Понеделник 24.7.2017

[21.00] Ways of Seeing: Oil Painting / 3 // Социјален центар Дуња

Ways of Seeing: Oil Painting / 3

Со пронаоѓањето на маслени бои околу 1400 година, сликарите беа во можност да ги претстават луѓето и предметите со невиден степен на реализам, а сликарството стана идеален начин за вреднување на приватната сопственост.

Гостин и воведничар во дискусијата која ќе следи по проекцијата ќе биде Tihomir Topuzovski.

 

[21.00] Tequila Night & Mexican Food // Дистрикт Бар

По повод интернационалниот Текила ден Дистрикт бар и ресторан го организираат најдоброто случување во градот!
Многу маргарити, освежување, играње со KaDance и мексиканска храна!

Мени

Пилешка кесадиља 250 МКД
павлака, салца, гвакамоли
Начос 2/4/6 200/390/550 МКД
чили грав, чедар сос, чипс од тортиља
Свински ребра на скара 250 МКД
чипс од компир, шарена сол
Сладолед на вечерта 190 МКД
чили чоколада, сок од лимета, сладолед од банана

Пијалоци

Маргарита 200 МКД
текила, Трипл сек, сок од лимон
Текила Санрајз 180 МКД
текила, сок од портокал, Гренадин
Фрозен Маргарита со овошен вкус 250 МКД
јагода, малина, манго
Палома 200 МКД
Текила, свеж сок од грејпфрут, 7 Ап
Чили Марија 250 МКД
Инфузирана Олмека Бјанко, доматен сок, зачин
Текила шот 0,4cl 120 МКД
Олмека Бјанко, Олмека Репозадо, Сиера Голд

 

[21.30] Понеделнички акустики со KUMA & CRNI // Long Play

Акустична свирка со добро познатото дуо Kuma & Crni. Пијачки по промотивни цени.

 

[23.55] Bionda Band // Летен Клуб Хавана

Понеделник во Хавана

“Bionda band” настапуваат со нивниот богат репертоар исполнет со безвременски македонски и странски рок хитови.

Бидете дел од летната приказна на Хавана и уживајте во музиката со ладна пијачка.

Пијачки 50% попуст

Влез: Слободен

 


 

 

 

Вторник 25.7.2017

[20.00] МКЦ за СКопје // МКЦ

Програма 25 јули 2017

20ч. Книжевна вечер посветена на поетесата Даница Ручигај

– „Сребрените ноќни игри на заробеничката на ветрот“
(сага за првата македонска поетеса, Даница Ручигај)
Куратори: Свето Стаменов и Александар Прокопиев

– Проекција на документарните филмови: „Поетот живее по смртта“ и „Соновите не заспиваат“

————————–————————–————————–———

Програма – 26 јули 2017

20ч. Отворање на изложба на Димитар Аврамовски Пандилов (Галерија МКЦ)

22:30 концерт на RIB, Sweet Rapscallions, Anna O. и Mark Olson & Ingunn Ringvold (САД).

 

[23.59] Шизи во вторник со SureShotz // Летен клуб Хавана

Вторничкото Sure Shotz шизење во летниот клуб Havana не прави пауза. И овој вторник со стандардна постава – Dj Shorty P и Dj Irie Scratch. Влезот како и секогаш е бесплатен, пијачките се на 50%, а на Вас останува само да си резервирате на време.

 


 

 

 

Среда 26.7.2017

[18.30] Стравот во нашиот живот // Психолошко катче

– Што ако ја изгубам работата?
– Што ако мојот партнер ме изневерува?
– Што ако ми се случи нешто лошо?
– Што ако не успеам?
– Што ако успеам….?
– Дали она куче ќе ме нападне?
– Дали ќе имам доволно пари за да си ги платам сметките?
….

На ова предавање, ќе се дебатира за стравот во нашиот живот.
Стравот е емоционална реакција на ситуација на одредена закана по нас, нашиот живот, нашето здравје, нашата добробит.

По предавањето, следи кратка медитативна вежба која го поддржува ослободувањето на стравот.

Цената на ова предавање изнесува 450,00.

