Фотографија: Соња Ставрова

 

 

Понеделник 25.6.2018

[20.00] Слушаме француски шансони со Фросина // Младински Културен Центар

„Жив ѕид“ е мултимедијален настан, на кој главно се зборува за литература, но и за многу други нешта поврзани со неа. Се одржува на домашен терен, во МКЦ, а има за цел на ѓурултиско-нетипичен начин да ја одбие топката на некултурата, или да ја принуди да заврши високо над голот (сите да ѝ се смеат). Живиот ѕид е составен како од млади, така и од поискусни играчи, а за да нема дупка во него и да се постави како што треба, се погрижува стручниот штаб на Младинскиот културен центар.

Првиот гостин во „Жив ѕид“ е Фросина Пармаковска, добитничка на наградата Роман на годината за нејзиниот роман „Одбројување“. Ќе зборуваме за неа, за романот, за литературата, за Париз, за црвеното вино, за Жилбер Беко, за Гејнзбург… и за Перо Блажевски. Селектор на составот и главен провокатор е Иван Шопов.

 

[20.30] Промоција на нов албум на Гоце Стевковски Септет //  Менада

Дојди на промоција на новиот, втор албум на Гоце Стевковски Септет – “Homage To A Dreamer”.
Влезот е слободен.

Гоце Стевковски Септет – “Homage To A Dreamer”
1. Monday
2. Dinner for two
3. The wedding
4. Being there
5. Life
6. Not being there
7. Train station

Гоце Стевковски – тапани
Кирил Кузманов – саксофон
Тодор Бакрџиев – труба
Сашко Николов – тромбон
Матијас Гајер – пијано
Кирил Туфекчиевски – бас
Дамир Имери – клавијатури
Гости на нумера 1:
Трајче Велков – труба
Гордан Спасовски – пијано
Гостин на нумера 2:
Димитар Божиков – гитара

Албумот е снимен во 2017 година во Македонската опера и балет. Автор на композициите е Гоце Стевковски, албумот е снимен во студиото Алшар, а сниматели се Дарко Дарковски и Ален Хаџи-Стефанов. Дизајнот на обвивката е на Ника Гавровска.

Издавач е SJF Records / Скопскиот џез фестивал.
“Homage To A Dreamer” е 41. издание на SJF Records, а сите претходни изданија може да ги погледнете тука: https://bit.ly/2I6ojpY

 

[21.00] Tribute to Michael Jackson // Нано Бар

Dance Off, tribute to Michael Jackson.
Резервации на 078246418

 

[21.00] When in Krushevo party // Кафе Бар Че

Летно време со многу настанчиња во ЧЕ!
Другарите од When In X го организираат Outdoor festival When in Krusevo 2018 и по тој повод кафе бар Че заедно со екипата од When In X ќе организираат мини провод понеделнички со награди.

Скрос авантуристички провод, со кампче, планинарски тури, бендови, природа, по мерак ептен!

Секој што ќе нарача пијачка добива купон и влегува во извлекување за следните награди:

– 5 карти за генерален влез (во картата е вклучено маичка, учество на трки, велосипедска и планинарска – тура, тури по музеи и ручек)
– 1 тандем летање
– Кајак возење за двајца
– SUP возење
– Вожња за тројца со ретро буби од The Beetles Club

 


 

 

 

Вторник 26.6.2018

[16.00] Центар Бар Слави 1 Роденден! // Центар Бар

Centar bar слави 1 роденден!
Цел ден гратис пиво за секој гостин!

А цел ден ќе има журка со:
Dj Guardian + pate conga во 16:00ч.
Dj Kate + sax во 18:00ч.
Duo dis во 20:00ч.
Emma and the band во 22:00ч.

 

[21.30] Tuesday Jazz night // Бруклински

SkopjeJazzInc е бенд составен од етаблирани џез музичари, познати имиња кои се активни како на домашната, така и на меѓународната сцена. Овие џезери имаат цел да ве забавуваат со различна музичка програма, па затоа во зависност од репертоарот, секоја недела ќе настапуваат во изменет состав.

