Фотографија: Ирина Крстевска

 

Понеделник 16.4.2018

[17.00] Trust me you can dance – Vodka Seminar // Speakeasy

Дојдете да танцувате со вотка и да ја ширите мисијата за подигнување на коктел културата на едно повисоко ниво.

Овој понеделник ќе имате можност да бидете дел од бесплатен семинар, во кој едукативно ќе се запознаете со вотката, но и ќе имате можност детално да се информирате и за натпреварите од Државното првенство на бармени во Скопје.

Сите кои уживате во овој пијалок еве шанса и да научите повеќе за него. Бројот на учесници е ограничен, па затоа резервирајте го вашето место во порака.

 

[18.30] Втора вечер на краткометражни филмови – ФФФ 2018 // Кинотека на Македонија

Селекција на краткометражни филмови
Селектор: д-р Дејан Здравков

Втор ден / Day 2 (134 min.)

Селекција:

1. „The Sadness Will Not Last Forever“, 2016
Филмски есеј за тагата и надежта инспириран од последните зборови штоВинсент ван Гог ги упатува до својот брат Тео: „Тагата ќе трае вечно“…

2. „P“, 2017
Две суштества, еден идентитет. За да се ослободи од чувството навина, научникот „Пи“ ја пренесува сопствената трауматична меморијана девојка-андроид. Sci-Fi драма за потрагата по одговорот на едно однајстарите филозофски прашања – кој сум Јас?

3. „Galatea“, 2017
Поетска рефлексија загубена во земја, во свет, каде што не припаѓа.Приказна за еден уметник и неговиот напор да го вдоми своетоуникатно доживување.

4. „Before“, 2017
Аша е млада девојка која сфаќа дека е бремена, но реакцијата нанајблиските ја исправа пред сета тегобност на изборот. Нежно обоеномедитативно тонење во едно мачно времетраење во кое Аша треба дасе соочи со својата одлука, пред…

5. „Mum, I’m Back“, 2017
Едноставно но моќно филмско остварување, со јасен и енергичензаплет, кое ја тематизира чувствителната проблематика за можностаод реализација на една автентична персонализација средеконзервативната заедница.

6. „The fear installation“, 2016
Краток филм за човековиот страв кој инхибира и ја разјадуваегзистенцијата, и за тоа што се случува кога настанува инверзија вопирамидата на моќта, а улогите на доминација одеднаш се превртат.

7. „Reflection“, 2017
Суптилен визуелен автопортрет, интимно патување низ имагинарендијалог, и внурнување во себе во потрагата по сопственатаметафизичка основа.

8. „Everything’s Ok“, 2016)
Инспириран од краткиот расказ на Соеjро Переира Гомеш (SoeiroPereira Gomes) – „Случај без особено значење“, напишан за времена диктатурата на Салазар, филмот ја раскажува приказната заборбата на сиромашниот Жоао да го спаси својот болен син.Воедно тој јасно илустрира дека и седумдесет години подоцнаистата рамнодушност и социјални диспаритети сè уште преовладуваат во Португалија.

9. „Words Fly Away“, 2017)
Духовита филмска етида во чест на „Тие кои цветаа од книгите…“, кои за многумина станаа симбол на граѓанската непослушност во Турција.

10. „Abraxas“, 2016)
Лучија живее далеку од илузијата на светот околу неа и одбива дасе интегрира. Нејзините ноќни активности се екстатички патувањакако еден вид опсесивна потрага по знаење кое ослободува.Филмот е инспириран од Седумте проповеди за мртвите (TheSeven Sermons to the Dead) на Карл Густав Јунг.

11. „Moderne Kunst“, 2017
Со својата форма, енергија и симболика, новата изложба започнува да го вознемирува „хармоничниот“ брак на Бојан. Комична приказна за брачна криза пренесена низ призмата на современата уметност.

