Фотографија: Петар Ташев

 

 

Понеделник 23.7.2018

[18.30] It’s Wine O’clock! // Дистрикт

Секој понеделник во Дистрикт бар и ресторан, 50% попуст на селектирани вина! Одлична можност за уживање во топлите летни денови  Резервации на 071/238-522.

 

[20.00] Зборува Скопје //  Град Скопје

23.07.2018
Солидарноста се враќа дома
Опис: Враќање на буквите од изјавата на Јосип Броз Тито во 63та на источната страна на Музејот на град Скопје
Почеток: 20:00 ч.
Локација: Музеј на град Скопје
Организатор: град Скопје

Скопје на нашите дланки 1963-2018
Опис: Работен камп
Почеток: 23-28.07.2018
Локација: општина Гази Баба
Организатор: Здружение за волонтерско работно и едукативно ангажирање акцијаши

 

[20.00] No No Instigator/Загреб+ ParNePar/Загреб // Гаражи под Плочник

No No Instigator: тотален екс-ју/нови вал worship.
https://nonoinstigator.bandcamp.com/
FFO: Warsaw, Dobri Isak, Утро

ParNePar: нервозен постпанк/детрок.
https://parnepar.bandcamp.com/album/kako-molim
FFO: KazimirovKazneniKorpus, Drezden, Belgrado

Влез на донација

 

[20.00] Театарска претстава „Вдовицата се мажи“ // Скопско лето Скопје

„Вдовицата се мажи“
според „Мечка“ од А.П.Чехов

Продукција: НУЦК Театар Ј.Х.К. Џинот – Велес
Режија и адаптација: Младен Крстевски
Сценографија: Филип Коруновски
Костимографија: Катерина Чукниева
Избор на музика: Снежана Митова

Информации за билети во Дирекцијата за култура и уметност – Скопје; тел: 3165 064; 3222 341.

Улоги:
Попова – Марина Поп-Панкова
Смирнов – Васил Зафирчев
Лука – Младен Крстевски

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, напишана во 1888 година. Претстава која на комичен и атрактивен начин за гледање ја раскажува приказната за вдовицата Попова, која седум месеци е во траур по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Комуницира единствено и само со нејзиниот лакеј Лука и вработените на имотот.

 

[00.00] Havana Mondays со Bionda // Летна Хавана

Уште една работна недела е пред нас, што значи дека повторно ќе има дружба со бендот кој стана заштитен знак на понеделничките свирки во Скопје. И овој понеделник ќе се слушаат многу поп-рок хитови изведени од Bionda, а стандардно ги имаме и пијачките кои се на 50%.

 


 

 

 

Вторник 24.7.2018

[20.00] Зборува Скопје // Парк на Мајка Тереза

24.07.2018
Рута на солидарност
Опис: Панорамско разгледување на Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес 1963
Почеток: 11:00 ч. и 17:00 ч.
Локација: парк на Мајка Тереза (платото пред зградата на ЕВН)
Организатор: ЈСП Турс ЈСП Скопје и град Скопје

 

[20.30] Концерт „Ветришта од Шпанија: Песна и Зарзуела“ // Музеј на Град Скопје

Во рамки на „Скопско лето“ 2018, концерт „Ветришта од Шпанија: Песна и Зарзуела“. Во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија.

Марија Еухениа Бош (Maria Eugenia Boix) – сопран
Ана Фере (Anna Ferrer) – пијано – Шпанија

 

[00.00] Шизи во вторник со SureShotz // Летна Хавана

Shorty P и Irie Scratch се и овој вторник позади грамофоните, за ново шизење на подиумот во летна Хавана. Како и секогаш, многу hip-hop, r`n`b и funk, а пијачките се на 50%.

 


 

 

 

Среда 25.7.2018

[17.00] The Sunset Sessions e02 // Радио Бар

Лето е, топло е, па што да се прави после работа освен да се пие по некоја пијачка во Радио Бар?

Што е поентата?
Гоце и Тихо (ние), сакаат да пуштаат убав драм енд бејс и така заедно да го дочекаме зајдисонцето заедно сите. Во кратки црти прелабави среди после работа, убава музика, топли срца и ладни пијачки.

