Фотографија: @WingAir Team

 

Понеделник 14.5.2018

[20.00] „Голем студ“ Дипломска претстава на студентите од ФДУ // Македонски Народен Театар

Лоренс Каздан и Барбара Бенедек
Голем студ (дипломска претстава)
ФДУ Скопје, оддел Драмски актери

Класа на проф. Зоја Бузалковска и насл. доц. Александар Степанулески

Харолд Купер – Зоран Митровиќ
Сара Купер – Христина Цветаноска
Сем Вебер – Петар Стојанов
Карен Боуенс – Сара Анастасовска
Ник Карлтон – Исидор Јованоски
Мег Џоунс – Душица Тренева
Мајкл Голд – Чедомир Митевски
Клои – Душица Настова
Ричард Боуенс – Јаков Спасов
Свештеникот – Григор Јовановски
Полицаецот – Сергеј Димовски

Влезот е слободен

 

[20.00] ККСК 53: Salò, or the 120 Days – Фашизам – анархија на моќта // Кино Култура

По повод скоро изминатиот 9ти мај (Денот на победата над фашизмот) Контра Кадар оваа недела прикажува филм во кој се собрани сите ужаси на ваквото историско зло.

Тезата околу која ќе се врти дискусијата е всушност и цитат од самиот филм: Фашзимот – анархија на моќта. Според еден од ликовите фашизмот е најголемата слобода, тоа е слобода на моќта, најголемата слобода, анархија на моќта.

Филмот е еден од најконтроверзните во историјата на кинематографијата, дело на италијанскиот маг Пјер Паоло Пазолини кој инспириран од пишувањата на Маркиз де Сад во неговата книга, 120 дена на Содома, создава филмско дело кое е вистинско насилство за гледачот, баш онакво грозно насилство како што е и фашизмот за човекот.

Оваа вечер нема да имаме гости, дискусијата ќе биде отворена.
Почеток: 20 часот
Влез: бесплатен

 

[20.00] Филмот „Собибор“ // Кинотека на Македонија

Со поддршка на Амбасадата на Русија и Државната агенција „Россотрудничество“ на 14 мај 2018 г. во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажана новата руска воена драма “Собибор”.
Влезот е бесплатен.

Информации за филмот: https://www.imdb.com/title/tt6324614/?ref_=nv_sr_1

 

[20.30] MATRA a Spell on You // MKC Club & Restaurant

Во рамките на Skopje kreativa – Festival for creative industries ,,A Spell on you” (Магија на тебе) е колекција на висока мода, костими за капење пролет-лето 2018/2019.

 

[21.00] Weekends are overrated // Rock Kafana Rustikana 2.0

New Indigo ќе ни ги разубавуваат летните понеделници, а ние ќе ве разладуваме со MONIN винските коктели.

 

[22.00] In The Mood: Live & Acoustic // Кино Карпош

In the mood [blues duo] Live & Acoustic

 


 

 

 

Вторник 15.5.2018

[11.00] Ретро – Сребро – Фото // Галерија Акантус

Промотивна продажба на АмстерДама , партнерска двојка која живее и работи во Амстердам. АмстерДама има симпатична желба и воља да ја пренесе културата на second hand shopping, која е исклучително популарна во Амстердам.  Во оваа прилика ќебиде презентирана фина селекција на автентинтични парчиња женска и машка гардероба. Ретро, винтиџ, тренди и авангардно.

Во духот на дотерувањето, АмстерДама ја има на гости дизајнерката на накит Ксенија Котев. Ќе можете да уживате во сребрената страст на Ксенија и нејзиниот накит кој повторно ќе ве доведе до искушение.На групната изложба ќе бидат претставени парчиња накит од двете претходни колекции на Котев, “Hidden stories” и “Cradle of desires” и мал поглед во новата колекција која допрва претстои “Embryo” .

