Фотографија: @iksolokin

 

 

Понеделник 2.7.2018

[21.30] Концерт на дувачкиот квинтет „Јозеф Хајдн Брас” – Австрија // Плоштад мајка Тереза

Во рамки на фестивалот „Скопско лето 2018″
концерт на Дувачкиот квинтет „Јозеф Хајдн Брас“ (Joseph Haydn Brass) – Австрија.

Петер Бауер (Peter Bauer) – труба, Јохан Штангл (Johann Stangl) – труба, Роберт Поперл (Robert Popperl) – тромбон, Гинтер Клајдости (Gunter Kleidosty) – туба, Флориан Јанежич (Florian Janezic) – хорна

Влезот е слободен!

 

[00.00] Havana Mondays со Marshall & Tito //  Летна Хавана

Havana Mondays забавите веќе станаа заштитен знак на урбано Скопје. Затоа и овој пат Ви закажуваме средба со Marshall & Tito, што значи дека повторно ќе слушаме многу ретро и екс ју хитови од поп и рок естрадата, а стандардно ќе пиеме на 50%.

 


 

 

 

Вторник 3.7.2018

[21.00] Премиера на современиот балетски перформанс „Метаморфоза“ // МОБ

Во рамки на фестивалот „Скопско Лето 2018″, премиера на современиот балетски перформанс „Метаморфоза“ – концепт и кореографија: Ивана Коцевска, музика: Филип Глас, Иван Пенов, клавир: Дино Имери, костимографија: Милена Атанасова, фотографија/постер: Сашо Алушевски, танчери: Илијана Данаилов, Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мартина Димовска, Исидора Краљевска, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев, Ивана Коцевска, (Теодора Ежовска )

Продукција: Дирекција за култура и уметност на Скопје

Цена 300 денари

 

[21.00] MAD Weird YES 3 // MAD

Утре следи не толку лабаво журче, ќе се пуштаат плочи, лесни, бетонски, а темелот ќе биде MAD Kitchen & Bar. Ќе има и музика, прашајте ја Јана Тодоровска 🙂

 

[21.00] Васо на тивко // Форплеј

Зошто вторник е новата недела, за инат екипата од Форплеј ќе донесе забава во градов… ама на тивко. Сите пијачки ќе бидат намалени за 30%.

 


 

 

 

Среда 4.7.2018

[13.00] Супер Среда во Cineplexx // Синеплекс

Овој 04ти Јули, резервирај го целиот ден за супер филмска авантура.
Сите филмови, по супер цена од 120 денари.
Билетите се веќе пуштени во продажба!

Акцијата важи и за 2Д и за 3Д филмови.

 

[19.00] Alavux & Marko Rikaloski // Епицентар

Среда дневна забава
▪️Alavux
▪️Marko Rikaloski
Hosted by: Bodan Jamakoski

Влезот после 22.00 часот се наплаќа по цена од 100 денари.

 

[19.00] Cooking & Coaching – Vol.2 // Јавна Соба

По успешно реализирана прва работилница со задоволство го најавуваме второтo изадание на “Cooking and Coaching”.

Дали сте спремни за нов кулинарски предизвик?

Од нас добивате намирници и задача која што треба да биде завршена во одреден период.

Преку забавна, едукативна и инспиративна работилница можете да направите нешто ново и инвентивно за вас и вашиот тим, да ги откриете вашите вештини како коуч и на креативен начин да ги разбудите вашите сетила и да се ослободите од стрес.
Коучингот како моќна алатка се однесува на повеќе аспекти и подразбира активна комуникација со членовите во тимот или во организацијата за подобро да се идентификуваат заедничките цели и вредности. Колку сте креативен, како комуницирате, дали поседувате лидерски способности, како се справувате со стрес ? Овие и уште многу други значајни карактеристики ќе бидете во можност да ги откриете во интерактивна атмосфера каде колективно ја дегустирате зготвената храна со чаша вино.
На 6ти Јуни во 18ч. на подкровјето во Јавна Соба ќе се запознаеме со Марина Анчевска НЛП тренер, мотивациски и конференциски говорник, писател, јога учител и експерт за коучинг специјалитети.

