Понеделник 23.1.2017

[20.00] Чикаго // МНТ

Мјузиклот „Чикаго“ е копродукциски проект помеѓу Македонски народен театар, Македонска опера и балет и Факултетот за музички уметности, Скопје, Р.Македонија.

Кореографија: Олга Панго
Диригент: Бисера Чадловска
Дизајн на сцена и видео: Емил Петров
Костимограф: Александар Ношпал
Драматург: Загорка Поп-Антоска-Андовска
Асистент кореограф: Ирена Лозинска
Корепетитор за пеење: Марија Димитријевиќ
Клавирски корепетитори: Зоран Станишиќ и Андреј Наунов
Препев на песни: Маја Павловска
Превод на текст: Наташа Илиевска

Играат:
Јелена Јованова – Рокси Харт
Арна Шијак – Велма Кели
Жарко Димоски к.г. (Театар Комедија) – Били Флин
Ивица Димитријевиќ – Ејмос Харт
Тања Кочовска к.г. (Театар за деца и младинци) – Мама Моротн
Билјана Драгичевиќ – Пројковска к.г. (Драмски Театар) – Мери Саншајн
Ана Стојановска – Ени, Кити
Тина Трпкоска – Џун
Билјана Јовановска -Ханијак
Нина Деан – Лиз
Лиле Миленковска/Саша Саган – Мона
Александар Михајловски – Фред Кејсли, Арон, Доктор и Хари
Александар Ѓорѓиески – Церемонијал Мајстор, Началникот Фогарти и Мартин Харисон
Борјан Тетиев – Судија
Стефан Кочевски-Кројачот
Маја Митровска-Вероника
Марија Крстевска-Правдата
Драган Кочовски – Држават или Вујко Сем
Балет и хор/МОБ
Оркестар/ФМУ

 

[21.00] Неделна програма // Рок Кафана Рустикана 2.0

*Понеделник – Happy Monday со Natalija Danailova за среќен почеток на неделата 🙂 Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. InThe Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 8 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок
– Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк во соработка со Тиквеш.
– Класичен рокенрол со Ringroad со старт после 21:30

*Сабота
– Македонски евергрини со Lili Chilli од 15:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период.
– Кума и Црни акустично со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

 

[21.00] Да го поздравиш и да ми го бациш // МКЦ

Режија:
Билјана Радиноска

Играат:
Ненад Митевски
Наташа Петровиќ
Бојан Кирковски
Симона Спировска

Резервации на: 023115 225 ( билетара на МКЦ), или на bileti@mkc.mk.


 

 

 

Вторник 24.1.2017

Ќе има ќе има.

 


 

 

 

Среда 25.1.2017

[17.30] Критична маса #57: 10 mcg/m3 е нашата цел! // Плоштад Македонија

Нашата цел е 10 mcg/m3!

Здосадено ни е од бескрајни дискусии за тоа кој загадувач колку загадувал и каде требало, а каде не требало да се преземат мерки.
Кој загадувач колку загадува може да покажат стручни хемиски испитувања, не дискусии.
Каде треба да се преземат мерки исто така не е за дискусија.
Загаденоста е толку голема што за да стигнеме до дозволено ниво на загаденост мерки во само една област не можат да го решат проблемот!

Рута – goo.gl/PkZFiC
Ќе возиме пред следните институции кои можат да влијаат на политиките за намалување на загадувањето: Собрание, Влада, Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

[20.00] Сомнително Лице // МНТ

Автор: Бранислав Нушиќ
Режисер: Синиша Евтимов

Улоги:
Александар Микиќ – Јеротие Пантиќ
Оливер Митковски – Виќа
Софиа Насевска Трифуновска – Марица
Никола Ристановски– Алекса Жуњиќ
Нино Леви – Таса
Иван Петрушевски (Ванчо) – Милисав
Магдалена Ризова – Черних – Анѓа
Сашко Коцев – Чорбаџи Миладин
Гораст Цветковски – Ѓока
Емил Рубен – Жика

Слободен влез за средношколци.

 

[20.00] Нашиот клас  // Театар за деца и младинци

Режија:

Владимир Милчин

Играат:
Драган Довлев
Владимир Лазовски
Предраг Павловски
Бојан Кирковски
Ненад Митевски
Мики Анчевски
Мартин Јорданоски
Наташа Петровиќ
Симона Спировска
Емра Куртишова

 


 

 

 

Четврток 26.1.2017

[12.00] Промоција на првиот број на студентското списание ‘Axios’ // Филозофски Факултет – Скопје

Студентското археолошко здружение “Аксиос” – Скопје со големо задоволство Ве поканува на промоцијата на првиот број од меѓународното електронско студентско списание за археологија и историја на уметноста “Axios”.