 

[19.00] Чиста Хероина // Public Room

Текст // Загорка Поп-Антоска Андовска
Режија // Ѓорѓи Ризески

Двајца. Брачен кревет, две наткасни, книга „Болен Дојчин и други драми“, еден стол и многу халуцинации. Убиствен мазохизам, неверојатна љубов, посесивност, болка, измачување. Драма во која преку пеколот се стигнува до љубовта. Сонот и јавето се мешаат, книгата на полицата ја диктира реалноста која се претвора во кошмар. Низ кошмарот од драмата, двајцата заглавени во спалната на поткровјето ја лечат реалноста. Каде почнува и каде завршува јавето? „Чиста Хероина“ – претстава што треба да ја видите!

Играат : Надица Петрова и Марко Илиќ
Композитор на оригинална музика : Александар Андовски
Музички соработник : Викторија Чочороска
Костим и сцена : Колективен
Продукција : Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ – ДАСТА Нетворкинг

Наслов на оригиналната драма: Лична Ангелина
Цената на билетот чини 200 денари.

 

[19.00] „Почетоци” – Изложба на фотографии // Македонска Опера и Балет

15.5 – 30.5.2018 / МОБ

,,Почетоци”- изложбата е посветена на првите генерации балетски уметници од кои понатаму ќе се изнедри иднината на македонскиот балет каков што
денес го познаваме и доживуваме. “Почетоци” всушност претставува мал вовед во големиот јубилеј кој македонскиот балет заедно со својата публика ќе има чест и задоволство да го прослави во претстојната сезона 2018/2019, а тоа е 70 години од основањето на истиот.

 

[20.00] „Голем студ“ Дипломска претстава на студентите од ФДУ // Македонски Народен Театар

Лоренс Каздан и Барбара Бенедек
Голем студ (дипломска претстава)
ФДУ Скопје, оддел Драмски актери

Класа на проф. Зоја Бузалковска и насл. доц. Александар Степанулески

Харолд Купер – Зоран Митровиќ
Сара Купер – Христина Цветаноска
Сем Вебер – Сергеј Димовски
Карен Боуенс – Сара Анастасовска
Ник Карлтон – Григор Јовановски
Мег Џоунс – Душица Тренева
Мајкл Голд – Јаков Спасов
Клои – Душица Настова
Ричард Боуенс – Чедомир Митевски
Свештеникот – Исидор Јованоски
Полицаецот – Петар Стојанов

Влезот е слободен

 

[20.00] Балетски бисери – Гала балетски концерт // Македонска Опера и Балет

Мајски Оперски Вечери
Гала Балетски Концерт
„Балетски бисери“
15.5.2018 / 20.00

Диригент: Дијан Чобанов (Бугарија)
Режисер: Дејан Прошев
Репетитори: Тања Вујисиќ Тодоровска, Горан Божинов, Васил Чичијашвили (Грузија), Лора Тарчуговска, Бахрам Јулдашев (Русија), Саша Евтимова
Концерт мајстор: Климент Тодороски

НУ МОБ:
Александра Мијалкова, Марија Кичевска Шокаровска, Мими Поп Алексова Атанасовска, Наташа Јосифовска, Илијана Данилов, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Дојчин Дочев (Бугарија) и Игор Веланоски

Босна и Херцеговина (Народно позориште Сараево)
Тамара Љубичиќ

Србија (Народно позориште Белград):
Бојана Жегарац, Јован Веселиновиќ, Игор Пастор

Бугарија:
Веса Тонова

Хрватска (ХНК Сплит):
Ирина Чабан Биланџиќ
Артјом Жусов

Учествува балетскиот ансамбл, оркестарот и хорот на НУ МОБ

 

[21.00] Weekends are overrated // Rock Kafana Rustikana 2.0

Како подготовка за светското првенство што ни следи летово, ви ги претставуваме Chick n’ Heineken Tuesdays. Комбинацијата од 2 Хајнекена 0,5 и една порција пилешки крилца или прсти (кои доаѓаат во 3 вкусови – лимон и бибер, BBQ и лук и оригано) обично би ве чинела 500 денари, во вторници од сега ќе има специјална промо цена со 20% намалување и ќе чини 400 денари.