 

[19.00] Dusko Janevski & Diah // Епицентар

Dusko Janevski
[Juan’s Kitchen Delights Recordings]

Diah / Dijana Di

hosted by: Bodan Jamakoski

 

[20.00] Зборува Скопје // Графити галерија ГТЦ

Зборува Скопје – Главен настан
Скопје сонува
Опис: Краткометражен филмски колаж на Дина Дума
Почеток: 20:30 ч

Тивка реконструкција на земјотресот
Опис: Перформанс на Билјана Радиноска
Почеток: 21:00 ч

Разговор со смисла
Опис: Музичка програма – Концерт на Mammoth & Yashem, Концерт на Тодор Караколев, Импров сесија со музичари од новата скопска сцена
Почеток: 22:00 ч

Организатор: град Скопје
Локација: Графити галерија ГТЦ (автобуската постојката во ГТЦ)

 

[21.30] Светлост XL / Andreas Günther & Yordan Kostov // Ла Кања

King Gong со необично задоволство ве кани на целовечерна сесија на слободен џез и колективна импровизација. Домаќините Светлост во (и тоа како) засилен состав го пречекуваат меѓународното дуо на германскиот саксофонист Andreas Günther и сеприсутниот Јордан Костов.

СветлостExtra Large Ensemble

Нинослав Спировски (кларинет / тенор саксофон)
Васко Бојаџиски (алт саксофон / флејта)
Andreas Günther (тенор саксофон / флејта)
Бисера Базер (тромбон)
Бојан Жунгулов (удиралки)
Јордан Костов (хармоника)
Филип Букршлиев (гитара)
Бојан Иванов (гитара)
Дени Омерагиќ (контрабас)

 


 

 

 

Четврток 26.7.2018

[15.30] МКЦ за Скопје // Младински Културен Центар

55 години од скопскиот катастрофален земјотрес. МКЦ за Скопје е настан кој потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето.

Програмата за оваа година е следнава:

Галерија:
20:00
Restart – Изложба на старата и младата генерација на македонски уметници

Филмска програма:
Досие Скопје:
Епизоди 1 – 10
Почеток: 15:30
Kино Фросина & Плато МКЦ

Музичка програма:
Плато МКЦ
22:30
Ayuune Sule (Гана)
Александар Велики (Македонија)
Hornsman Coyote (Србија)
Natty Fiyah SS (Македонија)
+ промоција на нов видео спот на Sethstat & Мирко Попов

Влезот е бесплатен.

 

[17.00] Thursday Burger Night // Дистрикт

Секој четврток во Дистрикт бар и ресторан, највкусните бургери во градот и изберете еден од 5те домашни премиум бургери или 3 мини бургери! Резервации на 071 238 522.

 

[18.30] Семе – Детска претстава со сенки // Сенки и облаци

~Семе~
Театар “Сенки и облаци”
/ 35мин. / 3+ год. / македонски /

Преку планини и мочуришта, на летни, есенски и зимски ветришта патуваат нашите Семчиња.
Гонети од Кртот и Чавката, бегајќи од Волкот и Бувот, разиграни од Бубамарите и Мравките секое Семче си го пронајде својот пат.

Претставата која го пропатува светот од Кина до Бразил милувана од скокотливите звуци на хармониката на Јордан Костов повторно трага по детска публика жедна за сведочење на една исконска вистина – и во најмалото Семче се крие надеж, моќ и цел еден свет!

Билети 200 ден.
Информации и резервации во инбокс.

 

[19.30] Невозможна мисија: Последици | Men’s Night во Cineplexx // Синеплекс

Агентот Итан Хант заедно со својот тим започнува нова мисија, каде во трка со времето ќе се обиде да спречи нова катастрофа. „Невозможна Мисија – Последици“ во Cineplexx од 26.07. Очекувајте многу изненадувања и награди!

Билетите се пуштени во продажба!

