Понеделник 2.10.2017

[20.00] Недела на современ јапонски филм // Кинотека на Македонија

Министерство за Култура на Република Македонија, Кинотеката на Македонија и Амбасадата на Јапонија во Скопје ве покануваат на недела на современ јапонски филм.

Програма:

2 октомври [понеделник] 20 ч.
Насекаде околу нас
Gururi no koto / All Around Us
2008 г.
Режија: Хашигучи Ријосуке / Hashiguchi Ryosuke

3 октомври [вторник] 20 ч.
Писмата
Tegami / The Letters
2008 г.
Режија: Шоно Џиро / Shono Jiro

4 октомври [среда] 20 ч.
Скиците од (градот) Каитан
Kaitanshi jokei/ Sketches of Kaitan City
2010 г.
Режија: Кумакири Казујоши / Kumakiri Kazuyosi

5 октомври [четврток] 20 ч.
Мајката на Пекоросу и нејзиниот живот
Pekorosu no haha ni ai ni iku / Pecoross’ Mother and her Days
2013 г.
Режија: Морисаки Азума / Morisaki Azuma

6 октомври [петок] 20 ч.
Да се биде добар
Kimi wa ii ko / Being Good
2015 г.
Режија: Ох Мипо / Oh Mipo

 

[20.00] Астални проекции #32 // Менада

Овие Астални проекции се посветени на Горана Митровиќ. Третиот круг е отворен за секој што сака да прочита нешто од нејзината поезија.

Меѓу учесниците поканивме и нејзини пријатели:

Јовица Ивановски
Славица Диневска
Д.А. Лори
Снежана Стојчевска
Александар Маџаровски
Ива Дамјановски
Андреј Ал-Асади
Илија Димкоски

Концерт: Акад. Мишковски Септет.

 

[20.30] Култиватор Vol.3 // Кино Карпош и Барбакан

Фестивал КУЛТИВАТОР Vol. 3
Локации: Кино Карпош, Барбакан & Минус Еден!
Филм, музика, арт перформанси, Pop Up…

Програма:

ПОНЕДЕЛНИК / 02 Октомври
Култиватор @ Kino Karpos
20:30 – 21:00 | 48 – Vladimir Mitrevski Gjule
21:00 – 21:30 | БОРБА ЗА СМРТ – Елеонора Венинова
Pop Up: Erorofharmony, Микери, Преплет
22:00 – 00:00 | In The Mood [Blues]

Култиватор @ Barbakan Bistro Bar
19:00 – 22:00 | Art Performance by Igor Josifov
[Во текот на вечерта ќе бидат презентирани краткометражни арт филмови на Јосифов, а присутните ќе имаат можност да го проследат неговиот перформанс со оган]
22:00 – 00:00 | Ivana Dragsiqi [DJ Set]

Култиватор @ Минус Еден
00:00 – 04:00 | Ilina Angelovska & Nino Naumov

 

[21.00] Урбана Bossa Nova вечер, live percussion & sax // ByPass Caffe

Урбана Bossa Nova вечер, live percussion with Nebojsha Peshevski & Bobi sax, добра музика и опуштена атмосфера во Влае.

 


 

 

 

Вторник 3.10.2017

[20.00] “Бесконечни морфолошки варијации” // КИЦ

Изложба на Цртежи и Графики на Лидија Вујисиќ. Изложбата трае до 14.10.2017.

 

[20.00] Еднодневна Изложба со рачно изработени декорации Dreamcatchers // Berlin bar und kaffee

Еднодневна изложба на 3пи Позитив со рачно изработени декорации и накит DREAMCATCHERS во
Berlin bar und kaffee.

Дојдете.Забавувајте се и изберете позитивен подарок за себе или за некој што го сакате ♥
Помоција на коктели = 100 ден.