 


 

 

 

Среда 16.5.2018

[19.00] Отварање на Daniel’s Barber Shop // ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 39

Задоволство ни е да ве известиме дека на ден 16.05.2018 ( среда) во 19:00, ќе има свечено отварање на берберницата Daniel’s Barber Shop со локација на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 39 ( спроти Кузман студентскиот). Отварањето ќе биде проследено со коктел и мини забава. Ве очекуваме да бидете дел од нашата прослава. Се гледаме во среда.

 

[20.00] Tosca – Giacomo Puccini // Македонска Опера и Балет

Мајски оперски вечери.

 

[20.00] „Еднаш свет изградив“ // Тетар за деца и младинци

Текстот „Еднаш свет изградив“ е пишуван по мотиви на романот „Сидарта“ од Херман Хесе. Преку семејна приказна за татко и син кои се среќаваат после долги години, авторот на претставата Јане Спасиќ се обидува да согледа неколку поважни животни фази и да ги разгледа последиците на индивидуалните одлуки. Преку нивниот однос и приказните на таткото се поставуваат повеќе прашања за значењето и последиците од изборите во животот.

 

[20.00] Не се клади на Енглези // Македонски Народен Театар

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ
Режисер: Синиша Евтимов

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.
Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

Улоги:
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak)
Костимограф: Ана Данчевска
Превод: Александар Микиќ
Светло – мајстор: Илија Тарчуговски
Тон – мајстор: Ненад Трпеновски
Инспициент: Никола Кимовски
Фотограф: Драган Гајиќ

Повеќе информации за претставата http://mnt.mk/pretstavi/ne-se-kladi-na-englezi
Цената на билетот е 300 денари.
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[20.30] Wednesday Jazz Night // Distrikt Bar & Kitchen

Smooth Jazz во Дистрикт Бар и Ресторан.
Секоја среда опуштете се на летната тераса со одлична музика и единствен свет на вкусови.
Резервации: 071/238-522

 

[20.30] Проекција на француски филмови // Ramstore Mall

Сè до 15.05, како дел од големата наградна игра ‘Запознај ја Европа со Рамстор мол’, одбележуваме денови на Франција.
Оваа и наредната среда со почеток од 20.30 часот во одделот за брза храна ќе ве чека проекција на француски филм.

Првиот филм кој ќе се прикажува оваа среда (09.05) со почеток од 20.30 часот е Tamara од жанрот комедија.

Вториот филм кој ќе се прикажува наредната среда (16.05) исто така со почеток од 20.30 часот е La Famille Belier од жанрот драма-комедија.

Проекциите се од отворен карактер и филмовите ќе бидат со превод на македонски јазик.

Посетете нè, дознајте нешто ново за Франција, пазарете во нашиот мол и можеби вие ќе патувате за Париз!

[21.00] Музика во Планетариум • Twin Peaks // младински Културен Центар

 

[21.00] Chromatic Point & Yuvigi // Станица 26

После настапите минатиот месец во Софија, Трново и Пловдив, Chromatic Point и прогресив рок групата Yuvigi од Софија, Р. Бугарија ќе ја посетат и скопската публика со концерт во Станица 26 во среда 16-ти мај со почеток во 21 часот . Покрај композициите од досегашните 3 студиски албуми, инструменталниот состав Chromatic Point премиерно ќе го изведе и новиот сингл Clockwork како најава за претстојниот албум.

Повелете на неколкучасовно дружење и музицирање, заедно да ја поддржиме алтернативната сцена во нашиот главен град.

Билети по цена од 250 денари.

 

[21.00] Музика во Планетариум • Twin Peaks // Младински Културен Центар

Драги пријатели, Човекот од друго место ве носи во длабокото.
Компулсивно-опсесивно селектирана музика од Twin Peaks универзумот.