Програма:

12:00 – 12:15 – Поздравен говор и опис на првиот број од списанието “Axios”
12:15 – 13:30 – Кратки презентации на неколку од трудовите објавени во списанието
13:30 – 14:30 – Коктел

 

[20.00] Гравитациони Бранови (Gravitational waves) // МКЦ

МКЦ – Планетариум и Македонското Истражувачко Друштво ве покануваат на научно популарното предавање на тема „Гравитациони Бранови“ кое ќе го одржи нашата ценета физичарка, м-р Ивона Кафеџиска. Ивона ни доаѓа од Фрајбург , Германија, каде што во моментов ги завршува вторите магистерски студии по физика со фокус на „Теориска физика на честички“.

 

[21.30] Skopje Jazz Festival Annual Party with Sethstat // Менада

Традиционална постноводишна забава на Скопскиот џез фестивал со промоција на новите календари за 2017 и концерт на Сетстат.

Сетстат:
Владан Дробицки – тромбон
Васко Бојаџиски – саксофон
Панче Бујуклиев – клавијатури
Павел Дробицки – бас
Гоце Наумов – тапани

Сетстат се оригинална и препознатлива македонска група која свири современ џез, со познавање на речиси сите музички стилови и одлична уиграност во создавање на т.н. џез уметност. Нивната техника на свирење и индивидуален пристап кон сите видови музика создаваат оригинален и бомбастичен музички материјал со особен амбициозен пристап кон интерпретација на џез стандардите.

Влезот е слободен.

 

[22.30] Нокаут // С26

НОКАУТ ТОЧКА ДРУЖБА ТОЧКА МК
Промоција на новиот веб сајт
и старт на јубилејна турнеја.

Специјални гости: Игор Џамбазов и Guru Hare
Билети: 250 мкд

 

[23.55] E. Bartle & Baloski // Епицентар

Овој четврток е наменет за ДЏ сетови на Bartle & Baloski.

 


 

 

 

Петок 27.1.2017

[15.00] Новинарскиот Стартап Натпревар (НСН) // Seavus Incubator

Целта на Новинарскиот Стартап Натпревар (НСН) е новинари, граѓански активисти, програмери, ескперти за гејмификација и графички дизајнери да работат во тимови со цел да создадат интерактивна новинарска содржина кои треба да обработуваат теми за подигнување на свеста. Нивните стории и проекти да имаат дополнителна вредност на општествена одговорност и да имаат желба за промена на постоечкото општествено опкружување, слободно и креативно размислување и искористување на можноста да развијат сопствени техники и вештини за сопствено подобрување.

Учеството е бесплатно. Пријавете се сега на: http://www.storyincubator.mk/registration/.

За повеќе инфо на линкот во насловот.

 

[16.00] Lucky Friday // Public Room

Вино, мезе, дружење, муабети, боса нова звуци ~
Вашата омилена сорта вино од Bovin, Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%

Резервирајте си место за вашето друштво на 02 6092650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/lucky-friday-wxbUv.

 

[21.00] Млади за Скопје #4 – Концерт на The Planktons // МКЦ

The Planktons
The Planktons се тројца момци од Скопје и како состав постојат од Април 2015. Свират инструментална сурф, рокабили музика со фанк и џез елементи. Неодамна направија промена во составот, со што имаат нов гитарист а воедно и нов звук. До сега имаат издадено едно EP издание под насловот “El Plancton”, нивно прво издание, а работат и на материјал за нивниот прв студиски албум. The Planktons се: Марко Трендафиловски (акустични тапани), Дарко Поповски (бас) и Кристијан Караџовски (гитара).

 

[21.00] Мирко Попов со плочите // Винил

“Извини не те приметив, бев со плочите”
“Извини, од мал само музика ме занима, не знаев дека постоиш”
“Извини презаузет сум со музикиве, не можам да дојдам на слава”
“Извини се заслушав нешо у плочиве, не можев да дојдам у школо”

 

[22.00] Showroom: Tribute to Thelonious Monk // Public Room

Оваа вечер ќе биде целосно посветена на еден великан, а љубителите на џезот ќе имаат извонредна можност да присуствуаат на целовечерен „трибјут“ концерт.

Роден во 1917, Монк е американски џез пијанист и композитор со уникатен стил на импровизирање.
Нe постојат многу музичари во историјата на џезот кои оставиле толку длабока трага како тој.