 

[20.30] Култиватор Vol.3 // Кино Карпош и Барбакан

Фестивал КУЛТИВАТОР Vol. 3
Локации: Кино Карпош, Барбакан & Минус Еден!
Филм, музика, арт перформанси, Pop Up…

Програма:

ВТОРНИК / 03 Октомври
Култиватор @ Kino Karpos
20:30 – 21:00 | АМБИ – Marija Apcevska
21:00 – 21:30 | ЦРВЕНАТА СОБА – Kosara Mitic
Pop Up: ДРАШ, SUMI-E, Dreadpen
22:00 – 00:00 | Emi Ermilova [DJ Set]

Култиватор @ Barbakan Bistro Bar
21:00 – 00:00 | Transmission Project by Aleksandar Petrov
[ Vasil Hadzimanov, Росен Захариев, Мари Маре, Иван Шопов, Бафтијар Бериша, Таир Амет, Александар Петров]

Култиватор @ Минус Еден
00:00 – 04:00
Ivan Shopov [Analog Sound Master]
Lora Zhelyazkova [Visuals]

 

[21.00] Jam session no. 72 // Че Кафе Бар

Весели музички средби, џемче и директно вклучување во заедничко градење атмосфера.

 

[22.00] MAD Acoustic // MAD Kitchen & Bar

Акустики во MAD.

 


 

 

 

Среда 4.10.2017

[20.00] Поетски чекорења // Berlin bar und kaffee

Љубители на пишаниот збор Ве покануваме на промоција на стихозбирките “Страст од мртво шепотење” и “Родољубив споменар” чии автор е младата талентирана поетеса Дијана Дурлевиќ.
По завршувањето на официјалниот дел забавувајте се со пријатна музика и коктели на кои ќе има 10% попуст.

 

[20.00] Taste of Portugal // Public Room

И оваа есен продолжуваат гастрономските уживања од најубавите земји низ светот!
Октомвриски, на ред е Португалија и традиционалните рецепти од оваа медитеранска земја.
Ќе се случи една посебна вечер со вашите колеги и пријатели исполнета со вкусот на Португалија и звуците на Фадо.

МЕНИ
Закуска: ЗАЛЧИЊА ОД РИБА
Пржени залчиња од риба со пикантен сос

Стартер: ОРИЗ СО ЧОРИЗО 
Чоризо кобасица со ориз и шафран

Главно јадење: ПИЛЕШКО “PERI – PERI”
Пилешко маринирано во “peri – peri” сос и зеленчук

Десерт: ПОРТУГАЛСКА ЧОКОЛАДНА САЛАМА
Чоколадна салама со сладолед од ванила

Цена на мени: 800 ден. по лице
Билети во барот на Јавна Соба и преку contact@publicroom.org

 

[20.30] Култиватор Vol.3 // Кино Карпош и Барбакан

Фестивал КУЛТИВАТОР Vol. 3
Локации: Кино Карпош, Барбакан & Минус Еден!
Филм, музика, арт перформанси, Pop Up…

Програма:

СРЕДА / 04 Октомври
Култиватор @ Kino Karpos
20:30 – 21:00 | СТАРО ЖЕЛЕЗО – Златко Калеников
21:00 – 21:30 | ЕЛЕНА – Dina Duma
Pop Up: Popcorn, Atami, Va Dot
22:00 – 00:00 | Fluid [DJ Set]

Култиватор @ Barbakan Bistro Bar
21:00 – 00:00 | Vladimir Cetkar
[Владимир Четкар, Демир Кантуровски, Борислав Веселинов, Филип Стевановски, Џоле Максимовски, Виктор Филиповски]

Култиватор @ Минус Еден
00:00 – 04:00
Maci Stojanovic
DJ Flooder
Guest: PETKO [Soul Print, Serbia]

 


 

 

 

Четврток 5.10.2017

[16.30] Thirstdays со Skopsko Smooth // Концепт 37

After-work Thirstdays со Skopsko Smooth продолжуваат во Concept 37! Во четврток на агенда е DJ Тomi Bojadzi и бургери по твои правила 🍔

 

[19.00] Премиера на Blade Runner // Cineplexx Скопје

Триесет години по настанот од првиот филм, новиот истребувач, полицаецот К од полицијата од Лос Анџелес (Рајан Гослинг) ја открива долго чуваната тајна што има можност да предизвика хаос во општеството и да стави крај на човештвото.

Откритието на К го носи во потрага по Рик Декард (Харисон Форд), поранешен полицаец од Лос Анџелес кој што е исчезнат веќе 30 години.

