Фотографија: walterledo

 

Понеделник 27.8.2018

[17.00] Уочи Богородица ивент со Гоце Омајгад и ДЏДЏ // Винил

Сетот е предвидено да трае 7-8 часа со невидени пресврти и феноменална увертира према пресвета богородица амин.

 

[19.00] Story Party Skopje – True Dating Stories // Јавна Соба

Wanna share your dating story?

 

[21.00] „Пластични раскази“ од Илија Илов // Ла кања

Пластични Раскази – Илија Илов
Промотор: Фросина Пармаковска

Ова се раскази за еден забеган, изопачен свет, раскази на кои не можеш да им се лутиш за нивната бруталност и тератологија, за нивниот веризам и шок-сликите на телото, затоа што тие говорат за еден – таков свет. Нашиот свет.

 

[21.30] Понеделнички акустики со KUMA & CRNI // Лонг Плеј

Unplugged свирка со Кума и Црни.

 

[21.30] LILI acoustic // Нола Бар

Инфо и резервации на: 072 266 226

 

[22.00] Monday: Residents night // Епицентар

Епицентар ad-hoc ноќ на резидентите.

Machki [Marin Basotov]
Bodan Jamakoski
Viktor Apostolski
Andrej Micajkov
Velor [Darko Atanasovski]

Влез: 100 денари

 

[22.00] Синдикална игранка со Лефанк // Синдикат

Пред-празнична синдикална игранка со Лефанк.

 

[00.00] Havanа Mondays со Bionda // Летна Хавана

И овој понеделник ќе слушате многу поп-рок хитови изведени од Bionda, а стандардно пијачките на 50%.

 


 

 

 

Вторник 28.8.2018

[09.00] Крводарителска акција // Дом на АРМ

Драги сегашни и идни крводарители,

Општинската организација на Црвен крст Центар и Клубот на Млади на ООЦК Центар, ве покануваат да земете учество на XVI по ред традиционална крводарителската акција по повод празникот “Голема Богородица”. Акцијата ќе се одржува во просториите на Домот на АРМ во централното градско подрачје (во близина на Спомен куќата на Мајка Тереза).

Времетраење : 09:00 до 17:00 часот

Биди херој, спаси нечиј живот!

 

[13.00] Лепе ЖЕНЕ пролазе кроз град – Војо Ц. // Нано Бар

Југословенски поп и рок, музички селекции на Војо Ц.

 

[20.00] MY TEAR слушачка промоција на ново EP // Кофеин

Светска премиера на новите песни на My Tear

 

[21.00] Line On Some Trip live // Ла Кања

Line on some trip.

 

[21.30] Jam session 119 // Че Кафе Бар

119 џемања, никогаш не знаеш на кој ќе наидеш на микрофон/инструмент, освен на резидент домаќините Darko Stojoski i Petar Isirov.

 

[22.00] Ex Yu Rock Hits with Epigram // Пивница Стар Град

Број за резервации: 076 462 374.

 

[00.00] Шизи во вторник со SureShotz // Летна Хавана

Shorty P и Irie Scratch се враќаат како тандем позади грамофоните. Пијачките ќе бидат стандардно на 50%.

 


 

 

 

Среда 29.8.2018

[10.00] Стратешки партнерства за домашните компании на глобалните пазари // Фонд за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој Ве кани да присуствувате на работилницата „Стратешки партнерства за домашните компании на глобалните пазари “, која ќе се одржи во новите простории на ФИТР во Градски трговски центар, на 29.08.2018 година (среда), во 10 часот.

Работилницита која е фокусирана на претприемничките искуства и можните партнерства на македонските компании за глобалните пазари, како и нивно еквити финансирање ja води Дејвид Батсон инвеститор, успешен претприемач и основач на „Not for Sale“, „Z Shoes“, „Rebbl“, „Dignita“ и други успешни компании, а воедно е и редовен професор на на катедрата за претприемништво и иновации на Универзитетот „Сан Франциско“.