 

[20.00] Зборува Скопје // Град Скопје

26.07.2018, четврток
РАЗБУДИ СЕ СКОПЈЕ
Опис: Аудио акција
(на 5 различни локации низ градот која треба да ги потсети граѓаните на точното време на трагедијата која го задеси скопје на 26 јули 1963)
Почеток: 5:17 ч.
Локација: Град Скопје (Музеј на Современа, Музеј на град Скопје, ГТЦ, Влае, автомобил низ Партизанска)
Организатор: Група Урбани уметнички Акции / Центар за современи уметности

Положување на цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотересот во 1963
Почеток: 10:00 ч.
Локација: Градски гробишта Бутел
Организатор: Град Скопје

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ
Крводарителска акција
Почеток: 09:00 – 17:00
Организатор: Црвен крст на град Скопје и Музеј на град Скопје
Локација: Музеј на град Скопје

ЗА СКОПЈЕ КОЕ ГО САКАМ
Опси: Поетско читање
Почеток: 18:00 ч.
Организатор: Огранизација на жени на Град Скопје и Музеј на град Скопје
Локација: Музеј на град Скопје

Од БРАТСТВО И ЕДИНСТВО ‘63 до СКОПЈЕ ‘63
Опис: Изложба
Почеток: 20:00 ч.
Организатор: Музеј на град Скопје
Локација: Музеј на град Скопје

Скопскиот земјотрес низ филмовите од архивот на Кинотеката
(Скопје, 26. 7. 1963 / реж. Кочо Недков/1963/13,29’; Ехото на мојот град/ реж. Бранко Михајловски/1963/9,06’; Катастрофа, страдања, надежи/ реж. Славко Јаневски/1963/20,24’; Културно богатство во урнатини/ реж. Димитрие Османли/1963/11,18’; Темели на солидарноста/реж. Трајче Попов/1966/13,29’)
Времетраење: 67’’
Почеток: 21:00 ч.
Организатор: Кинотека на Македонија и Музеј на град Скопје
Локација: Музеј на град Скопје

Грчката колекција во Музејот на современата уметност
Опис: Изложба
Почеток: 12:00 ч.
Локација: Музеј на современа уметност
Организатор: Музеј на современа уметност, Скопје

МКЦ ЗА СКОПЈЕ
Restart
Опис: Изложба на старата и младата генерација на македонски уметници
Почеток: 20:00
Локација: Галерија

Досие Скопје
Опис: Филмска програма
Епизоди 1 – 10
Почеток: 15:30
Локација: кино Фросина & Плато МКЦ

Ayuune Sule (Гана), Александар Велики (Македонија), Hornsman Coyote (Србија), Natty Fiyah SS (Македонија) + промоција на нов видео спот на Sethstat & Мирко Попов
Опис: Музичка програма
Почеток: 22:30
Локација: Плато МКЦ
Организатор: ЈУ Младински Културен Центар

 

[20.30] Seafood Night во Forza Wine Bar & Restaurant // Форца

На 26.07.2018 (четврток) со почеток од 20:30 часот, Форца ресторан ќе биде претворен во уште попријатно место со медитеранска нота која ќе ги обедини љубителите на морската храна и ќе го донесе свежиот морски воздух во нашиот град!

Seafood Night во Forza Wine Bar & Restaurant – вечер исполнета со медитеранска музика, врвно вино и морски специјалитети подготвени од свежа риба и морски плодови, штотуку пристигнати од рибарските мрежи!

Мени
Предјадење:
– Салата со октопод
– Брускета со димен лосос и црн кавијар
– Темпура ракчиња

Паста:
– Свежи таљатели со вонголи и ракчиња

Главно јадење:
– Лаврак во сос од лимон и путер
– Лосос во сос од бадем и териаки
– Пире од зеленчук

Десерт:
– Диња, лубеница и мешано грозје

Цена по особа: 950 денари

Присуството е исклучиво со резервација. Резервирајте со порака во инбокс или на: 02 3071 200 | 078 445 068

 

[21.00] Скопје РАДОСТ ти ќе бидеш // Нано Бар

Македонски Шлагери во Нано Бар.

 

[21.00] Smooth Grooves со Toni Zen // Цреша Бар

Овој четврток, смут грувови со Тони Зен.
Резервации на 026152666 / 075490825 или преку порака на нивната фб страна.

 

[21.30] Аудиоскопје // Рок Кафана Рустикана 2.0

Кириличен рокенрол со Аудиоскопје.

 

[23.59] Thursday Shake // Епицентар

Овој четврток се затвора првиот дел од сезоната на Thursday Shake забавите во летниот клуб Epicentar. Пред да се распушти Епицентар на кратко (вториот дел започнува на 9ти Август), уште еднаш ќе имаме можност да слушаме нова музика, овој пат презентирана од Irie Scratch и Fitty Flow.

