Фотографија: Suteren Studio

 

Понеделник 26.3.2018

[09.00] Две Генерации, Две Седмици // Грал Галерија

Во Грал Галерија ќе бидат изложени дела на двајца големи пријатели, на учител и ученик, на Глигор Чемерски и Владимир Симеонов.
Поставката со наслов „Две Генерации, Две Седмици“ ќе биде отворена од Понеделник 26 Март, со почетокот на работното време на галеријата, до 09 Април.

 

[19.00] Проекција на филмот ,,Млад и здрав као ружа“ // Социјален центар „Дуња“

EX-YU вечерите продолжуваат. Изборот за оваа проекција падна на култниот филм за почетоците на белградското подземје ,,Млад и здрав као ружа“ на Јован Јовановиќ. Главната улога ја толкува Драган Николиќ кој игра ситен криминалец и крадец на коли.

Филмот пророчки ја наговестува идната генерација на српски криминалци и улогата на службите за државна безбедност во нивното креирање. Овој филм 20 години пред бурните 90ти ги обработува темите на поврзаноста на подземјето со полицијата.

Гостин на оваа проекција ќе биде македонскиот драматург Jugoslav Petrovski. Влезот е слободен.

 

[20.00] 4 Мајстори на модернизмот // Галерија ФЛУ

Изложба на студентите од IV година катедра сликарство и катедра ликовна педагогија- сликарство. Скопски грув afterparty со DJ Double G.

 

[20.30] Концерт во Планетариум • Così e Così [Канада] // МКЦ

Драги пријатели, време е за нова планeтариумска дразба на сетилата.

Così e Così [Canada] – Live Performance

Così e Così е мултидисциплинарен соло проект на Vincent Ferrari, музичар и поет кој живее и работи во Монтрал, Канада. Così e Così користи импровизирани звучни експерименти и хипнотичка ритмика за да создаде комплексни поп песни и ambient drone композиции втемелени врз изразито интимна лирика.

 

[23.59] Боле // -1

Понеделнички во -1, дџ сет на Боле.

 


 

 

 

Вторник 27.3.2018

[20.00]„Лерин, полиња жито, ридишта крв“ // Кино Култура

ЛЕРИН
Полиња жито, ридишта крв
од Русомир Богдановски

Режисер: Слободан Унковски
Играат: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ
Музика: Златко Ориѓански
Костимограф: Розе Трајческа Ристовска

Билети: 200 ден. (резервација на kinokultura2015@gmail.com)

 

[20.00] Лет на кукавичјото гнездо // Драмски Театар Скопје

Режија: Ристо Алексовски
Превод: Марија Димовска
Сценографија и костимографија: Ѓорѓе Јовановиќ
Музика: Милан Димушевски
Асистент на режија: Емилија Спасова
Испициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева
Тон – мајстор: Димитар Илиоски
Светло – мајстор: Дејан Блажевски

Лица:
Мекмарфи – Сашо Тасевски
Сестра Речид – Емилија Мицевска
Сестра Флин – Соња Стамболџиоска
Хардинг – Благој Чоревски
Чизвик – Диме Илиев
Били – Златко Митрески
Мартини – Ѓорги Тодоровски
Бромден – Ненад Нацев
Д-р Спиви – Игор Ангелов
Ворен – Предраг Павловски
Вилијамс – Игор Георгиев
Кенди Стар – Мелита Софрониоска
Сандра – Александра Павлова

 

[21.00] Jam 97! // Че Кафе бар

Џем сешн, играње, пеење свирење, пиење, секој со својот талент.

 

[21.00] Светски ден на театарот – „Силјан штркот шанца“ // МНТ

Почитувани љубители на театарот,

По повод светскиот ден на театарот 27 март на големата сцена во Mакедонски народен театар во 21:00 ќе се одигра претставата „Силјан штркот шанца“ од авторот Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.
За сите љубители на театарот кои сакаат да го одбележат овој светски ден во МНТ, ќе имаат можност оваа изведба да ja гледаат бесплатно, а билетите треба да ги подигнат еден час пред почетокот на истата.

