Фотографија: Филип Михајлов

 

Понеделник 29.10.2018

[08.00] Италијанска недела на Pizza & Pasta со Gerardo Fidanza // Ресторан Форца

Во периодот од 29.10 до 04.11.2018, вљубениците во префинетиот италијански вкус ќе имаат несекојдневна можност да ги пробаат кулинарските специјалитети инспирирани од традиционалната кујна на Јужна Италија, подготвени од вештите раце на светски познатиот шеф Gerardo Fidanza кој специјално од Италија ќе допатува за овој настан.

 

[17.30] Скопје 55 : предавања и инсталација // Котур

Владо Данаилов | Архи.тек и Студио 90
Даница Павловска Циги | поранешен претседател на ААМ,
Го сакам ГТЦ
Илија Стефановски | [0.10]error of harmony
Маја Лозаноска | МЕЛЕЕМ Скопје
Иван Шопов | 091 – Антиразгледници од Скопје
|
Трајко Димитров | архитект од првата генерација архитекти на Македонија ќе не прошета низ зградата Палома Бјанка во Недела во 10 часот.

 

[18.00] Coffee with an Expert // Јавна Соба

Purpose Startup – Know-Why is the new Know-How

Kamil is #SwissEP Entrepreneur-In-Residence working with supporting organizations and the startup eco-system in Macedonia.

 

[19.30] PlayUK Arcadia 2018 // Музеј на Современа Уметност

PlayUK е платформа на Британски совет за Западен Балкан чија цел е да го поддржи и развие аудио-визуелниот сектор во регионот.

Преку воспоставување врски меѓу професионалци од Обединетото кралство и земјите од Западен Балкан, програмата на PlayUK го поддржува преносот на знаење и вештини во областите на виртуелна реалност, аугментирана реалност, визуелни ефекти и анимација, и создава уникатен мост меѓу креативците и ИКТ секторот.

 

[20.00] Roy Ayers за 20 години Џез.Фм 100.8 // Македонска Филхармонија

Роденден на голем начин со легендата на вибрафонот Рој Ајерс во Македонската Филхармонија.

 

[20.00] Животот на Молиер // Македонски Народен Театар

Подетални информации за претставата: http://mnt.mk/mk/component/k2/zhivotot-na-molier?Itemid=614.

 

[22.00] In the mood // Кино Карпош

Понеделник, 29.10.2018

In the mood | Live and acoustic blues

старт: 22ч

 


 

 

 

Вторник 30.10.2018

[08.00] Италијанска недела на Pizza & Pasta со Gerardo Fidanza // Ресторан Форца

Во периодот од 29.10 до 04.11.2018, вљубениците во префинетиот италијански вкус ќе имаат несекојдневна можност да ги пробаат кулинарските специјалитети инспирирани од традиционалната кујна на Јужна Италија, подготвени од вештите раце на светски познатиот шеф Gerardo Fidanza кој специјално од Италија ќе допатува за овој настан.

 

[19.00] Скопје 55 : предавања и инсталација // Котур

Поставување на привремена урбана интервенција во паркот Форум изработена од студентите на работилницата. Паркот Форум е последната зелена површина во строгото централно градско подрачје.

19:00 – Отворање на инсталацијата за посетители со забава во Котур.

 

[20.00] Лебедово езеро – Swan Lake – P. I. Tchaikovsky // Македонска Опера и Балет

Опстојувајќи на сцената повеќе од 130 години, „Лебедово езеро“ е без сомнение најголемото балетско дело на сите времиња.

Успехот на балетот во најголема мера се должи на прекрасната музика на Петар Илич Чајковски што претставува едно од најголемите уметнички остварувања во историјата. Чајковски балетот го завршил во 1876 година за Бољшој театарот од Москва. Во кореографија на Јулиус Рајзингер, балетот премиерно е изведен на 22 февруари 1877 година. Без намера да направи реформа во балетската музика, Чајковски се оддал на пишување на „Лебедово езеро“ третирајќи го балетот како уметничка форма достојна за имагинативна музичка содржина.