Наследството на Монк заедно со Вас ќе го слават:
Бодин Попов- тапани
Мирослав Милковски- клавир
Панко Гелев- гитара
Владимир Ботев-контрабас

Резервирајте си едно прекрасно џез патување~
02 609 2650, contact@publicroom.org, https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/showroom-tribute-thelonious-monk-HWI67

 

[23.55] Martin Buttrich // Епицентар

Martin Buttrich (official)

[Rhythm Assault, Desolat, Planet E]
http://www.residentadvisor.net/dj/martinbuttrich
http://soundcloud.com/martin-buttrich

Local Support:
DJ Flooder

Martin Buttrich претставува еден од најкомплетните музичари на underground сцената. Неговата вештина позади DJ пултот, како и неговата умешност во продукцијата го позиционираа на повеќе од значајно место на електронската сцена. Со изданија за највлијателните издавачки куќи како Planet E, Four:Twenty, Cocoon, Poker Flat, Nervous и Desolat, неговата музика е присутна на сите најважни подиуми ширум светот. Доволен показател за неговата виртуозност во продукцијата е номинацијата за Grammy награда за неговиот ремикс за Tori Amos во 2003.

Влез:
350 денари [до 01:00 часот]
450 денари [по 01:00 часот]

 

[23.55] Btkrsh Friday w/ Bruv. & Lowdown & Apostolski // Капан Ан

Btkrsh петок со динамичнa екипа која ветува одлична техно и електро музичка вечер!

Bruv.
https://www.mixcloud.com/sxspul/

Lowdown
https://www.mixcloud.com/loowdown/

Apostoslki [Drop Series]
https://www.residentadvisor.net/dj/apostolski
https://soundcloud.com/viktorapostolski

 


 

 

 

Сабота 28.1.2017

[13.00] Оскари 2017 // Кино Карпош

Официјално доделување на Оскарите за најдобра поединечна и групна маска! За победниците одлучувате ВИЕ и затоа имате време до петок на полноќ да гласате на:
https://poll.fbapp.io/2017-1582134

Оскарите традиционално се изработени од старо рециклирано железо од познатиот уметник Владо Костов. Сакаме да ја покренеме свеста кај урбаните момци и девојки преку еден вид уметност која фаворизира имагинативно мислење и перцепција, сфаќајќи ја истовремено важноста на заштитата и обнова на Земјата за доброто на сите нас.

 

[21.00] Fujiya & Miyagi // МКЦ

Fujiya & Miyagi создава отворена, експериментална и повеќеслојна електронска музика од пред повеќе од петнаесет години. Како колектив тие се еднакво успешни во и нивното експериментирање со електронските звуци, и во долгите krautrock излудувања, и при создавањето забревтан електро-поп, како што истовремено ревносно создаваат пост-панкерски настроен скречан танц.

Од 01.01.2017 цена на билет 350 денари. На врата, цена на билет ќе изнесува 400 денари.

 

[22.00] Сабота // Public Room

Саботна вечер посветена на уживање во добар блуз ~

Ќе ни свират: Сашо Ѓорѓиевски- вокал и усна хармоника, Никола Петровски- гитара, Горан Поповски- тапани, Марио Рудан- бас.

Направете си резервација на 02 6092650, contact@publicroom.org.

[23.55] Naumov & Popov // Епицентар

Сабота е ден за лудување со дџ-ските способности на Мирко и Нино. Let’s go crazy.


 

 

 

Недела 29.1.2017

[19.00] Не се клади на енглези // МНТ

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ

Режисер: Синиша Евтимов

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.

Улоги:
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Цена: 200 денари

 

[19.00] Креативен викенд за Инсталација // Мобилна галерија

Креативен викенд за Инсталација
Ве поканува на дебата на тема:
„Инсталација како уметнички израз во Македонија” „Инсталација како медиум” и „Визуелна инсталација”
Гости: Ана Јовановска, Зорица Зафировска и Горан Менков
координатор и модератор: Јован Ламбески

 

[21.30] Twelve Moons of Jazz // С26

Деветтиот по ред #TwelveMoonsOfJazz претставува продорна фузија на пргава иновативност во уникатност на проектот „Се Плашам Од Македонци“ во изведба на SETHSTAT и Mirko Popov. Испреплетување на инструметална моќна џез целина со пиано класични елементи и електронска индивидуалност сето тоа разкажано во текстуална вистина.

Влез: 150 денари

Билетите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:

http://www.mktickets.mk/
https://www.karti.com.mk/

Резервации: +389 72 562 405

 

Comments

comments