оп.26
В. А. Моцарт: Симфонија бр. 41 – „Јупитер“

 

[21.00] ЧЕтврток со Бојан Чакра // Че Кафе Бар

Бојан Чакра и звуците на фанк, свинг, соул, џез, блуз!

 

[23.00] Toni Zen & Boogieman // С26

Street Soul Delight
(The finest selection of Hip Hop, R’N’B, Soul and Funky Grooves)

Уште една епизода во Станица 26 со Dj Boogieman и Toni Zen Official. Музичко патување низ неколку ери од времето до денес.

Влез: Бесплатен

 

[23.59] Tоми Бојаџи & Avalux //-1

ДЏ сет на Томи Бојаџи & Avalux, (E75,Bass Agenda) Dj Set – electro ноќ поддржано од Skopsko Smooth.

 

[23.59] Thursday Shake // Епицентар

Клубот Epicentar и овој четврток е домаќин на нова Thursday Shake забава. Shorty P и Irie Scratch се задолжени за музиката, а како по обичај на менито се Johnnie Walker, Smirnoff и Gordon`s по промо цена од 100 денари.

 


 

 

 

Петок 16.3.2018

[16.00] The Ringtones // BackYard Lounge Bar

После работа, пред сабота. Со Тиквеш, до Бекјард да рипнеш. The Ringtones bend, till the end.

Винарија Тиквеш и The Ringtones ќе бидат двигателите на оваа петочка дешаванка во која главна улога имаат вината од сортата Cuvee со промотивни цени и пропратни изненадувања.
– 0.7 Александрија Cuvee (бело, розе, црвено) – 600денaри
– 0.187 пакет од 4+1 – 600денари
– Закуски од кујната на Бакјард – бесценето!

 

[19.00] Изложба „Париски сигнатури“ // Галерија Акантус

Изложба на избор на дела на четиринаесет македонски уметници, реализирани по нивниот престој во Франција и во Уметничката резиденција во Париз.

Изложбата се организира во соработка со галеријата „Акантус“ по повод прославата на Франкофонијата во Македонија и во рамките на одбележувањето на 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу двете земји.

 

[20.00] Соња Исмаил // Кино Карпош

ДЏ сет на Соња овој петок во Кино Карпош.

 

[20.00] Тероризам // МНТ

Автори: Владимир и Олег Пресњаков
Режисер: Јордан Симонов

Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
Музика: Горан Трајковски
Плакат и анимација: Срѓан Јаниќијевиќ

Играат:
Гораст Цветковски
Славиша Кајевски
Никола Ацески
Николина Кујача
Сашко Коцев
Звездана Ангеловска
Марија Новак
Александар Микиќ
Кире Ѓоревски
Александар Михајловски
Александар Ѓорѓиески
Борче Начев
Драгана Левенска

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/mk/pretstavi/terorizam
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
*Цената на билетот е 300 денари За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

[20.30] Проекција на „Окупација во 26 слики” // ФДУ

Во чест на гостувањето на Лордан Зафрановиќ, овој петок на Академска сцена ќе се прикажува „Окупација во 26 слики”, eден од неговите најуспешни и најголеми филмови.

[21.00] P̶a̶n̶i̶c̶k̶ Music Attacks // Црно Кафе

НАПОМЕНА!
Задолжително пред врата, оставете го надворешниот свет и препуштете се на својот.И доколку ви се појават следниве симптоми:
– Срцебиење
– Потење
– Треперење или тресење
– Недостаток на здив или затегнатост во грлото
без паника, тоа е се од добра музика!

[21.30] Belluci Quartet // Бруклински

Belluci Quartet се Кирил Кузманов, Гордан Спасовски, Кирил Туфекчиевски и Благоја Антовски.
Резервирајте си место на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фб профил.

[22.00] Македонски Шлагери // Public Room

Јавна Соба продолжува со серијата на македонски шлагери, која започна на 23ти февруари, а ќе продолжи секој #петок.
Дојдете на концерт каде ќе се изведуваат некои од најубавите македонски поп хитови во периодот од времето на Шпато до денес, кои ќе ви овозможат едно пријатно патување низ времето, сеќавањата и ќе ве потсетат на различните трендови на култура низ декадите.