Информации за претставата:
http://mnt.mk/mk/pretstavi/siljan-shtrkot-shanca

 

[23.59] Еми Ермилова // -1

ДЏ сет на Еми.

 


 

 

 

Среда 28.3.2018

[17.30] КРИК премиера // Винил

КРИК е емисија за млади која иницијално ќе почне да се прикажува на 28.03.2018 среда во 19:30 на Телевизија 24. Централниот настан на премиерно прикажување на КРИК ќе се одржи во Винил. Поставен е бим, доколку биде убаво времето ќе бидат поставени уште еден надвор. Би требало да има попуст на сите пијачки.

П. С. За музичката потпора на исчекувањето на емисијата, а и за забавата потоа задолжени ќе бидат Скопски Грув. 

 

[20.00] Sporties week @CHE – кулминација маскенбал // Че Кафе бар

Мини фестивал од 5 дена, кој кулминира со првоаприлски маскенбал. Мини-фестивал, мини активности, МЕГА награди!

Секој може слободно да учествува и да се зеза со скоро-па-цела недела. Детална програма во фејсбук линкот погоре.

 

[20.00] Солунски патрдии // Драмски театар Скопје

Автор: Миле Попоски
Режисер: Коле Ангеловски

Сценограф: Илина Ангеловска
Кореограф: Лира Грабул

Улоги: Џенгиз Ибрахим, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Маја Вељковиќ – Пановска, Зоран Љутков, Игор Стојчевски, Јелена Жугиќ, Трајанка Илиева, Калина Наумовска, Гордана Ендровска, Марија Кондовска, Валдета Исмаили, Душица Стојановска, Викторија Анѓуш.

 

[20.00] Монохроматика – концерт на млади на ДММ 2018 // Даут-Пашин аман

МОНОХРОМАТИКА – Концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност во Скопје

Проектот на студентите на Факултетот за музичка уметност од Скопје реализиран во соработка со студентите од Машинскиот и Архитектонскиот факултет и ги опфаќа концертите „Монолози“ и „Монохроматика“. Тие претставуваат дихотомен пар на двата елементи на современета композиција во Македонија: фолклорот и модерната, традицијата и прогресивниот музички израз. Преку синкретичен спој на музиката со други уметности, аудио-визуелниот перформанс „Монохроматика“ го користи современото музичко творештво како основа за ново синестетско доживување. Целта на проектот е да се интензивира уметничкото доживување на публиката на концертите на класична и современа музика, преку вклучување на вонмузички елементи во нив.

Влез: Слободен

 

[21.00] Уиски најт со веселата дружина // Љубов

Виски и рокенрол. Доволно е.

 

[21.00] Tribute to Aretha Franklin with Camille Sledge // С26

Придружете се на харизматичната американска вокалистка Camille Sledge на специјален настан Tribute Kонцерт на кралицата на соул музиката Aretha Franklin, оваа среда во Станица 26 со почеток во 21 часот.

Билети по цена од 800 денари со вклучен ДДВ.

 

[23.59] Flooder // -1

Среда е ден за дџ сет на Flooder.

 


 

 

Четврток 29.3.2018

[08.00] Happy Birthday to Kolektiv // Колектив

Роденденска прослава по повод една година постоење на Колектив.
За музичкиот дел задолжени се: Maestro & Violina, In The Mood, SWING WALKERS, DJ BABURA JUNIOR
и DJ SONJA ISMAIL.

 

[20.00] Квартет // МНТ

Автор: Роналд Харвуд
Режисер: Зоја Бузалковска

Улоги:
Џин Хортон…………. Лилјана Велјанова
Сесили Робсон ………… Катина Иванова
Реџиналд Пеџит ……………… Емил Рубен
Вилфред Бонд ………… Благој Чоревски

Цената на билетот е 300 денари и слободен влез за студенти.

