Понеделник 17.10.2016

[10.00] И јас сакам да имам живот како другите // Кино Култура

По повод 17 октомври, Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата организираме Конференција на тема Инклузија:

„И јас сакам да имам живот како другите!“

Ова претставува единствена прилика да се слушнат изворно гласовите на лицата кои ги живеат проблемите поврзани со сиромаштијата и да им се обратат директно на креаторите на политиките.

 

[19.00] Омаж за Дилан – поет, гласник на промени, нобеловец // Public room

Вчера Дилан се закити и со Нобеловата награда за книжевност. Иако и за тоа немаше никакви претензии. Сево ова јасно говори за фактот дека и јавноста и критичарите кои доаѓаат во допир со неговото творештво се чувствуваат автентично вдахновени, длабоко трогнати, како и дека неговите стихови одѕвонуваат во срцето на слушателот уште долго откако ќе стивне звукот на гитарата.

На настанот ќе имате можност да го слушнете професорот Ферид Мухиќ и неговото учено обраќање посветено на лауреатот, додека за разните аспекти на Дилановиот живот и творештво ќе говорат и Елизабета Шелева, Ѕвездан Георгиевск, Дарко Лешоски и Сашо Гигов-Гиш. Во програмата е предвидено и читање на извадоци од „Хрониките“, односно автобиографијата на авторот, визионерски објавена од Издавачкиот центар ТРИ уште во 2010, проследено со дискусија. Веднаш потоа публиката ќе има можност да слушне и изведби во живо на некои од Дилановите клучни песни и да погледне инсерти од неколку документарни филмови посветени на него.

 

[20.00] Контра Кадар СК 27 – Blade Runner – Што е тоа што нè прави луѓе?  // Кино Култура

За 27то издание на Контра Кадар го избравме култниот сај фај филм “Blade Runner” и тема за дискусија ќе биде „ Што е тоа што нè прави луѓе?“.

Гостин за дискусијата – Марјан Болтевски, водител на радио емисијата „Поларис“.

Понеделник од осум саат во Кино Култура и влезот, како секогаш, е бесплатен.

 

[21.00] Неделна програма // Рок Кафана Рустикана 2.0

*Понеделник – Happy Monday со Наталија за среќен почеток на неделата 🙂 Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. In The Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 6 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Јован и Ташко во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.
R’n’R 101 со Ringroad. Класисична рок едукација со старт после 21:30.

*Сабота – Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период.
Кума и Црни за стандардно добра саботна забава со старт после 21:30

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

 

[21.00] ЕХО Фестивал на планински филм 2016  // Кино Милениум

Почитувани,

7мо издание на ЕХО Фестивалот на планински филм. Повторно ќе се дружиме во 4ри фестивалски денови од 17ти Oктомври (понеделник) до 20ти Oктомври (четврток).
За оваа година почестени сме со најсилна програма досега.
Имаме повторно проекции во три кино сали, кино Милениум, кино Фросина и Џепното кино во МКЦ. За време на фестивалот ќе бидат проектирани 50тина филмови од кои три македонски.
Оваа година ќе има 9 меѓународни гости/презентери и тоа од Финска, Словенија, Украина, Полска и Бугарија и неколку локални гости и презентации како и изложба на фотографии.
Фестивалот оваа година ќе издаде две нови книги и тоа „Седмата оцена” од Рајнолд Меснер и „Метафизика на врвот” од Ферид Мухиќ.
И оваа година имаше конкурси за најдобра планинска фотографија и најдобро кратко видео, беа примени многу инспиративни апликации од кои најдобрите ќе бидат изложени за време на фестивалот.

Програмата ја имате на фејсбук линкот.

 

[23.59] Alcos Saloon  // Клуб Маракана

Alcos Saloon
Виктор Танасковски – гитара, вокал
Марко Василевски – бас
Дамјан Даневски – тапани

 


 

 

 

Вторник 18.10.2016

[20.00] Турандот – Џакомо Пучини // МОБ

Турандот е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони. Текстот се базира на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата Турандот од Карло Гоци.

Диригент: Бисера Чадловска
Режисер / Сценограф / Костимограф: Џанкарло дел Монако (Италија)
Светло дизајн: Волфганг фон Цубек (Австрија)
Асс. Режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Асс. Хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреј Наунов
Испициенти: Мирче Стојчевски, ЉупчоПолизов, Драган Костадиновиќ
Суфлери: Павлина Здравкова, Светлана Георгиева

Настапуваат:

Турандот: Весна Ѓиновска-Илкова
Калаф: Ѓорги Цуцковски
Лиу: Сандра Митровска
Тимур: Игор Дурловски
Пинг: Кристијан Антовски
Панг: Дарко Нешовски
Понг: Дејан Стоев
Мандарин: Славчо Димовски
Алтоум: Маријан Николовски
Принцот од Персиjа: Дарко Нешовски
Џелат: Тихомир Јакимовски

 

[20.00] Не се клади на енглези // МНТ

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ
Режисер: Синиша Евтимов

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот.

Играат:
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak)
Костимограф: Ана Данчевска
Превод: Александар Микиќ
Светло – мајстор: Владо Ќулавковски
Тон – мајстор: Ненад Трпеновски
Инспициент: Никола Кимовски
Фотограф: Драган Гајиќ

Цена на билетот: 300 денари

 

[20.00] If you love spanish tapas // Public Room

Уште едно кулинарско уживање во Јавна Соба, овој пат со шпански тапас!

Храната ќе ја приготвуваат двајца кувари кои ни доаѓаат од ресторанотOLE TAPAS во Англија!

Цена: 900 ден. по лице
Побарајте ги своите билети во Јавна Соба и на contact@publicroom.org!