 


 

 

 

Петок 27.7.2018

[12.00] Bandix // Chillin Bar

Bandix по некое време повторно во Chillin Bar на гости.

 

[17.00] Friday Happy Hour // Дистрикт

Секој петок happy hour во Дистрикт бар и ресторан! Од 17-20 часот, со секој купен коктел вториот го добивате гратис! Резервирајте на 071 238 522.

 

[17.00] Урбан пазар // Ерор Колектив

Комшиите COSY BAR Skopje раскинуваат. По тој повод, петок, последен ден од врска, носталгично се разделуваат комшиите со окупирање на улицата. Стопени цени, second hand ствари, ладно пиво на пола цена, ред насмевки, ред солзи – и да врне и да вее, не е фрка, има настрешница 🙂

 

[20.30] Ретка глетка: Целосно затемнување на Месечината и најсјаен Марс // Плоштад Македонија

27.07 оваа година ќе биде многу интересен ден за набљудување на ноќното небо. Во тек на истата вечер, ќе имате можност да набљудувте два исклучително ретки астрономски настани: целосно затемнување на Месечината, и опозиција на Марс – Црвената Планета на овој датум ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години, а со тоа и ќе се гледа најсјајно на ноќното небо.

 

[21.30] Ring Road // Рок Кафана Рустикана 2.0

Класик рок едукација со Ring Road.

 

[23.30] Soul Case // Сектор 909

ДЏ сет на Soul Case овој петок во Сектор.

 


 

 

 

Сабота 28.7.2018

[14.00] Бургери и Страна Б // Рок Кафана Рустикана 2.0

ургер хепи аурс од 14:00 – 18:00 и 20% попуст на сите бургери и затварање на сезона со Страна Б.

 

[23.30] Samoil Radinski // Сектор 909

ДЏ сет на Radinski, како загревање за големиот настан на 2 август во Охрид.

 

[00.00] Why Not // Клуб Маракана

Why Not Band.

 

 

Понеделник 23.7.2018

[21.00] Summer Comedy Marathon // Џез Ин

За прв пат волку интензивна програма во градот кој освен дека е град на Унеско слободно може да се рече дека е и град на комедијата (се мисли на Охрид).

Џез Ин е местото на кое три недели по ред ќе имате можност да уживате во 7 неверојатни комеди шоуа:

23.07 Плашици – Нови комичари
24.07 6 Љути Мажи – Stand Up – Зоки, Илија, Никола, Јордан, Јовче, Никола
25.07 The Tongue Twister – Stand up in english – Никола Тодороски
26.07 2 Mamas Bros – Cabaret – Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски
27.07 Artificial intelligence natural stupidity – Stand up special – Никола Тодороски
28.07 Импровокација- Театарска импровизација – Кипро, Стрез, Коле, Жура, Чиче
29.07 Sex Show – Stand Up – Зоки, Илија, Никола, Јордан, Јовче, Никола

 


 

 

 

Среда 25.7.2018

[21.00] Zucchero во Охрид // Антички Театар Охрид

TUTTI A OHRID: ДОАЃА ZUCCHERO!

Ништо не може да ја спречи оваа година да биде исклучителна во македонската концертна историја. Уникатноста на овој проект, дефинитивно ќе допринесе за тоа.

За прв пат во Македонија, на 25 јули, доаѓа една од најголемите италијански ѕвезди и сигурно еден од најдобрите европски вокали ZUCCHERO, со своето best of шоу во прекрсаниот Охрид, во идеaлниот простор за таа музика- Антички театар.

 


 

 

 

Недела 29.7.2018

[20.00] Промоција, Белиот Трофеј // Шила

„Белиот трофеј“ го следи трнливиот пат кон успехот на Блаже Аризанов, роден во осиромашено семејство во струмичкото село Борисово, кој во 2011 заминува во Индија и по 4 неизвесни години ја основа компанијата Стеј анкл (Stay Uncle), која за кратко време предизвика вистинска револуција во древната земја.

 

[20.00] Мултиплицирани реалности // Галерија Робевци

На 27.07.2018 во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мултиплицирани реалности“ на авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Марко Вујисиќ. Авторите изложуваат за прв пат во овој формат, а на изложбата ќе се презентираат со дела од областа на сликарството и графиката.

Изложбата ќе трае до 09.08.2018 година.