Ретро Рингтонс е состав од младата генерација музичари од земјава, кои со сигурност ќе додадат и капка од современиот пристап кон музичката уметност на денешницата.

Бендот го сочинуваат:
Дина Јовановска – вокал
Симон Пеоски – гитара/вокал
Неврус Бајрам – гитара/вокал
Дарко Фотиновски – бас
Кристијан Лафазановски – тапани

Влез: Слободен

 

[23.55] Btkrsh Friday w/ Martchin & Maggie (M36 Edition) // Капан Ан

Btkrsh Friday >>> Thee M36 Edition со најфините и најнови Techno_Electro_Leftfield House Музики!

Martchin [Btkrsh/Desonanz Festival/Broccoli Music]
https://soundcloud.com/martchin-martchin

Maggie [Btkrsh/CodeXX]
https://soundcloud.com/magi-popova

Влез: 100 денари

 

[23.59] The Hacker // Епицентар

THE HACKER [Dark Entries, Minimal Wave]
https://www.residentadvisor.net/dj/thehacker
https://soundcloud.com/the-hacker

DJ Flooder

https://soundcloud.com/dj-flooder

DJ Vaso

https://www.mixcloud.com/vaskonetkovski/

11 години Pollux

Влез: 300 денари по 01:00 400 денари

 

[23.59] Самоил Радински & Милан //-1

ДЏ сетови на Самоил и Милан овој петок во -1.

 


 

 

 

Сабота 17.3.2018

[09.00] Saint Patrick’s Day w/ Emi Ermilova // Кафе Круг

Оваа Сабота, 17.03.2018, облечи се во зелено и добиј Bushmills по намалена цена во текот на целиот ден. Вечерта прослава на Saint Patrick’s Day заедно со Еми Ермилова позади DJ пултот.

 

[12.30] Jazzy Saturday // L’angolo di caffe

Време е за една опуштена сабота исполената со џез плочи и квалитетно кафе.

 

[16.00] Презентација на експанзиите за Small Star Empires // Гоблин друштвени игри

Дојдете оваа сабота во Гоблин од 16:00 да ја пробате Small Star Empires со новите две експанзии in all its glory! 🙂 Ќе се изигра некоја партија, малку ќе се подружите и ќе кажете што мислите за играта и за експанзиите.

Без разлика дали претходно сте ја играле или не самата игра, сите се добредојдени!

 

[19.00] Снежана и седумте џуџиња// Драмски театар Скопје

Режија: Димче Николовски
Сценографија: Сергеј Светозарев
Костимографија: Лира Грабул
Музика: Димитар Андоновски
Улоги: Александра Павлова, Трајанка Илиева, Калина Наумовска, Златко Митрески, Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Игор Георгиев,
КГ: Александар Степанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексоски, Дарко Карбески, Марко Илиќ.

 

[20.00] Томи Бојаџи // Кино Карпош

ДЏ сет на Бојаџи во Кино Карпош.

 

[20.00] Импров Група „Настап” // ФДУ

“Настап”

Драги љубители на театарот, сценската уметност, филмот, книжевноста, природните науки, општествените науки, љубители на земјоделството, љубители на енциклопедиите и сештологиите за деца од 8+ и возрасни читатели на истите, вие сите кои се запрашувате за светот, универзумот и нашето постоење, дојдете заедно оваа сабота да пробаме да ги одговориме сите тие прашања, а и да споделиме некакво знаење од сферата на човештвото преку низа забавни игри за театарск импровизација.

Игрите ги играат:
Дамјан Цветановски
Мартин Манев
Тони Денковски
Григор Јовановски
Сергеј Димовски

Андреј Цветановски – (водител)

 

[20.00] St. Patrick’s Day, by order of the Peaky Blinders // Каша Бар

Оваа сабота, соберете ја бандата, грабнете ги качкетите, палтата, фустаните и правецот е „Каша Бар“.
Со зборовите на Артур Шелби: „This place is under new management, by order of the Peaky Blinders”!

