Понеделник 30.10.2017

[21.00] Desonanz Nights: Ogie // Излет Кафе

Desonanz Festival пред своето деветто официјално издание оваа година, ја загрева атмосферата со циклус настани во соработка соAudiobahn и Izlet Kafe, каде во текот на десет дена голем број интернационални и локални артисти ќе ги претстават своите најсвежи музики пред скопската публика, но и пред глобалната јавност со стрим во живо.

Денес на програмата е ДЏ сет на ogie.

 

[21.00] СЕДУМ – изложба на модна колекција од Милена Атанасова // Concept 37

Concept 37 и Paratissima Skopje продолжуваат со серијата колаборативни настани на кои ќе се презентираат делата на домашните уметници. Во сабота ќе имате можност да ф ја погледнете  изложбата на модната колекција СЕДУМ од брендот ATAMI на Милена Атанасова.

 

[21.00] I hate Mondays // Public Room

Понеделник.. Почнува работната недела и викендот ви се чини толку далечен.
Приклучете се на еден поинаков понеделник, исполнет со забава и смеење заедно со Ивана Наскова!

Ивана Наскова е единствената храбра девојка кое зборува за се она што сите го коментираат тивко, а никој не го кажува гласно и кое ќе ве насмее до солзи. Стенд Ап комичар кој верува дека вистината е најдобрата шега на свет.

Влезот е слободен.

Резервации на
https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/i-hate-mondays-NvWwx

 

[21.00] Wine & Cheese Monday // Рок Кафана Рустикана 2.0

Од 30.10. Рок Кафана Рустикана во соработка со Tikveš Winery ќе ги размрдаат понеделниците. #WineAndCheeseMonday има за цел да ја ублажи „болката” од стартот на новата работна недела, па така заеднички решија да направат една фина комбинација на високо квалитетни вина со префинети сирења и сето тоа да биде по достапна пакет цена од 900 денари. Одберете помеѓу белите Chardonnay и Viognier, или црвените Plavec и Cabernet Franc и добијте мезе даска од неколку вида на сирења и суво овошје.

За музичкиот дел ќе се погрижат New Indigo со кавери во jazzy варијанти. Резервации во инбокс.

 

[21.00] Видео промоција на „Home“ // Винил

The Black & Vice Social Club TAKEOVER @ VInil

Дојди на видео промоција на нов сингл и спот на The Black & Vice Social Club.
Со старт од 21:00 часот ќе се организира банкет по повод матурирање на најновото дете, „Home“ . Дојдете на заедничко гледање спот за прв пат и дружба заедно со Black & Vice related DJ set после спотот со DJ Вук.

 

[21.05] Before the Rain (и др.) во Кино // Кино Култура

BOOKSTAR FESTIVAL #3 2017:

Проекција на филмови од Milcho A. Manchevski.

Со „Пред дождот“ го освои светот и ја исцрта Македонија на светската филмска сцена. „Пукај бе, братучед, пукај!“ е инспирација и по повеќе од 20 години.

За генерациите родени 80-90-00 ова е МНОГУ РЕТКА можност да го почувствуваат во Кино. „Четврток“ е интригантен краток филм за инстант секојдневието. „Крајот на времето“ излезе пред некој месец и бурно скокотка. „Бикини мун“ го чекаме како бел леб.

 


 

 

 

Вторник 31.10.2017

[20.00] Копање // МНТ

Автор: Кристијан Винклер
Режисер:Франц фон Штролхен

Улоги:
Гораст – Гораст Цветковски
Ивица – Ивица Димитријевиќ
Алек – Александар Ѓорѓиески

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
За подетални информации јавете се на +389 23230-304

 

[21.00] Папагалот Историко // Драмски театар

Автор: Сашко Насев
Режија: Љубиша Георгиевски
Костимографија: Мери Георгиевска

 


 

 

 

Среда 1.11.2017

[20.00] 1 и 2 ноември „Ничија земја“ // МНТ

Данис Тановиќ/Александар Морфов
Адаптација и режија: Александар Морфов

Улоги:
Чики – Сашко Коцев
Цера – Никола Ацески
Нино – Александар Михајловски
Рамбои Генералот Смит – Гораст Цветковски
Бошко, наредникот на српскиот камп – Александар Микиќ
Миле Прлиќ, офицерот на српскиот камп и фотограф – Славиша Кајевски
Чело, офицерот на босанскиот камп и камерман – Александар Ѓорѓиески
Мирза, босанскиот камп и камерманот на СНН – Борче Начев
Капетанот Дибоаи Калауза – Оливер Митковски
Џејн Ливингстон, новинарката на СНН – Камка Тоциновски
Генистул, деминерот – Ненад Анѓелковиќ/Томе Станковски
Пјер, кампот на УНПРОФОР – Стефан Спасов
Сержант Маршанд, наредникот на УНПРОФОР – Григор Јовановски
Секретарката, кампот на УНПРОФОР – Кристина Гиева
Емир, босанскиот камп, војник и Џорџ во кампотна УНПРОФОР – Филип Миленкоски
Војникот, кампот на УНПРОФОР – Александар Иваноски
Секретарката, кампот на УНПРОФОР – Марија Кондовска
Војник во српскиот камп – Томе Станковски

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.

