Фотографија: Suteren Studio

 

Понеделник 21.5.2018

[11.00] Има ли шанси отвореното општество во Македонија? // Музеј на Современа Уметност

Конференција:  Има ли шанси отвореното општество во Македонија?
21-22 мај (понеделник-вторник)
Програма

 

[17.30] Култренинг // Кино Култура

Редовни отворени часови за техники на современ танц и истражување на движење: Култренинг!
Импровизација, соматски пракси, балет, јога, современ танц, рилис тeхники…

Часовите ќе се водат од локални и меѓународни танцови уметници со професионално искуство и едукација во областа на современиот танц, и се отворени за сите заинтересирани за поинаков пристап кон телото, движењето и современиот танц.

Претходно искуство не е потребно.
Учеството е бесплатно.

Часовите ќе ги води Мartin Sonderkamp
контакт: kultrening@gmail.com

 

[18.00] Предавање за Јапонско традиционало плетење со свилен конец // НУ Археолошки музеј на Македонија

Амбасадата на Јапонија во соработка со г-а Хоко Токоро организира предавање за Кумихимо – Јапонско традиционало плетење со свилен конец и две работилници.

Предавање
21.05.2018 – 18:00 Археолошки Музеј на Македонија

Кумихимо – плетење со свилен конец
22.05.2018 – 12:00-13:30 во Сули Ан

Предавањето и работилниците се бесплатни, но местата се ограничени.
Ве молиме да го најавите/потврдите вашето присуство на irena.kjupev@sk.mofa.go.jp или +389-(0)23118-063

 

[19.00] Денови на современа македонска кујна // Amigos Restaurant & Bar

Ново во Амигос. Денови на македонска современа кујна на 21 и 22 Мај од 19:30 часот. Повторно кај нас гостин шеф одличниот Филип Чалоски. Пробајте ги македонските специјалитети овие два дена подготвени за вас на малку поинаков начин, послужени со 3 различни сорти на вино од винаријата Тиквеш.

Резервации на 071/230-314

Ракија и Салата ( Коктел )
(Лозова ракија, сок од јаболки, грозје, диви смокви, домат, кромид, овчо сирење, краставица, маслинка, маслиново маслo.

Предјадење
Домашни Јуфки со рагу од преспански колбас и пире од пиперки
(Тестенини, колбас, сува/свежа пиперка, домат )
+ Tikvesh Grenache Blanc special selection

Главно Јадење
Зајачко Филе во сопствен сос
(Зајачко филе, коприва, аспарагус, смрчак, пролетен грашок, млад морков)
+ Tikvesh Plavec special selection

Десерт, сутлијаш
(Кочански ориз, млеко, јагоди, бадеми, брашно, нане)
+ Tikvesh Alexandria cuvee rose

Мени по цена од 1250 денари.

 

[20.00] Изложба – Идентитет //  Универзитет за аудиовизуелни уметности

Фотографиите на изложбата ИДЕНТИТЕТ се дел од фотоработилницата на тема IDENTITY одржана во Белград, Скопје и Дортмунд на која што зедоа учество 24 студенти од катедрите по фотографија на три универзитети: Академија Нова, Европски универзитет од Белград, Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕФТА Скопје и Факултетот за дизајн при Универзитетот за применети уметности од Дортмунд.
На изложбата ќе бидат прикажани делата на студентите од Скопје.
Учествуваат: Соња Ставрова, Виктор Ирвин Иванов, Таиса Санџакоска, Денис Јагџи, Стефан Соколовски, Ема Велјаноска, Ирина Крстевска и Ули Умери.

 

[20.00] Да не се заборави – Промоција на документарни филмови // Кино Култура

Во изминатите седум години, македонската демократија ја „разбудија и размрдаа“ големи граѓански иницијативи. Почнувајќи од „Протестирам“, преку Студентскиот и Средношколскиот пленум, па сè до Шарената револуција, граѓанското општество изврши притисок на власта и успеа да направи некаква промена во Македонија. Младинскиот образовен форум, во соработка со новинари на Радио МОФ, во изминативе месеци работеше на четири документарни филмови, чија цел е да ги овековечат овие четири значајни движења, да ги архивираат за да не останат заборавени, но и да поттикнат во иднина погласно и послободно граѓанско општество. Во нив се документирани искуствата, сеќавањата и животите на значајни членови на овие движења.
Идејата зад филмовите е да се поддржат и зајакнат човековите права и слободата на печатот, низ прикажување на значењето и импактот на граѓанските движења врз едно демократско општество. 