 

[20.00] Импров Група „Настап“ // ФДУ Скопје

По втор пат ќе се одржи играријата на импров група „Настап“. Претходниот пат беше фантастично многу луѓе, заразна смеа и одлична енергија. На наше големо задоволство ќе имаме можност повторно да ја проследиме оваа играрија. Овој пат дојдете порано тие што дојдовте покасно и загарантирајте си столче.
Игрите ги играат:

Дамјан Цветановски
Мартин Манев
Тони Денковски
Григор Јовановски
Сергеј Димовски

Андреј Цветановски – (водител)

Влез: Бесплатен

 

[20.00] Бернштајн 100 // Македонска филхармонија

Диригент: Тимоти Редмонд (Велика Британија)
Солист: Николас Алтштед – виолончело (Германија/Франција)
Програма:
В. Волтон: Концерт за виолончело и оркестар
Л. Бернштајн: Симфониска свита „На брегот“
Л. Бернштајн: Три танцови епизоди од мјузиклот „Во градот“

Концертот е посветен на 100 годишнината од раѓањето на влијателниот американски композитор, диригент и пијанист Леонард Бернштајн.

 

[21.00] Cocktail Night // Концепт 37

Подгответе се за супер коктели по промотивни цени, овој четврток во C37. Резервации на 071 333 959.

 

[23.00] Boogieman & Toni Zen // С26

„Street Soul Delight”
(The finest selection of Hip Hop, R’N’B, Soul and Funky Grooves)

Влез: Бесплатен

 

[23.59] Tоми Бојаџи & Чедо //-1

ДЏ сет на Томи Бојаџи & Чедо, поддржано од Skopsko Smooth.

 


 

 

 

Петок 30.3.2018

[17.00] Аперитиво // Кино Карпош

#Апeритиво во Kino Karposh

Музика на винил w/ Бојан Чакра & Igor Spiroski

+ Промотивни цени на селектирана група на вина од винарија Тиквеш
+ Промотивна ценa на Jameson
+ Вкусно мезе кое ви е веќе добро познато 🙂

 

[20.00] Pumperzz of the Fall // С26

Специјална концертна промоција на новиот албум “All About You” на Pumperzz of the Fall на 30ти март во Станица 26 со почеток во 20 часот. Македонскиот бенд ќе ги сподели со публиката своите оригинални композиции со нивниот иновативен препознатлив звук. Албумот е издаден под американскиот лејбл Alliance Records, а македонската публика ќе ја има ексклузивната можност предпремиерно да ужива во уникатната музика .

Билети по цена од 300 денари со вклучен ДДВ.

 

[20.00] 2012 – Последните Македонци // Драмски Театар Скопје

Режија: Сашо Миленковски
Сценографија: Тихомир Спировски
Костимографија: Тихомир Спировски
Улоги: Билјана Беличанец – Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Игор Ангелов, Сања Арсовска.

  

[20.00] Помеѓу соништа и летови – Горан Начевски / Премиера (опера) // МОБ

Премиера
Горан Начевски
„Помеѓу соништа и летови“ – камерна опера (Мала сцена)Премиерата е во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика”Композитор: Горан Начевски
Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Љупка Јакимовска
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Бранкица Јордановска
Кореограф: Маја Каревски
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Хор мајстор: Јасмина Ѓоргеска
Светло дизајн: Нино Митевски
Улоги:
Ѕвездата: Александра Лазаревска Василевски
Таткото: Дејан Стоев
Патникот: Невен Сиљановски

[21.00] Концерт на Këpurdhat // МКЦ

ТАКСИРАТ 2.0. и МКЦ ви ги претставуваат: Këpurdhat ! Концертна промоција на нивниот втор албум „N’trip“ во бифето на МКЦ.

Билетите можете да ги набавите на билетарницата во МКЦ или онлајн на mktickets.mk и во VICTORIAN Pub во Тетово со ограничен броj.

Влез: 150 денари.

 

[21.30] Шурбе // Цреша бар

ДЏ сет на Шурбе, петочки во Цреша бар.

 

[22.00] Македонски Шлагери // Public Room

Македонски шлагери со Ретро Рингтонс во состав Дина Јовановска – вокал, Симон Пеоски – гитара/вокал, Неврус Бајрам – гитара/вокал, Дарко Фотиновски – бас и Кристијан Лафазановски – тапани. За резервации јавете се на 078 250 554.