 

[20.00] „Дух“ // Македонски Народен Театар

Автор: Дејан Дуковски
Режисер: Срѓан Јаниќијевиќ

Улоги:
Мара – Гораст Цветковски
Кирил, банкарот – Никола Ацески
Никола, таткото на Марa – Емил Рубен
Аспасија, мајката на Мара -Тања Кочовска
Жанко, братот на Мара – Ивица Димитријевиќ
Марија, жената на Мара – Тина Трпкоска
Попот – Оливер Митковски
Милена, ќерката на Мара – Матеа Јанковска
Николај – Сашко Коцев
Жозефина – Нина Деан
Месарот – Јордан Симонов
Волкот – Тони Михајловски

 

[20.00] Не Сега, Драга // Театар Комедија

Комедијата „Не сега драга“ (од современиот англиски автор и актер Реј Куни) е комедија на забуни, смешни ситуации и интересни карактери.

Дејството се одвива во хотел, за време на едно пролетно попладне. Приказната е за еден парламентарец од Куманово кој доаѓа во Скопје на состанок во собранието, се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на Претседателот. Меѓутоа, со пратеникот доаѓа и неговата сопруга…и тука почнува „хаосот“.

 

[20.00] Како да се ограби банка // Драмски Театар Скопје

Автор: Сами Фејд
Режија: Иван Манасковски

Играат:
Лазе Манасковски
Марија Кондовска
Гоце Тодоровски
Симон Манасковски
Катерина Шехтанска – Лаковски
Калина Наумовска
Игор Георгиев
Времетраење: 90 минути

 

[23.30] Dimitri od Chair vo Jukebox // Џубокс

Димитри од Чаир (a.k.a Pikisipi) во вторник ќе покаже дел од своите таленти позади грамофоните. Легендата на С.А.Ф. со свој музички избор од најдобриот Funk и Soul во Jukebox!

 


 

 

 

Среда 31.10.2018

[08.00] Италијанска недела на Pizza & Pasta со Gerardo Fidanza // Ресторан Форца

Во периодот од 29.10 до 04.11.2018, вљубениците во префинетиот италијански вкус ќе имаат несекојдневна можност да ги пробаат кулинарските специјалитети инспирирани од традиционалната кујна на Јужна Италија, подготвени од вештите раце на светски познатиот шеф Gerardo Fidanza кој специјално од Италија ќе допатува за овој настан.

 

[18.00] SAMO WEEN // Кафе Само

Bring your mask, taste the treats, carve a pumpkin and have fun!

 

[18.00] Ноќ на вештерките: филмови и дискусија // Младински Културен Центар

The Thing е најелоквентен пример за издвојување од жанровската кинематографија затоа што истакнува неколку постулати кои ден денес се земаат за стандарди за модерниот хорор филм, како што е тензичната атмосфера, клаустрофобичната локација, исклучителните практични специјални ефекти доведени до рамниште на оживеани вајарски дела на Роб Ботин, убедителни актерски изведби на екипата на чело со Курт Расел, жанровски хибрид помеѓу научната фантастика и хорор жанрот кој овозможува да се отелотвори космичкиот страв од непознатото, начнувајќи ја крајот на човештвото.

 

[18.30] Horror Night 2018 // Синеплекс

Селекцијата на филмови за оваа година е: „Ноќ на вештерки“ (Halloween), „Калуѓерка“ (The Nun) и „Парк на ужасот“ (Hell Fest).

 

[19.00] Halloween Party – Enhance All Your Senses // Бекјард

Малку поинаква забава за ноќта на вештерките. Позади грамофоните и плеерите, Букача, Ајсберг Ледени и Павле Васиљевиќ. Саунд систем за сите пари, лајв стриминг, декорации по пропис. Ставете ги маските, ослободете го духот.

 

[19.00] Fear the Birthday Party // Каша Бар

Оваа година тематски роденден на Каша Бар – враќање во 19-тиот век на цивилна Америка со бандите на Њуjорк.

 

[20.00] Chaviré FR + Ема MK  // Кафе Браво

Chaviré
Францускиот хардкор панк бенд Chaviré втор пат доаѓа во Македонија за да интригира повторно со емоционални мелодии и да ја поттикне радикалната имагинација со неговите силни политички текстови за општествената трансформација.
http://chavire.bandcamp.com/
https://youtu.be/Ou_Pb9bKKqs

Eма // Emma
EMA as in Ема Голдман.
‎Емо, пост-хардкор и независност од Битола-Велес-Ченто. Во моментот работат на своето прво издание, кое се очекува да биде издадено во текот на оваа година.