 

[20.00] АСТРО Забава // Терасата на ПМФ

Повелете во понеделник да ѕирнете низ нашиот телескоп, да направите некоја фотка со вашите смартфони и да уживате во глетката и дружењето.

 

[20.00] Пркос и непокор – Стјепан Филиповиќ // Социјален центар Дуња

Фотографијата од миговите пред погубувањето на Стјепан (Стефан, Стево) Филиповиќ е една од најмоќните фотографии од Втората светска војна. Почит му оддаваат и Обединетите Нации ставајќи ја на влезот од зградата.
По повод 22-ри мај, годишнината од погубувањето на овој херој, ќе го прикажеме документарниот филм „Приказна за Стјепан Стево Филиповиќ“. Тој го опфаќа животот на Стево, неговото делување пред и за време на војната, погубувањето, но и епилогот со неговите споменици во Ваљево, Србија и Опужен, Хрватска, како симбол на националистичките војни по распадот на Југославија и дијаметрално спротивниот пат по кој тргнаа Југословенските републики од оној за кој се бореше и го даде животот Стево.

 

[20.00] „ДУХ“ // Македонски Народен Театар

Автор: Дејан Дуковски
Режисер: Срѓан Јаниќијевиќ

Улоги:
Мара – Гораст Цветковски
Кирил, банкарот – Никола Ацески
Никола, таткото на Марa – Емил Рубен
Аспасија, мајката на Мара -Тања Кочовска
Жанко, братот на Мара – Ивица Димитријевиќ
Марија, жената на Мара – Тина Трпкоска
Попот – Оливер Митковски
Милена, ќерката на Мара – Матеа Јанковска
Николај – Сашко Коцев
Жозефина – Нина Деан
Месарот – Јордан Симонов
Волкот – Тони Михајловски

Пијано: Надежда Рубен
Гитара: Ивица Димитријевиќ

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
Цена на билетот е 300 ден.

За подетални информации јавете се на +38923230304

 

[21.00] Weekends are overrated // Rock Kafana Rustikana 2.0

Пoнеделник – Вински коктели и џези кавери со New Indigo со старт од 21:00.

 

[23.59] Nina & 2EXIT // Летна Хавана

Овој понеделник во Havana Summer Club, за прв пат ќе се дружиме со Nina & 2EXIT. Препознатливиот вокал на Нина Јанева, придружуван од нејзиниот бенд, цела вечер ќе не забавуваат со многу блуз, рок и поп-рок хитови. Кога на сето тоа ќе ги додаме и промо цените на пијачките (-50%), имаме гаранција за уште еден одличен старт на неделата.

 


 

 

 

Вторник 22.5.2018

[18.00] Промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“ // Public Room

На 22 мај во 18 часот во Јавна Соба (Public Room) ќе се одржи промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“ од Вики Андонова, во издание на „Арс Либрис“ дел од „Арс Ламина – публикации“.
Ќе има голем број изненадувања и козметичка работилница, а за првите 50 купени книги на самата промоција следува и подарок, (по случаен избор) од следниве органски марки: Dr. Hauschka, Logona, Institute Organica, Oma Gertrude, Natura Siberica, Alverde (DM), Natural Cosmetics (Козметика од Кожув), Natura Italiana (Ладно цедено маслиново масло), Gamarde, Sharini Organic Parfums, Phyt’s Organic Makeup.
На крајот од промоцијата следува и потпишување.

 

[20.00] Годишен концерт по повод „Св. Кирил и Методиј“ // Дом на АРМ

Почитувани пријатели, љубители на фолклорот, голема чест ни е да Ве поканиме на целовечерен концерт по повод одбележување на 24 Мај – патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Сите заинтересирани за карти, може да се обратите на 02 306 6808.

 

[20.00] Maјски oперски вечери // Македонска Опера и Балет

22.05.2018 – 20.00
Народен театар Сарево / The Sarajevo National Theatre
Змејот од Босна – Асим Хорозиќ
The dragon of Bosnia – Asim Horozikj

 

[21.00] Weekends are overrated // Rock Kafana Rustikana 2.0

ВТОРНИК – Вонредна свирка вторнички со Marko Kuma Markovic и Владимир Чадиковски – Црни и Chick n’ Heineken Tuesdays – 2 Heineken 0,5 и порција крилца или пилешки прсти (во 3 комбинации: Лимон и Бибер, BBQ, Лук и Оригано) со 20% попуст.

