Понеделник 19.12.2016

[21.00] Неделна програма // Рок Кафана Рустикана 2.0

*Понеделник – Камбек на New Indigo во 2.0 и еден малку по Jazzy понеделник. Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. In The Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 6 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Јован и Ташко во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.
Класичен рокенрол со Ringroad со старт после 21:30

*Сабота – Македонски евергрини со Lili Chilli од 14:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период. R’n’R 101 со Ringroad. Кума и Црни акустично со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

 

[21.00] Да го поздравиш и да ми го бациш // МКЦ

Последна изведба за оваа година.

Улоги – Бојан Кирковски, Симона Спировска, Ненад Митевски и Наташа Петровиќ
Режија – Билјана Радиноска

 


 

 

 

Вторник 20.12.2016

[11.00] Зимски фестивал на книгата // Книжарница Три

Празнична магија во ТРИ

Денес во книжарниците на ТРИ започна Зимскиот фестивал на книгата, кој веќе десет години ја носи најквалитетната книжевна понуда во овој празничен период!
Мотивот на годишниов фестивал е магијата на читањето – магија што се крие во книгите што ги објавуваме, меѓу нивните страници, ликови и места што нè носат на незаборавни патувања.

 

[18.00] Предновогодишен базар // Концепт 37

Драги луѓенца,

Концепт 37 ве поканува на Предновогодишен базар на кој ќе може да ги најдете совршените подароци за празниците. За кој се ќе учествува погоре во линкот.

 

[20.00] Вино и чалгија // Подрум

Во винскиот бар „Подрум“ во вторник (20 декември), со почеток во 20 часот, ќе настапи еден од ретките чалгиски оркестри кои се активни во Македонија, оркестарот „Ориент Чалгија“.

Нудиме совршено уживање изродено од хармонијата на богатите вкусови на виното, мезето и чалгиската музика.

 

[20.00] Премиера Тартиф // МНТ

Автор: Жан Батист Молиер
Режисер: Галин Стоев

Улоги:
Тартиф – Драган Спасов
Оргон – Ѓорѓи Јолевски
Елмира – Даница Георгиевска
Клеант – Владимир Јачев
Дорина- Тања Кочовска
Марјана – Дарја Ризова
Дамис – Оливер Митковски
Госпоѓа Пернел – Катина Иванова
Валер – Никола Ацески
Господин Лојал –Александар Микиќ/Томе Витанов
Лоран и Полицаецот – Кире Ѓоревски
Флипот-Тања Ивановска
Слуги/Агенти:
Слободан Илиоски
Никица Јанковски
Антонио Китановски
Андреј Лалчевски
Филип Миленкоски
Kристијан Саздовски
Харис Салкоски
Матеј Стојковски

 

[20.00] Leb i Sol Symphony – Проштален концерт // МОБ

Проштален концерт на Leb i Sol Symphony во МОБ.

 

[21.00] WannaBeez // Ракија Бар Калдрма

Вторнички цени на пиво: Даб 0.5 90 денари и Туборг 100 денари + одлична музика.

 


 

 

 

Среда 21.12.2016

[20.00] Гаргара со вино за топла зима // Децата од нашата улица

Издавачката куќа „Антолог“ со големо задоволство ја најавува промоцијата на второто издание на романот Гаргара од Игор Станојоски во кафулето „Децата од нашата улица“.  За вистинско стоплување на почетокот на зимата виното и романот на промоцијата ќе се продаваат по намалена цена.

 

[20.00] Отварање на изложбата “Les yeux de la mama” // Wonderlust Bistro & Bar

На 21.12.2016 (Среда) во концептуалната продавница Wonderlust ќе се одржи отварањето на изложбата
“Les yeux de la mama” од Крсте Анастас Глигорјадис и Христина Тарабунова на која ќе бидат претставени нови и симболички дела.
Авторите превземаат методи и средства во усовршување на својот идеен концепт; сеопфатна анализа на емоционалната интелигенција на луѓето,каде што се преминува кон тродимензионална платформа.
Извор на инспирација на изложбата се очите како портал на чистота,немир и безусловна љубов.