 

[20.00] Силјан штркот шанца // Македонски Народен Театар

Повеќе информации за претставата: http://mnt.mk/mk/component/k2/siljan-shtrkot-shanca?Itemid=614.

 

[20.00] Скопјанчење со Јовица Ивановски и Ѕвездан Георгиевски // Младински Културен Центар

Во третото издание на Жив Ѕид со своето присуство ќе ве почестат двајца добро познати скопски ликови – Јовица Ивановски и Ѕвездан Георгиевски.

 

[20.30] Beertija Tavern Quiz Vol.18 (Halloween Monster Mash) // Биртија

On the unholy day of hallows eve a wicked event was plotted and schemed. A masquerade of the damned like never before seen, alongside an evening of quirky trivialities all in hopes of winning the Jackpot of the dead.

 

[20.30] Howl’oween // Берлин Бар

Оваа „Ноќ на вештерките“ (31.10.2018) Daisy Family Rescue ќе ја одбележи со тематска хуманитарна забава во pet friendly барот Berlin bar – TC Biser. Ќе има добро музиче со бендот Chemical X, a ќе се придружат и хуманитарците од Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“ – Civic Initiative.

Донации за едно подобро утре за бездомните, гладни и болни животни.

 

[20.30] Desonanz Festival 2018 Гала Концертно Отворањe // Македонска Филхармонија

Fennesz + Lillevan present Mahler Remixed ▲ (Touch / Mego / Ninja Tune ::: Vienna/Berlin)
Cummi Flu & Raz Ohara ▲ (Albumlabel / Kitty-Yo / Get Physical ::: Berlin)
Kokan Dimushevski: Private Music ▲ (electronics and viola)
▲ Видео Инсталација “Polymath” // проект на 0 Kolor // sound by AAAAAA – Untitled I
Презентација: Dwr: “record playing is the acknowledgment of multitudes of miniature earthquakes”
▲ Видео инсталација: 10 години Desonanz // проект на 0 Kolor

 

[21.00] Hallowen Masquerade Party // Колектив Галери

Косплеј / Маскембал забава во Галерија Колектив на 31.10.2018 во 21:00
Музика: Mj George
Интересни декорации, пиво од тиква, happy hour и за најуспешните костими награди.

 

[21.00] Halloween Party ~ Petrus Theunisz (Gold Dust) // Нано Бар

Boys and girls* of every age. Wouldn’t you like to see something strange? Come with us and you will see. This, our town of Halloween.

 

[21.00] Deeper Underground во Котур! // Котур

Овој Halloween шизење во стилот на Thriller и електронските звуци на Darko Markovski, притоа уживајќи во автентичниот подрумски простор на КОТУР. Pick your special poison  & be creative, маските се добредојдени.

 

[22.00] Враќање во иднината #73 // Кино Карпош

Среда, 31.10.2018
Nino Naumov | Враќање во иднината #73

 

[23.00] Halloween Среда со Bandix // Клуб Маракана

Halloween Party with Bandix!
Почеток: 23:30
50% на пијалоци (вотка, џин, коњак, рум, пелинковац, узо)
Влез слободен со резервација до 23:30!

 


 

 

 

Четврток 01.11.2018

[08.00] Италијанска недела на Pizza & Pasta со Gerardo Fidanza // Ресторан Форца

Во периодот од 29.10 до 04.11.2018, вљубениците во префинетиот италијански вкус ќе имаат несекојдневна можност да ги пробаат кулинарските специјалитети инспирирани од традиционалната кујна на Јужна Италија, подготвени од вештите раце на светски познатиот шеф Gerardo Fidanza кој специјално од Италија ќе допатува за овој настан.

 

[19.00] Премиера на романскиот филм „Крај мене“ // Кинотека на Македонија

„Крај мене“ (Beside Me / Coborâm la prima, 2017)
Режија: Теди Некула/Tedy Necula (RO), 84 мин.

