Понеделник 20.2.2017

[18.00] Разговори во четири очи // МНТ

Автор: Ингмар Бергман
Режисер: Нина Николиќ
Адаптација на текстот: Тамара Барачков

Во претставата „Разговори во четири очи“ централниот лик на приказната, Ана Бергман, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење.

Играат:
Амернис Нокшиќи Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Дарја Ризова, Катина Иванова, Благој Веселинов и Дамјан Цветановски.

 

[20.00] Constanza & Can Serrat // Галерија 7

Can Serrat, approximately 1187 square meters, is a classic old Spanish farmhouse. Since its establishment in 1989 it was a space for community of artists that share, mix, coexist and create within a common space. Every year a jury selects six artists, from Spain and internationally: 2 writers, 3 visual artists and 1 sound musician that are fully granted. Each open call allows for up to 20 artists to come to Can Serrat on a partial scholarship. The staff assists and develops activities that facilitate the production of projects from observing and discussion over their work during the artistic process, to helping to acquire daily or project-related supplies, creating connections between people, both locally and internationally, to overseeing daily life by providing accommodation and food.

 

[21.00] Да го поздравиш и да ми го бациш // МКЦ

Режија:
Билјана Радиноска
Играат:
Ненад Митевски
Наташа Петровиќ
Бојан Кирковски
Симона Спировска

Резервации на: 023115 225 ( билетара на МКЦ), или на bileti@mkc.mk.

 

[21.00] Oláh Dezső Trio // Public Room

Embassy of Hungary presents Oláh Dezső Trio!

An event dedicated to the memory of Béla Bartók, on the occasion of the Béla Bartók Memorial Year.
Concert by one of the best muscians in the world, Oláh Dezső, Oláh Péter and Pecek Lakatos András, for first time in Macedonia!

 

[21.00] Неделна програма // Рок Кафана Рустикана 2.0

*Понеделник – Happy Monday со Natalija Danailova за среќен почеток на неделата 🙂 Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. InThe Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 8 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок
– Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Jovan Kucinovski во соработка со Тиквеш.
– Класичен рокенрол со Ringroad со старт после 21:30

*Сабота
– Македонски евергрини со Lili Chilli од 15:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период.
– Кума и Црни акустично со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134.

 


 

 

 

Вторник 21.2.2017

[20.00] Животот на Молиер // МНТ

Улоги:
Никола Ристановски – Жан-Батист Поклен де Молиер, познат драматург и автор
Сашка Димитровска – Медлен Бежар, актерка на де Молиер
Емил Рубен – Шарл-Вадле де Лагранж, актер со прекар „Регистар“, Отецот Вертоломеј, скитник – проповедник
Драгана Костадиновска – Луј Велики, кралот на Франција
Оливер Митковски – Жан Жан Бутон, згаснувач на свеќи и слуга на Молиер
Марија Новак – Мариета Ривал, актерка на Молиер
Нина Деан Гачиќ – Аманда Бежар, актерка на де Молиер
Игор Ангелов – Маркизот де Шарон, кариналот на град Париз
Дениз Абдула – Захарија Моарон, познат актер – љубовник
Никола Ацески – Маркизот де Орсињи, дуелант со прекар „Еднооки, помоли се!“

*Цената на билетот е 150 денари

 

[21.00] System Error // ФДУ

System Error повторно… Да посочи на истите “ерори“ кои не се менуваат. Напротив. Ништо не е подобро! И зашто мора да биде!

Елјеса Касо, Сузана Киранџиска, Александар Степанулески, Кристина Леловац, Матеа Јанковска, Чедомир Митевски, Тамара Ристоска, Din Ibrahim, Никола Наковски, Dritan Nezirov, Зоран Митровиќ, Душица Тренева, Dea Pajaziti, Дарко Ристовски, Flakron Aliu, Христина Цветаноска, Hakan Daci, Стефанија Митовска, Петар Стојанов, Ebru Musli, Исмет Шабановиќ, Душица Настова, Марјан Наумов, Sara Jusuf, Благој Јовановски и Eldin Shiroki (актери).

