Понеделник

[21.00] Хуманитарна акција на Зад Аголот и македонската графити сцена // Public Room

Десет графити артисти/уметници изработија 100 уникатни омоти на “Зад Шпиунката” и ќе се продаваат заедно во пакет со маички Зад Аголот и стикери, по симболична цена од 500 денари, а секој што сака да даде повеќе ќе може да го стори тоа во кутија за донации.

Исто така ќе се продаваат и ваучери за тетовирање од Nameless Tattoo Studio. Вредност на ваучерот е 1000 денари, по цена од 500 денари.

На грамафоните ќе вртaт Диџеј Гоце, Илич и Дрази Драгс.

Сите средства собрани од хуманитарната акција ќе бидат директно донирани до најзагрозените семејства од поплавата.

 

[21.30] Mojito Happy Monday // Рок Кафана Рустикана 2.0

Happy Monday како и секој понеделник со Danco & Natalija, со тоа што овој понеделник ќе биде посебен по акцијата „мохито за само 120 денари”.

Старт после 21:30, а за инфо и резервации во инбокс или свртете на 075 478 134 🙂

 


 

 

 

Вторник

[23.00] Изложба – Дороти Пачкова – Имагинативни Деконструкции // Кинотека на Македонија

Деконструктивната индивидуалност во денешниот, постмодерен, општествен концепт е неопходна за градењето на душевните состојби на авторот поединец. Авторите на денешницата создаваат под импресија на живото искусување на постоењето и поради ова Дороти не поканува на заедничко искусување на нејзините лични деконструирања, заедно, преку уметноста.

 


 

 

 

Среда

[12.00] Булевар на Книгите // Клуб Матица

Емили со овој роман само ја потврдува својата позиција на современа Џејн Остин. Со начинот на кој го проткајува својот текст преку хумор, искреност, оригиналност и со коментарите за современиот живот повторно го враќа на сцената, женскиот роман, но со модерен пресврт.

 

[17.30] Критична маса #52: Врти-учи, НаТочак // Детски полигон, парк Македонија (спроти Веро Тафталиџе)

52ра Критична маса, чија главна тема е сообраќајната велосипедска култура и правила кај најмладите учесници и нивната безбедност. Милион прашања и дилеми, но најдобриот потег што можеш да го направиш е оваа среда да се појавиш со својот велосипед на збирното место и да ја покажеш својата велосипедска култура на дело.

 

[19.00] Пиволенд 2016 // Скопско Кале

Од 31 август до 4 септември во Скопје по деветти пат ќе се одржи „Гурманскиот викенд со пиво- Пиволенд“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на многу видови пиво, гурмански деликатеси како и во над 100 музички настапи на три фестивалски бини. Локацијата традиционално е на скопското Кале.

Настапуваат: Рибља Чорба, Фолтин, Дј Славе, Ефто Пупиновски, Трибјут ту Колдплеј, Тотално опуштање, Министарке, Влатко Илиевски, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Чил Плеј, Дани Димитровска, Project Orpheus и многу други.

Бесплатен влез.

 


 

 

 

Четврток

[19.00] DJ Strajk & DJ Oky Doky // BackYard Lounge Bar & Kids Area

Прво септемвриско журче на грамафони со: DJ Strajk & DJ Oky Doky

 

[20.00] Прва самостојна изложба на Викторија Попоска „Запознавање“ // Музеј на Град Скопје

„Моето име е Викторија но, тоа е битно сега, додека сум во ова тело (и оваа реалност, место) каде навидум има граници, како и твоето…Но, само навидум, пробај, најди ја границата, каде завршуваш ти а каде почнува светот…Такво место не постои, ти си светот, а и јас, јас сум ти и Е СЕ.” – Викторија Попоска

 

[23.59] To the cosmos, Let’s Go! // Капан Ан

[Цел]: Колективно патување низ Галаксијата
[Главно орудие]: Hypnotic/ACID Techno/Electro
[Опрема за полетување]: Big Soundsystem, Visuals & Lights

[Зад Пултот ќе управуваат]:
Klara [BTKRSH]
Defect 13th [PMG Recordings]
Maggie [BTKRSH]
Martchin [BTKRSH]

[Влез]: 100 денари

 


 

 

 

Петок

[17.00] Solumun во Скопје! // Средно Водно

Win Music Freedom забавите продолжуваат со првото гостување во Македонија на светскиот суперстар DJ и продуцент Solomun.

Новиот концепт „од зајдисонце до зори“ ќе го надополни неговиот колега H.O.S.H. со кого оваа година слават 10-годишен јубилеј од забавите продуцирани од нивната дискографска куќа Diynamic.

Line up:
Solumun 20h-12h (Diynamic Music // Germany)
H.O.S.H. 12h-5h (Diynamic Music // Germany)

Local support:
DJ Nikifor 17h-20h

Билети во предпродажба: Излет Кафе, Кино Карпош, Радио Бар, Југотон, http://mktickets.mk/solomun

Цена:
600 МКД (300 лимитирани билети)
800 МКД – Предпродажба
900 МКД – На влез

 


 

 

 

Сабота

[21.00] Да го поздравиш и да ми го бациш // МКЦ

Играат :
Бојан Кирковски
Наташа Петровиќ
Ненад Митевски
Симона Спировска Костовска

Режија: Билјана Радиноска

Влез: 300 денари

 


 

 

 

Недела

[19.00] One Night in Karazhan Disco Party // Public Room

Сите сте поканети на првата и единствена ХАРТСТОУН ДИСКО ЖУРКА во Македонија!!!

Излегувањето на новата Хартстоун авантура – One Night in Karazhan ќе биде проследено со неверојатна забава во стилот на 70тите и 80тите! Со многу специјални коктели, диско-топка, диско музика, зезање, жизење, денсање и маскирање со перики, ланци и шарени кошули, а во целото тоа лудило ќе се случува и Хартстоун турнир… :)))

*ЕКСТРА – секој што ќе дојде облечен во диско стил од 70тите и 80тите ќе добие СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА од Близард и тоа —- колку ќе биде подобра маската, толку ќе биде подобра и наградата!!!*

Учество: 200 денари

 

[20.00] Креативен викенд за фотографија // Менада

Муабети за искуства од фото сесии во Лазарополе.

 

Comments

comments