 


 

 

 

Среда 23.5.2018

[08.00] Осма трка на 5 км – NIKE лига во трчање // ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 39

Може да учествува секој што сака да трча. Трката се организира со цел да се промовира трчањето,здравиот активен начин на живот и да се поттикне себенадминувањето.Старт и цел е на патеката на кејот на реката Вардар – Кај Жабарот,веднаш до скејт паркот.

Се трча по асфалтираната патека до мостот кај Александар Палас и назад (точно 5км.). Пријавување и подигнување на бројчињата e во 8ч. а старт е во 8ч. 30мин. Стартнина не се наплаќа и секој учествува на сопствена одговорност.

Контакт: Кокан Ајановски 078 402 665 /https://www.facebook.com/nikerunclub/

 

[17.00] 2nd Birthday Party! // Rock Kafana Rustikana 2.0

Рустикана 2.0 слави втор роденден!
Во среда ќе имаме целодневен роденденски ивент што супер се поклапа со продолжениот викенд кој следи. После работа музика ќе пушта DJ Mawrteen – ќе се пијат вински коктели, а и сите Куве и Оак вина на Tikveš Winery ќе бидат по роденденски цени од 600 денари за шише од 0,75 во првиот дел од програмата. Вечерта после 21:30 ќе свират Ring Road, а специјална цена ќе имаат шотовите на Jägermeister.

За инфо и резервации јавете ни се на 075 478 134

 

[17.00] Deep & Tech Sessions with PASS-N-G-R // Cafe Samo

Deep & Tech Sessions, afterwork till midnight.
Pass-N-G-R

 

[17.30] Штафета На Младоста // Нано Бар

Штафетата на младоста ќе кружи од рака на рака и ќе се забавува заедно со вас и со звуците на Југословенскиот поп и рок, оној препознатлив звук кој своевремено го создаваа маестралните: ЕКВ, Партибрејкерс, Хаустор и Дарко Рундек, Денис и Денис, Марина Перазиќ, Зана, Забрањено Пушење, Бјело Дугме, Оливер Мандиќ, Идоли, Шарло Акробата, Леб и Сол и уште многу, многу други.

На вас другари и другарки, единствено што Ви преостанува е веднаш после работа да дојдете во НАНО БАР и да ја понесете со себе желбата за искачување на последните скали пред предавањето на штафетата, која ќе го означи денот на младоста.

 

[19.00] „Царство небеско“ – Гостува Народно позориште Белград // Македонски Народен Театар

На 23 мај во мнт гостува народно позориште белград со претставата „Царство небеско“ – Епика Балканика
Претставата се игра на две локации. Првата локација е на големата сцена во Македонски народен театар со почеток во 19:00 (траење 90 минути), и втората локација е Младински културен центар во кино „Фросина“ во 21:00 (траење 45 минути).

Народно позориште белград и битеф театар
драмска сцена „раша плаовиќ“ и сцена битеф театар

Режисер: Јернеј Чоренци
Драматург: Матиц Старина
Сценограф: Бранко Хојник
Костимограф: Белинда Радуловиќ
Композитор: Кармина Шилец

Играат:
Олга Одановиќ
Наташа Нинковиќ
Нада Шаргин
Хана Селимовиќ
Бранко Јериниќ
Бојан Жировиќ
Никола Вујовиќ
Милутин Милошевиќ
Славен Дошло

 

[19.00] Изложба „За Животните и луѓето“ // Н.У. Музеј на Македонија

На 23 мај, среда, во 19 часот, во Музејот на Македонија ќе се отвори изложбата „За животните и луѓето“ од Етнографскиот музеј во Загреб. Изложбата ќе биде отворена до 7 септември 2018 година.

Оваа исклучителна изложба на Етнографскиот музеј од Загреб научно и стручно ја тематизира интеракцијата на животинскиот свет со човекот во културолошка и општествена смисла. Авторскиот тим на изложбата преку изложените музејски експонати, текстови, фотографии и документарни филмови ни ја претставува слоевитоста на меѓусебните односи помеѓу луѓето и животните и ги следи промените на овие односи со текот на времето и на глобално и на локално ниво во руралните и урбаните средини.

 

[20.30] Wednesday Jazz Night // Distrikt Bar & Kitchen

Smooth Jazz во Дистрикт Бар и Ресторан
Секоја среда опуштете се на летната тераса со одлична музика и единствен свет на вкусови! Ве очекуваме!
Резервации: 071/238-522

 

[21.00] Концертна промоција на Мугер Фугер // Младински Културен Центар

Мугер Фугер ве канат на концертна промоција на 10тиот албум!
Плато МКЦ, 23.05.2018
Влез слободен.