Влез: Слободен

 

[22.00] Weekend // MAD

Доаѓаат 20 степени, заедно со Aleksandar Jordanov и WINESE!

 

[23.59] Ехо Од Далечното Минато #21 // Капан Ан

После цели три месеци Ехо Од Далечното Минато!  За прв пат на овој серијал настани честа да ја отвори вечерта ќе ја има Double G од Скопски Грув. Покрај него ќе настапат и резидентите Гоце САФ и HyperTech, а премиерен настап на оваа клупска вечер ќе има и – DJ Drazi Drags.

Старт на полноќ, влез 150 ден. до 01ч, а потоа 200 ден.

 

[23.59] Yarl // Браво

Yarl:
Елена Ставреска – вокал
Виктор Танасковски – гитара, вокал
Никола Коларовски – клавијатура
Андреј Коларовски – бас
Кристијан Тодоров – тапани

 

[23.59] Миднајт забава со Мирко Попов & Виолета Качакова //-1

ДЏ сетови на Мирко и Качакова овој петок во -1.

 

[23.59] Woo York [Live] // Епицентар

Woo York [Dystopian / Afterlife]
https://soundcloud.com/woo-york
https://www.residentadvisor.net/dj/wooyork

Local Support:
Ana Malo
https://soundcloud.com/ana-malo
Baloski
https://soundcloud.com/baloski

 


 

 

 

Сабота 31.3.2018

[12.00] Board Game Day во Гоблин! // Гоблин друштвени игри

Оваа сабота дојдете во ГоБлИн на Board Game дружење со вашите другарчиња или соло. Можете да си донесете и своја игра или само дојдете да играте. Сите ќе имате можност да ги пробате и новите експанзии на Small Star Empires од Archona Games пред нивната Kickstarter кампања!

 

[12.30] Dress & Play // L’angolo di caffe

Сабота, пред првоаприлски дојдете маскирани во GTA стил, со Dj Double G кој ќе ја врати онаа фанки музиката од радио станиците Radio Los Santos, Bounce FM, Fever 105!

 

[12.30] APRIL FoOL’s // D.J. Flooder Vol.3 // BackYard Lounge & Bar

Неделно попладневно фулирање на темата Superheroes & Clowns (Injustice Characters, Creepy Clowns)

D.J. Flooder ќе биде човекот зад грамафоните на третото изнаие на April FoOL’s Day во ВackYard.

Beer & Street Food Promo
(Tuborg & Zlaten Dab)

 

[20.00] Како да се ограби банка // Драмски Театар Скопје

Режија: Иван Манасковски
Превод: Коле Ангелковски
Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска

Лица:
Агостино Кепече – Лазе Манасковски
Реџина – Марија Кондовска
Дон Гаспаре – Гоце Тодоровски
Тонино- Симон Манасковски
Џулијана – Катерина Шехтанска – Лаковски
Вдовицата Алтавила – Калина Наумовска
Директорот на банката – Игор Георгиев

 

[20.00] Концерт на Ансамблот за современа музика „КонТемпора“ на ДММ 201 // Музеј на град Скопје

Концерт на Ансамблот за современа музика КОНТЕМПОРА на „Денови на македонска музика“ 2018.

Ансамбл „КонТемпора“: Златка Митева – флејта, Владимир Лазаревски – обоа, Игор Иванов – кларинет, Антонио Весковски – вибрафон, Владимир Чадиковски – гитара, Ема Потевска Попивода – пијано, Кристина Светиева – пијано, Симон Поповски – 1 виолина, Емил Чичоновски – 2 виолина, Марко Виденовиќ – виола, Дејан Теодосиевски – виолончело, Игор Миташев – контрабас и Горан Начевски – баритон. За детална програма погоре во фејсбук линкот. Влез: Слободен

 

[22.00] Избор на Нoќна Кралица 2018 // Џубокс Кабаре

Оваа сабота е избор на Ноќна Кралица за 2018та година.