 

[21.00] Food design & service // Public Room

Јавна соба и Боттега Евенти ве покануваат на малку поинаква изложба!
Дизајн на храна и услуга, модуларни светлечки предмети, мебел и аксесоари на кои се сервира храна со стил.

Уживање надополнето со дј сет на Ивана Низамовска, за задоволување на сите сетила.

 

[21.00] Музичка Програма 21-25 декември  // Кантина

21 Среда – Zarkoteach (House Session) 21:00-00:00ч
22 Четврток – DJ LephonQ (Funk) 21:00-00:00ч
23 Петок – Two Cool Cats (Jazz,Rock&Roll) 18:00-01:00ч
24 Сабота – Duev & Co. (Live Jazz Jam) 21:30-01:00ч
25 Недела – Dime & Nikola (Live Jazz) 21:00-00:00ч

 

[22.00] Сите заедно за Влатко // VOX Night Club

Ајде заедно да е журкаме и да помагаме. Влатко боледува од канцер на бубрегот и потребни му се финансиски средства со кои ќе може да си купи лекови за да си ја подобри неговата состојба. Со секоја купена карта донирате по 100 денари.

Задолжени за журка се:
Dj Slave
Dj Mogli
Dj Goce Saf i
Dj Tactical Number

Цената на билетот е 100 денари

 


 

 

 

Четврток 22.12.2016

[16.30] VoiceUp // Public Room

На 22ри декември (четврток) со почеток во 16.30 часот во Центарот за дизајн и иновации – ЈАВНА СОБА, проектот VoiceUp ќе одржи еднодневна средба во вид на пренос на знаење, на која учесниците ќе имаат можност да се стекнат со алатки за промоција на сопствените идеи преточени во аудио, визуелни и аудио-визуелни содржини преку социјалните медиуми.

Апликацијата за учесници е сè уште отворена на следниов линк – https://docs.google.com/forms/d/1uwBhY2CpT3CEJy6JbqeR_mC9Q0YzY_PEEMTJvEmN8-I/.

 

[19.00] Промоција на „Сиво сјаат вселените“ од Стефан Марковски // Дом на култура „Кочо Рацин” – Скопје

На 22 декември (четврток) во 19 часот во реновираниот простор на сутеренот на Домот на градежниците (спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“, поранешна дискотека „Хавана“) ќе се оддржи промоцијата на четвртата по ред поетска збирка на Стефан Марковски – „Сиво сјаат вселените“.

Стихозбирката со која овој автор ја доби наградата „Бели мугри“ за 2016-та, признание кое го доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје за најдобра необјавена поетска книга од автор до 35-годишна возраст има 85 страници, а дизајнот на корицата е на Ерина Поплавска.

 

[20.00] ОСТЕН Биенале на цртеж Скопје 2016  // Чифте Амам

Централниот настан – изложба и доделување на награди и признанија – ќе се одржи на 22 декември 2016 во Чифте Амам co почеток во 20 часот. На настанот ќе присуствуваат дел од наградените уметници (Јапонија, Франција, Израел, Литванија, Грција и Србија), а ќе бидат изложени дела на 270-те автори кои беа селектирани од интернационалното жири и се најдоа во каталогот чија што промоција ќе ја круниса вечерта.

 

[20.00] Retro Wine Night // Цреша Бар

Осмо продолжени на серијалот „Retro Wine Night”. Стандардно ретро музика + бонус стаза со две нарачани (греано/наливно/0.187 или флаша 0.7) следуваат гратис мини бурита.

 

[20.00] Изложба // ФЛУКС Галерија

Ангел Миов
„ Кога нема факти – остануваат само зборови.“

01. 09.05.2015
02. Венеција
03. Венециско биенале
04. Вино
05. Ќесе
06. Шапка
07. Пица завиткана во алуминиумска фолија
08. Ај-пад…

Борче Богоевски
„Езотера Естетик
Еден човек и две очи.
Едното е земско, а другото, духовно…

Гоце Јанкуловски
„Нештата, сами по себе, не се фасцинантни ‒ фасцинирачко е нивното набљудување…

 

[20.00] „Годината на Свињата” | Концерт на Зад Аголот // МКЦ

До сите рап глави, почитувачи, слушатели, обожаватели, поддржувачи, фанови, пријатели, другари, другарки и сите оние кои некако ќе се пронајдат помеѓу горенаведените!

