Понеделник

[20.00] Изложба и промоција на книга: Херои за еден ден  // МОБ

Херои за еден ден, Навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје

Свечено отворање во МОБ-Македонска опера и балет

20:00 / Официјално отворање

21:00 / Модна ревија од LUDUS (македонски бренд за современа мода)

Денови на изложба: 27.06.2016 – 14.07.2016

Куратори: Нада Прља и Даниел Серафимовски

Учесници и сооработници: Виолета Бакалчев / Минас Бакалчев (архитекти), Иван Блажев (фотограф), Мартин Гулески (архитект), Јован Ивановски / Владимир Десков / Ана Ивановска-Дескова (архитекти), Влатко П. Коробар (архитект), Зоран Петровски (куратор), Душан Перчинков (уметник), Илија Прокопиев (уметник), Андријана Тилиќ (фотограф), Никола Узуновски (уметник), Митко Хаџи-Пуља (архитект), Берт Стаин (писател), Драган Христов (моден дизајнер), Јане Чаловски (уметник)

 


 

 

 

Вторник

[20.00] Индонезиска вечер  // Public Room

Дали некогаш сте пробале храна од Индонезија?

Еве што ќе ни готви Пол во Јавна Соба:

Предјадење

Soto Ajam (индонезиска пилешка супа)

Главно јадење

Nasi Kuning (жолт Basmati ориз)

Nasi Goreng (ориз)

Sate Ajam (печено пилешко со сладок сос од кикирики)

Sambal Goreng Buncis (грав со пикантен сос)

Telor Besengek (јајца со жолт, пикантен сос од кокос)

Gado Gado (свеж зеленчук со сос од кикирики)

Babi Ketjap (свинско со пикантен соја сос)

Sambal Goreng Kreni (телешки ќофтиња со сос од кокос)

Krupuk (крекери од ракчиња)

Atjar Tjampur / Atjar Ketimun (индонезиски салати)

Десерт

Индонезиска овошна салата

Kue lapis legit (пикантна торта)

Rose lassi (јогурт со вкус на ружа)

Цена на вечера по лице: 950ден.

Билети во барот на Јавна Соба – ул. 50 Дивизја бр 22 и на

contact@publicroom.org

 

[21.00] Промоција на „Сјај и страв и песни” од Даница Ивановска Лепојевиќ  // МКЦ

Оваа стихозбирка ја понесе наградата „Антологија на болката“ за најдобра дебитантска збирка љубовна поезија на овогодинешните Рацинови средби.

Промотори на збирката ќе бидат поетесите Елена Пренџова и Искра Донева, и писателот Анде Јанков од издавачката куќа „Култура“, додека стиховите ќе ги говорат поетесата Ана Голејшка и самата авторка. Атмосферата ќе биде дополнета со настап на Сашко Костов.

 

[21.00] Џемање во Че #6 // Че Кафе Бар

Фузија на различни музички таленти, добра музика!

Лабаво џемање на тропски жештини.

Иии повторно, кој сака да се придружи е повеќе од добредојден, охрабруваме да си донесете и по некој инструмент 🙂

 


 

 

 

Среда

[21.30] Промотивен концерт во рамки на проектот „Симбиоза”  // ФЛУ-Сули Ан (алтернатива-Фоаје на МОБ)

„Симбиоза” е вокален ансамбл (повремено инструментално придружуван) и се јавува во фукнција на претставување сплетови од песни кои се значајно национално обележје на земјите од каде потекнуваат.

Идејата се јавува во форма на мултиетнички, мултикултурен и образовен проект кој произлегува од секојдневната соработка на двајца млади просветни работници – Дамјан Темков и Бехар Весели – наставници во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј”.

 


 

 

 

Четврток

[20.00] Креативен викенд за музика  // Концепт 37

Музика, доделување на наградата Современ израз и најава на летните креативни викенди со гостите: Volter Mani, Al Hakim, Pon Ton, Vladimir Lukash, Toni Dimitrov, Aleksandar Zograf, Wostok и многу други.

 


 

 

 

Петок

[21.00] Donplaya X Bon Praskiza  // Летен Клуб Хавана

Синките ја започнуваат летната сезона со журка во Скопје! На првата ноќ од најжешкиот месец во годината синките ќе се погрижат да ја дозагреат атмосферата заедно со Dj Inomatik под отворено небо во летниот клуб Хавана.
Настанот започнува во 21:00 часот а влезот чини 100 денари.