 

[17.30] Критична маса #76: Од Ден без автомобили, до град за луѓе // Плоштад Македонија

Замислете улици без врева од автомобили, замислете град со повеќе простор во него, без самиот тој да се шири, замислете улици кои поврзуваат луѓе, а не само пренесуваат… На еден ден, оставете го автомобилот на паркингот и движете се низ градот пеш, со велосипед, автобус и доживејте го јавниот простор на поинаков начин.

Многу градови ширум Европа ќе ги затворат своите улици за движење на автомобили за еден ден во септември, како дел од кампањата Ден без автомобили (Car – Free Day) во рамки на овогодишниот European Mobility Week. Започнувајќи од 22 септември 2000 година, кога 760 градови ширум Европа го поддржаа организирањето на Ден без автомобили, секоја година учество земаат и нови градови јасно покажувајќи дека започнуваат план кој ќе ги менува нивните градови во однос на транспортните политики. Дека имаат план во кои предност ќе има квалитетниот живот на луѓето.

Денот без автомобили е ден кога се слави здравиот транспорт во еден град.

Рута – http://bit.ly/RutaKM76

 

[18.00] SlovoKult:: literARTour:: Skopje // Галерија Акантус

::СловоКулт:: литерАРТура:: во соработка меѓу онлајн-списанието SlovoKult::Literartur/a Berlin и:: Art Equilibrium:: Галерија Акантус / Acanthus Gallery

Настанот вклучува групна изложба и поезија / кратка проза / текстуални фрагменти – читање и изведби на актуелна тема – оваа прва година на тема.

18 часот – отворање на групната изложба
20 часот – повеќејазичнен книжевен настан (со превод) и поетски мултимедијален перформанс.

 

[18.00] Afterwork Brunch with Pineapple Express // Brunch Box Eatery

Pineapple Express или денс-дуото составено од Ивана Низамовска и Петар Антевски и нивниот музички избор од фолдерите „electronic”, „indie“, „dance“ и по нешто од „guilty pleasures”. Дневното мени со промо цени и new arrivals:

Сендвич со печено свинско и ананас – 150 ден.
Сендвич со хумус и младо сирење – 90 ден.
Brunch Burger – 160 ден.
и секако 20% попуст на сите пијачки.

 

[19.00] End of summer Ladies Night // Синеплекс

Во среда, 29.08, можете повторно да ги погледнете по цена од 180 денари.
– Ocean’s 8
– Mamma Mia 2
– The spy who dumped me

 

[19.00] Wednesday: Akanbi & Marko Rikaloski // Епицентар

Akanbi

Локална поддршка > Marko Rikaloski

 

[19.00] Отвoрање на Социјален Велосипедски Центар // Педала

На ден Критична маса, 29 август 2018 година, со почеток во 19 часот, Социјалниот велосипедски центар „Педала“ официјално ќе биде отворен за сите љубители на велосипедите на Скопје. Локацијата на „Педала“ се наоѓа меѓу белите згради позади Веро (2) Тафталиџе, односно спроти Педагошки факултет, односно во комшии на „Добра земја“, на адреса Њуделхиска бр.4, влез 2, локал 4, Скопје.

 

[19.00] Сподели Кино: „Пиратскиот Залив“ подалеку од тастатура // ул. Наум Наумовски Борче бр. 38/12

Во среда (29.08.2018) во 19:00 часот проекција на документарниот филм TPBAFK – The Pirate Bay Away From Keyboard (Пиратскиот Залив Подалеку од тастатура).

 

[21.00] frekvencii.mk selectas vol. 2: Modem Priest // Ла Кања

Selectas настаните се дел од серијал каде што членови, пријатели и блиски соработници на Подземни ќе ја претстават својата музичка колекција.

Во второто издание ќе имате прилика да патувате музички кон истокот заедно со Modem Priest.

 

[21.00] Beertija Pub Quiz Vol.9 // Биртија

Beertija Pub Quiz овој пат со Ana Zdravkova како нов хост со нови категории, предизвици и почетнички грешки.