 

[20.00] „Ужегнатост“ // Детски театарски центар

„УЖЕГНАТОСТ“, раскажува приказна за БЕЛАТА ПАЛАТА, сместена во центарот на градот, за која граѓаните не знаат која институција е сместена. Службениците кои се вработени во неа постојано носат шапки. Граѓаните не знаат дека под шапките службениците носат путер. Тие носат шапки и под нив путер на главите и кога се на своите работни места во Белата палата, и кога одат по улица, и кога по работното време ќе појдат на пијачка. А кога ќе дојдат дома, ги симнуваат шапките и путерот го оставаат во фрижидерите за да не се истопи. Однатре, Белата палата е всушност огромен фрижидер во кој службениците седат со путер на главите.

Во претставата играат: Симона Спировска Костовска, Наташа Петровиќ, Тамара Ристоска, Ненад Митевски, Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски.

Билетите се во продажба на касата на Универзална сала Скопје, секој работен ден од 12:00-20:00ч.

Цената на билетот изнесува 200 денари.

Резервација на билети на itf.faceswithoutmasks@gmail.com и на телефонскиот број: 02/3245-615 и 077/629-790.

 

[20.00] ККСК 52: Days of Heaven – „Небесните денови на Малик“ // Кино Култура

Уште една соработка во месец Април на Контра Кадар СК, овојпат со “Балканскиот Институт за Вера и Култура“, по програмата “Oxford Connections”

Гостин ќе ни биде д-р Џонатан Дејвид Брант од Универзитетот Оксфорд, оддел Теологија.
Една од темите со кои д-р Брант професионално се занимава е “Теологијата и уметностите“ – особено во книжевноста и филмот.
Заедно со него ќе го гледаме и дискутираме вториот филм на Теренс Малик – Days of Heaven, кој според некои филмски критичари е еден од најубавите филмови направени досега.
Комбинацијата на Малик од визуелна поезија и филозовски пристап градат една духовна катедрала во која не поканува да влеземе и да се восхитуваме.

Влез: Слободен

 

[20.00] Госпоѓиците од Авињон // Македонски Народен Театар

Автор: Сашо Димоски
Режисер: Ненад Витанов

Улоги:
Дора Маар ― Софиа Насевска-Трифуновска
Олга Коклова ― Искра Ветерова
Франсоаз Жило ― Гордана Ендровска
Мари-Терез Валтер ― Ана Стојановска
Ева Гуел ― Звездана Ангелоска
Ликови без важни својства ― Васил Зафирчев

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на МНТ.
Цената на билетот е 300 денари.

 

[21.00] Не се клади на Енглези // Македонски Народен Театар

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ
Режисер: Синиша Евтимов

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.

Улоги: Сашко Коцев – Паун, Оливер Митковски – Пикси, Александар Микиќ – Буле.
Повеќе информации за претставата на http://mnt.mk/pretstavi/ne-se-kladi-na-englezi
Цената на билетот е 300 денари.

 

[22.00] In The Mood: Live & Acoustic // Кино Карпош

Секој понеделник во Кино Карпош – In the mood [blues duo] Live & Acoustic.

 

[23.55] Боле // -1

ДЏ сет на Боле.

 


 

 

 

Вторник 17.4.2018

[18.00] Денови на Француска кујна // Amigos Restaurant & Bar

Денови на француска кујна во Амигос. Вкусот на француската префинетост зачинет со Tikves вината и специјално мени подготвено од Шеф Филип Чаловски.

Ладно предјадење
Гурманска салата со паткини гради и шампањ дресинг + Tikves Chardonnay Special Selection

Топло предјадење риба
Традиционална Бујабес супа со шафран, морски плодови и сос Руј + Tikves Alexandria Cuvee Rose

Главно јадење месо
Полнети пилешки гради со мус од Foie Gras и сос Перигурдин+ Tikves Bela Voda Red

Десерт
Ванила Крем Бруле + Tikves Muscat Ottonel Special Selection

Цена на мени: 1350 ден
Денови посветени и на jazz звуците на Шамба и Иво.
Резервации и информации : 071 230 – 314

 

[20.00] Bibiribi Part3 -S/S ’18 // Кафе бар Љубов

Mногу нови натпиcи за најурбаните шизики и шизици и се разбира „Лепотица“ refreshed.
Овој пат има од сите бројчиња и скоро во сите можни бои, limited edition е се нормално.

