Фотографија: @peaceful_worm

 

Понеделник 15.10.2018

[10.00] Октоберфест во Пивница // Пивница Стар Град

Октомври – познат ширум светот како пивскиот месец.
Овој октомври по втор пат имаме наш, македонски Октоберфест во Пивница Стар Град. Oд 10:00 – 21:00 часот, ќе можете да ја почуствувате уникатната германската атмосфера!
Германски специјалитети, превкусни Октоберфест мениа и секако најквалитетното македонско пиво Темов на Craft Brewery Temov.

 

[18.00] Master Craft Monday in Дistrikt! // Дистрикт

Секој понеделник од 18 до 23 часот, посебна коктел понуда од 3 коктели со мала закуска.

 

[19.00] Изложба-Јас сум Албанец // Национална Галерија на Македонија

Изложба на фотографии посветена на албанската дијаспора низ векови “Јас сум Албанец”.
Во организација на Националниот историски музеј на Албанија, Национална галерија на Македонија и Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Македонија.

 

[20.00] Да го поздравиш и да ми го бациш // Младински Културен Центар

Режија:
Билјана Радиноска

Играат:
Ненад Митевски
Наташа Петровиќ
Бојан Кирковски
Симона Спировска

 

[20.00] Животот е прекрасен // Македонски Народен Театар

„Животот е прекрасен“
„Ова не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туки за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен. Еден човек кој доаѓа до пеколот, за да разбере, всушност, дека животот е нешто многу драгоцено“ Претстава која ќе ве растажи и насмее до солзи!

 

[20.00] Концерт на Деспина Спировска (сопран) и Мимоза Ќека (пијано) // Музеј на Град Скопје

Програма: M. De Falla, M. Ravel, C. Debussy, J. Offenbach, L. Delibes, A. Dvořák, N. R. Korsakov, E. Kálmán, V. Di Chiara

Влезот е слободен.

 

[20.00] Стјуардеси // Театар Комедија

Претставата „Стјуардеси“ е класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка и ја има формулата за совршен полигамен живот. Оваа формула се обидува да му ја претстави на својот најдобар пријател Роберт. Формулата за совршен живот е: да се има три стјуардеси од три различни компании, кои патуваат секој ден во Скопје и за секој ден има по една различна девојка-вереница.

 

[21.00] Премиера на Disconnected – БЕЗ ВРСКА // Кино Фросина МКЦ

Скопска премиера на „DISCONNECTED / БЕЗ ВРСКА“, краток дипломски филм на режисерот Радован Петровиќ.
„DISCONNECTED / БЕЗ ВРСКА“ / 22 минути / раскажува за неочекувана средба помеѓу млад дечко и возрасна жена, средба од која засекогаш ќе се испреплетат нивните животи.

Проекцијата почнува во 21 часот. По проекцијата на филмот, настанот продолжува со DJ set на Бодан Јамаковски.

Влезот е слободен, со ограничен број на карти. Картите ќе можете да ги подигнете на касата на МКЦ после 20 часот на денот на прикажувањето.

 


 

 

 

Вторник 16.10.2018

[19.00] Chef’s Table at Дistrikt! // Дистрикт

Chef’s Table at Дistrikt Bar & Kitchen! Секој вторник со почеток во 19.00 часот.

 

[19.00] „Златен Орикс“ за најдобар млад џез музичар за 2018 година // Винил

Qatar Airways во соработка со Skopje Jazz Festival втора година по ред доделува „Златен Орикс“ за најдобар млад џез музичар. Наградата за 2018 ја добива пијанистот Филип Димишковски.
По тој повод, во кафе-барот Винил се организира коктел забава проследена со музички настап.

 

[19.30] Презентација на изложба „Собибор“ // Меморијален Центар На Холокаустот На Евреите Од Македонија

По повод 75-та годишнина од востанието во Собибор Амбасада на Русија заедно со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија организираат презентација на една изложба по таа тема. Предвидени се обраќања на генералниот и извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија господин Горан Садикаријо и Амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин.