Резервирајте си го вашето место на време !
Цена на билет 1500 ден. ( продажба на барот во Јавна Соба )
Инфо : ina@publicroom.org

 

[21.00] Fu-Ching-Gido \ Светлост \ Avadarxi Ensemble // Винил

King Gong ви ги претставува FU-CHING-GIDO (Токио, Јапонија), Светлост (Скопје, Македонија) и Avadarxi Ensemble (Кавадарци – Скопје – Шангај).

***
FU-CHING-GIDO

Дуо базирано во Токио, составено од Британецот Гидеон Џукс (туба, електроника, синтесајзери) и Јапонката Фу-Чинг (тапани, мелодика). Свират комбинација која ја нарекуваат „Heavy Gypsy Rock Drums and Tuba“. Други би рекле garage-noise-jazz. Во принцип тешко е да се опише, мора да се чуе (линкови подолу). Имаат два албуми – FU-CHING-GIDO (2015) и Earthlings (2017). Доаѓаат во склоп на нивната европска турнеја, која покрај Македонија ги опфаќа само Германија, Данска и Фарски Острови.

https://www.fu-ching-gido.com/
https://fu-ching-gido.bandcamp.com/music

***
AVADARXI ENSEMBLE

Група составена од Јордан Костов и членови на Fighting Windmills, Sethstat, Светлост, Палиндром, The Local Blue. Дебитантскиот албум го издадоа во Април 2018.

https://kinggong.bandcamp.com/

***
СВЕТЛОСТ

СВЕТЛОСТ e музички колектив основан во 2014 година.
Се работи за флексибилен ансамбл, кој функционира како платформа за соработка на повеќе музичари од различни профили. Музиката на оваа група се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика. Во моментот работат на две долгосвиречки изданија. На овој концерт ќе настапат во формација:

Нинослав Спировски [кларинет / тенор саксофон]
Бисера Базер [тромбон]
Филип Букршлиев [ел.гитара]
Кристијан Новковски [удиралки]
Дени Омерагиќ [контрабас]

 

[21.00] Rock Symphony // Ракометно Игралиште

Следува: најпопуларниот и најбараниот проект на Камерниот Оркетар на Битола – Rock Symphony (Рок Симфонија)
Настапуваат:
Ненад Милосавлјевиќ – НешаГалија
Михајло Трајковски – Сак
Арбен БЕНИ Шаќири
Петар Младеновски – Пеце (Суперхикс)
Жарко Јакимоски

Во склоп на Битфест 2018

Алтернативен простор во случај на лошо време – Спортска сала “Младост”

Влезниците по цена од 200 ден. ќе бидат пуштени во продажба од 29.06(петок) секој ден од 11:00 до 23:00 часот, на Широк Сокак (спроти Пајтон) а во случај на врнежливо време, влезниците ќе се продаваат во истиот период во билетарата на Центарот за култура. Влезниците на врата пред почетокот на концертот ќе бидат по цена од 250 ден.

 

[21.00] Smirnoff Musicfest // Баду бар

DJ сет на Дрази Драгз.

 

[22.00] Опуштена Вожња / Бојан Чакра & РСБСП // Барбакан

Среда по 22:00 часот во Barbakan Bistro Bar:
#ОпуштенаВожња со Бојан Чакра & РСБСП
Резервации на: +389 2 3075 093

 


 

 

 

Четврток 5.7.2018

[20.00] „Розе на штикли“// Форца

Не е се така црно-бело, има нешто и розево. Како дел од негувањето и ширењето на винската култура во земјава, винскиот бар и ресторан „Форца“ на 5 јули (четврток) од 20 часот организира гламурозна винска вечер „Розе на штикли“ со богата музичка програма, убавина и мода, згодни момци и девојки. Музичката програма ќе биде водена од Викторија Лоба и DJ Branchez.

Гостите ќе може да уживаат во мирисите и вкусовите на розе вина од македонски и странски винарии.

Резервирајте на 078 445 068 или преку порака на фан страницата на Forza Wine Bar & Restaurant
https://www.facebook.com/ForzaWineBarRestaurant/

 

[20.00] Симптоми // Младински Културен Центар

Изложба на Иван Ивановски. Истата ќе биде отворена до 17 јули.

 

[20.30] ТрипоГледа // Менада

По низата сина,
20151021-3 реза,
апокалипсис еден,
погледа три.