 

[20.00] Тероризам // Македонски Народен Театар

Автори: Владимир и Олег Пресњаков
Режисер: Јордан Симонов

Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
Музика: Горан Трајковски
Плакат и анимација: Срѓан Јаниќијевиќ

Играат:
Гораст Цветковски
Славиша Кајевски
Никола Ацески
Николина Кујача
Сашко Коцев
Звездана Ангеловска
Марија Новак
Александар Микиќ
Кире Ѓоревски
Александар Михајловски
Александар Ѓорѓиески
Борче Начев
Драгана Левенска

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/mk/pretstavi/terorizam

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
*Цената на билетот е 300 ден.

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[20.00] Tuesday Jazz night // Бруклински Џез Бистро

SkopjeJazzInc е бенд составен од етаблирани џез музичари, познати имиња кои се активни како на домашната, така и на меѓународната сцена. Овие џезери имаат цел да ве забавуваат со различна музичка програма, па затоа во зависност од репертоарот, секоја недела ќе настапуваат во изменет состав.

Овој вторник (17.04.2018), го слушаме нивниот единствен и различен џез, во состав: Трајче Велков – труба, Зоран Костадиновски – гитара, Горан Гешовски – бас, и Виктор Филиповски – тапани.

Резервирајте на време поради ограничени места, на: 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фејсбук профил.

 

[20.00] Солунски патрдии // Драмски Театар Скопје

Автор: Миле Попоски
Режија: Коле Ангеловски
Улоги: Пејо Мариоjцо, Марија Спиркоска, Илијеска Аџи Јанкула, Биљана Драгиќевиќ – Пројковска Секула, Маја Вељковиќ, Пановска Цанде, Зоран Љутков Сотка, Златко Митрески Фатиме, Јелена Жугиќ Пандора, Трајанка Илиева Таци Јашар Бег, Калина Наумовска Кир Таки, Гордана Ендровска Евдокија, Марија Кондовска Паца, Валдета Исмаили Чире, Душица Стојановска Блаже, Викторија Анѓушева Шабан Бег, Катерина Коцевска Марија, Катерина Шехтанска, Лаковска Цветан Берберот, Александра Павлова.

Билети: http://www.dramskiteatar.com.mk/

 

[20.00] Солун, град на духови // Кино Култура

Текст на Русомир Богдановски, инспириран од истоимената книга на Марк Мазовер, музика на Златко Ориѓански, во режија на Слободан Унковски.

Актери: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ

Хрониката „Солун, град на духови“, христијани, муслимани и евреи 1430 –1950 од светски познатиот историчар и професор, Марк Мазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија. 

Билети : 200 ден. (резервација на kinokultura2015@gmail.com)

 

[23.55] Вишко // -1

Вторнички старт со дџ сет на Вишко.

 


 

 

Среда 18.4.2018

[19.00] Промоција на „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов // Literatura.mk

Промоција на книгата „Ѕвездено дете“ и дружење со авторот и илустратор Ване Костуранов на 18 април 2018 год., со почеток во 19 часот во „Литература.мк“ на улица „Македонија“!

Краток опис на книгата:
Ѕвездан е дете кое живее меѓу ѕвездите. А кога живееш меѓу ѕвездите, животот ти е исполнет со нив. Ѕвездан е вистински мајстор за ѕвезди: ги поправа кога ќе престанат да светат, пловејќи меѓу нив со своето бротче. Исплашен од помислата некоја ѕвезда да не падне, Ѕвездан доаѓа до едно големо откритие… што понатаму ќе го одведе до нешто сосема, сосема неочекувано…

„Ѕвездено дете“ е нежна, ѕвездена приказна за желбите, стравовите, осаменоста и љубовта.

 

[20.00] Враќање во иднината #48 // Кино Карпош

48 Враќање во иднината со ДЏ сет на Боле.

 

[20.00] Homo Ludens – Разговор со Ѕвездана Ангеловска // Че

Соговорник – Ѕвездана Ангеловска – актер
Модератор – Сашо Димоски, драматург

Хомо Луденс – претставува едукативна програма на Театар Фабрика која во себе вклучува разговори, предавања и тренинзи.