 

[19.00] Сината книга од границата // Галерија Акантус

„Сината книга од границата” извира од две црвени тетратки кои менуваа рака (од правник до правник) во текот на најтешките месеци од бегалската криза во Транзитниот Центар Табановце.

 

[19.00] Queen Night | Bohemian Rhapsody // Синеплекс

Боемска Рапсодија е прослава на бендот, нивната музика и нивниот неверојатен пејач Фреди Меркјури, кој ги поби сите стереотипи и ја урна конвенционалноста за да стане еден од најсаканите перформери на планетата.

Филмот го забележува вртоглавиот раст на популарност на бендот преку нивните препознатливи песни и револуционерен звук, нивниот речиси-колапс кога животот на Меркјури излегува од контрола и нивното триумфално обединување на Live Aid, каде Меркјури, соочувајќи се со неизлечлива болест, го предводи бендот кон најдобрата рок изведба на сите времиња.

 

[20.00] Избавување (Deliverance) 1972, 109′, колор. // Котур

ИЗБАВУВАЊЕ
(DELIVERANCE)
Игран филм, Франција
1972, 109 мин., колор, блуреј
Режија: Џон Бурман (John Boorman)
Сценарио: Џејмс Дики (James Dickey)
Улоги: Џон Војт, Барт Рејнолдс, Нед Бити (Jon Voight, Burt Reynolds, Ned Beatty)
Адаптиран според познатиот роман на Џејмс Дики, филмот го раскажува возбудливото психолошко и физичко патување на четворица градски фраери по реката во Џорџија…

 

[20.00] Скомрахи 2018 // Факултет за драмски уметности

Со цел да ја разбијат монотонијата во градот, доаѓаат интернационалните студентски средби „Скомрахи 2018“ или фестивалот за театар, филм и културен контраст на секојдневието. Од 1 до 6 ноември на Факултетот за драмски уметности – Скопје пред публиката ќе се претстават студентите од aкадемиите и факултетите за драмски уметности од регионот и Европа.

Настанот е отворен за сите, а влезот е бесплатен. Деталите за програмата можете да ги видите погоре во линкот.

 

[20.00] Baroque Treasures // Македонска Филхармонија

Камерен концерт на ансамблот „Г.А.П.“
Камерна сала – 20 ч.
(Емилио Перцан – барокна виолина, Ориол Ајмат Фустe – барокно виолончело, Лука Квинтавале, чембало).

 

[20.00] Red Hot Chili Peppers World Tribute (Brazil) vo Skopje // Станица 26

“Red Hot Chili Peppers World Tribute“ е бенд формиран во Бразил – São Paulo во 2003 година и е првиот светски tribute на RHCP.  Оваа година се 4 пат на европска турнеја. Светскиот Tribute на RHCP во Бразил има одржано големи концерти во преку 200 градови, исто така работат големи турнеи и фестивали низ Аргентина и Парагвај.

 

[21.00] Neuland & Reborn present: Hexagon (NeulandNight_010) // Излет

Концептот на настанот е дело на Edit points (Филип Коруновски и Борче Конзулов) а евентот ќе се одржи во Излет со почеток во 21.00 часот. За музиката ќе бидат одговорни Uzun Brothers.

Ова ќе биде десеттиот од серијалот на настани (Neuland Nights) во организација на Neuland, Reborn и Сектор 909 кои ќе се одржуваат на различни локации во Скопје. Секој настан има различен концепт, изработен од локален уметник: од арт инсталации и модни шоуа, до дегустација на храна и 3Д визуелизации.

 

[22.00] Live Wire // Пивница Стар Град

Четврточно рокенрол издание на Live Wire, овој пат премиерно за прв пат во Pivnica Star Grad / Пивница Стар Град!
Балтик – Вокал
Damjan – Гитара
Гоце – Бас
Simeon – Тапани

 

[22.00] Aleksandar Tanchevski // Кино Карпош

Четврток, 1.11.2018
Aleksandar Tanchevski

 

[23.30] ToniZen, Mawrteen & Boogieman // Станица 26

“Street Soul Delight” Thursdays S02E03
(The finest selection of Hip Hop, R’N’B, DanceHall and Neo Soul and Grooves)
Start of the second season
Behind the decks
Toni Zen Official
DJ Mawrteen
Dj Boogieman

 


 

 

 

Петок 02.11.2018

[08.00] Италијанска недела на Pizza & Pasta со Gerardo Fidanza // Ресторан Форца

Во периодот од 29.10 до 04.11.2018, вљубениците во префинетиот италијански вкус ќе имаат несекојдневна можност да ги пробаат кулинарските специјалитети инспирирани од традиционалната кујна на Јужна Италија, подготвени од вештите раце на светски познатиот шеф Gerardo Fidanza кој специјално од Италија ќе допатува за овој настан.