Промоција на 3 видео записи со кои се заокружува видео приказната на „соголи ме“, последниот студиски албум на Стринг форсис.

 

[21.30] Четврток За Журка // Кафе Само

Сезона 1, епизода 3.

 

[21.30] Југословенски поп и рок // Нано бар

Во оваа КО ТО ТАМО ПЕВА приказна, која нема ништо општо со филмот, туку единствено и само со југословенскиот поп и рок и која ќе се случи во НАНО БАР овој четврток на 5 јули од 21:30.

 

[22.00] ЧЕтврток Чакресто // Кафе бар Че

Бојан Чакра и звуците на фанк, свинг, соул, џез, блуз!

 

[22.00] Fighting Windmills+Sethstat // Сули Ан

Супер тим составен од Sethstat и Fighting Windmills го свири >> In C<< од Тери Рајли. Аха, заедно на сцена, вистински е спектакл 🙂

Во четврток на 5 јули, во рамките на популарното Скопско Лето, овој супер џез-тим ќе ја понуди својата визија на ова славно дело во живо, со почеток во 22 часот, во автентичниот простор на Сули Ан (Стара скопска чаршија).

Цена на билетот 200 денари

 

[23.59] Thursday Shake (Drake`s album release party) // Епицентар

Албумот кој за само неколку дена почна да ги руши рекордите, овој четврток ќе биде темата на новата Thursday Shake забава. Се работи за албумот “Scorpion” на Drake, кој за само 4 дена успеа на интернет да продаде 900.000 примероци.

Влез: 100 денари

 


 

 

 

Петок 6.7.2018

[19.00] Fu-Ching-Gido // Бруклински

http://www.songkick.com/concerts/33816614-fuchinggido-at-bruklinski 

 

[20.00] Балетска претстава „Либертанго“// Македонска Опера и Балет

Во рамки на фесттивалот Скопско Лето 2018 балетска претстава „Либертанго“

Музика: Астор Пјацола
Кореографија: Сабрина Боско (Италија)
Режија и либрето: Наташа Поплавска
Сценографија и костимографија: Александар Ношпал
Асистент кореографи: Горан Божинов и Олга Панго
Асистент на сценограф: Михајло Стојановски
Асистент на костимограф: Андреј Георгиевски
Репетитор: Билјана Пашариковска

Настапуваат:
Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова
Висенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија)
Марија Нивес Рего: Мими Поп Алексова Атанасовска
Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски
Карменсита Калдертон: Наташа Јосифовска
Деде Вулф: Марија Јосифовска Ристовска
3 гангстери и танго танчари: Ендру Кук, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Симоне Џиролети
Пјацола – дете: Марко Здравковски
Пјацола млад: Симоне Џиролети (Ендру Кук)
Пјацола стар: Драган Кочоски
3 шпански чинас жени: Билјана Басмаџиева, Христина Наќевска, Бојана Христовска
3 аргентински лорас жени: Маја Митровска Богојевска, Мила Ниновска, Илијана Данилов
6 аргентински танго танчарки: Ирена Макеларска, Ангела Велевска, Ангела Богатиновска, Симона Митовска, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска
Италијански емигрантски фамилии и Танго танчари:
Маја Митровска Богојевска, Дафина Данилоска Кочевска, Марина Анастасовска, Александра Ѓореска, Славица Мишева, Габриела Павловска, Meдина Јусуфовиќ, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Агим Бафтии, Борјан Тетиев, Никола Орсо, Тодор Стојанов, Андреј Литвиненко
Глас: Арна Шијак

За Либертанго…
Либертангонè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…
Во почетокот на минатиот век во Аргентина често има прилив на емигранти од Европа, а најмногу од нив биле Италијанци и Шпанци. Аргентина е новата ветена земја, земја што им давала надеж на сиромашните Италијанци, емигранти кои во почетокот на 20 век тргнале да бараат подобар живот.

 

[21.00] Македонски Шлагери со ДЈ Тоше Велјанов // Јавна Соба

Македонски Шлагери, тема која Јавна Соба ја негува веќе некое време. Уште еден месец отварање со прекрасните сетови на Тоше и навраќање во почетокот на македонската забвана музика.