Среда, 16 мај, 21 часот. Планетариум, МКЦ.

Билетите (100 денари) се во строго ограничен број и достапни на билетарата на МКЦ.
Планетариумска проекција: Даниел Анастасов

 

[21.00] Weekends are overrated // Rock Kafana Rustikana 2.0

Стандардно среда е ден за блуз и виски. In The Mood ќе трзаат блуз, а неколку врсти на виски (Jack Daniel’s Tennessee Whiskey,Bushmills Irish Whiskey, Tullamore Dew, Jim Beam, Johnnie Walker) ќе бидат на промо од 100 денари после 21:00.

 

[21.30] The Black and Vice Social Club // Kapan An

Чест ни е да ве поканиме на нашиот роденденски концерт, Black & Vice полни 5 години постоење!
Во среда на 16ти Мај од 21:30 часот во стара Чаршија во дворот на Капан Ан на отворено, голем самостоен концерт!

Програма:
Black & Vice концерт – презентација на необјавени песни, материјал од следниот албум
Afterparty w/ special guest DJ Goce SAF – Funky Fresh

Влез: 200 денари (на врата)

 

[23.59] Епицентар: Opening // Epicentar

Среда, 16 мај: Opening
Guti Live [Desolat / ARG]
DJ Flooder

 


 

 

 

Четврток 17.5.2018

[19.00] Deadpool 2 – Comic Night // Cineplexx

По преживеаниот фатален напад од говеда, унаказениот шеф на кафитеријата (Вејд Вилсон) се труди да го оствари својот сон и да стане најзгодниот шанкер во Мејбери, а истовремено мора да научи да живее со изгубеното сетило за вкус.
Продолжението што сите го очекуваме пристигнува на 17-ти мај во Cineplexx.
Картите се пуштени во продажба:
https://www.cineplexx.mk/movie/deadpool_2/

 

[20.00] Годишна изложба на студентите од ФЛУ // Факултет за Ликовна Уметност

Како и изминатите неколку децении, така и оваа година, Ве покануваме на „Годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности- Скопје“ (ФЛУ).

17ти мај (четврток), 20 часот,
Галерија ФЛУ
Отворање на Годишната изложба на студентите од ФЛУ. Доделување на наградите „Борко Лазески“ и „Четири мајстори на модернизмот“, како и награди за највисок успех на студентите од четврта година.
Изложба на дела од студентите од катедрите по сликарство, вајарство и ликовна педагогија.
Музичка програма: Скопски Грув (колективот кој организира настани и забави, кои имаат за цел да го издигнат урбаниот и културен живот)

 

[20.00] Тероризам // Македонски Народен Театар

Автори: Владимир и Олег Пресњаков
Режисер: Јордан Симонов

Играат:
Гораст Цветковски
Славиша Кајевски
Никола Ацески
Николина Кујача
Сашко Коцев
Звездана Ангеловска
Марија Новак
Александар Микиќ
Кире Ѓоревски
Александар Михајловски
Александар Ѓорѓиески
Борче Начев
Драгана Левенска

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/mk/pretstavi/terorizam

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
Цената на билетот е 300 ден., и слободен ден за студентите

 

[20.00] Лет над кукавичјото гнездо // Драмски Тетар Скопје

Режија: Ристо Алексовски
Превод: Марија Димовска
Сценографија и костимографија: Ѓорѓе Јовановиќ
Музика: Милан Димушевски
Асистент на режија: Емилија Спасова
Испициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева
Тон – мајстор: Димитар Илиоски
Светло – мајстор: Дејан Блажевски