 

[21.30]  Blues & Beer are for friends // Рок Кафана Рустикана 2.0

Промоција на пивски пакети 3+1. За блузот се грижат Saso Gorgevski и Nikola Jimmie Petrovski aka InThe Mood Блуз Дуо.

 

[00.00] Среда со Bandix // Клуб Маракана

Cреда со Bandix

Почеток: 01:00
50% на пијалоци (вотка, џин, коњак, рум, пелинковац, узо)
Влез слободен со резервација до 00:30!

 


 

 

 

Четврток 30.8.2018

[13.00] Reopening Party // Коузи Бар

16:00 – 19:00 DJ Drazi Drags
19:00 – 22:00 DJ Rizinski
22:00 – 01:00 Session Selection

 

[16.00] Thursday Burger Night // Дистрикт

Секој четврток во месец август, во Дистрикт бар и ресторан, промоција на нивните бургери.

 

[20.00] NLB Gallery: Македонска современа фотографија // НЛБ Галерија

На 30-ти Август (четврток) во 20 часот во НЛБ Галеријата, премиерно ќе биде претставена пред македонската јавност изложбата: „Актуелен МОМЕНТ во македонската современа фотографија“.

 

[20.00] A birthday party to remember // Твинс

Роденденска журка

Твинс слави 3ти роденден. DJ Denny Trajkov, пијалок за добредојде и 20% попуст на целото мени!

Резервации на: 071 293 198.

 

 

[21.00] Neuland & Reborn present: Glaze (NeulandNight_002) // Винил

Овој четврток, Neuland & Reborn present: Glaze (NeulandNight_002) во кафе бар Винил со наслов Glaze, каде музичките апетити ќе ги задоволува DJ Ulterior.

 

[21.00] Latino Night // Плеј Хаус Кафе

Летoтo пoлекa завршува, нo сезoнaтa зa тaнцувaње дoпрвa зaпoчнувa.

 

[21.30] American Whiskey Night // Рок Кафана Рустикана 2.0

American Whiskey Night со Petar Isirov & Friends. Овој четврток друштво ќе му прават Darko и Kahleen, ќе се свири добра музика, со автентична изведба, а за првата едиција на American Whiskey Night целата линија на Jack Daniels ( Old No.7, Single Barrel, Gentleman Jack и Jack Honey) ќе биде на 20% промо.

 

[22.00] Чакраме со Чакра // Че Кафе Бар

Чакрање до 1 уште овој пат.

 

[22.00] САМО Кирил // Кафе САМО

Овој Четврток За Журка е САМО за Кирил.

 

[00.00] Thursday Shake (Summer All-Star edition) // Епицентар

Како домаќини позади грамофоните ќе бидат Shorty P и Irie Scratch, кои ќе вечерта ќе им ја посветат на Drake, Cardi B, Tekashi69, Nicki Minaj и Travis Scott, а сето тоа ќе биде проследено со промо цената на Johnnie Walker, Smirnoff и Gordon`s.

 


 

 

 

Петок 31.8.2018

[16.00] Friday Happy Hour! // Дистрикт

Секој петок happy hour во Дистрикт бар и ресторан.

 

[18.00] Outdoor Cooking // Јавна Соба

Екипата на Јавна Соба одбира намирници, готви, смислува нови рецепти, се смее и ужива заедно со најблиските и куварите на Јавна Соба кои се задолжени вашата паста да биде онака како што сте ја замислиле.

 

[18.00] Handcrafted:mk 2018 // Галерија Акантус

Групна изложба на шестте нови брендови поддржани во првиот циклус на платформата Handcrafted:mk.
Дојдете на изложбата на дизајнерите од платформата  Handcrafted.mk кои ќе Ви ги претстават пилот колекциите под менторство на Моника Лозановска, Лидија Георгиева и Александар Ношпал.

 

[20.00] Celebrating 5 amazing years! // Брик Бар

Јубилеен 5-ти роденден на Брик Бар и журка поддржана од Shorty P aka Panco, DJ Fici, DJ Branchez & DJ Bobi.