Резервации на 078/250-554.

 

[21.00] Bleak // Епицентар

Само неколкумина артисти можат вистински да доживеат музичка метаморфоза и да се трансформираат во нешто сосема различно и толку специфично како Bleak [Naura; Deeply Rooted].

По огромниот успех на [ЕP] Ekko издадено за Dj Deep´s Deeply Rooted House во 2011 Bleak доживува статус на ветеран на сцената, настапувајќи во некои од најдобрите европски клубови. Тој има ретка умешност да еволуира во звукот креирајќи безвременска и прогресивна музика на својот соло imprint “Naura Records”.

Влез: 300 денари

 

[22.00] Синдикална игранка со Соња Исмаил // Синдикат

Другари и другарки, овој петок во Синдикат ќе се шизи на музиките на другарката Соња Исмаил.
Бонус, промоција на Аперол Шприц.

 


 

 

 

Сабота 7.7.2018

[12.00] Not your ordinary cup of coffee // Drip Coffee

Наместо да го „шмркнете“ вашето утринско кафе набрзина, дојдете да уживате во ритуалот и дегустацијата на мерачки приготвено кафе, лабава дружба и музика.

Александар и Влатко, баристи-професионалци, за кои кафето е начин на живот и најголема љубов, посветено и стручно ќе ви приготват совршен филџан кафе по ваш вкус од најдобрите светски кафиња – носители на престижниот „cup of excellence“. Звучи одлично, нели?

Па, припремете го непцето за опасно добар вкус на оваа напивка и за уникатно естетско уживање.

 

[12.30] Lounge-пакет vol.11 со Ѓорѓи Јаневски // Винил

Во саботното матине во Винил веќе-па-стана-пракса на гостински настапи на музичари. Од оваа сабота ќе има и гостински диџеи. Ѓорѓи Јаневски е вистинскиот избор за старт на овој нов тренд.

 

[21.00] Drink your Cocktail // Јавна Соба

Дали сте биле сведок на една од најдобрите коктел забави?

Оваа сабота премиерно коктел забава со една од најдобрите млади Дџејки, Еми Ермилова. Загарантирана одлична селекција на музики и освежителни коктели по летна цена од 100 денари.

 

[23.30] Tribute to BANSI GMS // Капан Ан

Следното издание на проектот МАКЕДОНСКИ ПСИХОДЕЛИИ ќе го посветиме на еден од најголемите пријатели и почитувачи на македонската транс сцена. Човекот кој повеќе пати беше наш гостин изминативе години… Еден од основоположниците на светската транс сцена херој на многу генерации кој за жал прерано не напушти, но позади себе остави непроценливи вредности кои вечно ќе го чуваат споменот за единствениот и неповторлив BANSI!!!
Bansi пред само неколку месеци во февруари оваа година беше наш гостин, и не ни помислувавме дека тоа може да биде нашата последна средба…

Во сабота на 7 јули во срцето на старата скопска чаршија во КАПАН АН Ве каниме да бидете дел од журката посветена на GMS!!!

Специјални TRIBUTE TO GMS сетови:
DARE
SOUNDKILLAH
HUMANOID
REBLOCK

Како и специјален гостин:
LIQUID ILLUSION

Сабота 7 јули
старт: 23:30
Локација КАПАН АН (стара скопска чаршија)
Влез: 200 денари

 

 

Петок 6.7.2018

[09.00] Бербер и бар Вторник // Д Фестивал

Покажи го својот уникатен стил на Д-Фест, заедно со Бербер и бар Вторник!
Ќе се рокаат јаки фризури секој ден и така спремни одите на сите музички настани.

 

[09.00] Рециклирај-креирај! // Д Фестивал

Работилницата за рециклирање и креирање од „отпад“ е нетипична креативна работилница на која секој учесник добива шанса да изработи свој дизајн на ламба/лустер или столче, како модел или за оние похрабрите и поентузијастите, реално парче мебел за секојдневна употреба.

Целта е да се разбуди свеста за реупотребата на материјалите, но тоа на еден необичен и забавен начин, па така сите заинтересирани креативци се повеќе од добредојдени да го посетат штандот на рециклирај – креирај и во текот на првите 2 фестивалски дена (06.07 и 07.07) заеднички да изработат уникатни и функционални модели.