 


 

 

 

Среда 19.10.2016

[20.00] Антигона и Креонт // Кино Култура

Според Антигона на Софокле, Антигона на Жан Ануј и Креонтовата Антигона на Миро Гавран

Адаптација Нела Витошевиќ и Ивана Нелковска
Режија: Нела Витошевиќ
Играат: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Зоран Љутков, Благој Веселинов и Стефан Вујисиќ
Сценографија: Васил Христов
Костимографија: Розе Трајчевска
Избор на музика: Нела Витошевиќ и Васил Христов
Мајстор на звук: Виктор Андоновски
Дизајн на плакат: Филип Унковски
Датум на изведба: 19.10.2016
Место: Кино Култура
Почеток: 20:00 часот
Цена на карта: 250 ден.
Карти може да се набават онлајн преку продажната мрежа на купикартизасе или во продажните места на купи карти за се http://www.kupikartizase.com/Events/antigona_i_kreont_19_10
За претставата:

 


 

 

 

Четврток 20.10.2016

[20.00] Изложба на Марија Конеска – I’m fine // Концепт 37

Повеќе инфо наскоро.

 

[21.00] Men’s Night | „Џек Ричер: Нема враќање“ // Cineplexx Скопје

Одличен филм, забава и супер изненадувања за припадниците на посилниот пол!

Нема предавање. Нема откажување. Нема враќање!

 

[21.00] Четврток во Јавна Соба // Public Room

И овој четврток Nina & 2Exit во Јавна Соба!

Ова се петте дечки кои ќе ви ја разубават вечерта со својот настап: Нина Јанева- вокал, Александар Никодиновски- клавијатура, Драги Костовски- гитара, Маријан Петровски- бас и Бојан Јовановски- тапан. Резервации на: 02 6092650 или contact@publicroom.org.

 

[21.00] ЧЕтврток со Бојан Чакра // Кафе Бар ЧЕ

ЧЕтврточки со Бојан Чакра во магична атмосфера и исполнети музички сетила 🙂

 

[23.45] DJ Iron – Dj Chvare – Скопска ситуација // С26

Скопска Ситација со
DJ IRON [RS] & DJ CHVARE

 

 


 

 

 

Петок 21.10.2016

[16.00] Lucky Friday // Public Room

Tikves Special Selection, Brzanov, Popov – 2 шишиња или 2 чаши наливно вино, по цена за едно!

Надополнети со вкусна храна, пријатна тераса, боса нова џез… за опуштено дружење после напорна работна недела!

 

[19.30] Свечено отворање на 4то издание на Џифони Македонија // Кино Милениум

Свеченото отворање на фестивалот ќе се случи во кино Милениум на 21ви Октомври со почеток во 19.30 часот на кое присутните ќе имаат можност да го гледаат италијанскиот филм “Италијанска трка “ во режија на Матео Ровере.
По филмот ќе следи коктел во фоајето на кино Милениум.

**СЕКОЈ од вас треба да си резервира билети за отворањето (учесници, родители, гости).
**Резервација на билети се прави на: contact@giffoni.mk (Најмногу ДВЕ влезници за секоја резервација со име и презиме)
**Сите учесници на фестивалот во резервцијата на мејлот да наведат дека се жири и категорија.
**Сите ќе добиете потврден мејл од наша страна за вашите резервирани билети. Резервациите ќе траат до целосно пополнување на капацитетот на салата.

 

[20.00] Иднината е меѓу твоите нозе // Кино Фросина

Иднината е меѓу твоите нозе – Сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видео во Југославија

Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ има огромно задоволство да ве покани на фестивалот кој се посветува на сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видеото во екс Југославија.

Програмата ја имате на фесјбук линкот.

 

[21.00] Filip Stefanovski @Vynil.co // Винил

Филип Стефановски повторно во Винил. Музика за петочко шизење.

Во соработка со Тиквеш ќе има ценовни промоции на нивните вина.

Покрај винце на промоција, на трпезата ќе биде сервиранo строга селекција на диско, хаус, афро и фанк… музика за кукче и рамо 🙂

 


 

 

 

Сабота 22.10.2016

[20.00] Милко-роденденски концерт // Винил

Убава Музика од градот – „Милко“ слават 10ти роденден!

Во една саботна октомвриска ноќ, главната раскрсница на Партизанска, не води на јубилејна прослава на бендот Милко/Millko во кафе барот Винил / Vinyl во Скопје! Скопското „дете“ своите десет години постоење и градење на македонската независна сцена се одлучи да ги спакува со концерт за својата публика и на тој начин да го прослави својот роденден.

 

[21.30] DJ set на Lazy Face (Sofia, BG) // Concept37

Реге вибрации со Selector Lazy Face во C37.

 

[22.00] Сабота во Јавна Соба // Public Room

“Се што знаете за Autmind е погрешно. Да беше обратното, немаше да го читате ова во моментов.. Да беше обратното, веќе ќе се тркалавте низ музичко рафиниран универзум што се проширува како умот. Нанадвор. Сепак, соничната тангента наречена Autmind води токму низ тие две точки на свеста : среден прст и групна гушка во исто време..”

На 22ри ќе бидат надополнети со “Видеорама” на Александар Фpиц Јанкович.

Дојди, слушни, види… Каде ќе те одведат ТЕБЕ?

 

[22.00] ∆|Tr-Native State  // Nano Bar

Alter-Native state with Boban

 


 

 

 

Недела 23.10.2016

[12.00] Продажба и размена на плочи // Concept37

Продажба и размена на плочи во C37. Од 12.00 до 16.00.

 

[23.59] Ехо Од Далечното Минато #11 во Капан Ан // Капан Ан

Недела 23.10.16 (спрема неработен понеделник) во Капан Ан.
Повеќе инфо следува наскоро…

 

 

Comments

comments