Лица:
Мекмарфи – Сашо Тасевски
Сестра Речид – Емилија Мицевска
Сестра Флин – Соња Стамболџиоска
Хардинг – Благој Чоревски
Чизвик – Диме Илиев
Били – Златко Митрески
Мартини – Ѓорги Тодоровски
Бромден – Ненад Нацев
Д-р Спиви – Игор Ангелов
Ворен – Предраг Павловски
Вилијамс – Игор Георгиев
Кенди Стар – Мелита Софрониоска
Сандра – Александра Павлова

 

[21.00] Dusan Jevtovic Trio // Станица 26

Душан Јевтович го вбројуваат во најталентираните европски гитаристи од помладата генерација чиј музички сензибилитет критичарите го споредуваат со Robert Fripp (King Crimson). Душан Јевтович ќе го придржува и едно од најголемите џез имиња од овие простори, Васил Хаџиманов, кој исто така се појавува на албумот. Душан Јевтович Трио секако е предизвик за домашните љубители на џезот, настан кој 3 Гонга особено го препорачува.
Билети по цена од 400 денари.

 

[21.00] In The Mood // Fourplay Cafe

После кратка пауза, блузот се враќа во Форплеј. Ќе уживаме во еднакво квалитетна музика, но во расцутено Дебар Маало на летната тераса, Исто е, ама не е исто.
Jameson е верен другар на блуз сесиите и во пролетната сезона, нормално по другарска цена.

In The Mood

 

[21.00] Да го поздравиш и да ми го бациш // Младински Културен Центар

Режија:
Билјана Радиноска

Играат:
Ненад Митевски
Наташа Петровиќ
Бојан Кирковски
Симона Спировска

Резервации на: 023115 225 ( билетара на МКЦ), или на bileti@mkc.mk

 

[23.59] Shorty P & Irie Scratch // Epicentar

Четврток, 17 мај:
Dj Pancho aka Shorty P
Irie Scratch

 


 

 

 

Петок 18.5.2018

[13.00] Од мој агол – Изложба на фотографии создадени од деца со аутизам // Национална галерија на Македонија

Националната галерија на Македонија со особенo задоволство ја најавува изложбата „Од мој агол“, која ќе се одржи на 18 мај, со почеток во 13 часот во објектот Чифте амам.

Изложбата преставува презентирање на најдобрите фотографии кои децата со аутизам ги изработија во текот на организираното фотографирање на различни локации низ Скопје. Тие низ нивна призма и од нивен агол ни го доловија амбиентот од тоа што го доживеаја.
Изложбата „Од мој агол“ е дел од проектот „Уметност за сите“ кој е подржан од страна на Холандската амбасада во Република Македонија. Тенденцијата на пораст на аутизмот во глобални рамки е своевиден факт и токму поради тоа чувствуваме дека е потребно подигање на јавната свест кон овие лица.

На отварањето на изложбата ќе имаат настап и професионалните танчери со Даунов синдром од студиото Dancers United МК.

 

[17.00] Аперитиво // Кино Карпош

Промотивни цени на селектирана група на вина од винарија Тиквеш
Промотивна ценa на Jameson
Вкусно мезе кое ви е веќе добро познато 

 

[20.00] Годишна изложба на студентите од ФЛУ // Факултет за Ликовна Уметност

18 мај (петок), 20 часот
Сули Ан
Изложба на студентите од катедрата по графика и модулите: графички дизајн, конзервација и реставрација.
Поставка на мозаици изработени по предметот Сликарски техники, а атмосферата ќе биде збогатена со Онија Блузерине, бендот кој ќе го надополни пријатниот амбиент во Сули Ан, во старата скопска чаршија.