 

[11.00] Inside Yoga // Д Фестивал

Inside Yoga на Д Фестивал

Дојдете покрај езеро да поставите добри намери за себе, фестивалот и светот. Преку здивот и движењата ќе се поврзете со универзалната вистина, течението на љубовта низ светот и магијата во етерот да го спремите умот да го искуси сето во цела своја чистина и вистина.

Понесете со себе насмевка, отворен ум, пешкир и/или простирка (изомат за спиење во шатор врши работа).

11:00 | Петок: Јога за добар почеток
Да го исчистиме секојдневието, се што ни тежи од таму, да можеме да му се посветиме на фестивалот и да го искусиме во целост. Приземјени винјаси, собирање сила и пречекување предизвици со насмевка.

 

[11.00] „Интимно катче“ на ХЕРА Млади // Д Фестивал

Годинава, ХЕРА Млади ќе има „интимно“ катче во склоп на Д Фестивал – Дојран: слободно, пријатно и инспиративно за секого. Место каде што секој ќе може да се вклопи, информира и забавува.

Во интимното катче ќе може да ја погледнете тридневната фото-изложба на тема „Интима“ и да бидете дел од низа други активности!

 

[12.00] D-Fest 2018: Mission Impossible // Д Фестивал

What does it take to complete an [im]possible mission?

 

[12.00] Хакирај ја стигмата // Д Фестивал

Да, да, токму ти фестивалски човеку!

Токму ти ќе ја имаш шансата да ја „хакираш“ стигмата, овој пат на фестивалски начин преку забавни и интерактивни активности кои Hack the Mental Health Stigma ги подготви за тебе.

Кои се тие активности?

1. Хокус покус, менталното здравје е во фокус!
6 јули (петок), 12:00 – 14:00 часот
Ќе ја имаш можноста да ги предизвикаш твоите ставови и да ги покажеш своите дебатерски способности преку оваа Д-Фест дискусија.

 

[12.00] ХОПС // Д Фестивал

Креативците на Healthy Options Project Skopje ќе бидат дел од програмата на Д Фестивал 2018.
Локација: Плоштарт

Петок: 11-16
Инсталација на интерактивниот ѕид „Гласни соништа“. Целта на овој ѕид е преку инсталација со елементи кои произведуваат звук (дрвени, метални, стаклени користени предмети и материјали), учесниците со сопствен импакт да добијат реакција за возврат, односно (ДА БИДАТ ЧУЕНИ). На ѕидот “Гласни соништа“ учесниците во текот на фестивалот, ќе можат да закачат свое дело од рециклирани материјали кое ќе биде одраз на нивните гласни соништа.

Сабота: 14-15.30

– Едукација на тема „Употреба на психоактивни супстанции на музички настани; и рециклирање – рециклирање на храна, како начин за реупотреба на ресурси и енергија“ .
– Едукативна работилница за изработка на дела од рециклирани материјали на тема „Сон“.
– Интерактивна дружба со учесниците на фестивалот со цел производство на звуци на интерактивниот ѕид, дискусија за симболиката на оваа интеракција
– Изложување на делата на интерактивниот ѕид „Гласни соништа“.
–  Делење на едукативни флаери на Хопс и кондоми. 15.30-17h

Недела: 14-16
Интерактивна дружба со учесниците на фестивалот: производство на звуци од интерактивниот ѕид. Дискусија за симболиката на овие звуци и делење на едукативни материјали и кондоми.

 

[14.00] Волонтерски Центар Скопје // Д Фестивал

Тимот на Волонтерски Центар Скопје се приклучи на 8. издание на Д фестивалот, кој ќе се одржи од 6 до 8 јули 2018 година во Дојран.

За посетителите на овој настан кои ќе го посетат катчето на тимот на ВЦС ќе бидат подготвени тимкси активности, работилници за танцување, музички игри и еден социјален експеримент. Исто така, секој кој бара повеќе информации за Еразмус + програмата за млади ќе може да ги најде тука.

 

[14.00] Take a Stand: Legalize Cannabis! // Д Фестивал

Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА Скопје,со задоволство Ве информира дека на покана на организаторот, ќе земе учество на овогодинешниот Д Фестивал.