 

[20.00] Кец на десетка // Македонски Народен Театар

Автор: Митко Бојаџиски
Режисер: Колективна режија
Улоги: Таткото Доксе – Александар Микиќ, Мајката Грациела – Тања Кочовска, Ќерката Ана – Нина Деан, Тоше – Ивица Димитријевиќ.

Цената на билетот е 300 ден.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[20.00] All That We Have in Common – Сè што ни е заедничко // Музеј на современата уметност – Скопје

Изложбата „Сè што ни е заедничко“ ја адресира несигурноста во контекст на различни социјални, политички и културни амбиенти, поврзани со ранливоста и егзинстенцијалната непредвидливост.
Изборот на осумнаесет уметници нè запознава со дела што даваат увид во ситуации на различни несигурни и расцепкани историски контексти, посочувајќи на можноста да се инволвираат во сегашноста, барајќи од нас ангажирано да ги преиспитаме сопствените знаења, искуства и ставови.

Куратори на проектот: Мира Гаќина и Јованка Попова
Учесници: Ана Адамовиќ (Србија), Маја Бајевиќ (Босна и Херцеговина), Жанета Вангели (Македонија), Велимир Жерновски (Македонија), Христина Иваноска (Македонија), Славица Јанешлиева (Македонија), Ѓорѓе Јовановиќ (Македонија), Шејла Камериќ (Босна и Херцеговинa), Албан Муја (Косово), Ахмет Огут (Турција), Мариа Пападимитриу (Грција), Рената Пољак (Хрватска), Анри Сала (Албанија/Франција), Флака Халити (Косово), Ибро Хасановиќ (Босна и Херцеговина), Иштван Ист Хузјан (Словенија), Јане Чаловски (Македонија), Билјана Џурџевиќ (Србија).

 

[21.00] Темпера // С26

Концертна пред промоција на новиот албум!!!

 

[23.55] Маци Стојановиќ // -1

ДЏ сет на Маци Стојановиќ.

 


 

 

 

Четврток 19.4.2018

[17.00] Sauvignon Blanc Wine Tasting // Бруклински Џез Бистро

Sauvignon Blanc е исклучително популарна винова лоза единствено одговорна за некои од најпознатите ароматични суви бели вина во светот, како што се Sancerre, Pouilly-Fumé и новиот бран на Совињон Блан и Фуме Блан надвор од Франција. Какви се македонските севињони ќе имате прилика да дознаете со винскиот експерт Звонко Херцег кој ќе ја води дегустацијата, овој четврток (19.04.2018), со почеток во 17 часот.

Вина:
Sauvignon Blanc – Winery Kuvin
Fume Blanc – Chateau Kamnik
Astraion – Dalvina Winery
Stardust – Ezimit
Classic – Popova Kula Winery

Цената на дегустација е 500 денари од лице.

Резервации на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фејсбук профил.

 

[17.00] Љубовен базар No. 29 // Кафе бар Љубов

Овој четврток подгответе се за 29тот по ред Љубовен базар и за уште една убава дружба со нашите креативци:
– CRUSH
– Природни сапуни Бела
– кожарска индустрија Horvat
– Foreground totebags
– Va Dot
– MORPHO
– Gligor Kuzmanovski
– УрбанЕра /UrbanEra/
– Anechi’s Atelier
– Elena Ristovska

 

[19.00] BBQ // МТП

MTP прави скара, а Double G & Хампас од Скопски Грув, ќе се погрижат за атмосферата!

 

[19.00] Womenpreneurs Stories s01e04 // Јавна Соба

Womenpreneurs Stories S01E04 Speakers:

Gillian Muessig, Seattle, USA:
https://www.linkedin.com/in/gillianmuessig/

Anne Kennedy, Philadelphia, USA:
https://www.linkedin.com/in/annefkennedy/

Leader & initiator Nina Nikolikj:
https://www.linkedin.com/in/nina-nikolikj/

Gillian Muessig е ко-основач на Moz и brettapproved, извршен директор на Outlines Venture Group и генерален партнер на Sybilla Мasters фонд. Три години Џилијан била дел од Техничкиот советодавен одбор на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Anne Kennedy е претседател на Outlines Venture Group, автор на Global Search Engine Marketing и коосновач на најголемиот конзорциум во светот за дигитални маркетинг компании.
Тие се дел од одбори на советници и директори во компании на четири континенти.