 

[21.00] Љубов слуша: Флим // Кафе бар Љубов

Флим е прекарот на еден наш многу драг пријател, феноменален графички дизајнер и човек со беспрекорен музички вкус.
Овој вторник Флим ќе биде човекот зад миксетата во Љубов и ќе имаме можност цела вечер да уживаме во неговиот музички избор.

 


 

 

 

Среда 22.2.2017

[17.30] Критична маса #58: Деавтомобилизација // Плоштад Македонија

Секој човек на прво место е пешак, а потоа сè друго. И возачите до својот автомобил стигнуваат пеш. И оние кои користат автомобил не можат да стигнат како ЛУЃЕ до своето возило од премногу автомобили.
Автомобилите треба да бидат третирани како средство кое треба да им служи на луѓето, а не луѓето да бидат робови на автомобилите како единствено ефикасно превозно средство во Скопје!

Сакаме град кој нуди можности за движење на различни начини и кој нуди достоинствено движење за сите!
Не ни требаат нови ленти за коли, булевари без велосипедски патеки и зеленило…

Ни треба храбра и одлучна ДЕАВТОМОБИЛИЗАЦИЈА!

 

[19.00] Љубовни ноти 2017 // Илија Николовски Луј

Младинскиот совет на Американскатa Амбасада во Македонија и Црвениот Крст на град Скопје во соработка со ДМБУЦ ,,ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ,, – СКОПЈЕ, ќе го организираат хуманитарниот концерт „Љубовни ноти“.

Со собраните средства, во пресрет на 8-ми март, во соработка, ќе ги посетиме пациентките оперирани од малигни заболувања на Клиниката на онкологија и торакална хирургија и ќе им подариме мали подароци во знак на поддршка во нивната борба со ова заболување.

 

[20.00] Концерт на запознавање – иранска современа музика // МНТ

Мигови со Професорите (Маестрата) на иранската современа оригинална музика

1. Професор Hamid Reza Noorbakhsh – пејач и директор на „Куќата на музиката на Иран“ (музичката академија на Иран), советник на заменик министерот за уметност во министертсвото за Култура на Иран.
Куќата на музиката на Иран има 5000 високи членови и 15.000 сериозни музичари од кои 500 Професори на Музиката а директор на Врховниот Совет е славниот Мохамад Реза Шаџариан.

2. Професор Ardeshir Kamkar, Композитор и музичар
3. Професор Behdad Babaei, музичар и најпознат изведувач на традиционалниот инструмент „Сетар“ во моментов во Иран.

 

[20.00] Swedish Films Are Back // Кинотека на Македонија

Амбасада на Шведска во колаборација со Кинотека на Македонија Ве поканува на две проекции на филмот „We Are Best” на Lukas Moodysson, на 22 и 23.02.2017 година во 20 часот.

Влез слободен, а за резервации на 02/3065968.

 

[21.00] February Jazz Festival // Бруклински Џез Бистро

Неделава те очекува Февруарски џез фестивал во Бруклински.

Среда (22.02.2017) во 21 часот, настап на Васил Хаџиманов Трио.
Потоа, во четврток (23.02.2017), од 21 часот, ги слушате маркантните Тони Китановски, трубата на Асан Рашид, Иван Бејков е на бас и Виктор Филиповски – тапани.
Петок (24.02.2017), во 17:30, afterwork забава со FreeStyle Live Jazz Quintet.
Петочната вечер, со почеток во 22, ќе помине со звукот на Шамба Џез Трио и нивниот специјален гостин.
За крај, во сабота (25.02.2017), од 22 часот, уживате во музиката на Next to Silence Jazz Quartet.