Пoсле 3 гoдини пoминaти oд првиoт самостоен кoнцерт на Зад Аголот во МКЦ, време е за концерт и промоција на новиот албум. Нa oвoј настан ќе биде претстaвено најдоброто од Зад Аголот, материјал од овогодинешниот албум “Зад Шпиунката”, како и веќе вам добро познатиот Чувај го вистинко Волу.1″ кои во комбинација со други проекти снимани во Зад Аголот, дел од кои никогаш не биле јавно објавени, ќе се погрижат повторно да се почуствувате како на “Рандеву”.

Гости:
DJ Noki Nole и Тибор од Загреб, Хрватска
5O’Clock од Софија, Бугарија
Kup De Gras од Скопје, Македонија

Карти можат да се купат по симболична цена од 200 денaри! (нa 22ри нa врaтa 250 денари)

 

[21.30] Четврток во Јавна Соба  // Public Room

Rock музика, одлични вокали и многу позитивна енергија!
На 15ти шизиме со Контраплан

Резервирајте на 02 6092650, [email protected] или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/chetvrtok-vo-javna-soba-5oEyU

 


 

 

 

Петок 23.12.2016

[16.00] Lucky Friday  // Public Room

Квалитетно вино, вкусно мезе, опуштено дружење, интимни муабети, боса нова звуци ~

Вашата омилена сорта вино од Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%.

 

[20.00] Short Fuse Hero – Промоција на албум “Back To Basics” // Кафе Браво

Во петок ќе се случува промоција на албумот насловен “Back To Basics” од хардкор тимот Short Fuse Hero, кој што веќе една година е активен на подземната сцена. Промоцијата ќе биде на домашен терен, во македонското CBGB, на местото каде што одиме кога треба да направиме погрешна животна одлука или ни треба инспирација и мотивација за било што во животот. Албумот ќе се продава по цена од 150 ден.

 

[21.00] Retro Wine Night // Цреша Бар

Rock & Roll Coaster со ДЏ Вера Јанковиќ.

 

[21.00] Game Over x Lans // Ракија Бар Калдрма

Ланс на времето знаеше да сврти плочи заедно со Game Over. Не се ни сеќаваме кога сме ги слушале последен пат заедно па затоа овој петок ќе бидеме сведоци на грб до грб сесија.

Ќе има засилени звуци и нормално многу ракија. Бујрум!

 

[21.00] Концерт на Репетитор, Палиндром и Игралом // MKC

РЕПЕТИТОР ВО МКЦ!
Доколку сте хардкор фан, сигурно веќе и знаете за концертов, бидејќи Репетитор веќе го објавија скопскиот концерт. Значи, 23 декември, 21:00 во МКЦ Скопје ги пречекуваме РЕ ПЕ ТИ ТОР!

Штотуку го издадоа својот трет албум, насловен „Gde ćeš“, кој беше најавен со ударниот сингл „Бескрај“ веќе кон крајот на минатата година.

Карта: 200 денари, а на ден на концертот 300 денари

 

[22.00] Showroom: Zing Project // Public Room

Showroom e отворена музичка програма во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската џез сцена, која има за цел да го претстави домашниот музички потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.

Шоуто на 23. декември ќе ни го приредат Иван Петровски-гитара, Горан Гешовски- бас, Александар Ванчовски- тапани.

Вечер на contemporary, fusion jazz!

 

[23.00] Louie Vega // С26

Louie Vega [ Vega Records / Dance Ritual ]
Alek Soltirov

Билети во предпродажба од понеделник по цена од 400ден. во Излет Кафе, Кино Карпош и Радио Бар. На врата 500ден.

 


 

 

 

Сабота 24.12.2016

[10.00] Новогодишен Базар „Подари Среќа“ // Ул. Македонија

Под покровителство на Град Скопје, а во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“ и оваа година се подготвува интересна содржина за жителите на градот, по која ќе ја запомнат 2016та година. Од 24ти декември се отвора портата на Новогодишниот базар на улица „Македонија“ во Скопје. Базарот кој ќе трае 8 дена со себе ќе ја донесе новогодишната магија во главниот град.