 

[20.00] Summer Concert #MusicConnects // Летна Хавана.

Финален концерт на Музичко Училиште Митровица Рок , Ентерпрајз и Рома Рок. Оригинални песни и настапи на 10 бенда.

 

[21.00] Friday in Public Room // Јавна Соба

Voin е Dj, музичар и ко-пронаоѓач на клубот ‘Blitz Club’. По потекло од Мелбурн, но моментално лоциран во Берлин. Тој има настапи во едни од најпознатите клубови како што се Berghain, Horst Kreuzberg, Cosmonaut, About Blank, Bi Nuu, Cookies и многу други. Вие ќе имате можност да го слушнете овој петок во Јавна Соба.

 

[21.00] Тоше Проески Tribute Концерт // Коко Бар и Ресторан

Оваа година по подов 21ви роденден на Коко Бар и Ресторан ќе се прослави на малку поинаков и специјален начин,вечер посветена на Тоше Проески.

 

[21.30] Birthday Weekend // Бруклински

Петок (31.08), од 21:30 часот, Тони китановски трио со Иван Бејков и Алек Секуловски.

 

[22.00] Friday: Ashborn Live // Лед Цепелин Бар

Прво летно r’n’r грмење со Ashborn во Led Zeppelin Guitar Bar.
Резервации: 02/3096-569

 

[22.00] Yva & The Toy George Live // Ла Кања

Yva & the Toy George е соло проект на Ива Станишиќ, музичарка од Белград, која веќе долги години живее и работи во Рим, Италија. Создава непредвидлива електронска музика за танц отворена за разноразни влијанија. Од електро и техно, преку панк и хип-хоп, па се до афро-латино ритмика и балкански и ориентални звуци. Паганската поп егзотика и нејзината харизматична сценска појава се отворена покана за танц.

 

[00.00] Friday boogie with Bandix // Клуб Маракана

It’s time for Friday boogie with Bandix!
Почеток: 01:00 h
Резервации: 075 274 032

 

[00.00] Vaal // Епицентар

Vaal
[BaastardAfterlife]
https://soundcloud.com/vaalofficial

 

[00.00] Ryan Elliott (Ostgut Ton) // Сектор 909

Со големо жалење ве известуваме дека планираната забава со Steffi којашто требаше да се одржи на 31|08 петок се одложува поради здравствени причини.

Но во последен е најдена замена која е повеќе од добра. Ryan Elliot ќе биде DJ-от кој ќе настапи овој петок.
Тој е исто така член на екипата од Ostgut Ton и резидент DJ на Berghain / Panorama Bar.

Влез: 300 денари.

 


 

 

 

Сабота 1.9.2018

[11.00] Фестивал на Органска Храна #8 // Школка Градски Парк

Повеќе од 20-тина органски производители и изложувачи на органски производи, интерактивна програма, забава.

 

[12.00] 5+ Бенд на Здраво Млади // МКЦ

5+ Бенд ја сочинуваат омилените ликови Петко, Цветко, Лина, Комшо и сите останати од најгледаната детска телевизиска серија „5+ Фамилија“, што веќе 10та година е во македонскиот етер. Песните кои се наоѓаат на репертоарот на 5+ Бенд се внимателно одбрани, со цел да се оддаде почит на дел од најважните македонски поп-рок евергрини, на некои регионални хитови, како и на интернационални песни кои оставиле белег на многу генерации.

Билети за Јуниор програмата веќе во продажба по цена од 150 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ.

 

[12.00] Здраво Млади 8 // МКЦ

Во сабота се случува осмото издание на фестивалот на нова музика Здраво Млади.