Овој вторник со почеток од 21:30 часот, ќе имаме можност да ги слушнеме: Трајче Велков – труба, Зоран Костадиновски – гитара, Горан Ѓешовски – бас, и Виктор Филиповски – тапани.

Резервирајте на време поради ограничени места на: 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фесјбук профил.

 


 

 

 

Среда 27.6.2018

[19.00] Критична маса #74: Дрвјата се наша клима // Плоштад Македонија

[блог-пост: http://natochak.blogspot.com/2018/06/27.html]

Жежок летен ден. Сончето пече. Градот асфалтиран гори.

Сцена 1:
Треба да завршам некоја работа низ центар. Пешки сум. На булеваров Климент Охридски некогаш имаше дрворед и пошироки патеки за пешаци. Денес има 6 ленти за коли. Пекол. Жешко, бучно, загадено, непријатно. Нема да одам од тука, ќе свртам одоколу по споредните улички. Некои се прашуваат зошто луѓето не пешачеле и не возеле точак по овој булевар, локалите на него не биле веќе атрактивни… Хм…

Сцена 2:
Возам точак накај Драчево низ Кисела Вода по Борис Трајковски. Овој автопат ни го продаваат под име булевар само зашто имал 4 коловозни ленти, а нема велосипедски патеки, пешачките се минимални и окупирани, нема ни дрвореди. Па велат во Кисела Вода помалку се возело точак отколку во други населби, чудно. Хм…

Сцена 3:
Се враќам од работа. Треба да возам по Партизански одреди од центар кон запад… Температурите над асфалтот се над 50 степени. И на велосипедската патека во моја насока не е поразлично… Имам 3 избора: да возам на пешачката која е цел ден под сенка од дрвјата или да возам на велосипедската од другата страна во спротивна насока, и таа е исто така посвежа од оваа, или пак да возам во точната насока на патеката која е на припек и да ризикувам да ми е лошо… Не им текнало на планерите дека тука цел ден ќе пече сонце… А имале само една работа, да мислат на оние за кои планираат.. Можеле дрворедот да го постават меѓу патеката и коловозот…

Рута: https://goo.gl/evTokY

 

[19.00] Darko Jordanov, Nino Naumov & Bole // Епицентар

Среда дневна забава старт: 19 часот
Darko Jordanov
Nino Naumov
Bozhidar Jovanovich [Bole]

Влез: 100 денари

 


 

 

 

Четврток 28.6.2018

[19.00] #ПочниСоВодно+DjMats // Милениумски Крст Водно

Уште 9 настани до крајот на иницијативата #ПочниСоВодно. Овој четврток на врвот доаѓа олд скул момак Dj Mats, кој ќе не почасти со олд скул музика зачинета со рап и хип хоп.
Покрај него секогаш големите аутдор подржувачи, allgaSan, Кожуфчанка, Vitalia и Vivax ќе бидат присутни горе.

Горе на Водно те очекуваат бајкерско – хајкерска коалиција, Macedonian Bike RidersДруштво неозбилни велосипедисти и i love hiking group Macedonia

Се што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 19:00 часот пред Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1литар вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел – алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.
Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците.

И тоа е се. За се друго ќе се погрижат од организација.

Напомена:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската и велосипедската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

 

[20.00] Претстава „Немам каде да се вратам“ // Младински Културен Центар

Претставата „Немам каде да се вратам“ е претстава за талкањето на сириските бегалци. Да се талка значи и да се трага, да се бега, а во оваа претстава тоа значи и да се најде.
Она што ликовите од оваа претстава го наоѓаат е нивниот сопствен однос кон она од кое што бегаат. Дејството се случува во еден од бегалските кампови во Македонија и откако ликовите ќе се соочат со своите задоцнети бури, продолжуваат по својот пат до некоја од европските земји.