Детална програма на линкот погоре.

 

[12.00] Матине // Музеј на современа уметност

Во сабота на 24 декмври 2016год. ќе ни направите огромна чест ако бидете повторно дел од нашето матине со кое сакаме да ја испратиме 2016-та, која за нас беше многу успешна. Како главен настан на денот е отворањето на галеријата на катот која подолго време беше затворена за љубителите на уметноста со новата поставка насловена: Кон новите пунктови

Потоа следи новогодишното матине со тема: Големиот Гетсби.

На ова матине покрај вкусните вина и топлите чаеви, ќе имаме можност да уживаме во изборот на музика на пријателите на уметноста: Бојан Чакра, Игор Спироски и Владимир Лазороски, за кое сме им особено благодарни.

 

[14.00] Предновогодишен Board Game Day! // Гоблин Друштвени Игри

Другари и другарки!

Ќе се случи предновогодишна дружба и играние на светите нешта во животот – друштвените игри! Местото се знае – Гоблин во Буњаковец, на 24-ти декември од 14:00 до колку ќе држат нозе.

Како и секогаш, BYOG (bring your own game) ако ептен ви се игра нешто ваше или стандард ќе има нешто наоколу за играње. 🙂

 

[19.00] Под земја полесно се дише #4 // Подземните гаражи кај плочник, позади соборна

Независен фестивал за експлоатација на идејата за журка, свирка, изложба, перформанс, проекции и сл. Шеесетина автори, од земјава и странство, во организација на Бивша Кула или Кула Колектив, се тука за вас, ненамерно на денот на Крисмас (24.12)!

 

[21.00] Промоција на „Spit On Trust And Reliance” // Кафе Браво

SOUTHERN DISCOMFORT
Mакедонски Metal – Power Groove бенд од Скопје. Идејата за оформувањето на бендот доаѓа од потребата за сериозно компонирање на уникатна авторска музика и прикажување на силна порака која би била под влијание од западната метал сцена и автентичниот “валкан” звук кој потекнува од Американскиот југ, а воедно инспирирана од сопствените животни одлуки,глобално – социјалната неправда,поместување на жанровски бариери и добри спомени “потопени со виски длабоко залиени во рифови”.

Facebook: https://www.facebook.com/SouthernDiscomfort.Official/
Youtube: https://www.youtube.com/channel/UCrvDjTN7h2tdxxKn4LV0gLQ + настап на Cardinal Point од Србија.

 

[21.00] Хуманитарна забава за Филип и неговото семејство // АТК Премиум Клуб

Дојдете оваа Сабота во ATK Premium Club (позади базенот “Борис Трајковски”),  да ја покажеме својата хуманост, и да ги донираме потребните средства за Филип и неговото семејството.

Четиричленото семејство од Железара живее во мрак во 20тина квадрати. Пред 5 години им изгорела бараката, никој не им помогнал за ништо, па бабата на Филип морала да земе кредит за да ја обноват. Нејзините две керки завршиле факултет но никако не можат да најдат работа. Едната од нив е самохраната мајка на Филип а таткото со години не плаќа алиментација за него.
Нивната најголема желба е да имаат редовни приходи од вработување и Филип да може да расте како сите негови врсници, во топол и светол дом.

 

[22.00] Сабота  // Public Room

Саботно предновогодишно дружење со дечките од The Ringtones: Дина Јовановска- вокал, Симон Пеоски- гитара, Дарко Фотиновски- бас, Кристијан Лафазановски- тапани.

Резервирајте си на 02 609 2650, [email protected] или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/sabota-vo-javna-soba-MnaJy.

 

[22.00] Концерт на RIB // Винил

Концертче на RIB. Сабота. Нема простор за НЕ ДОАЃАЊЕ!

 

[23.00] Room313 x Ilija Dimkoski pres. “fluctus I” // Галерија БадаБум Кафе

Не се знае дали креативните и иновативните идеи се раѓаат или доаѓаат. Дали тлеат во нас и потоа излегуваат на површина или пак лебдат во воздухот, а наше е да ги дофатиме.
Но како и да е, пред крајот на годинава како новогодишен подарок за сите трагачи по префинета визуелна естетика, ви претставуваме необична и единствена идеја за дизајн на постер, од графичкиот дизајнер Илија Димкоски.