На вечерната програма до сега потврдени изведувачи:

Cigarettes after sex (САД)
Wooden Ships (САД)
Repetitor (Србија)
Blanck Mass (Англија)
Cmera (Германија)
Eric Copeland (САД)
Flohio (Англија)
Палиндром (Македонија)
Donplaya x Bon Praskiza (Македонија)
Dj Fitz (р. Ирска)
Црнила Ремикс [премиера] (Македонија)
Ogie x Petr (Македонија)
Druggy (Македонија)
+ изложба на фотографии на Stefan Heckel
+ кулинарски магии со Fat Kitchen

Билети по цена од 600 денари можете да набавите преку продажната мрежа на MkTickets и на Билетарница МКЦ.
*На дена на фестивал цена на билет ќе изнесува 800 денари (доколку останат билети)

 

[11.00] Работилница – Сликање на стакло // Брегли Креатив

Презентација за начинот на исцртување и сликање на стакло.
– Секој учесник добива свој предмет од стакло, кој по изработката може да го земе со себе;
– Се користат висококвалитетни, професионални, специјални бои, маркери и рељеф пасти за стакло од Marabu Creative Colours.
– Времетраење: 2 часа

Цена: 1000 денари

 

[17.00] Women can! // Концепт Центар Една може Една прави

Жените можат! е проект кој таргетира и вклучува жени, девојки и девојчиња од сите генерации, и деца на жените-мајки, кои се интересираат за креативно практицирање на женско културно и социјално, интердисциплинарно самојакнење.

 

[21.00] Saturday in Public Room // Јавна Соба

1ви септември не потсеќа на крај на лето и почеток на учебната година. На 1ви септември најчесто имаш нови патики, а и да ги немаш можеш да идеш на журка, затоа што оваа учебна ќе започне во сабота заедно со Васо.

 

[21.30] Birthday Weekend // Бруклински

Сабота (01.09), исто време, роденденска забава со Драган Стојковски на бас, Филип Букршлиев – гитара, Фенг Хао – тапани, и Јордан Костов – хармоника.

 

[21.30] Irish Saturdays // Рок Кафана Рустикана 2.0

Bushmills Irish Whiskey (White Label, Black Bush, Single Malt) на 20% off, а за музичкиот дел задолжени ќе бидат Marko Kuma Markovic и Владимир Чадиковски.

 

[22.00] Back to school // Кафе бар Че

Еј, 1ви септември и враќање во школо?
Ќе се „учи“ азбуката со шотови, ќе се игра школка, ќе се гледа Бушава Азбука и масовно ќе се скока на јаже. Кој се појави тематски во униформа добива и гратис пијачка.

Нено Брус одговорен за ретро музика, шизиме на фанки звуци!

 

[22.30] Acoustic Eruption live // Лед Цепелин Бар

Акустична свирка со Eruption.

 

[00.00] Why Not // Клуб Маракана

Rock&Roll/Metal журка!

 

[00.00] Мижи! Замисли промена // Буден Театар

Буден Театар ја започнува кампањата „Мижи! Замисли промена.“ преку која се стреми да ги поттикне возрасните граѓани и децата активно да се вклучат во мапирање на еколошките проблеми и да „замислат“ можни решенија за почист и поубав град.

Вклучете се во кампањата на следниов начин:
– Пронајдете локации во вашата средина кои се неприфатливи од еколошки аспект, односно локации пред кои градот „замижува“.
– Пред мапираната локација фотографирајте дете, со замижани очи.
– Прашајте го детето како тоа место би можело да се промени кон подобро.
– Фотографиите и идеите на децата објавете ги јавно (public) на вашите Фејсбук и/или Инстаграм профили со хаштаговите #ЗамислиПромена#БуденТеатар #Скопје или испратете ги на е-маилот zamislipromena@gmail.com најдоцна до 1 септември 2018 година.

 


 

 

 

Недела 2.9.2018

[10.00] После Часови // Форца

Големи попусти до 50%.

 

[17.30] Jога на зајдисонце во парк // Школка Градски Парк

Часот ќе биде бесплатен, отворен за луѓе од сите возрасти, соодветен и за почетници и за понапредни јогини.

 

[18.00] Диско у диско // Сектор 909

Нова платформа, емотивно разработен концепт. Линк помеѓу познатото и нешто сосема поинакво. Диско у диско. Sektor 909 и Oubli at your service.

 

Comments

comments