10-от Мугер Фугер албум ќе има 10 песни и ќе се вика „Татко“.

Сецко Сеад Хаџиќ – гитара, мандочело
Огнен Мангаровски – синтисајзер, пијано ,бас гитара, гитара
Сашо Митревски – гитара
Никола Кузмановски – бас гитара
Огнен Златанов – гитара
Џано Куч – тапани и перкусии
Горан Трајкоски, Ристе Солунчев, Сашко Костов ,Елена Христова, Снежана Стојчевска, Ристе Гоцев, Идриз Амети, Јон Ајдини, Џабир Дерала – вокали

На промоцијата ќе можете да го набавите албумот „Татко“ на ЦД!

 

[20.00] Maјски oперски вечери // Македонска Опера и Балет

23.05.2018 – 20.00
Пучини и Росини – Гала оперски концерт
Puccini & Rossini – Gala Opera Concert

 

[20.00] Боро Рудиќ со EXIT изложба на фотографии и промоција на книга // Kic Qik

EXIT изложба на фотографии и промоција на монографија на Боро Рудиќ
На 22 мај во Културно-уметничкиот центар во 20 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии насловена EXIT на познатиот македонски фотограф Боро Рудиќ, која содржи 45 дела се испечатени на рачно изработена хартија. Настанот ќе биде збогатен и со промоција на неговата истоимена ексклузивна монографија дело какво досега не е создадено кај нас и пошироко на Балканот.

 

[21.30] Greatest Hits With Dj Tina // Нано Бар

 

 


 

 

 

Четврток 24.5.2018

[13.00] Chill The Funk OUT! // Градски Парк Скопје

Chill out зона за старт на продолжен викенд!
Почнуваме со live graffiti act на МИКС, пропратено со музика од нашите диџеи. Потоа се дружиме со Импров Група Настап и за крај we do the funkin’ со DJ Chvare !

13:00 – Скопски Грув & Микс / Spin&Spray 2

17:00 – Импров Група Настап

18:30 – DJ Chvare винил сет!

Се гледаме кај фонтана 6 чешми!

 

[21.00] In The Mood // Fourplay Cafe

После кратка пауза, блузот се враќа во Форплеј. Ќе уживаме во еднакво квалитетна музика, но во расцутено Дебар Маало на летната тераса, Исто е, ама не е исто.
Jameson е верен другар на блуз сесиите и во пролетната сезона, нормално по другарска цена.

In The Mood

 


 

 

 

Петок 25.5.2018

[08.00] Стенковец Куп // Stenkovec Brazda Airport

F3D – Pylon Race
F5J – Thermal Duration

Организатор : вск РЦСК – Скопје
info@rcsk.mk

 

[17.00] Аперитиво // Кино Карпош

Промотивни цени на селектирана група на вина од винарија Тиквеш
Промотивна ценa на Jameson
Вкусно мезе кое ви е веќе добро познато 

 

[17.00] Friday Afterwork // Distrikt Bar & Kitchen

Уживајте во топлите пролетни денови и завршете ја работната недела во опуштен амбиент на нашата летна тераса. Афтерворк забава со најдобрите евергрин хитови во живо со Боби Сакс и ДЈ Драган. Секој петок во Дистрикт Бар и Ресторан! Промотивна цена на Џејмисон и виски саур. Резервирајте на 071/238-522

 

[21.00] Tonal & Tamara – Live // Rock Bar Krug

Tonal & Tamara

 


 

 

 

Сабота 26.5.2018

[07.00] 37мо традиционално искачување „Титов врв 2018“ // Планинарско Друштво Трансверзалец

ДПС Трансверзалец ќе се приклучи на традиционалното искачување на највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв (2.747 м), манифестација во организација на ПК Љуботен од Тетово. Постои можност за еднодневна и дводневна акција.

Дводневна тура Титов врв

Сабота 26.05.2018

08ч. Поаѓање за Попова шапка од Железничка – Пошта
10ч. Искачување до Јелак и Јелачки Црн Врв
19ч. Свечено отворање на манифестацијата зa трaдициoнaлнoтo искaчувaње нa Титoв Врв во холот на хотелот „Попова Шапка“ – Попова Шапка.
19:30ч. Состанок со водачите на екипите на кои ќе бидат детално објаснети условите за искачувањето и доделување на дипломите за учество.
20:00 – 23:00 ч. – планинарско дружење и забава.
Нoќевaње вo плaнинaрски дoм Смрекa.