 

[20.00] Не Сега, Драга // Театар Комедија

Комедијата „Не сега драга“ (од современиот англиски автор и актер Реј Куни) е комедија на забуни, смешни ситуации и интересни карактери. Дејството се одвива во хотел, за време на едно пролетно попладне. Приказната е за еден парламентарец од Куманово кој доаѓа во Скопје на состанок во собранието, се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на Претседателот. Меѓутоа, со пратеникот доаѓа и неговата сопруга…и тука почнува „хаосот“.

 

[20.00] Животот е прекрасен // Македонски Народен Театар

„Животот е прекрасен“
„Ова не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туки за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен. Еден човек кој доаѓа до пеколот, за да разбере, всушност, дека животот е нешто многу драгоцено“ Претстава која ќе ве растажи и насмее до солзи!

 

[20.00] Како да се ограби банка // Драмски Театар Скопје

Автор: Сами Фејд
Режија: Иван Манасковски

Играат:
Лазе Манасковски
Марија Кондовска
Гоце Тодоровски
Симон Манасковски
Катерина Шехтанска – Лаковски
Калина Наумовска
Игор Георгиев
Времетраење: 90 минути

 

[20.00] Дамата со камелии // Македонска Опера и Балет

Џузепе Верди
Дамата со камелии (балет)

Диригент: Иван Еминовиќ
Кореограф: Василиј Медведев (Русија)
Либрето: Јана Темиз
Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Павол Јураш (Словачка)
Асс. кореограф: Станислав Фечо (Чешка)
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Репетитори: Горан Божинов, Лора Тарчуговска и Јордан Крстев (Бугарија)

Во главните улоги:
Маргарита: Марија Кичевска Шокаровска
Арман: Бобан Ковачевски

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

 

[20.30] Jethro Tull – 50 anniversary tour // Спортска сала Кале

Овој култен британски рок бенд, кој има снимено 30 албуми досега, а ги има продадено во над 50 милиони примероци, конечно доаѓа и во Скопје, во рамките на турнејата „50 years of Jethro Tull“.

 

[21.00] Lafidki [Cambodia] & Pisitakun [Thailand] // Ла Кања

Lafidki е аудиовизуелен уметник, кој живее и работи во Лондон. Роден е во бегалски камп во Тајланд, од камбоџиски родители кои побегнале од режимот на Пол Пот и Црвените Кмери. Тој е основач на Chinabot, платформа и лејбл со мисија да развие нов дијалог околу азиската музичка сцена. Во својата десетгодишна кариера ги има делено глобалните сцени со Hype Williams, KXP, Tzusing, James Ferraro, Nightmares on Wax, Molly Nilsson, Andy Stott, Varg, Tropic of Cancer, Laurel Halo и други.

 

[22.00] Oktoberfest @Pivnica With Epigram // Пивница Стар Град

Октоберфест во Пивница со Епиграм.

 


 

 

 

Среда 17.10.2018

[17.00] Steak Break in Дistrikt! // Дистрикт

Специјалитети од говедско месо со промотивни цени и селектирани вина со 20% попуст.

 

[19.00] Дела од словенечки,хрватски, српски,црногорски и босански автори // Чифте Амам

Изложбата „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско-херцеговски автори“ од колекцијата на Националната галерија на Македонија се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот „Седумдесет години Национална Галерија на Македонија”.

 

[19.30] Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура // Младински Културен Центар

19.30ч/ Добра практика бр. 1 Ремонт на современиот уметнички систем и кризата на младите уметници: Ремонт – независна уметничка асоцијација и галерија, Белград
Презентација на Мирослав Кариќ и Марија Радош, куратори во Галерија Ремонт од Белград
Модерација: Ивана Васева, кураторка и уметничка директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат, Скопје/ Битола

20ч/ Добра практика бр. 2 Наградите и континуираниот професионален развој на уметникот – за моќта и злоупотребата на уметноста.
Презентација на Верица Ковачевска, добитничка на наградата Денес за млад визуелен уметник до 35 години во Македонија во 2018 год. како дел од Мрежата на награди за млади визуелни уметници
Модератор: Мирослав Кариќ, координатор на наградата Мангелос за млад визуелен уметник во Србија до 35 години како дел од Мрежата на награди за млади визуелни уметници

