Понеделник

[19.30] Завршен концерт на AQUA DANCE CLUB 2016 // Драмски Театар

17 завршен концерт од постоењето на клубот. За сите кои што биле на претходните концерти, ќе се одржува на веќе познатата локација – Драмскиот театар

Учесници се сите вредни танчери кои што напорно работеа преку целата година и се дел од: KIDS FROM THE HOOD, SPARKLES, TWIXERS, FIRECRACKERS, XXDANCERS, TROUBLEMAKERS, AQUASHIANS, THE ONES!

Кореографи: Емилија Достинова, Јана Петровска, Сања Ангелова и Камелија Секуловска.

Влез: 100 денари.

 

[20.00] Изложба на цртежи „Mutazioni“ од Sante Starace // Концепт 37

Изложба на Sante Starace од неговиот престој во Скопје. Сликите се изработени со кафе, јаглен и креони на листови од акварел.

Изложбата е од продажен карактер

 

[21.30] Концерт // МОБ

Диригент: Ана Марија Михајловска, класа Проф. Борјан Цанев

Солист на флејта: Стефана Марковиќ, класа Проф. Страшо Темков

Оркестар: Тони Арслан, Кристијан Зефиќ, Бојан Илковски, Петар Тасески, Ана Спасовска, Петар Поповски, Мартина Костандинова, Александар Иванов, Нина Милановиќ, Александар Лаовски, Велимир Колевски, Кристина Стојановска, Наташа Јованоска, Љупка Манчевска, Дејан Митровиќ, Анастас Гешовски, Милена Димовска, Петар Смилев, Ѓеорѓи Калајџиев, Благоја Василевски, Никола Трајковски, Зоран Станишиќ и Елена Чадиковска.

 


 

 

 

Вторник

[20.30] Промоција на збирката „Со ветрот под рака“ од Д.А. Лори // МКЦ

Во фоајето на кино „Фросина“ при МКЦ, со почеток во 20.30 часот, ќе биде промовирана „Со ветрот под рака“, новата поетска збирка на Долорес Атанасова-Лори.

Промотор на делото ќе биде Митко Гогов, а стихови од збирката ќе читаат Верица Недеска-Трајкова, Тања Сладиновска и Верица Андреевска-Спасовиќ. Промоцијата ќе биде збогатена со музичкиот настап на групата Старовски проект.

„Со ветрот под рака“ е нејзина втора поетска збирка и се состои два поетски циклуса.

 

[00.00] Шизи во вторник со SureShotz // Летен Клуб Хавана

Дојде и третата епизода од вторничкото шизење во летниот клуб Хавана. Атмосферата оди во нагорна линија, пијачките си стојат на 50%, а позади грамофоните ќе ги имаме Dj Shorty P и Dj Irie Scratch (SureShotz Entertainment). Дојди на шизење!

 


 

 

 

Среда

[20.00] Њујорк во Скопје – Изложба на слики и скулптури – Златко Бојковски // Музеј на Град Скопје

Златко Бојковски е роден 1958. Завршува правен факултет во 1983 година. Од 1988 година работи како адвокат во својата адвокатска канцеларија. Со уметност се занимава од студентските денови.

До сега има реализирано две самостојни изложби.

Добитник е на награда за уметност од КИЦ.

Има учествувано на поголем број на групни изложби на скулптури и слики.

 

[20.30] Започнува деветтото издание на Француски филмски фестивал // Кино Милениум

Програма:

Среда 15 јуни 2016, 20:30 ч. | Кино „Милениум“

Свечено отворање

„ПАТОТ ЗА ИСТАНБУЛ“ / “La Route d’Istanbul””(2016)

Четврток 16 јуни 2016

Професионални средби

11:00 ч. | Национална агенција за филм

Претставување на Националниот центар за филм на Франција од страна на г-дин Жилијен Езано, Советник за билателарна соработка во Националниот филмски центар на Франција (CNC), претставување на програмите за поддршка на филмот и претставување на фестивалот за краткометражни филмови Off-Courts од страна на г-ѓа Одре Бијар, Директорка на фестивалот.