Членовите на БИЛКА ке учествуваат во интерактивен дел со публиката односно дел од основачите ке оддржат две предавања:

07. јули || 15:00-16:30
Адвокат Јанаки Митровски ќе одржи предавање на тема “Права на уживателите на канабис при контакт со полиција”

06. јули || 14:00-15:30
Др.Дарко Костовски, психијатар, кој ке оддржи предавање на тема Употреба на канабисот во психијатријата и при лекување на опијатски зависности.

 

[17.00] Слоу Фуд // Д Фестивал

Почитувани членови и поддржувачи на Слоу Фуд.
И оваа година дружба на Д фестивал, повелете видете ја програмата:

06.07 2018 петок: Трпеза Филм Фестивал
20:30 – 21:45: Проекција на филмот „Слоу Фуд Приказна“
Стефано Сардо | Италија | 2013 | 74 минути |
Ова е приказна за една револуција. Културна револуција, една од оние кои позади себе не оставаат мртви, но една од оние после чиј почеток ништо не е исто.
Ова е приказна за една бавна револуција. Бавна. Како полжав.

07.07 2018 сабота: Диско супа
10:00 – 13:00: Готвење на зеленчукова супа, како на
забавен и креативен начин да се спаси добар дел од храната која најчесто завршува во кантите или отпадот.

08.07 2018 недела: Диско супа
10:00 – 13:00: Готвење на легуминози, како да ги вратиме секојдневно на трпезата. Во борба со климатските промени преку нашите секојдневни избори на храна.

 

[23.59] Не лути се Цветко // Д Фестивал

Гоу Грин како љубител на супер журка и убава музика, но воедно и организација која промовира одржлив развој, и оваа година ќе биде на Д-Фест со свои активности.

Придружете се на работилницата во вид на игра со предизвици. Најпрво ќе ви кажат неколку клучни и интересни работи за селектирањето, кои подоцна треба да ги примените во играта „Не лути се, Цветко“.

Играта се состои од 10 еколошки предизвици за кои ќе треба зелено да се потрудите. Работилницата е отворена за сите и нема потреба за претходно пријавување.

 


 

 

 

Сабота 7.7.2018

[11.00] Д Стикер Караван // Д Фестивал

Младински образовен форум ве поканува на работилницата за изработка на стикери во склоп на Д-Фест која ќе се одржи на вториот и третиот фестивалски ден – 07.07.2018 (сабота) и 08.07.2018 (недела) на фестивалскиот плоштад на уметноста „ПлоштАРТ“, со почеток во 11.00 часот.

Во рамки на фестивалската атмосфера на овогодинешниот Д-фест, работилницата на МОФ нуди креативни активности за сите арт ентузијасти!

 

[11.00] Inside Yoga // Д Фестивал

Inside Yoga на Д Фестивал

Дојдете покрај езеро да поставите добри намери за себе, фестивалот и светот. Преку здивот и движењата ќе се поврзете со универзалната вистина, течението на љубовта низ светот и магијата во етерот да го спремите умот да го искуси сето во цела своја чистина и вистина.

Понесете со себе насмевка, отворен ум, пешкир и/или простирка (изомат за спиење во шатор врши работа).

11:00 | Сабота: Јога за добра журка
Да го разгориме оганот на нашето битие, да се најдеме во ритамот на здивот, да го следиме течението на животот, и можеби да испуштиме некој звук.

 

[11.15] Хакирај ја стигмата // Д Фестивал

Да, да, токму ти фестивалски човеку!

Токму ти ќе ја имаш шансата да ја „хакираш“ стигмата, овој пат на фестивалски начин преку забавни и интерактивни активности кои Hack the Mental Health Stigma ги подготви за тебе.

Кои се тие активности?

Читај човек, зборувај со книга!
7 јули (сабота), 11:15 – 13:00 часот
Ќе запознаеш нови луѓе и несекојдневни животни приказни на уникатен начин – преку концептот на жива библиотека

 

[13.00] Пушти Крик! // Д Фестивал

ЦМА Крик ве води на потрага по скриено богатство на Д – Фестивал. Соберете друштво од 5 члена и пријавете го вашиот тим на infokrikcenter@gmail.com

Како да се пријави тимот?
1. Соберете 5 члена и составете го тимот.
2. Смислете име.
3. Направете креативно видео во кое го претставувате тимот.
4. Испратете го вашето видео по е-пошта.
5. Готово.