20.30ч/ Добра практика бр.3 Промоција на фанзин „Примус бр. 2 – AKTO“, алтернативни средства за уметничко изразување
Презентација на Ивана Самандова, Ангела Савевска, Мартина Спасовска, Ивана Мирчевска, Дарко Трајковски, Марко Тасевски и Дарко Алексовски
Модератор: Филип Јовановски, уметник и уметнички директор на АКТО Фестивалот за современи уметности

 

[20.00] Тероризам // Македонски Народен Театар

Автори: Владимир и Олег Пресњаков
Режисер: Јордан Симонов

Играат:
Гораст Цветковски
Славиша Кајевски
Никола Ацески
Николина Кујача
Сашко Коцев
Звездана Ангеловска
Марија Новак
Александар Микиќ
Кире Ѓоревски
Александар Михајловски
Александар Ѓорѓиески
Борче Начев
Драгана Левенска

 

[20.00] Чваре & Гоце САФ // Читална – Студентски дом “Гоце Целчев”

RoofTop party #DjGoceSAF & #Chvare
Старт:20:00
RSVP:070-384/135
Powered By: Urban Club MK

 

[22.00] Sound Waves live@Pivnica // Пивница Стар Град

Октоберфест во Пивница со Sound Waves live.

 


 

 

 

Четврток 18.10.2018

[12.00] Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура // Младински Културен Центар

Работилница за длабински цртеж со Горан Стојчетовиќ.
Пријавувањето на учесниците е до 16 октомври на следниов мејл organizationfru@gmail.com.

Право на пријавување имаат сите оние кои имаат желба да научат или практикуваат слободно уметничко изразување преку цртеж а начинот е само преку оставање свои податоци (име, презиме и контакт – телефон и мејл).
—- Бројот на учесници е лимитиран на 15 луѓе.

 

[17.30] Thursday Burger Night! // Дистрикт

Четврток е ден за бургери и во месец октомври!

 

[20.00] Jazz & the great depression // Кафе Бар Синдикат

Од 18 – 21 Октомври се одржува Скопскиот џез фестивал.

18ти Октомври – Дарко Стојановски

 

[20.00] 37. Skopje Jazz Festival (18-21 October) // МОБ и МКЦ

Четврток, 18 октомври / Thursday, 18 October

MOB, 20:00
ALEXANDER HAWKINS (UK)
Alexander Hawkins – solo piano

MOB, 22:00
DAVID MURRAY QUARTET feat. SAUL WILLIAMS (USA)
“Blues for Memo”
David Murray – tenor saxophone, bass clarinet
Saul Williams – spoken words
Dezron Douglas – double bass
David Bryant – piano
Nasheet Waits – drums

MKC Dancing Hall, 24:00
ARTO LINDSAY / PAAL NILSSEN-LOVE (USA/Norway)
Arto Lindsay – guitar
Paal Nilssen-Love – drums, percussion

 

[20.00] Предавање: Живот на Марс // ФЕИТ

За Марс знаеме откако постои човештвото и цивилизацијата. Марс е планета која кај научниците, но и обични луѓе буди голем интерес за реални прашања и за фиктивни приказни.
На предавањето ќе се осврне на историјата на истражувања на планетата и дали се реални очекувањата таму да пронајдеме живот во било која форма.

Локација: Амфитеатар при Факултетот за електротехника и информациски технологии
Цена: 100 денари.

*За членовите на Скопско астрономско друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

 

[20.00] Warm up milonga for Maratangon vol.6 // МКЦ Клуб и Ресторан

Влез слободен
20:00 – 00:00
ДЏ дуо: Mickoska Dance & Tango DJ TheMan
MKC Club & Restaurant

 

[20.00] Вардарски Пастуви // Театар Комедија

„Вардарски пастуви“ е пиеса работена според сценариото на Симон Бофој (филм „Фул Монти“) и според пиесата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер, но овој пат станува збор за сосема наш производ, најпрвин поради тоа што е во сопствена продукција на Театар Комедија и затоа што се работи за скопска приказна за скопски ликови, во коишто секој може да се препознае, а скопскиот урбан говор ја издвојува како самостојна драматуршка целина на која можат да ѝ позавидат и Бифоу, Мекартен и Синклер.