 

[21.00] Whiskey & Blues // Рок Кафана Рустикана 2.0

8 вида на виски/бурбон по промо цена од 100 денари и блузање со Saso и Jimmie а.к.а. InThe Mood блуз дуо.

 

[23.00] Bandix // Клуб Маракана

Среда е ден за дружење со Bandix!
Од оваа среда свирката почнува од 23:00часот!!!
Влезот со резервација до 23:30h ќе биде бесплатен.

Дојди на журка со промотивни цени на пијачки (50% на точено пиво и вино, водка, џин, коњак, пелинковац).

Резервации преку SMS на 075 274 032

 


 

 

 

Четврток 2.11.2017

[17.30] Coffee with an expert // Public Room

Coffee with an expert продолжува..
Овој пат тема на муабет е тоа како да останеш фокусиран на твојот старт-ап.

Размислувај правилно. Начинот на кој што размислуваш има големо влијание врз твојот перформанс. Честа појава се претприемачите чие негативно размислување влијае врз нивниот успех. Ќе зборуваме за неколку практични чекори кои ќе ти помогнат да останеш фокусиран на целта и како да размислуваш правилно.

Која е Aimee?
Aimee веќе 18 години работи на полето Продажба и Маркетинг. Со споделување на своето академско и практично искуство таа им помага на претприемачите. Од неа ќе слушнеш практични и корисни совети кои ќе ти помогнат во растот на твојот бизнис.

Влезот е слободен.
Пријави го твоето присуство на angela@publicroom.org

 

[20.00] Премиера на Човекот-делфин // Кино Култура

„А сега замисли си дека си делфин и дека живееш слободно според своите потреби. Во секој од нас спие по еден делфин“, вели човекот кој ги помести границите на човечкото тело и ум, но не заради рекордите, ами заради слободата што се раѓа во длабокото, каде што синото повеќе не е сино, каде што небото и чувствата стануваат сеќавања, каде што тишината е потполна, а времето не постои.

Онлајн карти тука -> https://goo.gl/8skSzq на врата, но и на продажните места -> https://goo.gl/FQDPBM

Dolphin Man / 2017 / 78’
Франција, Италија

Режисер: Lefteris Charitos
Сценарио: Lefteris Charitos, Yuri Averof
Наратор: Jean-Marc Barr
Снимател: Stelios Apostolopoulos
Монтажа: David Kazala
Музика: Mathieu Lamboley
Продукција: Rea Apostolides, Yuri Averof, Ed Barreveld and Estelle Robin

 

[20.00] Thursday // Public Room

Денсање на хаус музика со Mj George Е и Nebojsha Peshevski на конги, и уживање во одлично друштво и пијачки, тазе од шанкот на Јавна Соба.

 

[21.00] Бомбе деведесетих: музичка катарза // Гаража

Бомбе деведесетих е сумарно име на (анти)естетичките тенденции на повоените генерации од Југославија. Може и да се универзализира, па да стане општ назив за секоја супкултура која настанува врз руината од војните, врз купиштата метал, месо, пепел и прав. Некој има кажано дека дадаистите, кога паднале во тежок муабет за метемпсихозата, го предвиделе доаѓањето на ова сениште. БД прави асемблаж од повоениот шут и отпад, создавајќи звучни, визуелни и зборовни форми кои треба да ја помират личноста со суровиот релјеф на реалноста.

Овој настан е за тие што им е преку глава од сè и за тие со укочен врат!

На репертоар се: Киша метака, Кранкшвестер, Сајси ем-си, Крешо и Жуви, БД…

 

[21.00] Синдикална коктелијада со Блажо // Синдикат

Овој четврток ќе се пијат Синдикални коктели со Лондонски шмек, по рецепт на другарот Блажо.

 

[23.00] Рингтонс // Клуб Маракана

Стартот ќе биде во 23:00h, влезот со резервација до 23:30h ќе биде бесплатен, а ќе има и одредени пијачки на 50%!!

Резервирајте по СМС на 075 274 032

 

[23.48] Онија // Браво

Онија и овој четврток во омиленото место, Браво. Дојди си на добра журка и по некоја пијачка.

 


 

 

 

Петок 3.11.2017

[20.00] Скомрахи 2017 // Драмски Театар

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
20:00 h „Елка кај Иванови“ испитна претстава на студентите по актерска игра од Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска и асс. м-р Александар Степанулески
22:00h Коктел.

 

[20.00] Friday // Public Room

Дојдете на забавно музичко доживување со Caravania Quartet и одлични gypsy jazz & swing мелодии.

 

[20.00] Не се клади на Енглези // МНТ

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ
Режисер: Синиша Евтимов

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.
Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

Улоги:
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Билетите ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
*Цената на билетот е 300 денари.

 

[21.00] Промо изложба | Под земја полесно се дише 5 // Галерија 7

Драги пријатели!

