[Изложба] DREADPEN – „Monster Invasion“

20.00
Концепт 37

Прва самостојна изложба „Monster Invasion“, на Dreadpen. Инспирирана од не/секојдневни искуства, стрипови, цртани и филмови. Океј, најмногу од цртани. 🙂 Позади делата на Dreadpen се крие имагинацијата на Давид Ристевски. На изложбата ќе има инвазија на слики и маички со илустрации од чудовишта.

*Изложбата ќе биде од продажен карактер.

[Концерт] Перија

21.00
Децата од нашата улица

Поради големиот интерес на гостите, Перија повторно настапуваат во Децата од нашата улица! 🙂

Во духот на традиционалната песна, со желба за оживување на вокално-инструменталната архаична музика и идеја за меѓусебно споделување на позитивни вибрации… ПЕРИЈА (хипици пејат Васка Илиева).

 

Одморете еден ден. Гледајте филм или серија, читајте книга, пуштете добра плејлиста, згответе нешто

 

[Претстава] „Каде исчезна Хармс“

20.00
МНТ

Овој текст, во оригиналниот наслов „Граѓанинот Хармс“ претставува еден вид на документарна фикција за рускиот авангарден книжевник Данило Хармс. За разлика од познатиот филм од 80-тите, оваа претстава е комбинација на фикција и факти.

 

[Претстава] „Разговори во четири очи“

19.00
МНТ

Автор: Ингмар Бергман, Режисер: Нина Николиќ, Адаптација на текстот: Тамара Барачков.

Во претставата „Разговори во четири очи“ централниот лик на приказната, Ана Бергман, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење.

Играат: Амернис Нокшиќи Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Оливер Митковски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов.

[Курс] Планетарно сафари

20.00
Архитектонски Факултет

На oвој визуелно богат астрономски курс ќе се запознаете со најинтересните детали од објектите во Сончевиот систем од планети и нивните месечини до најспектакуларните појави на нашето небо, кометите со нивните грациозни опашки за кои ќе бидат посветени 2 предавања во повеќе од 80 фотографии во висока резолуција. За следење на овој курс не се потребни предзнаења, само желба за стекнување на нови. Цена: 500 ден.

Revoshot полни две години

21.00
Кафе Бар Љубов

По повод нивниот втор роденден, ќе има дружба на овој четврток во Љубов од 21 часот па сè додека има луѓе на нозе (односно, до полноќ бидејќи таков е законот).

Ќе се шизи заедно со Низам, а Jameson ќе се точи по промотивна цена. И, бидејќи Revoshot е фото-блог, на роденден ќе биде отворена изложба на фотографии од локални фотографи со кои Revoshot соработувале во текот на изминатите две години.

Музика во Планетариум: Cluster & Eno

21.00
МКЦ

Cluster & Eno (1977), во придружба на планетариумска проекција. Билетите чинат 100 денари и ќе бидат достапни на билетарата на МКЦ почнувајќи од петок (11.03.2016). Капацитетот на планетариумот е 60 места.

Twelve Moons of Jazz – Sethstat

23.00
Public Room

Twelve Moons of Jazz серијата од 12 настани посветени на најдобрите џез состави од Македонија продолжува. Оваа недела на репертоар се Sethstat.

Употребата на фолк мотивите во нивната музика, мелодиите и ритамот како позадина, дава посебност и уникатност на секоја нота поединечно. Ова дозволува поголема слобода во изразувањето и овозможува влијание на многу други музички форми како што е миксот, истовремено зачувувајќи го силниот македонски карактер. Влез: 150 денари.

Funky Fresh 003 со DJ Skill (BG), Goce SAF, Chvare

23.59
Капан Ан

Третото издание на Funky Fresh резиденцијата е пред нас. Овој пат главен гостин е еден од најголемите crate diggeri во Бугарија – DJ Skill (Soul Searchin`, Пловдив)! DJ Skill е DJ, продуцент, beatmaker, oldschool рапер, радио водител, зависник од музика, колекционер на плочи, create digger и пионер во потрагата по soulful, funky и jazzy hip-hop грувови во Бугарија од почетокот на 90тите години на минатиот век па до денес.