Текст: Милош Андоновски
Режија: Дени Стојанов

Во претставата играат:
Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ива Цветановска, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска.

Влезот за претставата е бесплатен.

За групата Кунстверкштат:
Кунстверкштат е група на млади ентузијасти и љубители на театарот, друштво без граници на креативност, посветеност и младинска критична мисла. Во мај 2017 претставата „ Илустрации за тоа како новата идеја го запрепастува човекот кој не е подготвен за неа ја освои Гран при наградата „Васил К. Ќортошев“ за најдобра претстава на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија во Кочани.
Групата започна со работа во февруари 2014 како интерактивна работилница за перформанс и досега има настапувано на повеќе настани како „Кој се плаши од молкот лош?“, конференцијата за друштвени медиуми и активизам ENGAGE, Skopje Creative Hub, окупацијата на УКИМ „Автономна зона“, како и самостојните изведби на своите перформанси и претстави. Во 2015-та година, групата ја одигра претставата „Ненаучена лекција“ во пет градови во Македонија: Скопје, Велес, Неготино, Струга и Тетово. Во периодот февруари- мај 2016 членовите на групата се приклучија кон проектот „Во чевлите на бегалците“, како дел од перформансот „Нивниот пат“.

 

[20.30] ТОПСИ журка! // i-bank store

ТОПСИ генерацијо, повели на третата по ред ТОПСИ журка!

Овој четврток, 28.06, повторно пред i-bank store на Кеј 13ти ноември за доброто расположение ќе се погрижат:
DJ Martin
JUNE (ЏУН)
DJ Zoki Bejbe
како и бесплатните пијалоци и фото камерите.

Бидете ТОПСИ и дојдете на ТОПСИ журка со вашите пријатели, подигнете си ваучери за пијалак од i-bank store и не пропуштајте да учествувате и во вредната лотарија:
3 х i-pad 5
3 x BEATS Pill звучници и
3 х BEATS слушалки

http://www.topsi.mk/blog/topsi-zurka-vol3/ е виртуелената локација за повеќе информации за ТОПСИ, за журката и за Банката.

 

[20.30] Шпанска вечер // Форца вински бар и ресторан

На 28.06. со почеток од 20:30 часот, дојдете во Форца за да почуствувате еногастрономскиот спој на вкусови од шпанската традиционална кујна, исполнета со извонредни специјалитети и традиционална Sangria!

Од персоналот на Форца ветуваат незаборавна вечер на шпанската култура, вечер на храна, вино и ноти на акустична латино музика кои создаваат магија за сите сетила!

Резервирајте со порака во инбокс или на: 02 3071 200 | 078 445 068

 

[21.00] MAD 4 D Festival // Mad Kitchen & Bar

Пред да има масовно преселување во Дојран, MAD Kitchen & Bar и Дебар Маало ќе бидат обоени во нијансите на Д Фестивал, а тоа што треба да запамтите е:
– Четврток е денот
– 9 е часот
– Музиката е од изведувачи досегашни и идни на Д Фестивал
– Antenna5 Radio Network Macedonia или најдобро познати како No.1 in Macedonia и најмузикалниот партнер на Д Фестивал, кој ќе се грижи за временските и танцувачките услови на овие MAD 4 D Festival nights
– Тоа значи дека ќе има од Wilkinson до Bernays Propaganda и Terakaft со малку Кирил Џајковски и Rudimental, а и нешто како FINK, Sevdaliza и Дуке Б.
– Снимаме гифче со најоткачен dance move и со хаштаг #mad4dfestivalги објавуваме на личните профили
– Koj ќе има најмногу ♥ ќе биде шизик ипол на влез во кампот на Д Фестивал, бидејќи ќе биде пречекан со гаааајба ладно пиво за цела екипа
– Ќе може да си купите карти
– Имаме официјален пијалок инспириран од Дојран и Мохито и се вика Mosquito (Мохито со лубеница)
– Кога ќе го споиш убавото и корисното, тоа би било да уживаш на фестивал и да учествуваш во креирањето на истиот
*Дрес код – фестивалски – https://www.allure.com/gallery/festival-style-guide ** dress for D Fest >))
Ние сме фестивалски деца – mad4dfestival.