Групите се ограничени на 10 – 15 учесници, и затоа пријавувањето е задолжително на 072/311-677 и psiholoshko.katche@gmail.com

 

[19.00] Критична маса #63: Замисли го Скопје како вело – град // Плоштад Македонија

Сподели ја твојата #веловизија користејќи го овој хаштаг. Замисли како изгледаат поправени ситните инфраструктурни проблеми или твоето секојдневно искуство или како е променета големата слика за Скопје…
Замисли го Скопје како вело-град… И, како е таму? 🙂

***Доаѓаат локални избори. Како граѓани да им дадеме акцент на позелените, поздравите и поквалитетни замисли за Скопје. Обично таквите визии за градот се ставени во секторот „алтернативни“, додека во мејнстримот се одржува статус-квото, а тоа за Скопје значи: тонење во загаденост, небезбеден сообраќај, хаос, неквалитетен град за живот.
Нека почне поместувањето на статус-квото од нас!
Сподели ја твојата #веловизија!

 

[20.00] Во Среда после трчање, пиеме пиво // Синдикат

Се трча еден саат лабаво на темпо на најспориот и после дел од екипата што беше на Миднајт ран во Белград ќе раскаже импресии.

 

[20.00] Изложба Скопје-АрхиТРАНСформа, Archiбелези // Музеј на град Скопје

Во Музејот на град Скопје на 26 јули 2017 година, во 20 часот, во чест на одбележувањето 54 години од катастрофалниот земјотерс од 1963 година, ќе биде отворена изложбата насловена АрхиТРАНСформа-Archiбелези, од авторите арх.Јасминка Намичева и арх.Екатерина Намичева, на која преку презентирани архивски документи, фотографии и реконструкции на градбите, е направен преглед на училишните објекти во Скопје, изградени во периодот помеѓу двете светски војни(1918-1941година).

 

[21.00] Неделна програма // Рок Кафана Рустикана 2.0

Агендата во 2.0 од среда до сабота изгледа вака:

Среда – Блузање со InThe Mood Blues Duo и промо на 8 вида виски после 21:00

Четврток- Кириличен рокенрол со Audioskopje и шизење после 21:30

Петок – Classic R’n’R едукација со Ringroad после 21:30

Сабота – 20% промо на бургери од 14:00 – 18:00, a вечерта акустична дружба со Marko Kuma Markovic и Владимир Чадиковски после 21:30

*Недела е неработен ден во 2.0 во наредниов период

За информации и резервации пишете ни во инбокс или јавете се на 075478134

 

[21.00] RAVE – Project: Techno во Дом на Млади // Дом на млади Штип

Трето издание на RAVE кое ќе се одржи под ведро небо во Дом На Млади – Штип.
По одлично проведените RAVE проекти со Drum & Bass и Trap & Dubstep овој пат ќе се пулсира со правиот ритам на Техното!

Настапуваат добро познатите #Techno артисти:

– MOONSHINE | VIBRATIONS
– NINNO MANCINI | RENESANZ / YING YANG RECORDS
– NENNAT OMEN | ПОДROOM
– B MEXX | VINYL SET

Следува уште една незаборавна RAVE вечер 😉

Влез: 100 мкд

 

[22.00] ДримОN Фестивал 5 „Грaдиме нови генерации“ // Струга

Богата концертна и дј програма, Паратисима ликовен павиљон, aртивистички павиљон, летно кино, театарски претстави за деца и возрасни, зелени креативни работилници и активистички предавања за деца и млади… Бројни партнери и соработници застанаа да го поддржат 5тото издание и овозможија одлична програмска селекција од современата уметничка сцена во релација со приоритетни каузи за подигнување на граѓанскиот дух.

Оваа година ДримОN застанува зад каузите „Со селекција против депонии“ – артикулирано преку програмата на Зелената Чил Аут зона и „Учество на жената во јавните политики“ како трансферзала во дискурзивно уметничката селекција на фестивалот.

Тимот на фестивалот, заедно со своите партнери и соработници носи преку 40 учесници и дваесеттина настани кои ќе сакате да ги посетите, вие или вашите блиски.