 

[21.00] Tribute to Vinyl >> M.Popov+A.Gavrovski // Винил

Почитувани љубители на квалитетната музика
Почитувани љубители & фетишисти на Винилот
Еве уникатна можност да погледате/послушате некои од вашите омилени, омразени, или незнајни диџеи со нивниот рандом винил музички избор…
Имено, Tribute to Vinyl/Винил е нова едномесечна вечер, во која стариот добар Мирко Попов, заедно со еден специјално избран гостин, ќе ископа рандом парчиња винил од екстензивната колекција и ќе ви ги пушта со неизмерно задоволство на грамофони.

 

[21.00] Ringroad // Рок Кафана Рустикана Вол.2

Ringroad се задолжени за класик рокенрол едукација после 21:30, Белгија – Велс во позадина со старт од 21:00

 

[21.45] Основи на драм енд бејз – испрашување // Кафе Бар Љубов

Драги љубовџии и љубовџики, поминаа првите две предавања од предметот основи на драм енд бејз. Сега е време за  проверка на знаењето, да видиме колку е совладан матерјалот и дали сте внимавале добро на предавањата.
Прашањата ќе бидат лесни и не бараат претходна голема подготовка. Еве на пример:
– Колку алкохол може да се испие за време на едно три часовно предавање од основи на драм енд бејз?
– Што се поштуе повеќе помеѓу младите драм или бејз?
– Кои се вашите омилени денс потези?
– Омилена песна и сл.

За испрашувањето ќе биде задолжен добро шознатиот професорски тандем: проф д-р Гејм овер и доцент д-р Гоце.

 

[23.59] Code XX: Galatheia / Violeta Kachakova / Klara  // Капан Ан

Овој петок под отворено небо во дворот на Капан Ан, Code XX вечер со три девојки кои го трасираат модерниот звук на Скопје и знаат одлично да го раздрмаат најдобриот подиум во градот!

Galatheia [kanal 103 / pmg]
https://soundcloud.com/galatheia

Violeta Kachakova [kanal 103 / pmg]
https://soundcloud.com/violeta-kachakova

Klara [btkrsh / code xx]
https://www.mixcloud.com/Klara_Melody/

Влез: 100 денари

 


 

 

 

Сабота

[14.00] Block party – Dj Cvare & Dj Boogieman  // Баду Бар

Дечките од Бадау Бар продолжуваат со исто темпо, само што овој пат ритамот ќе го држат Dj cvare и Ognen- Dj Boogieman Andonovski.

 

[21.00] Dino и Nina // Рок Кафана Рустикана Вол.2

Акустична дружба со Dina и Nino, и фудбалска класика на ЕУРО – Германија против Италија, со почеток од 21:00 часот.

 

[00.00] Puresoul Presents: Patrice Scott (Sistrum) Detroit USA  // Капан Ан

Оваа сабота имаме еден поинаков настан во Капан Ан.

Настапуваат:

Tomi Bojadzi(Puresoul/Skopje MKD)

Dusan Kacarevic(Wats/Belgrade SRB)

PATRICE SCOTT (Sistrum/Detroit USA)

Влез: 250 денари

 


 

Недела

[20.00] Rosetta, North, Khara, Yöu и Leitmotif  // Летен Клуб Хавана

Карти во предпродажба: 200мкд (Скопје: ЈУГОТОН РЕКОРДС и КАФЕ БРАВО, Куманово: АГОРА) / На врата: 300мкд.

Rosetta (Philadelphia, Pennsylvania):

https://www.rosettaband.com/

North (Tuscon, Arizona):

https://northband.us/

Khara (Kumanovo, Macedonia):

https://kranrecords.bandcamp.com/

Leitmotif (Skopje, Macedonia):

https://leitmotif.bandcamp.com/

Yöu (Skopje, Macedonia):

https://www.facebook.com/YÖU-1527916497531709/

 

[23.59] GRU (Dj Set + Mini настап)  // Central Park Summer Club

GRU важи за еден од пионерите на балканската рап сцена. Во последно време е актуелен со учеството во документарниот филм “Stani na put”, кој ги опфаќа кариерите на најзначајните hip-hop артисти од балканот. Публика во Скопје на 3ти Јули, покрај неговиот Dj сет, ќе има можност да ужива во неговите најголеми хитови (“I dalje me Zele”, “Dugme po Dugme” и “Ti to zoves Ljubav”) , како и во промоцијата на неговиот последен хит – “Kilo Koke”.

Локална поддршка – Dj Shorty P (SureShotz Entetainment)

 

 

 

Comments

comments