Заради транспарентност и непристрасност Кралицата ќе ја бира тричлено жири кое ќе биде објавено во текот на овие три дена. Половина час пред прогласувањето на Ноќната Кралица жирито ќе истапи на сцена со задача за трите учеснички кои ќе влезат во најтесен круг: Lip sync на делови од химната Supermodel (You Better Work) од RuPaul. (https://www.youtube.com/watch?v=Vw9LOrHU8JI)

Исто така ќе има и гостувањето на DIVA која беше избрана за Ноќна Кралица 2017та, а оваа година ќе не почести со танцувачки перформанс и ќе ја круниса новата избраничка.

Водител на вечерта ќе ни биде единствената и неповторлива Синдерела Дундакис!

Сатница за настанот:
22:30 Водителот на изборот го отвара настанот и го претставува жирито
23:00 Танцов перформанс на минатогодишната Ноќна Кралица – DIVA
23:30 Дефиле на учесничките во изборот
00:00 Жирито ги соопштува трите Кралици кои влегуваат во најтесен круг и ги повикувa на lip sync
00:30 Прогласување на Ноќна Кралица 2018та

За музиката ќе се погрижи Дј Зоки Бејбе.

[22.00] Sub Bass Jazz // МКЦ

После безобразно долг период, Sub Bass Jazz повторно ќе имаат настап во Скопје! Овој пат можеби во нај идеалното место за ваков настан – бифето Фросина во Младински Културен Центар. Доколку досега не сте ги слушнале, станува збор за фузија од диџеј сет и дувачки инструменти, а музиката е базирана на искршен ритам, варирајќи од breakbeat до drum & bass.

Sub Bass Jazz се:
Vladan Drobicki – тромбон (Sethstat Jazz)
Vasko Bojadziski – саксофон (Sethstat Jazz)
Трајче Петрушевски – грамофон (Game Over)

За загревањето ќе биде задолжен Dragan Stankovic Drash (Bad Propaganda) кој ќе ја почне вечерта со длабок и ликвиден drum & bass. Почетокот е закажан во 22:00 а крајот во 03:00.

Влез: 100 денари.

 


 

 

 

Недела 1.4.2018

[13.00] Masks & Party // Public Room

1ви Април ни е ден за маски, шега и забава!
Затоа во Public Room ќе има целодневна журка со маски и добра музика. Ќе има награда Jameson Irish Whiskey 0,7L на најкреативната, назабавната, уникатна маска секој час. За музика одговорни се DAY OFF – The Next Generation & DJ Todor Veljanov ~

За резервации на барска маса јави се на 078 250 554.

 

[21.00] Шести роденден! /w DJ Goce // Chillin’ Bar

Раце горе за 6 години Chillin’ Bar!!!
Прослава за сите овие шест години поминати со добри журки, добри дружби и добри моменти.

DJ Гоце ќе биде главниот диригент, а плочите неговиот оркестар.

ПС: Може и маскирани.

 

[21.00] Априлилили // Радио бар

Недела во RadioBar! АПРИЛИЛИЛИ + прослава на 12 годишниот пуштачко-музички јубилеј на Соња Исмаил.

 

[21.00] Маскенбал // Форплеј

Позитивни вибрации, маски и сонце е прогнозата за во недела. Препуштете се на имагинацијата и креативноста, и дојдете маскирани.

 

[21.00] ★ Маскенбал // Кино Карпош

Традиционално прво априлски маскенбал во Кино Карпош. Секако тема на вечерта се филмски маски.
Најдобрите единечни и групни маски ќе бидат номинирани за „Оскари 2019“, кои ќе се одржат на  јубилејот 10 години Кино Карпош.

За музиката ќе биде задолжен Machki.

 

[23.59] Априлилили // -1

Првоаприлски музички маскенбал со Бодан и Диди во -1.

 

[23.59] Маскенбал Шејк // Епицентар

Вонредно издание на Thursday Shake забавите ќе се случи оваа недела во клубот Epicentar. Прослава на денот на шегата во стандардно издание со Shorty P и Irie Scratch, a како гостин ќе се презентира Druggy.

 


 

Comments

comments