 

[21.30] Програма 22-25/02 // Баду бар

Среда – #stirshakeroll со неверојатниот и секогаш разигран DJ Zoki Bejbe

Четврток- #waxination и патување помеѓу винил планетите со DJ Chvare

Сабота – #kukjnaslava Го славиме роденденот на Erykah Badu со Dj Goce.

 


 

 

 

Четврток 23.2.2017

[19.00] PrivatePrint meets: Monochrome Modern // PrivatePrint

Задоволство ни е да ве поканиме на првиот настан оваа година во студиото PrivatePrint, во програмата PrivatePrint meets со изложба наречена “Polarities” гостува Бисера Крцковска, која стои зад уметничкиот проект Monochrome Modern.

Повеќе информации на:
www.monochromemodern.com
www.facebook.com/monochromemodern
www.privateprint.mk

 

Бисерот на оперската уметност, Тоска во изведба на солистите, хорот и оркестарот на МОБ.
Тоска е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта е одржана на 14 јануари 1900 г. во Рим, Италија.

Диригент: Џанлука Мартиненги
Режисер: Огњан Драганов (Бугарија)
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Хор–мајстор: Јасмина Ѓоргеска
Асс. Режисер: Дејан Прошев

Тоска: Валентина Бои (Италија)
Каварадоси: Валтер Фракаро (Италија)
Скарпија: Елиа Фабиан (Италија)
Анџелоти: Игор Дурловски
Клисар: Драган Ампов / Васко Здравков
Сполета: Никола Стојчевски
Шароне: Диме Петров
Клучар: Борко Биџовски
Овчарче: Александра Лазаревска-Василев

 

[20.00] Виолински бравурии // Македонска филхармонија

Диригент: Со Аватсуџи (Јапонија)
Солист: Сихана Бадивуку-виолина
Програма:
И. Пејовски: „Бескрајно сега“
M. Ravel: „Циганка“
C. Saint-Saens: Интродукција и рондо капричиозо
G. Bizet: Симфонија во C.

 

[20.00] Животот е прекрасен // МНТ

„Ова не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туки за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен. Еден човек кој доаѓа до пеколот, за да разбере, всушност, дека животот е нешто многу драгоцено“ Претстава која ќе ве растажи и насмее до солзи!

*Слободен влез за студентите.

 

[20.00] Red Hot Chili Peppers Real Tribute // С26

Red Hot Chili Peppers Real Tribute е еден од најголемите европски tribute проекти на RHCP кој е специфичен по одличната енергија на бина, костимографијата која е најблизу до оргиналниот бенд и одличниот звук.

“Early Bird Tickets“ до 1 февруари по цена 200 мкд.

 

[20.00] „Патот кон вечноста“, хуманитарна изложба на фотографии // Вински Бар Подрум

Ќе бидат изложени 30-тина фотографии изработени во периодот од 2016 до 2017

Изложбата ќе биде хуманитарна, односно целта е со вашето присуство да му се помогне на Кире Главинчевски, кој има потреба од специјализирана инвалидска количка и скапи третмани во Словенија. На Кире му се потребни 8.000 евра за да го продолжи лекувањето, но за жал, семејството не може да ги обезбеди.

Ве очекуваме на пријатно дружење збогатено со настапот на: Чалгија саунд систем, Етно состав Монистра и др.

Сите кој сакате да донирате за Кире можете да го направите на следната жиро сметка:

Кире Главинчевски
210501609611550
НЛБ банка

 

[20.00] ЧЕтврток со Бојан Чакра! // Че Кафе Бар

Фино културно си тераме со Чакра. Звуците на џезот, фанкот, соул итн.

 

[21.00] South Park // Винил

South Park во Винил приказна која не сакате да ја пропуштите.

 

[21.00] Session Selection // Chillin’ Bar

Ачек, Ташко и Мио го сочинуваат триото Session Selection, кое овој четврток повторно ќе се погрижи за супер атмосфера во Chillin’ Bar!