Недела 27.05.18

07ч. Искачување на Титов Врв (2.747м) по „Вакуфска патека„ , се пешачи вкупно 8 часа.
11 -12 ч Пристигање на врвот
16ч Пристигање во планинарскио дом Смрека
17-18ч. Враќање за Скопје

Цена за дводневна тура, превоз и ноќевање во планинарски дом Смрека 800.00 ден

Еднодневна тура Титов врв

Недела 27.05.2018

06ч. Поаѓање за Попова Шапка од Железничка – Пошта.
07ч. Искачување на Титов Врв (2.747м), ) по „Вакуфска патека„ , се пешачи вкупно 8 часа.
11-12ч Пристигање на врвот
16ч Пристигање во планинарскио дом Смрека
17-18ч. Враќање за Скопје

Цена за еднодневна тура за превоз 400.00 ден.

Исхраната е од ранец. За искачувањето потребна е соодветна психофизичка подготвеност на учесниците. Секој учесник учествува на сопствена одговорност.
Учесниците треба да поседуваат планинарска опрема за искачување согласно временската прогноза, разгазени планинарски чевли, топла облека, кабаница и сл. Вода најмалку 1л.

Напомена: Акциите ке се одржат доколку има најмалку 10 пријавени учесници

Информации, пријавување најдоцна до 24.05.2018 г. на тел
070/342-787

Карти за престојните акции може да набавите од 20.00 до 21.30 ч во просторите на друштвото секој четврток за време на редовните состаноци

 

[21.00] Acoustic Saturday // Distrikt Bar & Kitchen

The Crew повторно на сцената во Дистрикт Бар и Ресторан. Секоја сабота повелете на уживање со акустична музика, пријатна атмосфера и уникатни вкусови. Искористете го убавото време во месец мај и повелете на нашата летна терасa. Резервации: 071/238-522

 


 

 

 

Недела 27.5.18

[12.00] Синестетика #1 // Ледина Шамак

На 27ми мај, со почеток во 12.00 на пладне на ледината „Шамак“ (над Козле, подножје на Водно), ќе се одржи првиот фестивал „Синестетика“.
Во склоп на програмата ќе учествуваат повеќе авторски бендови, ликовни уметници, филмаџии и ракотворци.
Фестивалот ќе започне во 12ч на пладне, а ќе трае додека трае.

Музичка програма:
12:00 – класично отварање: V616
13:00 – рок заплет: ИлузијА
14:00 – треш дигресија: Conspiracy
15:00 – разумна фузија: Zulu 3.4
16:00 – прогресирање: Amber Virga
17:00 – раскажување: Filch
18:00 – алтернатива: Cóntact 59
19:00 – синкретички залез: Minstrel’s Gallery
20:00 – кумановско помрачување: DRIOMA
21:00 – пекмезење: oтворен Јam session

По завршувањето на музичката програма, следува прикажување на кратки филмови од наши млади режисери: Anastasija TochevskaStojkov BorjanBruno VeljanovskiЛидија МојсоMiroslav IlićTamara Kotevska,Tanja SimonovskaTrifun SitnikovskiFilip LafazanovskiNikola Popovski.

Од отварањето на фестивалот, па до самиот крај, на околните дрвја ќе бидат изложени ликовни и литературни дела од повеќе локални автори (слики, фотографии, графики, поеми, кратки раскази…).
Доколку има некој кој на денот на настанот одлучи дека сака да се вклучи, добредојден е да донесе свое дело и да го изложи.

Vaklinski Teodora ќе организира pop up shop на кој ќе учествуваат повеќе ракотворци: Pocket GalleryElena Stavreska’s artwork – Dimension ELF,Black Bird HandmadeМикериCone. The pun timesПлетЕлицаJust Because. Art & Design StudioMario ManeskiElena DolencAngela CuckovaPontes65Rabendā.

Ќе пиеме на шанкот на Old School Cafe, органско кафе од Coffee Bike, скара ќе врти кафаната Лавче кај ЖУТИ, а за веганската публика тука е Ana Симова.

Ледината се наоѓа над населбата Козле, погоре од улицата Ловкенска 4. Патеката ќе биде обележана со знаци на кривините, а неколку дена пред настанот ќе објавиме мапа и кратко видео со насоката од Козле до горе.

Добредојдени сте да си носите шатори, вреќи и кебиња, па следното утро ние ќе ве испратиме со турско кафе.

Програмата ќе биде надополнувана во деновите што следуваат.

ПС – Датумот може да варира во зависност од временските услови.

Се гледаме на Шамак!

Comments

comments