 

[08.00] Goloka wear – Promo party X Toksikolozi X Drazi Drags //Концепт 37

Goloka е супер фраерски бренд кој доаѓа од соседството (Бугарија), и кој ќе ги презентира своите кул дизајни на облека – маички, капи, блузони итн. Постојат повеќе од 5 години и се афирмиран ”Street wear” бренд кој има продажна мрежа во Бугарија, Канада, Чешка и други.

Goloka, заедно со домакините Токсиколози – Џоле, Сиги и Кацар, ќе ви ја претстават и првата соработка со скопските хипхопери, односно новата линија на маици – Токсиколози едиција.

Бидејки ова е промо журка, артиклите ќе бидат по промо цена. Зад грамофоните ќе биде DJ Drazi Drags, а зад микрофоните Токсиколози и Gerata (BG).

 

[09.00] Крводарителска акција! // Олимија Моторс

Од срце за срце-Крводарителска акција во Олимпиа Моторс овој петок во 09 часот.
Пријавувањето можете да го направите на 070 249 896 или на olga.jovanova@olympiamotors.com.mk

 

[10.00] PlayUK Arcadia // Младински Културен Центар

10:00-17:00 Дневната соба од иднината // работилница
14:00-17:00 MADLAB // работилница
17:00-22:00 Гејмерска изложба
17:00-22:00 Google Tiltbrush // работилница
17:00-22:00 Oculus Medium // работилница
17:30-19:00 Уметноста во четвртата индустриска револуција
19:00 ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ
***Музичка програма
19:00-01:00
Dejan Dex
BerryQuat
22:00-03:00
Chagall
DJ game Over
DJ Гоце САФ

 

[17.00] Aperitivo // Кино Карпош

Петок, 2.11.2018
B. Chakra & I. Spirkoski | Aperitivo

 

[18.30] Орце Журка // ДСУ Гимназија „Орце Николов“

Првата Орце журка оваа година. Кој ќе донесе 3 искористени батерии добива гратис влез, инаку влезот е 50 денари. Музика: Irie Scratch, а потоа дружбата продолжува во АБЦ.

 

[19.00] Handle With Care // Национална Галерија на Македонија

Инсталацијата Handle With Care е иницијатива на уметничките Patricia Kaersenhout and Jimini Hignett како дводелна изложба во Tropenmuseum во Амстердам како дел од изложбата за комеморација на 150 годишнината од укинување на ропството во Холандија.

 

[20.00] Викторија (Victoria) 2015, 134′ колор // Котур

ВИКТОРИА
(VIKTORIA)
Игран филм, Германија
2015, 134 мин., колор, блуреј
Режија: Себастиан Шипер
Сценарио: Себастиан Шипер
Улоги: Лаиа Коста, Фредерик Лау, Франц Реговски, Бурак Јигит
Уживајќи во ноќниот живот во Берлин, младата Шпанка Викторија (Лаиа Коста), налетува на четворицата пријатели со прекари „Сонце“, „Боксер“, „Блинкер“ и „Стапало“. „Сонце“ (Фредерик Лау) и Викторија се зближуваат и се дистанцираат од групата…

 

[20.00] Промоција на нов албум – „Secret Place“ // Арена Борис Трајковски

На концертот ќе биде промовиран и албумот „Secret Place“ со нови, досега необјавени песни од Тоше Проески. „Материјалот се работеше во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше – ’The Hardest Thing’“,

Билети во продажба во Југотон Рекордс и на www.jugoton.mk

 

[20.00] Лебедово езеро – Swan Lake – P. I. Tchaikovsky // Македонска Опера и Балет

Опстојувајќи на сцената повеќе од 130 години, „Лебедово езеро“ е без сомнение најголемото балетско дело на сите времиња. Успехот на балетот во најголема мера се должи на прекрасната музика на Петар Илич Чајковски што претставува едно од најголемите уметнички остварувања во историјата. Чајковски балетот го завршил во 1876 година за Бољшој театарот од Москва. Во кореографија на Јулиус Рајзингер, балетот премиерно е изведен на 22 февруари 1877 година. Без намера да направи реформа во балетската музика, Чајковски се оддал на пишување на „Лебедово езеро“ третирајќи го балетот како уметничка форма достојна за имагинативна музичка содржина.