 

[23.00] 80s Ladies Night – WannabeeZ // Рок Клуб Shadows

Ladies Night во Rock Club Shadows!!!
ДЏ-ките се спремни да те вратат во времето со најјаките рок и алтернативни хитови од 80 – тите, проследени со многу денсање!
А за да им помогнеме на дамите да се олабават, ќе има и Finlandia за 80-че, сепак е ваша вечер.

 

[23.55] Викенд програма // Епицентар

Четврток, 23 Февруари
Emi Ermilova
Milan SerafimovПеток, 24 Февруари
Mirko Popov
Darko JordanovСабота, 25 Февруари
Ana Malo
Vaal

[23.55] The Ringtones // Клуб Маракана

The Ringtones:
Дина Јовановска – вокал
Симон Пеоски – гитара
Дарко Фотиновски – бас
Кристијан Лафазановски – тапани

Влезот е бесплатен а стартот е во 00:30 часот.

 


 

 

 

Петок 24.2.2017

[16.00] Lucky Friday // Public Room

Вино, мезе, дружење, муабети, боса нова звуци ~
Вашата омилена сорта вино од Bovin, Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%

Резервирајте си место за вашето друштво на 02 6092650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/lucky-friday-wxbUv.

 

[20.00] Свадбата на Фигаро // МНТ

Автор: Пјер Бомарше
Режисер: Леван Цуладзе

Улоги:
Нино Леви – Грофот
Николина Кујача – Грофицата
Сашко Коцев – Фигаро
Сашка Димитровска– Сузана
Томе Витанов – Дон Бартоло
Марија Новак/Снежана Коневска – Руси – Марчелина
Драгана Костадиновска– Фанчета
Славиша Кајевски – Керубин
Ивица Димитријевиќ – Дон Гусман

*Цената на билетот е 300 денари

 

[20.00] Вера Јанковиќ // Цреша Бар

Rock ‘N’ Roll петок со ДЏ Вера Јанковиќ.

 

[22.00] Showroom: M Jazz Session // Public Room

Вечер во која M Jazz Sessions ги заживува евергрините на македонската џез/поп ера, од 50тите години до денес!

Шоу со незаборавни македонски мелодии интерпретирани од Ангела Силјановска- вокал, Филип Димишковски- клавијатура, Марко Василевски- контрабас, Виктор Филиповски- тапани.

https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/showroom-ivan-ivanov-quintet-xzFcF
02 609 2650
contact@publicroom.org

 

[22.30] Othersound #3 | Kate Simko & London Electronic Orchestra // С26

За првпат во Македонија:
Kate Simko & London Electronic Orchestra
+ DJ Eddie Richards

Local Support:
Ilina Angelovska

Карти во претпродажба: 350 мкд

Карти на врата: 500 мкд

 


 

 

 

Сабота

[20.00] Изложба на Сали: Политички Коректни // Галерија 7

Повеќе информации наскоро…

 

[20.00] Рајмонда (Класичен балет) – Александар Глазунов // МОБ

Настапуваат:
Рајмонда: Марија Кичевска Шокаровска
Жан де Бриен: Бобан Ковачевски
Абдурахман: Васил Чичијашвили (Грузија)
Бела Дама: Наташа Јосифовска
Учествува целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ.

 

[21.00] Млади за Скопје #5 – Концерт на The Local Blue // МКЦ

– The Local Blue
The Local Blue се инструментален рок бенд од Скопје, Македонија. Формирани се во 2016та година. Во бендот свират Кристијан Новковски (тапани), Владимир Бичковски (бас) и Кристијан Савиќ (гитара). Инспирирани од Clutch, Ali Farka Touré, Jimi Hendrix, Rage Against the Machine и многу други андерграунд стонер и сајкеледик артисти, буквално ја трансфомираат цела енергија на сцена и не оставаат никој рамнодушен.