 

[20.00] Како да се ограби банка // Драмски Театар Скопје

Kако да се ограби банка

Автор: Сами Фејд
Режија: Иван Манасковски

Играат:
Лазе Манасковски
Марија Кондовска
Гоце Тодоровски
Симон Манасковски
Катерина Шехтанска – Лаковски
Калина Наумовска
Игор Георгиев

Времетраење: 90 минути

Парите го вртат светот. А што би правеле кога тие не би биле дел од нашиот живот и нашето секојдневие? Што би правеле кога ќе го допрете дното во општеството и кога единствената мисла со која ќе се будите наутро е “како да го наполнам својот стомак”? Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Ајде да ограбиме банка. Овие први инстиктивни мисли кои си играат во нашата глава, овој пат ќе станат вистина.
Снаодливоста е главната особина на фамилијата Кепевски! Сите членови имаат некој свој личен проблем и секој од нив со него постапува многу наивно. Главата во семејството и човекот кој ја има диригентската палка е “големиот ум”, Раде Кепевски. Овој човек нема материјални средства да ја преживее неделата, но тоа не го спречува да ја следи својата страст за измислување нови изуми, убедувајќи ги притоа сите, дека тие се корисни во нивното секојдневие. Во недостиг на материјал тој ја користи целата покуќнина за своите глупости.

 

[21.00] Joy Division Tribute // Rock Bar Krug

https://www.facebook.com/BluesTVforsale/videos/983551045121354/

https://www.facebook.com/closerJD/videos/443169096101085/

 

[21.30] Riddim Or Die // Subway Afterwork Residence

Хардкор забава во Скопје. Добра музика, алкохол со кој што може да се наполни мал кањон и СО2 топови. Журката е направена за да можеме да заборавиме на нашите проблеми(факс, школо, живот..) и да уживаме.

 

[23.59] Ana Malo & Baloski // Epicentar

Петок, 18 мај:
Ana Malo
Baloski

 


 

 

 

Сабота 19.5.2018

[20.00] Турандот / Turandot – G. Puccini // Македонска Опера и Балет

Мајски Оперски Вечери
Џакомо Пучини
Турандот

Диригент: Алесандро Д’ Агостини (Италија)
Режисер, Сценограф, Костимограф: Џанкарло дел Монако (Италија)

Настапуваат:
Турандот: Весна Ѓиновска Илкова
Калаф: Амади Лага (Франција/Тунис)
Лиу: Ноема Ерба (Чешка)
Тимур: Игор Дурловски
Пинг: Андреа Ѕаупа (Италија)
Панг: Дарко Нешовски
Понг: Дејан Стоев
Мандарин: Драган Ампов
Алтоум: Марјан Николовски

Турандот е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони. Текстот се базира на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата Турандот од Карло Гоци. Пучини умира и не ја допишува операта, подоцна таа е завршена од Франко Алфано. Светската премиера се изведува во Миланската Скала на 25 Април 1926 година диригирана од Артуро Тосканини. Операта се извела по музиката на Пучини без дополнувањата на Алфано.

 

[20.00] Странци // Драмски Театар Скопје

Режисер: Нела Витошевиќ
Драматург: Викторија Рангелова – Петровска
Сценограф: Костантин Трпеноски
Костимограф: Роза Трајческа – Ристовска
Композитор: Огнен Анастасовски

Играат:
Микеле – Игор Ангелов
Ева – Ирена Ристиќ
Карлота – Биљана Драгиќевиќ Пројковска
Пепе – Зоран Љутков
Бјанка – Сања Арсовска
Козимо – Филип Трајковиќ
Роко – Предраг Павловски

 

[20.00] Изложба на Влахо Буковац // Национална галерија на Македонија

Ремек дела од ризницата на НГМ, изложба на Влахо Буковац.
Куратор: Кирил Пенушлиски

 

[21.00] КАИН – Концертна промоција // Младински Културен Центар

После неколку изведби на „Под ова сонце ладно е“ во Скопје, Каин конечно ја стави музиката на носач и овој пат официјално концертно го промовира својот албум, кој содржи девет non-genre песни, меѓу кои е дел Давор Јанкулоски.

Во Младински Културен Центар (денсинг сала), Каин ќе ја дели бината со неколку македонски авангардни и модерни бендови, кои моментално се во пораст на македонската независна сцена.

Влезници на билетара во Младински Културен Центар – 200 ден.