 

[20.00] Силјан штркот шанца // Македонски Народен Театар

Повеќе информации за претставата: http://mnt.mk/mk/component/k2/siljan-shtrkot-shanca?Itemid=614

 

[20.00] Странци // Драмски Театар Скопје

Режисер: Нела Витошевиќ
Драматург: Викторија Рангелова – Петровска

Играат:
Микеле – Игор Ангелов
Ева – Ирена Ристиќ
Карлота – Биљана Драгиќевиќ – Пројковска
Пепе – Зоран Љутков
Бјанка – Сања Арсовска
Козимо – Филип Трајковиќ
Роко – Предраг Павловски
Гласовни Фрагменти: Анастас Т

 

[21.15] ODRON слушачка промоција PMGJazz // Ла Кања

ODRON на Букршлиев Омерагич и Спировски е третиот labour of love na PMGJazz.

Возбудлив соничен зафат на три извонредни личности, чиј уметнички углед е во континуиран раст на нашата локална сцена. Парче љубов во форма на звук, снимено за само еден ден на една култна градска точка., конечно можете да го имате во форма на ЦД носач на звук, на 2ри ноември, за кога е закажана слушачката промоцја во Ла Кања.

Вечерта ќе ве забавува DJ тимот на PMGJazz.

 

[21.30] Хуманитарна Забава за Борче Цветановски // Сабвеј

Хумани луѓе, се работи за татко, Борче Цветановски, на кого му дијагностицирана многу ретка и многу сериозна болест.
По тој повод, Subway Afterwork Residence ја организира оваа хуманитарна забава.
Влезот ќе биде 100 денари и сите пари од карти ќе бидат предадени на семејството, на врата ќе има и соодветна кутија за донации каде ќе можете да донирате дополнително.

 

[21.30] Beta House // Коузи Бар

For the first time in Cosy Bar, Beta House!

 

[22.00] Samoil Radinski // Кино Карпош

Петок, 02.10.2018
Samoil Radinski

 

[22.00] Equal Love Party // Јавна Соба

Fashion Weekend Skopje & Public Room
DJ Gramophonedzie од Белград.

 

[22.00] Club Night – 10 Years KILLEKILL // Епицентар

Desonanz Festival

 Клубска Вечер – 10 години Killekill Berlin 
▲ Eomac ▲ Furfriend (Live) ▲ DJ Flush ▲ Rikaloski
▲ Видео Инсталација “Polymath” // проект на 0 Колор

 

[23.30] FOBI @ Македонски Психоделии // Капан Ан

Fobi
www.facebook.com/FobiOfficialPage/

Поддршка:
Reblock
Soundkillah
Humanoid

Локација: Капан Ан (стара скопска чаршија)
Влез: 200 денари

 


 

 

 

Сабота 03.11.2018

[08.00] Италијанска недела на Pizza & Pasta со Gerardo Fidanza // Ресторан Форца

Во периодот од 29.10 до 04.11.2018, вљубениците во префинетиот италијански вкус ќе имаат несекојдневна можност да ги пробаат кулинарските специјалитети инспирирани од традиционалната кујна на Јужна Италија, подготвени од вештите раце на светски познатиот шеф Gerardo Fidanza кој специјално од Италија ќе допатува за овој настан.