 

[20.00] Amigos 2.0 launch party // Амигос

Забава по повод повторното отварање на Амигос.

Како што е редот новите работи секогаш се прославуваат. Па, затоа Амигос ве кани заедно да започнете една нова сезона. Сезона збогатена со одлични вкусови подготвени од шефот на кујна Vlatko Ognenovski, поинакви коктели и ароматични вина, музика за шизење или музика за романтика и многу уметност. Резервации не се потребни, забавата е отворена за сите. Не ги заборавајте насмевките и позитивната енергија.

За добрата забава ќе се погрижи DJ Jan Ko Nen.

 

[20.30] Култиватор Vol.3 // Кино Карпош и Барбакан

Фестивал КУЛТИВАТОР Vol. 3
Локации: Кино Карпош, Барбакан & Минус Еден!
Филм, музика, арт перформанси, Pop Up…

Програма:

ЧЕТВРТОК / 05 Октомври
Култиватор @ Kino Karpos
20:30 – 21:00 | DOWN FROM HEAVEN – Саша Станишич
21:00 – 21:10 | ЧЕТВРТОК – Milcho Manchevski
21:10 – 21:40 | КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО – Milcho Manchevski
Pop Up: Cactus DesignEm Ellephantski
22:00 – 00:00 | Simon Atkinson [UK | Positive Sounds / Wiggle]

Култиватор @ Barbakan Bistro Bar
21:00 – 00:00 – Echotronics
Maci Stojanovic [turntables]
Др. Маслин [бас, електроника]
Декантур [труба]

Култиватор @ Минус Еден
00:00 – 04:00
Bozhidar Jovanovich – Bole
Simon Atkinson [UK | Positive Sounds / Wiggle]
Terry Francis [UK | Fabric / Wiggle ]

 

[21.00] SLOBOden KONceRT Sethstat+Mirko Popov Lunatika promo // Кино Култура

Sethstat i Mirko Popov е навидум неочекувана, но неверојатно добитна музичка комбинација. Кога на моќниот, модерен слободен џез на Сет, го додадете несомнениот дивергентен сонграјтерски потенцијал на М.Попов, излегува потполно ново и потентно сонично животно. На моменти можеби помалку мрачни, но извонредно музикални шлагери кои црпат инспирација колку од џезот, толку и од поп номенклатурата од минатите неколку децении. Ова комбо веќе има еден заеднички албум позади себе (Се Плашам од Македонци, PMG Recordings 2015), а во моментов го промовира новиот ЕП – Лунатика. Очекувајте пеколна свирка со силен емоционален набој.

Влезот за концертот во Кино Култура е бесплатен.

Линк за слободен даунлоуд од албумот: http://www.pmgrecordings.com/discography.php?id=125

 

[21.00] Музика во Планетариум: CAN | Future Days // МКЦ

Драги пријатели, започнува нова сезона на музички дружби во Планетариум. Планот е следен, се собира мало друштво и се слуша Future Days на CAN. Како и вообичаено, планетариумската навигација ќе биде во сигурните раце на Даниел Анастасов.

Билетите чинат 100 денари и се достапни на билетарата на МКЦ. Капацитетот на планетариумот е строго ограничен. Побрзајте.

 

[21.00] ЧЕтврток со Бојан Чакра! // Че Кафе Бар

Со Чакра и звуците на џезот, блузот и фанкот.

 

[21.00] ALL ABOUT 69 //  Berlin bar und kaffee

Биди и ти дел од најоткачената #ALLABOUT69 студентска журка и започни го својот викенд во четврток!
Се по промотивна цена од 69 денари.

Предиспитното расположение може да започне!

 


 

 

 

Петок 6.10.2017

[17.00] Che Foodies – friday afterwork// Че Кафе Бар

Петочки после работа, ќе се сецкаат сендвичите, ќе се мези и ќе се пивка на лабава атмосфера! Сендвичите од куќа, а журката вечерта продолжува со Ризински.