Станува збор за прв експериментален проект на дизајнерот Димкоски, во чие креирање на постер за музички настан, вклучува спој на хартија, силикон и гипс.

Сите оние што сакаат да уживаат во техно звуците добредојдени се на музичкиот настап на колективот Room 313 закажан за 24 декември (сабота) на полноќ во клуб Badaboom. Таму ќе може да ја видите и оригиналната верзија од постерот.

 

[23.55] Sadar Bahar // Епицентар

Sadar Bahar [Soul In The Hole / Chicago]
residentadvisor.net/dj/sadarbahar

Local support:
DJ Flooder
Andrej Micajkov

Влез: 300 МКД

Sadar Bahar
Како Sadar Bahar нема друг. Роден во 1968 година и растен во Чикаго во 1970-тите, Sadar почнува да се занимава со диџејство на 13 години кога мајка му му ги купува првите Technics грамофони. Отприлика тогаш ја почнува и енормната колекција на плочи, која ја гради веќе 30 години по ред. Познат како „диџејот на диџеите“, Sadar е еден од најпознатите и најголемите колекционери во светот, чија колекција на плочи би сонувал да ја има секој што сериозно се занимава со музика.

 

[23.59] Funky Fresh 023 // Капан Ан

Оваа сабота сагата Funky Fresh продолжува во клубот Капан Ан со интересно гостување. Watch this space…

 


 

 

 

Недела 25.12.2016

[12.00] Новогодишна Хартстоун прослава // Public Room

Учество само 100 ДЕНАРИ!!!

Сите играчи во Македонија на најдобрата стратегиска игра да го прославиме доаѓањето на новата 2017 година во гејмерски стил!

Учеството е симболично (100 ден.) бидејќи овој турнир ќе биде дружење на сите играчи на Хартстоун кои изминатава 2016 година беа дел од Хартстоун заедницата во Македонија и оваа прва година на турнирско играње помогнаа заеднички да ја ставиме Македонија на светската Хартстоун мапа! Да се собереме за последен пат во оваа 2016 година, повторно да ја почувствуваме возбудата на дуелот влице-в-лице и воедно да го одбележиме и излегувањето на новата експанзија Mean Streets of Gadzetsan.

Форматот ќе биде Стандард кежуал (Up-to-two-decks) цо цел да биде пристапен за сите играчи, дури и оние кои не се толку компетитивни и оваа игра ја играат за забава, а наградите ќе бидат најразлични оригинални подароци од Близард ентертејнмент!

 

[13.00] Помошниците на Дедо Мраз // Концепт 37

Повелете на предновогодишна модна дружба со дизајнерките Евгенија Зафировска и Магдалена Таневска во Концепт на 25 декември (недела) од 13:00ч до 19:00ч.

Настанот ќе биде од продажен карактер. Ќе имате прилика да ги пробате и купите новите колекции на дизајнерките како и избор на многу други модни парчиња и аксесоари направени спрецијално за настанот.

Како третиот помошник на Дедо Мраз, ќе ни се приклучи Ellies Art со нејзиниот уникатен и впечатлив накит израборен од жица.

 

[19.00] Разговори во четири очи // МНТ

Автор: Ингмар Бергман
Режисер: Нина Николиќ
Адаптација на текстот: Тамара Барачков

Во претставата „Разговори во четири очи“ централниот лик на приказната, Ана Бергман, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење.

Играат:
Амернис Нокшиќи Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Оливер Митковски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Дамјан Цветановски.

 

[21.30] Twelve Moons Of Jazz // С26

#TwelveМoonsОfЈazz во новогодшно разполжение со доајенот на џез сцената кој не секогаш седи мирно на своето пијано Simon Kiselicki, придружуван од Горан Гешовски (бас гитара) и Александар Ванчовски (тапани).

Влез: 150 денари

Билетите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:

http://www.mktickets.mk/
https://www.karti.com.mk/

Резервации: +389 72 562 405

 

Comments

comments