 

[20.00] Еден месец на село // Македонски Народен Театар

Автор: Иван Сергеевич Тургењев
Режисер: Паоло Маџели
Драматург: Жељка Удовичиќ

Улоги:
Аркадиј Сергеич Ислаев, Богат Земјопоседник ― Ѓорѓи Јолевски
Наталија Петровна, Негова Сопруга ― Сашка Димитровска
Коља, Нивни Син ― Лука Софрониевски / Димитар Илијевски / Александар Цветковски (Дете)
Вера Александровна, Млада Девојка (Штитеничка На Семејството) ― Дарја Ризова
Ана Семјонова Ислаева, Мајка На Ислаев ― Катерина Коцевска
Лизавета Богдановна, Воспитувачка, Гувернанта На Коља ― Тина Трпкоска
Шаф, Германец, Домашен Учител ― Александар Микиќ
Михаил Александрич Ракитин, Куќен Пријател ― Никола Ристановски
Алексеј Николаич Бељаев, Студент, Учител На Коља ― Стефан Спасов / Дамјан Цветановски
Афанасиј Иванич Бољшинцов, Сосед ― Нино Леви
Игнатиј Иљич Шпигељски, Доктор ― Сашко Коцев
Матвеј, Слуга ― Дамјан Цветановски / Стефан Спасов
Катја, Слугинка ― Ана Стојановска

 

[21.00] Hairy Zack & his Trunk Like Members // Олд Скул Кафе

Бенд базиран во Амстердам кој свири класичен рок, а омилени им се Ролинг Стоунс. Ова им е втора мини турнеја низ Македонија и многу сакаат да стекнат нови пријатели во Скопје. После 15 години постоење и одсвирени стотици свирки имате прилика да ги слушнете и во Школото.

 

No automatic alt text available.

[21.00] Neuland & Reborn present: Melt (NeulandNight_009) // Цреша Бар

Овој четврток ве каниме на сладолед. И не, секако дека не на сладолед од страчатела, туку на храбри вкусови и комбинации кои досега ги немаш пробано.

Концептот (и сладоледот) на настанот се дело на кулинарското дуо Аида и Елена, познати како Missy Onion. А евентот ќе се одржи во Цреша со почеток во 21.00 часот.

///

Како изгледаа последните NeulandNights:
nn_008 http://www.reborn.mk/neulandnight-suzanne/
nn_007 http://www.reborn.mk/galerija-peculiar-neulandnight/
nn_006 http://www.reborn.mk/neulandnight-echo/

///

Ова ќе биде деветиот од серијалот на 10 настани (Neuland Nights) во организација на Neuland, Reborn и Сектор 909 кои ќе се одржуваат на различни локации во Скопје. Секој настан има различен концепт, изработен од локален уметник: од арт инсталации и модни шоуа, до дегустација на храна и 3Д визуелизации.

 

[21.00] SAMO Weekend // Кафе Само

MonseurKiril i Jana Todorovska

 


 

 

 

Петок 19.10.2018

[13.00] Burger Friday at Boulevard // Булевар

Секој петок специјално мени со 5 типа на бургери + со секој бургер следува гратис чаша пиво или вино.

 

[18.00] CU TENDA Scopia – Ку Тенда Изложба – Приказни Со Власи // Мала Станица

Изложбата “CU TENDA” (патувајќи со шаторот) / ПРИКАЗНИ, СЛИКИ И ЗВУЦИ ВО ДВИЖЕЊЕ [Жива меморија за Југоисточна Европа] предлага увид во имагинарноста на културата која, почнувајќи од деветнаесеттиот век, била подложена на трансформации, преминувајќи различни територии со специфична естетика и идентитети. Дизајнирана како визуелен есеј, изложбата ја реконструира културата на влашкиот свет како дел од сликата на балканските култури во постојано движење – симболично и фрагментарно преку сведоштва, самопретставување, текстови и елементи на материјалното и нематеријалното наследство.