Во потрагата ќе бидат вклучени 6 тимови кои ќе имаат задача да поминат 6 точки и да извршат 6 задачи.  Потрагата ќе се одвива на 7ми (сабота) и 8ми (недела) од 13:00ч. Во апликацијата, ве молиме наведете кој ден би сакале да учествувате во потрагата.

Краен рок за аплицирање е 5ти јули 2018.

 

[23.59] Dnb Step Contest by Bass Lab // Д Фестивал

Dnb Step Contest e натпревар во играње (степање) кој е дел од Drum and Bass културата. Оваа година Bass Lab како нова активност ви го носи овој Contest на програмата на Д Фестивал.

За да учествувате на овој натпревар треба да се пријавите на формуларот на линкот подолу на кој можете да постирате и линк од вашето видео со кое по автоматски пат ќе учествува во гласањето кое може да ви донесе гратис влезница за вас и вашиот пријател.

Најдобрите степери од натпреварот на Dnb Step Contest на Д Фестивал 2018 ќе имаат можност да освојат награди како: 2 влезници за Green Beach Festival, гајба пиво и промо материјал од Bass Lab и Д Фестивал. Натпреварувачите ќе имаат 40 секунди да ги покажат своите потези кои ќе бидат оценети во двобој од пријателски карактер.

Линк за пријавување:
https://www.surveymonkey.com/r/C7PBRYP

 


 

 

 

Недела 8.7.2018

[11.00] Подобро спомени отколку кошмари // Д Фестивал

Дојдете на едночасовната интерактивна работилница и наместо кошмари, ќе се создаваат спомени!

Теми на разговор:
– Кому, што и зошто веруваме;
– Лични приказни, направени грешки и конкретни совети;
– „Читам мисли“ – практична вежба со можност за награди за публиката.

Локација: Дебатен Шатор (на Д Фестивал)

 

[11.00] Inside Yoga // Д Фестивал

Inside Yoga на Д Фестивал

Дојдете покрај езеро да поставите добри намери за себе, фестивалот и светот. Преку здивот и движењата ќе се поврзете со универзалната вистина, течението на љубовта низ светот и магијата во етерот да го спремите умот да го искуси сето во цела своја чистина и вистина.

Понесете со себе насмевка, отворен ум, пешкир и/или простирка (изомат за спиење во шатор врши работа).

Недела: Јога за добро трезнење
Нежно течение, да дозволиме духот да се нахрани од се’ што искусусило, да го вратиме телото назад на себе чисто, посилно и посмирено.

 

[14.00] Прво па Женско // Д Фестивал

Тиииитовки и Прво па Женско ве канат на женска окупација на ПлоштАрт-от на овогодинешниот Д Фест!

Неколку феминист(к)и од домашната музичка сцена ќе разговараат за женската страна на рокенролот, за женското владеење со подиумите за игра и за тоа што значи да се биде жена во индустрија окупирана од мажи.

 

[15.30] Хакирај ја стигмата // Д Фестивал

Да, да, токму ти фестивалски човеку!

Токму ти ќе ја имаш шансата да ја „хакираш“ стигмата, овој пат на фестивалски начин преку забавни и интерактивни активности кои Hack the Mental Health Stigma ги подготви за тебе.

Кои се тие активности?

Која игра ја играш?
8 јули (недела), 15:30 – 17:30 часот
Форум театар со ситуации од секојдневието каде ќе можеш да дадеш критички осврт и преку глума да покажеш кое е решението или едноставно да уживаш во глумата на останатите.

 

[23.30] TDFU Takeover // Д Фестивал

Подгответе се за TRAP DA FUCK UP TAKEOVER на Д Фестивал 2018! 🔥

На 8-ми јули (недела), #TrapDaFuckUp го прославува својот 4-ти роденден со преземање на LAKE AWAKE стејџот во Дојран. 🎉

Настапуваат:
– Irie Scratch
– Druggy
– Donplaya & Bon Praskiza
– Gloomié
– Petr x Ogi
– Neox

Билети:
http://dfestival.mk/bileti/

Comments

comments