Фотографија: Иван Момировски

 

 

Понеделник 16.7.2018

[16.00] Official Rangers Party // Нано Бар

Официјална забава за фудбалскиот клуб Glasgow Rangers.

 

[18.30] It’s Wine O’clock! // Дистрикт

Секој понеделник во Дистрикт бар и ресторан, 50% попуст на селектирани вина! Одлична можност за уживање во топлите летни денови. Резервирајте на 071/238-522.

 

[20.00] Гласови & Зборови // Младински Културен Центар

Повеќегодишниот изложбен проект на Ката Мијатовиќ и Зоран Павелиќ, „Гласови & Зборови“, се базира на структурирање изложби од проектите на мултимедијалните дела на двајцата уметници во кои е важен содржинскиот елемент на употребата на текстот, звукот и гласот. Иако повеќето дела што се користат во изложбениот концепт се изведени во медиуми што вклучуваат и визуелна компонента (објекти, инсталации, фотографии, видео или перформанс), основниот пренос на идејата во одбраните дела на двајцата уметници се одвива со посредство на текстот/звукот/гласот.

Изложбениот проект Гласови & Зборови е започнат во 2013, а досега е реализиран на следните локации: I.A.M. Institute, Берлин, 2013; Галерија Флора, Дубровник, 2013; Галерија Ружиќ, Славонски брод, 2014; Art Quartier, Будимпешта, 2015; Michaela Stock Gallery, Виена, 2017; Градска галерија Лабин, Лабин, 2018.

20:00 // Галерија МКЦ

 

[21.00] Импров Група Настап // Public Room

Импров Група „Настап” во Јавна Соба

Драги љубители на добрата забава, повелете на следниот Настап на отворено. Влезот е бесплатен, со донации во шапка. Местата се ограничени.

Игрите ги играат:
Дамјан Цветановски
Мартин Манев
Тони Денковски
Григор Јовановски
Сергеј Димовски

Водител:
Андреј Цветановски

Доколку дојдете порано за да си фатитe место, сетете се, коктелите се 100 ден.

 

[00.00] Havana Mondays со Bionda // Летна Хавана

После одличната дружба минатиот понеделник, и овој пат ќе има средба со бендот Bionda. Тоа значи дека и ова отворање на неделата ќе помине со слушање на многу поп-рок хитови, а стандардно сите пијачки на 50%.

 


 

 

 

Вторник 17.7.2018

[21.00] Këpurdhat LIVE // Пивница Стар Град

Këpurdhat.

 

[00.00] Шизи во вторник со SureShotz // Летна Хавана

Ново шизење овој вторник во Havana Summer Club. И овој пат на репертоарот се Shorty P и Irie Scratch со многу hip-hop, r`n`b и funk, а како по обичаj пијачките се на 50%.

 


 

 

 

Среда 18.7.2018

[19.00] Robotek & Vaso // Епицентар

Забава со Robotek & DJ Vaso, старт во 19:00!
hosted by: Bodan Jamakoski

Кога зборуваме за автентична, модерна македонска електронска музика, зборуваме за Robotek. Тој е дефинитивно оној кој е најнапреден, и во техничка и духовна употреба на машините кои создаваат звук.

DJ Vaso расте под влијаниа на многу различни музички жанрови, но најголемиот пресврт се случува кога го запознава Pass-N-G-R и Тевдо, инспириран од нивната музика и house станува стил на кој што тој му се посветува. Меѓутоа, со оглед на тоа што музиката се менува, неговите сетови се повеќе беа исполнети со Minimal и Tech House траки.

 


 

 

 

Четврток 19.7.2018

[17.00] Thursday Burger Night // Дистрикт

Нов додаток во бургер менито на Дистрикт! 3 мини бургери по цена од 160 ден. Секој четврток во Дистрикт бар и ресторан, дојдете и пробајте ги највкусните бургери во градот и изберете еден од 5те домашни премиум бургери или 3 мини бургери! Резервирајте на 071 238 522.

 

[19.30] Мама Миа! Ladies Night // Синеплекс

Второ продолжение на еден од најуспешните мјузикли во последната деценија!
Бидете подготвени за многу пеење, танцување и многу изненадувања. Билетите се пуштени во продажба.