И оваа година по петти пат, под земја полесно ќе се дише! По тов повод имате отворена покана да дојдете на промо настан – групна продажна изложба на дела, со цел да се соберат средства и да се поддржи алтернативната независна културна сцена!

 

[21.00] Шурбе // Цреша Бар

ДЏ сет на Шурбе.

 

[22.00] Oliver Josifovski Jazz Trio // Бруклински Џез Бистро

Овој петок ќе имаме можност да ги слушаме Оливер Јосифовски Џез Трио (Бојан Петков – гитара, Оливер Jосифовски – контрабас, Гоце Стефковски – тапани).

Бидете во Бруклински, расположени за убава музика и одлично мезе.

Резервации на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фејсбук профил.

 

[23.55] Рингтонс слават роденден // Клуб Маракана

Во петок Рингси полнат три години.

Имаш отворена покана да се појавиш на роденден во клуб Маракана, со почеток по полноќ!

 

[23.59] PMG Party Classix w/Mirko Popov & Darko Jordanov // Капан Ан

Најубавите ДЏ-и повторно за најдобрата клубска публика. Лепота, искуство и невидено добар вкус за музика на едно место.

 


 

 

 

Сабота 4.11.2017

[19.00] Скомрахи 2017 // ФДУ

19:00 ПРЕТСТАВА
„Дома“ од Људмила Разумовска е претстава на студентите од 4 година по актерска игра од Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на ред. проф. Биљана Машиќ и Павле Лазиќ соработник.

20:30 ИЗЛОЖБА
Изложба на цртежи од испитни претстави – Лидија Вујисиќ

21:30 ФИЛМСКА ПРОЕКЦИЈА
ФДУ Белград • „Утопија“, режија Матија Глушчевиќ, 2 година филмска и ТВ режија; ментор проф. Нарциса Даријевиќ (20:23 мин.) • „Кој дава“ режија Ленка Јовановиќ, 3 година филмска и ТВ режија; ментор проф. Срѓан Голубовиќ (22:22 мин) • „Живот по Москри“, режија Горан Николиќ, 4 година филмска и ТВ режија; ментор проф. Милан Тодоровиќ (28:29 мин) • „Последен повик“, режија Милена Грујиќ, 3 година.

 

[20.00] Saturday // Public Room

Завршете го викендот на забавен начин. Денсање со Lady Blue на pop, rock, funk, disco, soul песни.

 

[22.00] Step into the Unknown, Vol.1 // Синдикат

Другари и другарки, оваа сабота подгответе се да го направите првиот чекор кон непознатото кој ќе ве одведе на патот на #NeulandMK и на серијата настани кои водат кон една и единствена цел – будење на сите сетила.

Музички уредник: Јанконен
Пиење: спремно.

 

[23.59] Shlømo // Епицентар

Shlømo [Taapion Records, Delsin Records / FR]

Local Support:
Goran Kan

Влез: 350МКД.

 


 

 

 

Недела 5.11.2017

[10.00] Скомрахи 2017 // ФДУ

10:00 НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

19:00 ПРЕТСТАВА
„Чекајки го Годо“ од Семјуел Бекет. Испитна претстава на студенти од Факултетот за уметности Приштина – Звечан; мастер класа под водство на проф. Дејан Цицмиловиќ.

21:00 ФИЛМСКА ПРОЕКЦИЈА
АГРФТ Љубљана, АДУ Загреб • „Ограбена душа“, режија Аугуст Адриан Браатз, 3 година филмска и ТВ режија (28:17 мин.) – АГРФТ Љубљана • „Ања Гања“, режија Петар Бизјак, 3 година филмска и ТВ режија (19:15 мин.) – АГРФТ Љубљана • „Ограничено“, режија Лео Черниц, 2 година филмска и ТВ режија (20:21 мин.) – АГРФТ Љубљана • „Погоден“, режија Петар Бизјак, 2 година филмска и ТВ режија ( 25:07 мин.) – АГРФТ Љубљана • „13+“, режија Никица Здуниќ, 3 година филмска и ТВ режија; ментор проф. Звонимир Јуриќ, продуцент Татјана Бакота (21 мин.) • „Жени, жени, жени“, режија Никица Здуниќ, 3 година филмска и ТВ режија; ментор проф. Горан Девиќ, продуцент Татјана Бакота (23 мин.) • „Кика“; режија Марина Зграбљиќ, 2 година филмска и ТВ режија; ментор проф. Горан Девиќ, продуцент Марина Зграбљиќ (17:31 мин.)

 

[20.00] YÖU/Spectrum/Reduced To Ashes // МКЦ

YÖU
По концертната промоција на „We Sing The Blues…“ YÖU ce подготвени да ја плукнат повторно својата душа на сцена.

Spectrum
прогресив/кор метал бенд од Скопје со иновативни влијанија и од други поджанрови. Формиран е во октомври 2015-та со идеја да се создаде нешто креативно за музичката сцена.

Reduced To Ashes
Прогресивни рифови, мрачни мелодии и моќни брејкови.

Карти во претпродажба на билетарата во МКЦ по цена од 200 денари, а на денот на концертот 300 денари.

 

Comments

comments