Понеделник 14.11.2016

[20.00] Животот е прекрасен // МНТ

Николај Ердман
Адаптација и режија: Александар Морфов

Семјон Семјонович Подсекаљников – Никола Ристановски
Марија Лукјанова – Николина Кујача
Серафима Илинична – Звездана Ангеловска/Биљана Драгиќевиќ– Пројковска
Александар Петрович Калабушкин – Сашко Коцев
Маргарита Ивановна – Тања Кочовска
Аристарх Доминикович Гранд- Скубик – Емил Рубен
Виктор Абрамович – Гораст Цветковски 
Сергеј Александрович – Славиша Кајевски
Григориј Пугачов – Никола Ацески
Алексеј Стаканов – Александар Ѓорѓиески
Аљоша Стаканов – Александар Михајлоски
Клеопатра Максимовна – Арна Шијак
Раиса Филиповна – Тина Трпкоска
Отец Елпидиј – Александар Микиќ
Федја Петунин Глувонемиот – Никола Стефанов
Костја – Александар Михајловски
Снимателот – Кире Ѓоревски
Груња – Марија Новак
Зинка – Драгана Левенска
Иларион – Никола Кимовски
Тaња – Марија Димитрова
Ања – Анастазиа Христовска
Бабата – Анастазиа Христовска

 

[21.00] Неделна програма // Рок Кафана Рустикана 2.0

*Понеделник – Happy Monday со Natalija Danailova и Никола за среќен почеток на неделата 🙂 Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. In The Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 6 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Аце и Јоце во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.
Акустична вечер со Кума и Црни старт после 21:30.

*Сабота – Македонски евергрини со Lili Chilli од 14:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период. R’n’R 101 со Ringroad. Класисична рок едукација со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

 

[22.00] CinEmusic :: Russian Circles & Helen Money // МКЦ

Russian Circles
Пост-рок експерименталното трио Russian Circles го основаат Mike Sullivan (гитара), Colin DeKuiper (бас), и Dave Turncrantz (тапани).

Helen Money
Helen Money е Alison Chesley, виолончелистка од Чикаго којашто стана позната по нејзиниот уникатен звук и по нејзиниот заводлив сценски настап. Служејќи се со помош на техниките на водечките гитаристи, таа ги насочува нејзините чувства и искуство како рок музичар преку еден класичен инструмент. Песните се сурови, мелодични и често мрачни, со различен интензитет, панк-рок до минималистички и хипнотичен.

Билети можете да набавите на Билетарница МКЦ или преку продажната мрежа на МК Тикетс.
Цената на билетите е 250, 300 и 350 денари.
01.09 – 30.09 – цена на билет 250 денари
01.10 – 14.11 – цена на билет 300 денари
на врата, цена на билет ќе изнесува 350 денари.

 


 

 

 

Вторник 15.11.2016

[20.00] „Окото на градот“ – изложба на фотографии на Барлакоски Божидар // Public Room

Изложба составена од колекција на фотографии кои се многукратно наградувани на домашни и меѓународни конкурси за фотографија. Погледнете ја урбаната средина низ фотографии од секојдневни моменти на животот кој врие на секој агол позади кулисите на градот.

Окото на градот, од сите страни и за сите лица на градот.

 

[20.30] Не турска, не шпанска::Книжевна Серија::Поети читаат Проза::Епизода 1:: // Concept 37

::СловоКулт::Литератур/a Берлин & Арт::Еквилибриум:
ви претставуваат::
Не турска, не шпанска, туку::
Книжевна Серија::Поети читаат Проза::

::од современи германски, австриски и швајцарски автори::
::во Концепт 37::секој втор вторник & секој четврти вторник во месецот::
::од 20:30 до 22 часот::со исклучителни поети::
потоа дружба::
продажба на романот по фер-цена & подарок::
::феноменална музика & други изненадувања::

Книжевна Серија::Поети читаат Проза::Епизода 1::
::15.11.2016::20:30 часот::Концепт 37
::Лилјана Пецова-Илиеска::Јосип Коцев::
читаат од романот:: “Платно” од Бенјамин Штајн::
превод од германски Елизабета Линднер, во издание на Блесок, 2011
со поддршка на литературната мрежа ТРАДУКИ
::модерација::Марија Стојанова

 

[20.30] Emotional Landscapes :: Cinedays 2016 // МКЦ

EMOTIONAL LANDSCAPES е насловот на новата безродова колекција на експерименталната модна етикета Лудус. Таа ја разработува темата започната со претходната колекција и е базирана врз фраза од песна на Бјорк од албумот Homogenic. Парчињата говорат за чувства на алармираност во јазик својствен за работата на Лудус. Публиката ќе има можност да погледне мултимедијален моден перформанс при што парчињата ќе ги носат модели избрани по пат на кастинг на социјалните медиуми.