Заедно, овие сериски претприемачи им имаат помогнато на повеќе од 1.000 онлајн компании да започнат, да растат и да напредуваат. Во 2018 година, Ен и Џилиен го лансираа Venture Capital фондот Sybilla Masters Fund (Серија А), основан за поддршка на „еднорози во непоседливите полиња“.

Резервирајте си место: https://grouper.mk/deal/womenprenerurs-stories-scaling-us-market.

 

[19.00] Смрт во Венеција / Death in Venice // Кинотека на Македонија

Смрт во Венеција (Death in Venice / Morte a Venezia, 1971)
реж. Лукино Висконти / Luchino Visconti

Излагање на тема: ‘Смрт во Венеција’ – од Ман до Висконти – проф. д-р Александар Прокопиев
Свечено затворање на Филозофски Филмски Фестивал / Philosophical Film Festival и доделување на наградите.

 

[20.00] Самоил Радински // Кино Карпош

ДЏ сет на Самоил Радински.

 

[20.00] Атрактивната Лисица // Македонска филхармонија

Диригент: Габриел Бебешелеа (Романија)
Солист: Валентина Лисица – пијано (Украина/САД)
Програма:
С. Рахмањинов: Концерт за пијано и оркестар бр. 2
М. Мусоргски: Слики од изложба – свита (орк. Морис Равел)

 

[20.00] Партија Реми – Претпремиера // Драмски Театар Скопје

Автор: Доналд Ли Кобурн
Режија: Виолета Џолева
Костимографија: Лидија Георгиева

Улоги:
Велер Мартин / Ѓокица Лукаревски
Фонсија Дорси / Маја Вељковиќ Пановска.

Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева

 

[21.00] Metallica Tribute // Станица 26

Најголемиот европски Metallica Tribute проект доаѓа во Скопје, овој четврток во клубот Станица 26.

Цена на билет 300 ден.
Online Tickets: MkTickets

 

[21.00] Nema Labavo, Khara, High Control, KI, The Planktons // Младински Културен Центар

Концертна промоција на албумот ,,Во чие име зборите”

Khara: https://www.facebook.com/khara
High Control: www.highcontrol.bancamp.com
КI: https://www.facebook.com/kioficijalnastranica/
Planktons: https://www.facebook.com/theplanktons.mk/

Билетите можете да ги набавите на билетарницата во МКЦ или онлајн на mktickets.mk.

 

[23.55] Томи Бојаџи // -1

Стандардно четврток е ден за Томи Бојаџи, поддржано од Скопско Смут.

 

[23.59] Thursday Shake (4:20 Special) // Епицентар

На 4:20 (4:19 на полноќ) ќе се посвети внимание на оние артисти на кој секој ден им е празник (Snoop Dogg, B-Real, Wiz Khalifa, Method Man & Redman, Damian Marley), чии хитови ќе бидат презентирани од Shorty P и Irie Scratch.

 


 

 

 

Петок 20.4.2018

[16.20] Конопфест 2018 // Школка Градски Парк

Здружението за канабис и зелени политики Билка Скопје со задоволство ги поканува сите истомисленици, соборци и граѓани да земат учество во овогодинешниот Конопфест 2018 кој ќе се одржи на 20.04.2018 година под мотото „Една билка, еден живот“ на Школка во Градскиот парк, со симболичен старт од 16.20 часот.

 

[17.00] Априлско Аперитиво // Кино Карпош

Музика на винил w/ Бојан Чакра & Igor Spiroski

+ Промотивни цени на селектирана група на вина од винарија Тиквеш
+ Промотивна ценa на Jameson
+ Вкусно мезе кое ви е веќе добро познато

 

[20.00] Флуид // Кино Карпош

ДЏ сет на Флуид.