 

[18.00] Посета на планетариум – Светска недела на вселената // МКЦ Планетариум

Оваа година, неколку денови од Светската недела на вселената ќе бидат посветени на небесните тела и многу повеќе од тоа…

Затоа ајде заедно да го посетиме планетариумот и да доживееме 50 минутно визуелно предавање на тема сонце, ѕвезди, соѕвездија, планети, видливост од нашиот град, како и од други атрактивни набљудувачки точки на планетата Земја.

Предавањата во планетариум може да ги проследите во деновите:
– четврток (5ти октомври) од 19 часот
– понеделник (9ти октомври) од 19 часот

Билети можете да си резервирате уште веднаш, а да ги подигнете 20 минути пред самото предавање. Цената за еден билет е 150 денари (предавањето е наменето за луѓе над 16 години).

Резервација на билети на: http://bit.ly/WSWplanetarium

 

[21.30] Петок веЧЕр // Че Кафе Бар

Ризински си цапка музиче ко за петок вечер.

 

[22.00] Бруцошка на ФДУ // Факултет за Драмски уметности

На забавата ќе има дружба со „Онија“.
Повелете на ФДУ.

https://www.facebook.com/onija.bluz?ref=br_rs

 

[22.00] In the Mood // Бруклински Џез Бистро

Овој петок дружби со live blues duo – IN THE MOOD.
Keep jazzin’ and enjoying!
Бидете во Бруклински.
Резервации на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фејсбук профил.

 

[23.55] Петок со Bandix // Клуб Маракана

Guess who’s back, back again
Bandix’s back, tell a friend!

Петочка журка со Bandix
Резервации преку SMS на 075 274 032

Почеток: 01:00 h

Членови:
Магдалена Трповска – вокал
Нино Спиркоски – гитара
Дејан Митровиќ – бас гитара
Емил Спиркоски – тапани

 


 

 

 

Сабота 7.10.2017

[10.30] Посета на Кокино // Кокино

Истражете ги древните пејсажи, завладејте од троновите на старите племенски владетели и погледнете го небото низ карпестите нишани како што тоа го правеле првите набљудувачи пред илјадници години!

Билети на: bit.ly/kokinoWSW

По повод Светската недела на вселената, во сабота (07.10) ќе се освојува Кокино, мегалитската опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане. Опсерваторијата е откриена случајно во 2001 год. од страна на бугарски и македонски археолози, а во 2002 год. биле започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово. Датира од 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време, а се протега на површина од 5 000 квадратни метри.

 

[20.00] Distilled Emotion: Neuromancer’s Tokyo // Public Room

Изложба на серија постери на Зориа Петкоска кои се една виезулна поезија базирана врз научнофантастичниот роман Неуромансер на Вилијам Гибсон.

 

[20.00] Бела Ноќ 2017 // МКЦ

САЛВАДОР ДАЛИ –„ПОМЕЃУ ЅВЕЗДИТЕ И БАСНИТЕ“
20:00; (Галерија МКЦ)

Изложбата е организирана во соработка со „Висконти уметничка галерија“ од Љубљана и Централноевропскиот културен центар од Нови Сад и претставува серија од 11 нумерирани и потпишани графики, кои ги илустрираат басните на Жан де Лафонтен, како и неговиот портрет, виден со очите на Салвадор Дали и тринаесет графики од серијата Зодијак. 

Tago&АtoBIZ
ТАГО: КОРЕЈСКИ ТАПАН 2
21:00; (Плоштад Македонија)

Заборавете на стресот и вратете ја назад вибрантната енергија во вашиот живот. Одличен микс на корејски традиционални инструменти, почнувајќи од огромни тапани, до мали перкусии со доза на древни боречки вештини, чија цел е да го збогатат перформансот со динамични движења.

ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ
Постојаната поставка на Музејот опфаќа површина од 1700 м2. Во неа се изложени околу 4000 оригинални експонати, со над 270000 примероци од геата, флората, фунгијата и фауната на Македонија.