Музика: Еми Ермилова

 


 

 

 

Среда 16.11.2016

[20.00] Не се клади на енглези // МНТ

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ
Режисер: Синиша Евтимов

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.

УЛОГИ
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak)
Костимограф: Ана Данчевска
Превод: Александар Микиќ
Светло – мајстор: Владо Ќулавковски
Тон – мајстор: Ненад Трпеновски
Инспициент: Никола Кимовски
Фотограф: Драган Гајиќ

Цена на билет: 300 денари

 

[20.00] Антигона и Креонт // Кино Култура

Антигона и Креонт
Според Антигона на Софокле, Антигона на Жан Ануј и Креонтовата Антигона на Миро Гавран
Адаптација: Нела Витошевиќ и Ивана Нелковска
Режија: Нела Витошевиќ
Играат:
Антигона – Симона Димковска Ивана Павлаковиќ Наталија Теодосиева
Креонт – Зоран Љутков Благој Веселинов Стефан Вујисиќ
Сценографија: Васил Христов
Костимографија: Розе Трајчевска
Избор на музика: Нела Витошевиќ и Васил Христов
Мајстор на звук: Виктор Андоновски
Дизајн на плакат: Филип Унковски
Цена на билет – 250 ден

 

[22.30] CinEmusic: Новиот Почеток // МКЦ

За крај на турнејата, Новиот Почеток ја завршуваат дома со концерт.

 


 

 

 

Четврток 17.11.2016

[13.00] The talk with Darlene Damm from Singularity University // Seavus Incubator

Darlene Damm од Singularity University. Таа ќе говори за Exponential Technologies за Стартапи и ќе проба да одговори на сите ваши прашања и дилеми.

Влез: Слободен

 

[20.00] Избери журка / Zgjedh aheng // Public Room

Дечки и девојки,

Со задоволство ве каниме на „Избери журка“ на 17-ти ноември во Јавна соба со
Irie Scratch, DJ Goce (SAF) и DJ Slave. Журката почнува во 20 часот.

Со „Избери журка“ се затвора младинската кампања „Избери што сакаш“ со која го промовиравме гласачкото право и нашата улога како активни граѓани во едно општество.

На журката ќе има изложба на сите дизајни на кампањата „Избери што сакаш“ а ќе започне со перформанс на дело од Брехт на млади уметници од ФДУ.

 

[21.00] Retro Wine Night // Цреша Бар

Ден за ретро музика од 80тите и 90тите со многу изненадувања. Две нарачани вина (греани или обични) или цела флаша, гратис буритца.

 

[21.00] CinEmusic :: Jherek Bischoff // МКЦ

Jherek Bischoff е композитор, аранжер, продуцент и мултиинструменталист од Лос Анџелес. Во неговите необични 30 години живот, тој има соработувано со Kronos Quartet, Bang on a Can, David Byrne и Neil Gaiman, и има настапувано во простори и на фестивали ширум светот, меѓу кои и Ројал Алберт Хол, Карнеги Хол, Рејдио Сити Мјузик Хол, на фестивалот Adelaide и на фестивалот MONA FOMA во Тасманија.њ

 

[23.00] Скопска ситуација // С26

Џијан Емин + Game Over за незаборавна скопска ситуација.

 


 

 

 

Петок 18.11.2016

[16.00] Lucky Friday  // Public Room

Tikves Special Selection, Brzanov, Popov – 2 шишиња или 2 чаши наливно вино, по цена за едно!

Надополнети со вкусна храна, пријатна тераса, боса нова џез… за опуштено дружење после напорна работна недела!

 

[20.00] КРИК – фестивал за критичка култура // Чифте Амам

КРИК има цел да ги промовира уметничките и културните практики како општествено релевантни алатки кои ќе придонесат за еманципација и демократизација на социо-културниот контекст
Програмите на КРИК се креирани за да поттикнат критичка дебата во јавната сфера преку која би се промовирал социо-културниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми: човекови права, право на култура, идентитетски прашања, насилството во јавната сфера преку политичкиот и економскиот апаратус, како и зајакнување на заедниците преку културни и уметнички практики.

Учесници на КРИК: Светлана Слапшак, Рената Салецл, Ана Вујановиќ, Бранислав Димитријевиќ, Славчо Димитров, Бранка Ќурчиќ, Катерина Колозова, Бранимир Јовановиќ, Петар Гошев, Кристина Ампева, Марсел Марс, Томислав Медак, Петар Милат, Мишел Теран и многу други.