 

 

Среда 25.7.2018

[12.00] ДримON Фестивал 6 – Култура сега! // Центар за култура “Браќа Миладиновци”

Програма:

12.00 Балон Арт – детска работилница (5-9г.) со Порака Нова
13.30 Откривање музејски тајни: Разбој и праистористко ткаење (6-12г.) со НУМ „Никола Незлобински“ Струга
14.00 Учествување, застапувамње, менување – ЈАДРО Работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство.
20.00 „Ехо на слободата“ на Ана Јовковска

Книжевна промоција со издавачка куќа „Три
21.00 Ликовна изложба на Антони Мазневски
22.00 Македокс филмски маратон

 


 

 

 

Четврток 26.7.2018

[12.00] ДримON Фестивал 6 – Култура сега! // Центар за култура “Браќа Миладиновци”

Програма:

Тампонирани добра

12.00 „Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити (9-14г)
13.30 Откривање музејски тајни: Разбој и праистористко ткаење (6-12г.) со НУМ „Никола Незлобински“ Струга
17.00 Архилаб – мапираме јавни простори за независната сцена
19.00 Изложба на плакати од кампањата КУЛТУРА СЕГА, – Заедничка платформа за култура – култура до сите
19.30 УНЕСКО регион -Мачкање очи/потенцијална стварност

Дебата со Aлександра Бубевска + Изложба на активистички плакати з.г. АКВА Струга
21.00 Бог на масакрот – театарска претстава Режија: Нела Витошевиќ

Народен Театар Штип Главна сцена – центар за култура / влезница 100 ден.
22.00 Ликовна изложба на Никола Радуловиќ
22.30 Концерти: I tpame I tvrame, Ensh, Sergio Lounge

 


 

 

 

Петок 27.7.2018

[12.00] ДримON Фестивал 6 – Култура сега! // Центар за култура “Браќа Миладиновци”

Програма:

Димитрие Дурацовски

12.00 „Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити – котизација 300 ден
13.30 Вовед во театар на сенки – детска работилница (6+) со театар Сенки и облаци
17.00 Архилаб
14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував – работилница за современ танц со Александар Георгиев и Дарио Бардам
19.00 Малиот Принц

Претстава за деца Театар „Сенки и облаци“ Главна сцена – центар за култура / влезница 50ден.

19.00 Едиција „Лифт“ книжевна промоција
20.30 Собрано творештво на Димитрие Дурацовски книжевна промоција со издавачка куќа Темплум
21.30 Ликовна изложба на Миле Нически
22.00 Linkoln letter музички концерт
22.30 Концерт: Горан Трајкоск

Летна сцена / влезница 250 ден.

 


 

 

Сабота 28.7.2018

[12.00] ДримON Фестивал 6 – Култура сега! // Центар за култура “Браќа Миладиновци”

Програма:

Иднината е сега

12.00 „Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити
17.00 Архилаб
14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував – работилница за современ танц со Александар Георгиев и Дарио Бардам
19.00 Рок енциклопедија книжевна промоција
19.30 MAKING SENSE- промоција на новата програма на „Лице в лице”- СЕНС
20.00 КУЛТУРА СЕГА! Дебата со Aлександра Бубевска
21:00 Инсталација – Антонио Пирковски
22.00 MOTUS LUMINA видео арт инсталација
01.00 Журка: Shifted, Ilina Angel, Pass-N-G-R, Andreas Hz, Kronom, Bobi, Motus Lumina/ Хангар / влезница 250 ден.

 


 

 

Недела 29.7.2018

[12.00] ДримON Фестивал 6 – Култура сега! // Центар за култура “Браќа Миладиновци”

Програма:

Касни култура

14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував – работилница за современ танц со Александар Георгиев и Даро Бардам

17.00 Презентации од ДримОН работилниците
– Промоција на резултатите од лабот
– Кореопрезентација
– Доделување сертификати од Детската Авантура

19.30 Роман на годината „Одбројување“. На Фросина Пармакоска книжевна промоција со Фондација „Славко Јаневски“

20.30 Исцелител – целовечерен филм /Летна сцена /влезница 100 ден. Q/A Исцелител со режисерот Ѓорче Ставрески

23.00 Јади по тро – арт кујна со Печур и Давид / летна сцена /резервација на вечера 300ден.

Comments

comments