 

[22.00] Мрдни со прст, исчисти ја Струга // Струга

Започнува акцијата за реупотреба на отпадна гума и дрво за да се создаде импровизиран мебел, а потоа рацете на уметниците преку своите дела му даваат нова вредност во нова форма на стариот отпад.

Оваа акција е поддржана од Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM во рамки на кампањата Мрдни со прст / Lëviz me gisht #mrdnisoprst а распоред за активностите можете да најдете во официјалната програма на Drimon Festival.

 


 

 

 

Четврток 27.7.2017

[12.00] Marjan Vitorijoski & Dimitry MK :: all day long // Плажа Оревче

Целодневен ДЏ сет на Виторијоски и Димитри на плажа Оревче.

 

[19.00] #ПочниСоВодно // Водно

Сите кои сте останати во Скопје, ќе има афтерворк дружење на врвот на Водно. Иницијативата #ПочниСоВодно за овој четврток има дружба и музика. Одговорен за забавата на врвот ќе биде дџ Макиз. Одговорни за дружба ќе бидете вие.

Не заборавајте, ќе имаме и акција за собирање на капачиња.
Доколку сте во можност, тој ден понесете со себе некое пластично капаче од било кој производ. Заедно да допринесеме во хуманитарната акција ЕдноКапаче = ЕднаНадеж.
Со собрани 200кг капачиња се донира инвалидска количка за оние што им е најпотребна.

ВРЕМЕ И МЕСТО:
– Време на тргање 19:00 часот
– Место: OУ Кочо Рацин
– Враќање: најдоцна 22:30 часот – тргнување од врвот за надолу, симнувањето е по АСФАЛТИРАНИОТ пат

 

[20.00] Луѓе – Александар Велики Промоција на видеo спот // Винил

PMG Recordings http://pmgrecordings.com/ и Балкан Велики https://balkanveliki.bandcamp.com/music ве канат на промоција на видео спот за последниот сингл на Александар Велики – Луѓе (pmg recordings 142/balkan veliki 23)
Програма:
Диџеј сетови на Bozhidar Jovanovich и Aleksandar Gavrovski
23.00 Премиерна проекција на видео спот: Александар Велики – Луѓе.
Видеото ќе биде достапно на YouTube каналот на DMA Music следниот ден, петок 28.07.2017.

 

[21.30] ЧЕтврток со Бојан Чакра! // Че Кафе Бар

Звуците на џезот, фанкот, соул итн.
Алтернативен ЧЕтврток е секогаш убав!

 


 

 

 

Петок 28.7.2017

[20.30] Green Beach Festival 2017 // Охрид

Green Beach Festival го претставува своето осмо и најмоќно издание досега, предводено од ненадминливите великани на електронската сцена SVEN VÄTH и RICHIE HAWTIN!

Влезниците можете да ги купуте преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн на овој линк: http://mktickets.mk/en/nastan/green-beach-festival-2017/

Продажни места: http://mktickets.mk/en/prodazna-mreza/

 


 

 

 

Сабота 29.7.2017

[21.30] TDFU // Плажа Оревче

Трап летото има нова дестинација! ☀️

На 29 јули (сабота) #TrapDaFuckUp ја презема плажата Оревче во Охрид. Традиционално по веќе четврти пат, последниот викенд од јули е резервиран за најсвежото од трап светот и тоа на само 5 метри од 🌊.

Покрај стандардната TDFU екипа, овој пат на гости ни доаѓаат BLCK LGHT CNDLS директно од Торонто, како и словенскиот трап лорд Ledeni, кој ќе настапи alongside yours truly Donplaya синката.

LINE UP:
– Bass Infusion
– Irie Scratch
– BLCK LGHT CNDLS (Canada)
– Druggy
– DJ Neox 
Donplaya & Ledeni (Slovenia) LIVE

Влез: 300 денари

 

[21.30] Хоп Скок со Иван Кавраков // Че Кафе Бар

Саботна разиграна треска со Иван Кавраков.

 


 

 

 

Недела 30.7.2017

[21.00] Лига Лезет III // Бла Бла Клуб

По трет пат во Бла Бла Клуб, Лига Лезет со DJ Ardi и Natty Fiyah SS.

 

Comments

comments