 

[18.00] Startup Weekend Skopje 2018 // CEED Hub Skopje

Стартап Викенд по неверојатен 7-ми пат повторно во Скопје!
19 до 21 Октомври во CEED Hub Skopje #SWSkopje

Еден од најголемите настани за претприемништво што се случува во глобални рамки, оваа есен ќе се одржи во Скопје. Претставува совршен настан за поттикнување на претприемничкиот дух кај сите кои имаат бизнис идеја или желба да започнат свој бизнис.

Обезбеди го твоето место веднаш!
https://www.eventbrite.com/e/startup-weekend-skopje-19-21102018-tickets-47219386456

 

[19.00] Бруцошка на ФЕИТ – Трофазно издание // ФЕИТ

На 19-ти октомври во дворот на кампусот на техничките факултети ќе се одржи „Бруцошка забава на ФЕИТ“, овој пат во специјално трофазно издание, со три сцени: TESLA Stage, HIGH-VOLTAGE Stage и ECHO Room, за сите љубители на електронската, алтернативната рок и хип-хоп сцена.

 

[19.30] Градот – изложба на група од дванаесет студенти од ФЛУ // Мобилна галерија

ГРАДОТ е уникатно визуелно дело, резултат на заедничката работа на група од дванаесет студенти од Катедрата по графика, на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Учесници/автори: Аврамовски Иван, Блажева Леона, Иванова Петранка, Камчев Мартин, Мусли Бурџу, Николовски Стефан, Русевска Јана, Секулоска Ивана, Симовска Христина, Соколовска Анџела, Стоилковски Дејвид и Христовска Ивана.

 

[20.00] Jazz & the great depression // Кафе Бар Синдикат

Од 18 – 21 Октомври се одржува Скопскиот џез фестивал.

19ти Октомври – Дарко Јовановски

 

[20.00] Борба, надеж, победа // Македонска Филхармонија

Диригент: Густав Кун (Австрија)
Солисти:
Софија Горделадзе – сопран (Грузија)
Марта Лоти – мецосопран (Италија)
Џорџ Винсент – Хамфри – тенор (САД)
Михаел Купфер – бас-баритон (Германија)
Филхармониски хор „Светослав Обретенов“ (Бугарија)
Хор „Проарс“ (Македонија)
Програма:
Л. В. Бетовен: Симфонија бр. 9, оп.125

 

[20.00] 37. Skopje Jazz Festival (18-21 October) // МОБ и МКЦ

Петок, 19 октомври / Friday, 19 October

MOB, 20:00
WADADA LEO SMITH (USA)
“Reflections and Meditations on Monk”
Wadada Leo Smith – trumpet

MOB, 22:00
HARRIET TUBMAN (USA)
Brandon Ross – guitar, banjo, vocals
Melvin Gibbs – electric bass
J.T. Lewis – drums

MKC Dancing Hall, 24:00
THURSTON MOORE (USA)
Thurston Moore – guitar

 

[20.00] Кец на десетка // Македонски Народен Театар

Едноставна мисија. Кога едно сосема нормално семејство ќе се собере за да се запознае со идниот зет, се очекува секој да даде сѐ од себе, да ги смири своите човечки слабости, ако ги има, нели, да ги потисне внатрешните проблеми, не толку сјајните карактерни особини, фактот дека можеби сте пред развод… Се очекува да оставите максимален впечаток на другата страна, до степен да се прашува со што ја заслужил таа неверојатна среќа да ве сретне токму вас како прибежиште, како иднина, како судбина.