 

[21.00] The Local Blue at La Kaña // Ла Кања

Во духот на La Kaña и летното скопско руво, енергијата на The Local Blue ќе проба да ги скроти индивидуалните разлики во музичката перцепција и за момент да ги отргне од едноличноста на човековото постоење. Хармонија во простор. Психоделија без трошка шминка > all naturale.

+ свират „Project Blue Beam“
+ шиткаат албуми
+ 🐘🐘🐘

https://www.youtube.com/watch?v=o44vERpqLWs

https://thelocalblue.bandcamp.com/album/project-blue-beam

 

[21.00] Четврток За Журка vol.2 // Кафе САМО

Сезона прва, епизода втора.

 

[22.00] „ДУХ“ – Скопско лето // Македонски Народен Театар

Автор: Дејан Дуковски
Режисер: Срѓан Јаниќијевиќ

Улоги:
Мара – Гораст Цветковски
Кирил, банкарот – Никола Ацески
Никола, таткото на Марa – Емил Рубен
Аспасија, мајката на Мара -Тања Кочовска
Жанко, братот на Мара – Ивица Димитријевиќ
Марија, жената на Мара – Тина Трпкоска
Попот – Оливер Митковски
Милена, ќерката на Мара – Матеа Јанковска
Николај – Сашко Коцев
Жозефина – Нина Деан
Месарот – Јордан Симонов
Волкот – Тони Михајловски

Пијано: Надежда Рубен
Гитара: Ивица Димитријевиќ

Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценограф: Велимир Жерновски
Костимограф: Лидија Георгиева
Музика: Надежда Рубен, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивица Димитријевиќ
Дизајнер на звук и звучни ефекти: Илија Цветковски
Дизајнер на светло: Илија Тарчуговски
Инспициент: Никола Кимовски
Фотограф: Кире Галевски
Дизајнер на плакат: Зоран Кардула
Суфлер: Тања Ивановска
Раководител на работилници: Татјана Христоска
Вајари: Ангел Петровски и Дарко Базерко
Светло – мајстори: Дарко Младеновски, Игор Ѓеоргиев и Горјан Темелкоски
Тон – мајстори: Симон Кипровски и Ненад Трпеноски
Манипуланти на горен и долен погон: Трајче Тасевски и Васко Бојаџиски
Видео оператор: Филип Петровски
Графички дизајнер на програмка: Димитар Димитров
Гардеробери: Валентина Чонкова, Скендер Бериша и Весна Ковачевска
Реквизитери: Соња Крстевска и Лазо Миев
Шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Моника Грковска
Декоратери: Мартин Китановски, Срѓан Павловски, Саво Ивановски и Дејан Стамчевски

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
*Цена на билетот е 300 ден.

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 


 

 

 

Петок 29.6.2018

[17.00] Аперитиво во јуни // Кино Карпош

Промотивни цени на селектирана група на вина од винарија Тиквеш. Промотивна ценa на Jameson. Вкусно мезе кое ви е веќе добро познато.

 

[18.00] Електронски експерименти // error kolektiv

Purpureal Day-Star and sZARSz are two experimental electronic music artists from Olympia, Washington.

 

[21.00] Friday Beats & Wine Stories // Амигос

Петок во соработка со Tikveš Winery и еден поинаков почеток на викендoт. За музичкиот дел задолжена ќе биде Dj Emi Ermilova, а цените на вината од линијата Cuvee ќе бидат достапни за 650 денари.