15:00 ч. ¬| ЕСРА

Професионални работилници со студентите од ЕСРА и г-дин Жилијен Езано, Советник за билателарна соработка во Националниот филмски центар на Франција (CNC).

22:30 ч. ¬| Кино „Милениум“

„УТРЕ“ / “Demain” (2015)

Петок 17 јуни 2016

Фокус Млади и награди Цезар

11:00 ч. ¬| Француски институт во Скопје

Претставување на мини-видеата во рамките на натпреварот на тема слобода на изразување од страна на учесниците пред жирито.

19:00 ¬ч. | Кино „Култура“

Прогласување на победниците и доделување на наградите на авторите на трите најдобри мини-видеа.

21:00 ч. ¬| Кино „Милениум“

„ФАТИМА“ / “Fatima” (2015)

Режија: Филип Фокон

Со Зита Анро, Сорија Зеруал, Кенза Ноа Ајше

23:00 ч. ¬| Кино „Милениум“

„ЛЕТО“ / “La Belle saison” (2015)

Режија: Катрин Корсини

Улоги: Сесил де Франс, Изја Ижлен, Ноеми Лвовски

Сабота 18 јуни 2016

20:30 ч. ¬| Кино „Милениум“

„НИ НА НЕБО НИ НА ЗЕМЈА“ / “Ni le ciel ni la terre” (2015)

Режија: Клеман Кожитоар

Улоги: Жереми Рение, Кевин Азаис, Сван Арло

 

[20.30] Патронат // Никулец – Училиште за мудрости и вештини

Драги пријатели,

Nikulec.com полни 3 години.

За три години од своето постење, низ ходниците на училиштето за мудрости и вештини Никулец, поминаа силни поборници на унијата помеѓу приказната, податоците, креативноста и убавите начини за изразување на светот – истражувачи, иноватори, уметници, Викинзи, Келти, „Весовци“, магични суштества, талкачи, Дотраки, луѓе кои вистински се трудат да ја пробудат имагинацијата на нивниот век, како би можеле и денес да создаваат митови и легенди околу нив.
Вие, кои сe уште верувате во незапирливата убавина и куриозитетот на нашата планета, повелете на настанот кој затвора една тригодишнина.

 


 

 

 

Четврток

[19.00] Ноќта на Терешкова // Винил

На 16.06.1963 година, Валентина Терешкова го облече својот црвен скафандер, се качи на Восток 6 и летна кон вселената. За три дена ја обиколи Земјата цели 48 пати, поминувајќи дури 1.960.000 километри. Оттогаш, малите девојчиња почнаа да викаат дека кога ќе пораснат сакаат да бидат космонаутки.

И тоа е сосема доволна причина да се прослави овој значаен севселенски женски јубилеј. Скопското астрономско друштво, Tiiiit! Inc. и Кафе бар Винил, Ве канат на незаборавно дружење во чест на Вале Терешкова.

За програма на настанот кликни на линкот.

 

[20.00] Изложба на фотографии • X // Public Room

Џолев и уметностите, Ви презентира:

Изложба на фотографии • Х

Фотографи: Александар Саздов, Бојан Велески, Бојана Самарџиска, Даниел Ацевски, Даниела Велјаноска, Давид Митов, Елена Митковска, Ирина Крстевска, Катеринa Почепова, Калина Сејфула, Маја Јаневска, Мартина Пеневa, Надица Стојанова, Тања Најденоска, Томе Беќаров, Филип Бојковски.

Предавачи: Дејан Џолев, Драги Неделчевски, Томислав Георгиев, Александар Наумчевски, Васко Марковски, Вангел Ноневски, Стојче Тоциновски.

Гости: Марија Јовева, Марија Магдалена Стојчевска, Бобан Кулески, Тамара Ристоска, Елена Гелева, Матеа Јанковска.

 

[20.00] CityColor // Концепт 37

Прва самостојна изложба на Бела Белојевиќ. „CityColor” е изложба на фотографии од New York City. Средствата од продажбата на фотографиите ќе бидат донирани во Фондацијата „Златна Рипка” за остварување на една желба.