 

[20.00] Луди за љубов – мала сцена // Драмски Театар Скопје

Автор: Сем Шепард
Режија: Деан Дамјановски
Музика: Миодраг Неќак
Сценографија: Ѓорѓи Ѓорѓиевски
Костими: Елена Вангеловска

Улоги:
Меј – Јана Стојановска / Благица Димитровска Еди – Филип Трајковиќ
Старецот – Анастас Тановски
Мартин – Кристијан Светиев

Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева
Пиротехничар: Методија Најдоски
Светло-Мајстор: Дејан Блажевски
Тон-Мајстор: Саше Ѓорѓиев

 

[21.00] 2 Cellos во Скопје // Вип Арена Борис Трајковски

Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум “Score”, популарното дуо ќе настапи во Скопје на 19ти октомври годинава, во ВИП Арена.
2 CELLOS за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.

 

[21.30] DJ GAME OVER // Цреша Бар

Petok DJ GAME OVER
21:30-00:45

 

[21.30] Antenna 5 DJs Martin & Boris – Funky 80s, 90s & more // Браун Шугар

ПЕТОК: Antenna 5 DJs Martin & Boris – Funky 80s, 90s & more

 

[22.00] Hairy Zack is back to GARSON // Рок Бар Гарсон

Дечките од Hairy Zack And His Trunk Like Members(Amsterdam) доаѓаат по втор пат во Гарсон Бар. Бендот се состои од вокал, гитара, бас гитара, клавијатура и тапани и свират одличен рокенрол. За оваа вечер да биде уште позабавна дечките од “Специјални пива” на сите белгиски пива гратис текила. Со секое купено белгиско пиво имате гратис текила, а Stolicnaya Vodka ќе чини само 50 денари.

 

[22.00] Онија во Churchill // Чрчил Бар

Блуз во Churchill Bar, одлична прилика за петочна забава. Нија Онија, задолжени за музика…

 


 

 

 

Сабота 20.10.2018

[12.00] Green Zone // Бекјард

Заедно,создаваме Зелена зона.

Овој акционен план треба да биде водич низ наредниот период во кој сите ние како граѓани на планетава треба да се залагаме за подобро утре.

Со таа цел Mondano Sport & Backyard се домаќини на еден нов вид на итерактивна забава на која сите вие ќе имате можност да насадите по едно дрвце.  Во корелација со Општина Центар, Град Скопје и Гимназија Јосип Броз Тито обезбедени се персонализирани садници кои ќе бидат засадени од сите совесни граѓани кои активно ке учествуваaт на овој настан.

За музичкиот дел ќе биде задолжен DJ Mawrteen with Funky Green Zoning.

 

[12.00] Викенд бранч во Boulevard // Булевар

Единственото место во Скопје со специјално мени со култни бранч јадења. Од Eggs Benedict и авокадо тост, до француски тост со свежо овошје.

 

[19.00] Снежана и седумте џуџиња // Драмски Театар Скопје

Театарска претстава “Снежана и седумте џуџиња” во Драмски Театар Скопје.

 

[20.00] Speakeasy Skopje Cocktail Week // Спикизи

Speakeasy Ве поканува на #SkopjeCocktailWeek. Од денес (17.10) пробајте ги неодоливите шест коктели на ова мени. Станува збор за избор на коктели кои се соодветни за служење во есенски период.

 

[20.00] Jazz & the great depression // Кафе Бар Синдикат

Од 18 – 21 Октомври се одржува Скопскиот џез фестивал.

20ти Октомври – Бојан Чакра

 

[20.00] Црнила Remix // Младински Културен Центар

Црнила remix на репертоар во МКЦ!

 

[20.00] 37. Skopje Jazz Festival (18-21 October) // МОБ и МКЦ

Сабота, 20 октомври / Saturday, 20 October

MOB, 20:00
METTE RASMUSSEN (Denmark)
Mette Rasmussen – alto saxophone

MOB, 21:00
TRONDHEIM VOICES (Norway)
“Folklore”, composed by Helge Sten and Ståle Storløkken
for Trondheim Voices
Sissel Vera Pettersen, Anita Kaasbøll, Tone Åse, Kari Eskild Havenstrøm, Natali Abrahamsen Garner, Heidi Skjerve, Torunn Sævik, Ingrid Lode – singers