 

[21.00] DJ Goce // Chillin’ bar

Нема потреба од покана! DJ Гоце, овој четврток во Чилин со добар хип-хоп!

 

[21.00] Изложба на фотографии // Public Room

X+Y+X: претставува групна изложбена поставка на концептуалнa фотографија oд учесниците на програмата „Курс по фотографија“ – група XIV • 54 фотографии • 18 автори.

 

[21.00] Филмска Вечерна Дружба: Източни пиеси // Социјален Центар Дуња

ЕКВАЛИС во соработка People to People International – PTPI Skopje, Macedonia Community Chapter ве кани на филмска вечер. Филмот „Източни пиеси (Eastern Plays)“ на режисерот Камен Калев. Филмот ќе биде проектиран како замисла за дружба и дискусија со стажант од Софија, Божо Колов.

Проекцијата на филмот ќе се одржи во на 19 јуни (четврток) во 21 часот во Социјален центар Дуња.

За филмот:

„Източни пиеси (Eastern Plays)“ e приказна за двајца отуѓени браќа, Христо или Ицо, резбар од дрво, кој се бори со зависноста од метадон и Георги, средношколец кој е приклучен на нео-нацистичка банда. Централната точка на филмот е етнички мотивиран напад на неонацистичката банда на Георги на едно турско семејство (вклучувајќи ја и прекрасната ќерка Ишил) од Истанбул, кое ја поминува ноќта во Софија на пат кон Германија. Во неговите чувства за развој за Ишил, Ицо гледа надеж за позитивна промена во неговата судбина, додека дејствата на Георгиј и помошта на неговиот брат го натераа да ја доведе во прашање неговата филозофија и да го преиспита својот поглед кон животот.

 

[21.30] Лаганица со In The Mood // Fourplay

Акустичен блуз со момците од In The Mood.

 

[23.59] Узун Баба // Сектор

ДЏ сет Узун Баба овој четврток во Сектор.

 

[23.59] Thursday Shake // Епицентар

Shorty P и Irie Scratch повторно се позади грамофоните, на нова Thursday Shake забава во клубот Epicentar.

 


 

 

 

Петок 20.7.2018

[17.00] Friday Happy Hour // Дистрикт

Секој петок happy hour во Дистрикт бар и ресторан! Од 17-20 часот, со секој купен коктел вториот го добивате гратис! Резервирајте на 071 238 522.

 

[22.00] Синдикална игранка со Гејм Овер // Синдикат

Синдикална игранка со другарот Гејм Овер, со нови хаус музики од неговата гаража.

 

[23.59] Alex ACID и Sasho Uzun // Сектор

Саботно ДЏ сет Alex ACID и Sasho Uzun.

 


 

 

 

Сабота 21.7.2018

[13.00] Skopsko Situacija – Dj Goce // Баду бар

Скопско ситуација
Dj Goce 21.07-13:00
Badu Bar

 

[21.00] Промоција на збирка „Бајките се за секого“ и забава // Pasteur- Coffee & Music Laboratory

„Бајките се за секого“ е збирка на креирани ново стари бајки, кои ги прераскажуваат старите теми на нов начин.

Настанот ќе го отвори директорката на Хелсиншкиот Комитет за човекови права г-ѓа Уранија Привоска, а од Македонија на дискусијата ќе зборуваат учесниците Лени Фрчкоска и Кристијан Стефановски, од Босна и Херцеговина доаѓа Далила Жига, од Црна Гора Николета Бојаниќ, а од Хрватска Анџела Биркиќ. Промоцијата и дискусијата ќе ја води поетесата Калиа Димитрова.

 

[21.00] We. Love. Cocktails! // Јавна Соба

По успешниот прв дејт, отворена покана да дојдете по втор пат, пред одмори да ги загреете нозете со танц на нејзините извонредни миксови.

За ладење порачај си коктел по цена од 100 денари.

 

[23.59] Alex ACID и Soulcase // Сектор

ДЏ сет Alex ACID и Soulcase.