 

[21.30] Југословенка // Нано Бар

200 минути поп рок лирики отпеани од Југословенките.
200 минути поп рок лирики отпеани за Југослвенките.

„Југословенка“ е игранка која ќе се случи во петок на 20 април во „Нано Бар“ со почеток од 21:30 часот, а со која ќе оркестрира Војо Цветановски.

 

[22.00] Friday Sessions w. Filip Stefanovski // Кафе бар Љубов

Драги љубовџии и љубовџики, повторно на репетоарот на Љубов се најде алкохоличарскиот и социјален експеримент таканаречен Friday sessions, овој пат во пролетно издание и со летна тераса. За музичкиот избор повторно ќе биде задолжен Филип Стефановски.

 

[22.00] Македонски шлагери // Јавна Соба

Јавна Соба продолжува со серијата на македонски шлагери, која започна на 23ти февруари, а ќе продолжи секој петок.

Ретро Рингтонс е состав од младата генерација музичари од земјава, кои со сигурност ќе додадат и капка од современиот пристап кон музичката уметност на денешницата.

Бендот го сочинуваат:
Дина Јовановска – вокал
Симон Пеоски – гитара/вокал
Неврус Бајрам – гитара/вокал
Дарко Фотиновски – бас
Кристијан Лафазановски – тапани

Влез: Слободен

 

[23.55] (Only Vinil Tour) Maci Stojanovic + Guests // -1

Петочки со Маци Стојановиќ + гостински сетови.

 

[23.59] Tripeo // Епицентар

Tripeo [PoleGroup, Clone]
https://soundcloud.com/darko-esser

Local Support:
Dusko Janevski
https://soundcloud.com/dusko-janevski
Bodan Jamakoski
https://soundcloud.com/bodan-jamakoski

 


 

 

 

Сабота 21.4.2018

[11.00] Преплет слави 5 години // Преплет, ул. Благој Давков бр. 7А (Дебар Маало)

Преплет е приказна која се раскажува веќе 5 години. По повод 5-ти роденден на Преплет девојите издизајнираа лимитирана колекција за сите точакољубци и урбани спортисти кои знаат деновите да си ги претворат во возбуда! 🙂

Времетраење на забавата од 11:00 до 16:00.

 

[11.00] Пролетна јога во парк // Школка Градски Парк

Дојдете во сабота во парк, ќе се вежба јога во духот на пролетта!

Часот ќе биде бесплатен, отворен за луѓе од сите возрасти, соодветен и за почетници и за понапредни јогини. Потребни ви се само јога простирка или нешто на кое што ќе ви биде удобно да седите/лежите и шишенце со вода. Може да дојдете со вашите партнери, родители, деца, баби и дедовци, миленичиња или сосем сами. Може да ни се придружи секој, во било кој дел од часот.

 

[12.00] Bandix – live & acoustic // Кафе бар Љубов

Отворена цела тераса, ставени пива на ладење, пуштање сонце (не многу јако) спремање опасна плејлиста и терање претпладневни саботни ќефои. За музика одговорни се Bandix.

 

[13.00] Васо // Кино Карпош

Утрински ДЏ сет на Васо.

 

[13.00] Record Store Day #2 // Младински Културен Центар

МКЦ и AP(o)TEKA / АП(о)ТЕКА vinyl shop ве канат на второто издание на светскиот настан Record Store Day закажан за 21 април со почеток во 13 часот на платото пред МКЦ!