MOB, 22:30
SUSANA SANTOS SILVA / AB BAARS / HAMID DRAKE (Portugal/Netherlands/USA)
Susana Santos Silva – trumpet, flugelhorn
Ab Baars – tenor saxophone, clarinet
Hamid Drake – drums, percussion

MKC Dancing Hall, 24:00
MOPO (Finland)
Linda Fredriksson – baritone, alto saxophone
Eero Tikkanen – double, electric bass
Eeti Nieminen – drums, percussion

 

[21.30]  DJ Mawrteen – Dance like it’s 1999 // Браун Шугар

САБОТА: DJ Mawrteen – Dance like it’s 1999

 

[21.30] SONJA ISMAIL // Цреша Бар

Sabota SONJA ISMAIL
21:30-00:45

 

[23.00] Electric Universe во Скопје! // Вип Арена Борис Трајковски

ELECTRIC UNIVERSE
www.facebook.com/electricuniverseofficial

Домашна поддршка SUN Production.

 

[00.00] Why Not во Маракана // Клуб Маракана

Најдобрата Rock&Roll / Metal журка во градот!
Секоја сабота!

 

[00.00] Funky Fresh #71 – DJ Strajk & DJ Drazi Drags // Капан Ан

Sabota 20.10.2018 @ Kapan An
Funky Fresh #71 w/

– DJ Drazi Drags
– DJ Strajk

 


 

 

 

Недела 21.10.2018

[10.00] Вселенска детска работилница // Јавна Соба

Нека вашите деца имаат еден поинаков ден. Детска дружба и учење за вселената, нашата планета и сите други небесни тела кои нѐ опкружуваат.

Во недела (21.10) во Јавна соба (Public room), по 3 пат, ќе се одржат 2 работилници за деца со вселенска тематика. Работилниците се поделени по возраст и тоа:

🔸 за 5-7 години – од 10ч до 11:30ч.
🔸 за 8-10 години – од 12ч. до 13:30ч.

Двете групи се со ограничен капацитет.

 

[12.00] Купром // Фабрика Купром

Настанот Купром е замислен како дневна есенска дружба во организација на Меѓународна невладина организација Културно Ехо, со едукативно/промотивни, културно –уметнички и еколошки активности, со цел да се запознаат локалните жители со можностите што ги нуди напуштениот објект, фабриката Купром. Програма на настанот во линкот погоре.

 

[20.00] Jazz & the great depression // Кафе Бар Синдикат

Од 18 – 21 Октомври се одржува Скопскиот џез фестивал.

21ви Октомври – музички избор на тимот на Синдикат.

 

[20.00] 30 years in music: Toni Kitanovski at SJF (37. Skopje Jazz Festival) // Македонска Опера и Балет

www.tonikitanovskitrio.com

Toni Kitanovski:
30 Years In Music

Panda 5 (Macedonia)

Trajce Velkov Trumpet
Kiril Kuzmanov Alto Saxophone
Kiril Tufekcievski Bass
Viktor Filipovski Drums
Toni Kitanovski Guitar

Toni & Friends (Macedonia/Usa/Serbia/Peru)

Jon Sass Tuba
Asan Rashid Trumpet
Dave Wilson Saxophones
Vasil Hadzimanov Piano
Piero Epifania Osambela Cajon
Toni Kitanovski Guitar

 

[21.00] Harvest Moon – A Tribute to European Folklore // Олд Скул Кафе

Dominion Events (Марко и Златко) оваа недела во Old School ќе организираат еден уникатен настан со космополитски димензии. Оваа недела ќе имаме можност да слушнеме музика од најразличен фолклор, распространет ширум светот, композиции препознатливи по нивниот народен бит, кој ги содржи нивните културолошки обележја и традиции, интерпретирани од артисти кои изведуваат современа музика. На оваа интернационална забава ќе слушнете мелодии кои извираат од: Ирска, Полска, Норвешка, Грманија, Шкотска, музика од соседните земји на Балканот, вклучувајќи и композиции од домашни артисти кои применуваат фолклорни елементи во нивните дела. Бертолд Брехт би го одобрил овој настан.

 

Comments

comments