 

pet

AFTERWORK стреч со Chvare

17.00
Che Cafe Bar

Крај на работна недела со ритмичка гимнастика.

Започнуваaт со Чваре, а завршуваат со свинг – музички избор на Димитри Тричковски.

19-та ИЗЛОЖБА на учениците од Меѓународна Матура (IB) – Јосип Броз Тито

20.00
Национална Галерија на Македонија – Мала Станица

19 – та изложба на учениците од Меѓународна Матура (IB) при гимназијата „Јосип Броз Тито“. На истата ќе се претстават 19 ученици со самостојни изложби под менторство на професорката Ангелина Дамјаноска Наумоска.

pet2

Badu Bar presents Nenad Stefanoski – Retro grooves

21.30
Badu Bar

Ненад Стефаноски познат како Брус (33% од скопското хип-хоп трио Green Out) или попознат како frontman на Foolish Green (скопскиот Psychodelic pop/Rock’n’roll бенд), овој петок ќе ни се претстави со посебен ретро сет.

Значи…спремте си ги ѕвонарките и афро фризурите, време е за танцување.

Rover’s Hangover за St Patrick’s Day

21.30
Irish Pub St. Patrick

По повод St. Patrick’s Day, и нивниот трет роденден од првата свирка, ќе отсвират втор ден по ред мини концерт во Irish Pub St. Patrick.

Настапуваат: Слободан Танасковски – вокал, флејта, tin whistlе; Бојан Матовски – tin whistle, гитара, вокал; Горјан Димитровски – гитара, вокал; Андреј Коларовски – бас; Кристијан Тодоров – перкусии.

ДЏ сет на A.Baltiq

21.30
Public Room

ДЏ сет на A.Baltiq. За сите љубители на електронската музика имате одлична прилика да уживате во звуците на Baltiq.

pet-3

PMG Event Верски Празник >> Sv.Internet >> Mirko Popov+Nino Naumov

23.45
Капан Ан

Нашата религија има мошне стриктен систем на верски празници. Нема трте мрте, а поготово со прославата на Првиот вистински бог во историјата на човештвото>>Интернет

Првиот чекор кон вашата и наша бесмртност

Литургија ќе послужат:

Нино Наумов и Мирко Попов. 

Formless Terror / VxPxOxAxAxWxAxMxC / Gargoyles!

19.30
МКЦ

Концертна промоција на вториот албум на Formless Terror, A Pax of Herecital Evolution кој е под етикетата на Nice to eat you Records од Чешка. Бината во МКЦ ќе биде „растурена” заедно со бруталната Грајнд машина VxPxOxAxAxWxAxMxC од Австрија, и мрачниот титан од Скопје, Gargoyles. Влез: 150 денари.

Musaiq

21.30
Public Room

Повторно поинаква сабота во Public Room. Musaiq се: Калина Велковска – вокал, Петар Лукич – клавијатура, Никола Бочваров – бас, Иван Петровски – гитара, Александар Ванчовски – бубњеви.

 

nede

Вагинални Монолози

19.00
Паб Комедија

Денес, повеќе од било кога, ни треба револуција… Револуција за конечно ослободување на жените од насилството, неправдата, дискриминацијата, сексизмот… со кој секојдневно се соочуваат.

А секоја револуција започнува од нас самите.

Ако сакате можете да бидете дел од оваа револуција…

Дојдете на драмското читање на Вагиналните Монолози од страна на активистки за женски права.
 

Раце Горе (Пролет ’16)

21.00
Концепт 37

Животот е прекраток за здодевни алишта па затоа подгответе се за една поинаква пролет со уникатните парчиња од новата Раце Горе колекција.
 

 

Comments

comments