 

[22.00] Soundbox: Green Velvet & Erick Morillo во Скопје // Скопско Лизгалиште

Со реноме кое гарантира префинет електронски звук и извонредно музичко доживување, на SOUNDBOX доаѓаат: ексцентричниот Green Velvet – еден од водечките техно и хаус диџеи во светот познат по култните нумери „Flash“, „La La Land“, „Answering Machine“ и бројни хитови кои го дефинираа техно жанрот; како и херојот од денс музиката Erick Morillo – платинестиот добитник на престижни награди, основач на легендарната Subliminal Records и врвен светски промотор на сите стилови на хаус музиката.

Локална поддршка од Wish.Ko и Александар Мискоски.

 

[23.59] Funky Fresh 010- Sun Rises in The East w/ JERU the Damaja [DJ set], Goce SAF, Chvare // Капан Ан

Драги другари и другарки,

Во четврток 16.6 (спрема неработен петок) под отворено небо во дворот на Капан Ан, а по повод јубилејното 10то издание на Funky Fresh имаме уште еден тематски настан, овој пат и со специјален гостин!

Sun Rises in the East, Tribute to East Coast Hip Hop!

Jeru the Damaja [USA] (DJ Set)

– DJ Гоце (САФ)

– DJ Чваре

Dress codot за овој настан ви е опишан во следните стихови: https://www.youtube.com/watch?v=BFwNosyLFtM

 


 

 

 

Петок

[21.00] The Black & Vice Social Club vs. Armadillo – Standoff // Летен Клуб Хавана

The Black & Vice Social Club е алтернативен рок бенд од Скопје, Македонија, ре-формиран во 2014та година. Често се опишувани како “крстосницата меѓу напнат, футуристички рок, многу мелодични вокали, и срце-уништувачки блуз” и една од најдобро чуваните тајни на македонската андерграунд музика.

После успешната балканска промо-турнеја за нивниот прв албум, „until the road is a dead end”, бендот во својот матичен град ќе претстави дел од нивниот нов материјал, како и демонстрација на целосната огнена сила од нивниот нов арсенал на креативни оружја.

Влез: 150 денари во претпродажба и 200 на врата.

 


 

 

 

Сабота

[20.30] Црно кЛето // Летен Клуб Хавана

https://www.facebook.com/events/1705573806364802/

Настапуваат:

Reduced to Ashes – Death Metal / Metalcore

„Reduced To Ashes” – Reduced To Ashes e свежа крв во метал сцената на околиниве и се формираат во почетоците на 2015 година, но првиот настап го имаат во Март 2016 година.

Southern Discomfort – Metal / Power Groove

„Southern Discomfort” – се енергичен метал бенд од Скопје оформен кон крајот на 2013 год. кој представува смела комбинација на повеќе музички правци “Power Groove/ Thrash Metal/ Southern…

Trendkill – Crossover / Metal / Hardcore

„Trendkill” се веќе добро познат бенд во македонската андерграунд заедница кој што има поголем број жестоки настапи позади себе.

 


 

 

 

Недела

[18.30] A Fat Game Of Skate ’16 // Градски Парк Скопје

Дроп Ин и ХМКД ве покануваат на заедничка дружба и Гејм Оф Скејт натпревар на 19 Јуни, Недела во 18.30 часот на влезот во градскиот парк, кај бараките на Град Скопје. Играта Гејм Оф Скејт е лесна и секој може да учествува, без разлика колку е добар, од најмладите до најстарите! А за победниците следуваат вредни награди од организаторите како и платена котизација за летниот скејт камп UNITED BY SKATE во Кемниц, Германија.

 

[19.00] Премиера на балетот „Сон на Летната ноќ“ // МНТ

Bullfrogs Ballet Production & Bullfrogs Ballet School ја носат магијата на Шекспировата „Сон на летната ноќ“ во Македонскиот Народен Театар (МНТ).

Билетите се во продажба на билетарата на МНТ.

 

 

 

Comments

comments