 

[21.00] Таксират части: Inner Circle • плато МКЦ // Младински Културен Центар

Легендарните „лоши момчиња на регето“ INNER CIRCLE ќе настапат на роденденската #ТАКСИРАТ20 прослава која е во организација во соработка со МКЦ Скопје, Пакомак и Sound Of Green!

На 29-ти јуни, на плато пред МКЦ.
Влез: едно празно шише (пластично или стаклено).

Греми лауреатите INNER CIRCLE гостуваат за прв пат во Скопје, во рамките на нивната светска турнеја за прослава на 50 години постоење, а ова е извонредна прилика да се види во живо култната реге-поп атракција и непосредно да се вкусат нивните хитови: “Sweat”, “Rock with You”, “Games People Play”, “Bad Boys”, “Young, Wild & Free”, “Tenement Yard” (неодамна семплувана од Jay-Z) итн. Ден подоцна INNER CIRCLE имаат и втор настап во Македонија, во Крушево.

 

[21.30] Соња Исмаил // Цреша бар

ДЏ сет на Соња Исмаил овој петок во Цреша Бар.

 

[21.30] Tonal & Tamara • Live // Рок Бар Круг

Tonal & Tamara.

 

[23.55] PMG Party Mirko Popov+Nino Naumov // Капан Ан

Нови музики, стари фаци и малку денсање овој петок во Капан Ан.

 

[23.59] DJ Nikos Diamantopoulos // Летен клуб Батлер

Smirnoff приготвија нова кампања со која на љубителите на добра водка ќе им додели бесплатни карти за некои од најдобрите летни фестивали во регионот: EXIT, Д Фест, Green Beach Festival и SEA Dance Festival. Сè што треба да направиш за да учествуваш е да дојдеш овој петок во Батлер на DJ Nikos Diamantopoulos и да нарачаш Smirnoff.

 


 

 

 

Сабота 30.6.2018

[12.00] Chillin’ bar & Red Bull Twist // Chillin’ Bar

Пред вечерното журкање со Антонио Геговски и почетокот на битките за четвртфиналето на СП во Русија, оваа саботаво Chillin на нешто сосема ново – новите Red Bull Twist вкусови со музичка поддршка од DJ UX & Soul Case.

 

[19.00] Алтернативно Скопје #4 // Младински Културен Центар

Концерт на отворено на 6 бендови.
Поддршка на бендовите ќе можете да дадете преку донации.

Настапуваат: Angza, Man In a SuitConspiracy ИлузијА, Morfej и Tonal.

Влезот е слободен.

 

[19.30] А зошто не би можеле? // Црно Кафе

„А зошто не би можеле?“ е едукативен филмски проект направен од членовите на здружението на Yes Alumni, со помош на американските совети и феминистичката продукција КРИВА, во кое се прибираат приказни за жени кои се борат против предрасуди и прават работи кои традиционално се гледани како „машки.“ Целта на овие кратки филмови, исто така е борење против секојдневните стереотипи во босанско-херцеговското општество, кои често ги спречуваат младите жени да го прават она што навистина го сакаат, стравувајќи дека ќе бидат судени или неуспешни. Жените прикажани во филмовите се жив доказ дека и покрај сè, можеме да го направиме она што навистина го сакаме. Тие со гордост велат „А зошто не би можеле?“ и отстапуваат од родовите улоги.

Агенда:

19:30-20:00 // Прием на гости
20:00-20:10 // Вовед: Санда Хањалич и Стефан Петровски
20:10-20:50 // Проекција на 6-те кратки филмови
20:50-22:00 // Панел дискусија со локални феминистки и успешни жени
22:00-23:00 // Забава и музика со Јана Тодоровска

 

[20.30] Свирка на The Stands // Социјален центар Дуња

The Stands е бенд од Скопје кој со жив настап ќе се претстави во Социјалниот Центар Дуња.