 


 

 

 

Недела 22.7.2018

[05.30] Врв 1/12: Плавник на Даутица – Мокра (2126 мнв) – Повторување // Даутица

Во жешките летни денови на златестиот месец јули одиме на ПОВТОРУВАЊЕ на искачувањето на првиот планински врв од оваа сезона: врвот ПЛАВНИК на планината Даутица на главното било на Мокра – најголемиот по површина планински масив на територијата на Република Македонија.

Тура 1: Парадиште – ПЛАВНИК – Нежилово

Опис на патеката: Започнуваме од познатото мијачко село Папрадиште и се движиме по гребенот Куртовица од каде досегнуваме до главниот срт и ги искачуваме двата врвови високи 2126 и 2119 метри сместени веднаш над изворите Плавник и самата истоимена падина која во доцна пролет сета е сина и поплавена од јорговани. Се движиме по патеката на Централната Илинденска трансверзала и продолжуваме до Чеплес, од каде (доколку е суво и не е влажен теренот) достигнуваме до изворите на реката Бабуна, чии прекрасни водопади го одземаат здивот, по што завршуваме во Нежилово.
Должина на патеката: 18 км
Вкупно времетраење: 8 часа
Тежина на акцијата: среднo – тешка.

Тура 2: Папрадиште – Чеплес & Извори на Бабуна – Нежилово
Опис на патеката: Започнуваме до познатото мијачко село Папрадиште и одиме по обележаната планинарска патека до планинарскиот дом „Чеплес“ на 1421 м.н.в. од каде потоа низ многу густа шума по обележана патека се навлегува до изворите на реката Бабуна со волшебно прекрасниот водопад. Се враќа по обележана патека до селото Нежилово
Должина на патеката: 12 км
Вкупно времетраење: 5 часа
Тежина на акцијата: средно – лесна.

Временски услови: сончево и ведро време со температура до 28 степени (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Nezilovo/long.html)
Задолжително носење на 2 литри вода и препорачливо носење и употреба на планинарски стапчиња, крема за сончање, капа и очила за сонце.

Поаѓање од Скопје: 05:30 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Пријавување и купување карти најдоцна до 20.07 во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот и состаноци во четврток од 19:30, Марио Шаревски – 071 216 066, Верица Тодоровска – 070 342 787 и Лимонка Тасева – 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате)..

Цена на превоз 600 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

 

[05.30] Зборува Скопје // Град Скопје

„Зборува Скопје“ во четири дена ќе ја обедини ликовна, театарска, филмската и мултимедијална уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата.

Со дваесетина културни настани на неколку локации, Град Скопје ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

 

 

Четврток 19.7.2018

[10.00] Beach Film Festival // Плажа Оревче

Гледање филмови на плажа + забава до изгрејсонце = Beach Film Festival.

Од 19 до 22 јули оваа година ќе се одржи првото издание на фестивалот на нов европски филм – „Бич филм фестивал“ на кој проекциите на филмовите ќе се одржуваат на плажа.

За изборот на најдобар филм ќе биде задолжено стручно жири составено од докажани имиња од филмската индустрија: Јелена Јованова, Марјан Алчевски, Весна Дамчевска. Преку ден ќе има работилници за деца и млади, работилници за актерска игра, филмска едукација и креативен документарен филм.

На крајот од дневните фестивалски активности и вечерните филмски проекции, секоја вечер, на полноќ, на плажата „Оревче“ ќе има забавна програма со концерти и настапи на домашни и интернационални бендови и изведувачи која ќе трае до изгрејсонце.

Цената на билетите изнесува 150 денари. Истите можат да се купат на влезот од плажата „Оревче“.

 


 

 

 

Сабота 22.7.2018

[23.30] Beach Film Festival // Плажа Оревче

Sajsi MC, српската хип-хоп/треш дива, ќе настапи на првото издание на Beach Film Festival на плажата Оревче, Охрид.

Sajsi MC, новата треш/поп балканска кралица. Нејзиниот настап е резултат на колаборацијата помеѓу „Beach film festival“ и Блендер, фестивалот за децентрализирана култура, кој се труди да ги поттикне и поддржи индивидуалците и организациите во промовирањето на културата и уметноста во балканските мултиетнички општества, меѓу кои и Македонија.

Влез: 150 денари.

Comments

comments