Карти во претпродажба (билетара МКЦ): 100 ден.
Карти на денот на концертот: 150 ден.

 

[21.00] Satuday // Public Room

И последниот викенд од февруари се дружба со South Park!

Шизење со Светлана Јовановска- вокал, Виктор Николовски- вокал и бас, Благојче Пенов – тапани, Зоран Костадиновски -водечка гитара и Горјан Стојменовски – ритам гитара.

 

[21.30] Gameover // Цреша Бар

ДЏ сет на Gameover во сабота. Бидете на време.

 

[21.30] Alcos Saloon // Кафе бар Браво

Alcos Saloon
Виктор Танасковски – гитара, вокал
Марио Симоновски – бас
Дамјан Даневски – тапани

 

[22.30] Paco Osuna  // ВИП Арена Борис Трајковски

За прв пат во Скопје гостува еден од најреспектираните дј-и во моментов, шпанскиот супер стар дј, продуцент и техно великан:

Paco Osuna

www.pacoosuna.com

Домашна поддршка:
Nikofor
www.facebook.com/Dj.Nikifor

Влезници во претпродажба по супер промотивна цена за првите 500 влезници од 500 денари, а потоа 600 денари, во ПОЛА ЈУГОТОН иwww.kupikartizase.com продажните места низ целата земја.

 

[22.30] Vaal // Епицентар

Vaal е DЈ-ка во сериозен подем за кој, пред сѐ, заслужна е нејзината неверојатна, продуцентска и DJ-ска работа изминатите 5 години. На почеток со изданијата на сопствената издавачка куќа Baastard, London, a подоцна за Life and Death Records, па се до моменталната соработка со издавачката куќа на Tale Of Us, Afterlife, таа заедно со имиња како Mind Against, Monoloc, Recondite и многу други, цврсто стои зад концептот чија суштина е широк спектар експериментирање со длабокиот и мрачен техно звук.

Local Support:
Ana Malo
https://www.residentadvisor.net/dj/anamalo
https://soundcloud.com/ana-malo

Влез: 300 мкд

 


 

 

 

Недела 26.2.2017

[11.00] Social Sunday // Public Room

Поминете убаво и безгрижно социјално попладне со вашето семејство користејќи ја можноста за бесплатна анимација за најмладите краетивци со дрвените играчки од програмата на Melissa & Doug. Децата на возраст од 2 до 4 години ќе бидат воодушевени да научат како се подготвува појадок, како се отвораат и затвораат патенти, копчиња, рајбери…
Децата од 5 до 7 годиишна возраст ќе можат да ја развиваат сопствената слика со колекции на стикери и печати.

А родителите може да уживаат на каучите од прогрмата на „Просторија” и „Фејдом”.

Сите учесници се дел од наградна игра на која ќе можат да освојат дрвена играчка од програмата на Melissa & Doug!

 

[20.00] Friends2Friends // МКЦ

Мотив за организирање на настанов беше пожарот кој се случи во Макотекс во кој изгореа инструментите и студиото на наши пријатели музичари. После оваа трагедија следеа и нови лоши изненадувања, именно имаше поплава во истата зграда која ги зафати и помошните простории за проби.

Со купување карта за овој фестивал од 100 ден. во претпродажба (200 ден. на врата) ќе им овозможите на музичарите да набават нова опрема и да продолжат да творат и да создаваат култура!
Настанот го поддржаа следните бендови:
1. Темпера
2. Mooger Fooger
3. Милко
4. Фолтин
5. Сетстат
6. Alter Vivo
7. Јаничари
8. Conquering Lion
Неизмерна поддршка дадоа и Младински Културен Центар!
Во фоајето на МКЦ за време на фестивалот ќе се организираат низа на забавни активности, а музика ќе пуштаат:
1. Dj Goce SAF
2. Toni Zen Official
3. DJ Chvare

 

Comments

comments