На програмата:
Настап на домашносветските диџеи, кои ќе пуштаат музика исклучиво на винили>>
Нора Стојановиќ (Мизар, Vermilion Deviate, Nora)
Saša Pavlović aka Fresh (Süns, Demek, Bernays Propaganda)
Zoran Ristevski aka Zoki Bejbe (наше, а светско)
+Live перформанс на Mammoth & Yashem

 

[17.30] Cactus’s 1st Birthday Party // Галерија Акантус

Cactus Design го слават нивниот прв роденден заедно со нова колекција.
Музика: DJ Flooder

 

[19.00] Премиера – „Чиста Хероина“ // Јавна Соба

Текст // Загорка Поп-Антоска Андовска
Режија // Ѓорѓи Ризески

Двајца. Брачен кревет, две наткасни, книга „Болен Дојчин и други драми“, еден стол и многу халуцинации. Убиствен мазохизам, неверојатна љубов, посесивност, болка, измачување. Драма во која преку пеколот се стигнува до љубовта. Сонот и јавето се мешаат, книгата на полицата ја диктира реалноста која се претвора во кошмар. Низ кошмарот од драмата, двајцата заглавени во спалната на поткровјето ја лечат реалноста. Каде почнува и каде завршува јавето? „Чиста Хероина“ – претстава што треба да ја видите!

Играат // Надица Петрова и Марко Илиќ
Композитор на оригинална музика // Александар Андовски
Музички соработник // Викторија Чочороска
Костим и сцена // Колективен
Продукција // Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ – ДАСТА Нетворкинг

Цената на билетот чини 200 денари.

 

[20.30] Француска вечер // Форца Ресторан

Француско еногастрономско доживување во Forza Wine Bar & Restaurant!

Мени:
Предјадење:
• Ролат од димен лосос со мус од сирење и масло од сусам, копар и кавијар.
• Микс салата со јајце од препелица, емементар кашкавал и мешана киноа.
Топло Предјадење:
• Фонду од топено сирење во лебче со чипс од говедска пршута
Главно Јадење:
• „Магрет“ – месо од патка со пире од јаболка и редуциран сок од брусница.
Десерт:
• Палачинка „Сузет“ – палачинка во сок од портокал, ликер од портокал, путер и коњак.

Мени цена по лице: 950 денари

Резервирајте со порака во инбокс или на: 02 3071 200 | 078 445 068

 

[22.00] East to West w/ Drazi Drags // Potfat MC clubhouse

Скопски грув оваа сабота на Средно Водно, Potfat MC clubhouse .

Музика: Coast to coast vibes со DJ Drazi Drags (Funky Fresh) & Dj Double G, кои ќе не движат back&forth низ тврдиот бит на истокот и финиот грув на западот.

 

[22.00] Томи Бојаџи // Кино Карпош

ДЏ сет на Томи Бојаџи.

 

[22.00] Sanat Deliorman in Skopje // Бруклински Џез Бистро

Џез концерт на Санат Делиорман.

Музика: Sanat Deliorman (vo) / Filip Dimishkovski (p) / Ivan Bejkov (b) / Viktor Filipovski (d)

 

[23.00] Red Sound District IV // Младински Културен Центар

Четврто издание на Red Sound District фестивалот! На 21-ви април, во МКЦ, звуците на Скопје и Амстердам ќе се спојат уште еднаш. Abstract Division дефинитивно треба да се слушне и доживее во Скопје! Во продолжение го имате и целосниот line up.

Line up: Abstract Division / Esh. / Florinsz Janvier / ME.N.U. / Vidinovski / Mirko Popov / Simonovski

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 1-ви март, на билетарата во МКЦ, и тоа по следниве цени:
01.03 – 01.04 / 200 ден.
01.04 – 21.04 / 250 ден.
21.04 / 300 ден.

 

[23.55] Нино Наумов и Бодан Јамакоски // -1

Оваа сабота е наменета за дџ сетови на Нино Наумов и Бодан Јамакоски.

 

[23.59] Record Store Day Special // Капан Ан

Несекојдневно винил издание на драменбејс /џангл резиденцијата Soulful Discharge, а за музичкиот дел задолжени се:

– Darko Stepic
– ogie
– HyperTech
– Tecktone

Влез 100 денари до полноќ, 150 денари после 1.

 


 

 

 

Недела 22.4.18

[20.00] Импров група „Настап“ // ФДУ

 

Игрите ги играат:

Дамјан Цветановски
Мартин Манев
Тони Денковски
Григор Јовановски
Сергеј Димовски

Андреј Цветановски – (водител)

Карти: Нема, дојдете си на време, фатете си место.

 


 

Comments

comments