 

[20.00] Rock N Roll со Вера Јанковиќ! // Цреша бар

Rock & Roll лекции со DJ Вера Јанковиќ.

 

[21.00] Ringtones // Beta House HQ

За прв пат бенд во живо во BHHQ. Петок е ден за Ringtones.

 

[22.00] Петок во Јавна Соба // Public Room

Петочно дружење со Housemasters и Искра Србиновска!

Членови на Housemasters:
Педо – гитара
Мучо – бас
Мичи – тапани

 

[23.00] CinEmusic:: Wrangler Live // МКЦ

Наједноставно речено, Wrangler е новиот бенд на Stephen Mallinder, попознат како креативната половина на еден од најрелевантните и секако најквалитетни авангардни електронски бендови на сите времиња, неповторливите Cabaret Voltaire. Не е потребно да си голем познавач на музиката и културата во последниве декади, за да знаеш дека покрај Kraftwerk и Throbbing Gristle, Cabaret Voltaire се основоположници на формата и звукот чиј успех експлодираше во сите електронски насоки во модерниот свет.

Атмосферата за Wrangler ќе ја загрее скопскиот монархистички електронски состав Кантон6, еден од ретките македонски техно испостави кои се осмелуваат да настапуваат во живо.

Билетите во претпродажба 150, на врата 200ден.

 

[23.00] Flooder & Herzel // С26

ДЏ сет на Flooder & Herzel овој петок во С26.

 


 

 

 

Сабота 19.11.2016

[12.00] Изложба на Рачно Изработени Капи  // Цреша бар

Кој е за есенско/зимско капче оваа сабота нека биде во Цреша Бар.

 

[13.00] Small Star Empires турнир и презентација // Public Room

Здраво до сите идни вселенски императори и императорки!

Дојде денот кога повторно ќе може да се борите за галактичкиот трон! Повторно се организира настан (турнир) во Small Star Empires (или на нашки Мали ѕвездени империи), каде што ќе имате можност да поиграте некоја партија и да освоите некоја награда!

 

[21.00] Thea & The Band // Beta House HQ

За прв пат бенд во живо во BHHQ. Сабота е резервирана за Thea & The Band.

 

[21.30] DJ Shurbe // Цреша Бар

DJ Shurbe во Цреша оваа сабота.

 

[22.00] Сабота во Јавна Соба // Public room

Саботна забава со Викторија Лоба и Боби – дј и саксофонист.
Vocal house за добро загревање пред диско ~

 

[22.00] Wish.Ko & A.Miskoski // Станица 26

Музички сетови на Wish.Ko и А. Мискоски. Локација секако С26.

 

[23.00] CinEmusic: Wooden Wisdom and DJ Fitz // МКЦ

Wooden Wisdom се двајца DJ-и – Turquoise Wisdom (Zach Cowie) и сјајниот актер и сопственик на издавачка куќа Илајџа Вуд (Elijah Wood – Фродо од Господарот на прстените). Ова дуо пушта класични фанк-соул траки, меланхолични стари инструментали, денс њувејв траки за шизење од 80-тите – главно, музика што ќе ве размрда!

Придружба им е DJ Fitz, чии сетови имаат една цел, да докажат дека постои и друга култура, таква којашто верувала или сè уште верува во психоделична музика.

 


 

 

 

Недела 20.11.2016

[20.00] Reel Rock 11 // Кино Фросина

И оваа есен по трет пат Скопје ќе биде сведок на најголемиот качувачки празник – REEL ROCK филмската турнеја, која стигна до своето единаесетто издание, во чии рамки ќе биде претставена најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најголемите приказни и атлети во рамките на спортот. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација.

 

[20.00] Приказните на заборавените претци // Театар Комедија

Приказните на заборавените претци
Според приказните на Дедо Илија Кочовски
Претстава на Народен Театар Слојштица

Режија:
Андреј Цветановски

Играат:
Дамјан Цветановски
Тони Денковски
Сергеј Димовски
Исидор Јованоски

Приказните се образованието на нашите претци. Искуството што го предава еден народ од колено на колено. Традиција која станува генетско богатство за луѓето кои живеат во еден простор. А раскажувачите беа учителите, даскалите, медиумите, театарот, уметноста кои успеваа, да ги привлечат, заинтересираат, зачудат, забавуваат и придобијат слушачите.

Влез: 100 денари

 

 

Comments

comments