СЕКСОТ И РЕВОЛУЦИЈАТА
(МКЦ, горно фоаје)

„Последното прибежиште овозможило сексуална револуција“, тврди Џери Рубин, американскиот антивоен лидер од 60-тите. Теоретичарите на сексуалната револуција сметаат дека таа започнала во 20-тите со забрзаниот развој на технологијата, медицината и филмот.
Авторски тим:
Катерина Станковиќ – Бјеговиќ, ликовна уметничка
Јелена Живковиќ, историчарка

Инсталација: „ТАНЦУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА“
од Марија Светиева
(МКЦ, долно фоаје)

Стефан Димовски
САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА
(Дом на културата „Кочо Рацин“)

Антонио Пирковски
„РЕМЕМОРИРАЊЕ“
Музеј на град Скопје
Кодирање: Кристиан Цветковски и Маја Лилчиќ
– Машински инженери

Проектoт „Ремеморирање“ е кодирана интермедијална амбиентална инсталација. Светлосните и звучните стимулатори, кои се рефлектираат од инсталацијата, низ дразбите ја симулираат невронската слика на мозокот, во кој постојано се емитуваат сигнали од милиони неврони бомбардирајќи ја човечката свест.

МУЗИЧКА ПРОГРАМА (МКЦ):

21:00 – Alex Jønsson Solo, Данска (Џебно кино)

Плато МКЦ:
21:30 Barbarisms, Шведска
Conquering Lion, Македонија
Ninos du Brasil, Италија

Сала 25 Мај:
I TPAME I TVRAME, Албанија
UJ PA GAZ, Албанија
KANTON6, Македонија
НИНО НАУМОВ, Македонија

24-часовен филмски маратон
12:00; (Кино Милениум)

*Бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП Скопје од 19:00, на сите линии кон центарот на Скопје.

 

[21.00] Бела ноќ: Хипи костум парти! // Че Кафе Бар

Луѓе, Бела Ноќ е денот кога се работи до кога САКАТЕ ВИЕ 🙂
Тема: WOODSOCK HIPPIE.
Дојдете шарени, цветни, искинати, смкнати, со кола, точак, старо комбе, летајќи 😉

Ќе има фоткање на PHOTO BOOTH поставен внатре па и нормално, ќе има и награди за најхипикот.

Програмата иде вака:
– Онија – од 10 часот до кај 1 часот, рокање во живо;
– Вудсток музика – со Чакра и неговиот сет само од хипи фестивалска музика додека држат нозе;
– Толку.

 

[22.30] Бела Ноќ / Live Jazz Quartet // Бруклински Џез Бистро

Бела Ноќ во Бруклински –
Live Jazz Quartet
– Филип Димишковски на пијано
– Трајче Велков – труба
– Иван Бејков – бас
– Виктор Филиповски – тапани

Резервации на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фејсбук профил.

 

[22.30] Audiobahn – Live Video Stream // Излет Кафе

AUDIOBAHN – Live Video Stream
Bodan Jamakoski
Og!
Dushko Janevski
Sasho Uzunovski

 

[23.00] Bela Nok 20 godini PMG Dance 20 FESTival // МКЦ

Најдобрата Топ Листа на сите времиња. PMG Dance 20 прославува 20 години постоење и по тој повод секоја среда од 17:00 дo 20:00 часот на Канал 103.

Па по тој повод ќе се случи мини фестивал на кој ќе настапат:

I TPAME I TVRAME (Tirana, Albanija) LIVE
промоција на албумот  Future Attitude, free download
UJ PA GAZ (Tirana, Albanija) LIVE
KANTON6 (Skopje) LIVE
NINO NAUMOV (Skopje) DJ Set

Влез: Слободен

 

[23.59] All Night Drum`n`Bass – Бела Ноќ // Капан Ан

Оваа сабота целовечерен drum`n`bass за Бела Ноќ во Капан Ан!
Музика преку целиот спектар на овој музички жанр презентирана од :

– Darko Stepic (Warfare / D2 / течна Кујна)
https://soundcloud.com/darkostepic
– HyperTech (D2 / Течна Кујна / Funky Fresh)
https://www.mixcloud.com/HyperTech/
– Druggy (TDFU)
– Kesko
– T!hoto (Machina)
https://soundcloud.com/tiho_to

Старт на полноќ, слободен влез!

 


 

 

 

Недела 8.10.2017

Наскоро..

 

Comments

comments