 

[20.00] Кец на десетка // МНТ

Автор: Митко Бојаџиски
Режисер:Колективна режија

Улоги:
Таткото Доксе – Александар Микиќ
Мајката Грациела – Тања Кочовска
Ќерката Ана – Нина Деан
Тоше – Ивица Димитријевиќ

Асистент на режија: Јордан Симонов
Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценограф: Татјана Блажевска – Христова
Костимограф: Ивана Каранфиловска – Уруговска

*Цената на билетот е 300 денари.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[21.00] Забава и дружење со Blackout // Berlin bar und kaffee

Продолжување на традиционалната програма за секоја втора сабота – Blackout во Берлин бар.
Резервации на 070858089.

 

[21.00] Св. Патрик// Кафе бар Љубов

Четврта година по ред прослава на Св.Патрик со целосна и несебична поддршка од Џејмисон.
Во превод тоа би значело: попуфче на Џејмисон, игри и разни зезалици, по некој поклон, музички избор на Васо, галама, шизење и расположени и пијани гости.

Во името на Џејмисон, Св. Патрик, Љубов. Живели.

 

[21.00] Сабота со Bandix // Pasteur

Оваа сабота дружба со Bandix во Pasteur.

 

[21.00] Skitara // Chillin’ Bar

Скитара, еден од најдобрите македонски хип-хоп и рнб диџеи, оваа сабота гостува во Chillin’. А, до тогаш, загреј се со некој од неговите миксови на Soundcloud:https://www.mixcloud.com/djskitara/

 

[21.30] Shamba Jazz Trio // Бруклински

Стандардно Shamba Jazz Trio.
Резевирајте си место на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фб профил.

[22.00] St. Patrick’s Cocktail Night w/ Fecky Farris // Концепт 37

Во сабота журка во „St. Patrick’s Day“ стил заедно со DJ Fecky Farris. Ќе има специјални коктели по промотивни цени, а дополнителен попуст ќе има за оние кои ќе дојдат облечени во зелени бои во духот на празникот.

[23.59] Uzun Brothers //-1

B2b диџејстсвување на Uzun Brothers (Balance) оваа сабота во -1.

 

[23.59] Мирко Попов & Роботек // Епицентар

Mirko Popov
https://soundcloud.com/mirkopopov

Robotek
https://www.mixcloud.com/robotekovski/

 


 

 

 

Недела 18.3.2018

[12.00] Social Sunday // Public Room

Додека сте во бар во Public Room дојдени на вкусна храна и свежа музика, нека вашите дечиња уживаат во креативната и едукативна атмосфера која ја нуди програмата на Social Sunday, затоа што и во недела може да се научи нешто ново.

Програма за млади креативци> пријавете ги вашите дечиња на некоја од овие работилници со пополнување на следниот онлајн формулар најдоцна до сабота, 16:00 часот:
https://goo.gl/forms/QXU7I90m5yR0gFmE2

 

[19.00] Преку кул ми е!// Кинотека на Македонија

Дали твојот глас некогаш бил слушнат?

Во серијата на настани Let’s talk about this оваа недела ќе се говори за младите и нивната вклученост во медиумите. Во општество во кое младите се ставени на маргините, тие успеваат да изнајдат субверзивни форми на изразување. Графити, музика, филм, активизам, волонтирање, блог или влог, па се до апатија.

Ако сакате да биде слушнато и прочитано вашето мислење за дебатата, пополните го овој формулар.
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSchSnKhxaGuYe6biXsU-9P6fjYGcHiVk0KJEQVBAPfJQ48G5g/viewform?usp=sf_link

 

 

[21.00] Да го поздравиш и да ми го бациш // МКЦ

Режија:
Билјана Радиноска

Играат:
Ненад Митевски
Наташа Петровиќ
Бојан Кирковски
Симона Спировска

Дизајн на плакат:
Магдалена Дилевска

Резервации на: 023115 225 ( билетара на МКЦ), или на bileti@mkc.mk

 


 

Comments

comments