The Stands:
Ева Симонче – вокал
Димитар Чорбаџиев – гитарa
Александар Јандриоски – бас
Дарко Димоски – лавијатура
Душан Станимировиќ –тапанар

 

[21.00] DJ Nasty Sure Shotz // MAD Kitchen & Bar

Smirnoff приготвија нова кампања со која на љубителите на добра водка ќе им додели бесплатни карти за некои од најдобрите летни фестивали во регионот: EXIT, Д Фест, Green Beach Festival и SEA Dance Festival.

Сè што треба да направиш за да учествуваш е да дојдеш оваа сабота на DJ Nasty и да нарачаш Smirnoff.

 

[23.59] Ехо Од Далечното Минато #22 // Капан Ан

Почитувани пријатели,

После 3 месеци време е за Ехо Од Далечното Минато!

Настапуваат: Гоце САФ, Чваре, Ненад Стефаноски и Хајпертек.
Старт на полноќ, влез 150 ден. до 01ч, потоа 200 ден.

 

[23.59] Kiko Navarro // Епицентар

Kiko Navarro или еден од водечките шпански продуценти на house музика, добро познат и на скопската публика. Преку 20 години кариера го направија еден од најпрепознатливите ликови на електронската сцена во Европа. Со години, Navarro е резидент DJ во Pacha Mallorca и редовен гостин во Pacha Ibiza (официјален резидент DJ во 2008 година) и Space Ibiza (резидент во 2012). Листата на клубови во кои настапувал е огромна, а меѓу нив и The Egg (London), Fabric (Moscow), Cocoon (Frankfurt), Duel Beat (Naples), Prive (Estonia), Bolivar Beach Club (Athens)…

Влез: 300 денари.

 

 

Понеделник 25.6.2018

[11.00] Bitola Otvoren Grad Festival 2018 // Битола

Меѓународниот младински арт фестивал „Битола отворен град“ е традиционален меѓународен младински уметнички фестивал кој 17 години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола.

Фестивалот е инспириран од потребата за нов пристап во промоцијата и презентирањето на културните, општествените и човечките вредности и трендови преку музика и визуелни уметности.

Фестивалот обезбедува простор за поврзување на култури, размена на искуства, мислења и ставови и за креирање на нови партнерства и соработки, истовремено е генератор на динамична и позитивна енергија и мост помеѓу културите.

Од 25 – 30 јуни 2018 на различни локации низ Битола, очекувајте интересни настани.

 


 

 

 

Четврток 28.6.2018


[22.00]
SARS на Широк Сокак! // Портал 2

Кратко бегство од секојдневието со незаменливиот алтернативен бенд S.A.R.S.!

Кога? – На 28.06.2018, четврток, од 22 часот. Каде? – Portal 2, на нашиот Широк сокак!

Резервирајте си навреме на 071 245 995

 


 

 

 

Сабота 30.6.2018

[09.00] Ај да возиме на Пелистер // Големо Езеро

Сабота 30ти Јуни

09.00 Старт од инфо центарот Пелистер
16.00 Пристигнување на Големо езеро
16.00 – 00.00 open air PARTY

Недела 01 Јули

11.00 Старт на 2 патеки
1 – Лесна тура кон Антена и спуст до инфо Центар
2 – Тешка тура кон Нижо Поле преку Дебел рид

 

[21.00] Deca iz Vode – Live tribute to EKV // Музеј Битола

Вечер посветена на Милан Младеновиќ и легендарните Екатерина Велика „60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ – како и понатаму да е тука“.

Мултимедијален настан со проекција на видео спотови, документарен филм, фотографии и концерт со најголемите хитови на ЕКВ од најавтентичниот трибјут бенд на ЕКВ – Deca iz vode / EKV tribute band project /.

Влез слободен.

 

[00.00] Nikos Diamantopoulos // Расчекор

Nikos Diamantopoulos B (pre party Jagoda/Local Support: Aleksandar Bocevski).

Comments

comments