 

[21.00] Acoustic Saturday // Distrikt Bar & Kitchen

The Crew повторно на сцената во Дистрикт Бар и Ресторан. Секоја сабота повелете на уживање со акустична музика, пријатна атмосфера и уникатни вкусови. Искористете го убавото време во месец мај и повелете на нашата летна терасa. Резервации: 071/238-522

 

[21.00] Globetrotters’ Sessions vol.2 // Rock Kafana Rustikana 2.0

Дојде време за второто издание на Globetrotters’ Sessions. На гости во 2.0 ќе ги имаме феноменалните Sunday Stories, Sarajevo! Сараевскиот квинтет предводен од вокалот Нина Бабиќ со својот микс репертоар од џез, блуз, свинг, панк и рок ветуваат добра пролетна журка, секако поддржана од Jägermeister. Еден од сингловите https://www.youtube.com/watch?v=pNtmVVp3Io4 се најде на MTV ADRIA топ листите по излегувањето на деби албумот Sunday Stories од 2013.

Нина Бабиќ – водечки вокал
Саша Ќириќ – вокал/гитара
Мустафа Курталиќ – бек вокал/бас
Златан Бегиќ – перкусии
Валентин Шеремет – бек вокал/тенор сакс

За инфо и резервации: 075 478 134

 

[23.59] MUMDANCE ~ Andreas Hz ~ Kronom ~ DJ Vaso // Epicentar

Сабота, 19 мај:
MUMDANCE [XL Recordings / Tectonic / Different Circles, UK]
Andreas Hz b2b Kronom [BTKRSH / Faster Than Music]
DJ Vaso [Pollux]

 


 

 

 

Недела 20.5.18

[11.00] Don’t be a female, be an alpha female // The Strongest – Macedonia

БИДИ АЛФА ДЕВОЈКА 2 и оваа година семинар за самоодбрана во Центарот за боречки вештини “Д Стронгест”. Семинар за понежниот пол кој е бесплатен и можност за учество имаат сите оние девојки, жени, тетки, мајки, баби… кои сакаат да научат како да се одбранат и да совладаат противник доколку се нападнати. Семинарот ќе се одржи доколку се собере бројка од минимум 50-60 припаднички на понежниот пол. Пријавување на тел. бр. 077-747-779 или во инбокс Nade Vasilevska.

 

[20.00] Зина Креља – Промоција на монографија // Македонска Опера и Балет

Автори:
м-р Снежана Анастасова – Чадиковска
д-р Александар Трајковски
Рецензенти:
проф. Фимчо Муратовски
проф. м-р Весна Ѓиновска – Илкова
Промотор:
проф. Фимчо Муратовски
Издава: Музички издавачки центар

Книгата го прикажува уметничкиот и животен пат на оперската примадона Зина Креља – првенка и една од основоположниците на Македонската опера, која
во текот на својата кариера, на сцената на националната оперска куќа реализира 23 оперски улоги.
Оваа публикација содржи интересни податоци за нејзиниот животен пат, за нејзините почетоци на оперските сцени ширум поранешна Југославија, за школувањето во Италија, како и за доаѓањето и животот во Скопје.

 

[21.00] Јас, Селма – трета реприза // Младински културен Центар

Џебно кино, МКЦ.

Монодрамата „Јас, Селма“ е колаж од девет сцени за бегалката од Дамаск и актерката Симона од Скопје: за нивната прва средба, за вљубувањето на Селма во едно момче од протестите, за (не)вклопувањето во скопскиот живот, но и за нејзината желба да замине од овде, откако ќе поминат цели девет години.

Игра: Симона Спировска
Режија и текст: Милош Б. Андоновски
Монтажа на звук: Сашко Потер Мицевски

Цената на билетот е 200 ден. Резервација можете да направите на 02 311 5225 или да испратите меил на bileti@mkc.mk или да го купите директно на билетарницата на Младинскиот Културен Центар.

 

Comments

comments