[10.00] PlayUK Arcadia // Младински Културен Центар

10:00-17:00 Дневната соба од иднината // работилница
10:00 MADLAB // работилница
12:00 Micro:bit основна работилница за ученици
14:00 Micro:bit напредна работилница за ученици
16:00 Micro:bit работилница со наставници
14:00-16:00 Unity Games Engine // работилница
17:00-22:00 Гејмерска изложба
17:00-19:00 Практичен водич за формат на соработка со Универзитети
17:00-22:00 Google Tiltbrush работилница
17:00-22:00 Oculus Medium работилница
***Музичка програма
19:00-01:00
Violeta Kachakova
Sonja Ismail
22:00-03:00
Nino Naumov
Ода Халити
Ben Pearse

 

[12.00] Момчето Фантом (Phantom Boy) 2015, Анимиран детски филм. // Котур

МОМЧЕТО ФАНТОМ (PHANTOM BOY, 2015)
Анимиран филм, синхронизиран на македонски јазик
Режија: Жан-Луп Фелисиоли, Алан Гањол
Земја: Франција
Времетраење: 84 минути

 

[13.00] Electronic picnic // Кино Карпош

Сабота, 23.11.2018

Electronic picnic
старт: 13ч

 

[20.00] Есенска Бајка – Хуманитарен концерт на СОС Детско село // Македонска Филхармонија

Есенска вечер исполнета со звуците на класичната музика со извонредните Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Македонска Филхармонија!

3-ти ноември – хуманитарен концерт „Есенска Бајка“ за поддршка на СОС Детско село со почеток од 20 часот! Билети на https://bit.ly/2yCrByr и https://bit.ly/2PvJWVp.

 

[20.30] A Night at the Museum // Музеј на Град Скопје

▲ Sim Hutchins (Live AV)
▲ Niskogradba (Live AV)
▲ Pure Data Workshop Presentation with Jean-Francois Castel-Branco

[22.00] Vaso // Кино Карпош

Сабота, 3.11.2018
Vaso

 

[23.00] Matador во Скопје! // Арена Борис Трајковски

SUN Production и Urban Club MK Ви го претставуваат гостувањето на еден од најбараните и најактуелните дји и продуценти во моментов, човекот кој во 2014 и 2016 е прогласен за најдобар live perfomer, а после тоа се е историја.

Matador во Скопје!
www.facebook.com/MatadorOfficial

 

[00.00] Why Not во Маракана // Клуб Маракана

Најдобрата Rock&Roll / Metal журка во градот!
Секоја сабота!

 

[00.00] Desonanz Festival – Festival Closing Party // Епицентар

Клубска Вечер – Festival Closing Party 
▲ Purita D [Killekill]
▲ Diah [Btkrsh/Code XX/Desonanz Festival]
▲ Maggie [Btkrsh/Code XX/Desonanz Festival]
▲ Sim Hutchins (floor live)

 


 

 

 

Недела 04.11.2018

[08.00] Италијанска недела на Pizza & Pasta со Gerardo Fidanza // Ресторан Форца

Во периодот од 29.10 до 04.11.2018, вљубениците во префинетиот италијански вкус ќе имаат несекојдневна можност да ги пробаат кулинарските специјалитети инспирирани од традиционалната кујна на Јужна Италија, подготвени од вештите раце на светски познатиот шеф Gerardo Fidanza кој специјално од Италија ќе допатува за овој настан.

 

[10.00] PlayUK Arcadia // Младински Културен Центар

10:00-13:00 Sunday chill
10:00-20:00 Гејмерска изложба
13:00-14:00 Специјална тура со кураторите на изложбата
14:00-16:00 Unity Games Engine // работилница
17:00-20:00 Google Tiltbrush // работилница
17:00-22:00 Oculus Medium // работилница
***Музичка програма
14:00-20:00
Emi Ermilova
Сашо Узун

 

[12.00] Малиот Гангстер (The little gangster) 2015, 102′ ,Детски-Семеен // Котур

МАЛИОТ ГАНГСТЕР (LITTLE GANGSTER, 2015)
Семеен филм, гангстерска комедија, синхронизиран на македонски јазик
Режија: Арне Тоонен, Арент Џек
Земја: Холандија
Времетраење: 102 мин

 

[20.00] „Марија Калас – Час“ – Теренс Мекнели // Македонска Опера и Балет

„МАРИЈА КАЛАС – ЧАС“ – ТЕРЕНС МЕКНЕЛИ
04.11. 2018, Мала сцена, 20.00 ч.
Претставата е во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2018

 

Comments

comments