Понеделник 31.7.2017

[21.00] Ways of Seeing: Advertising / 4 // Социјален центар Дуња

Во четвртата и последна епизода, Бергер ги анализира рекламите и пропагандните материјали посочувајќи кон нивната релација со традицијата на сликање на масло на платно – според расположенијата, односите и позите.

Гостин и воведничар во дискусијата која ќе следи по проекцијата ќе биде Бојан Иванов.

 

[21.30] Понеделнички акустики со KUMA & CRNI // Long Play

Акустична свирка на Кума и Црни.

 

[22.00] Денот на шеќерната волна! // Олд Скул Кафе

Дали знаете дека денес е меѓународен ден на шеќерната волна? Во меѓувреме тимот на Олд Скул нема да носат шеќерна волна, под изговор дека се грижат за здравјето на нашите заби, но веруваат дека ќе има плеада на шеќерни пијачки, а секако ќе има шеќерна музика!

 


 

 

 

Вторник 1.8.2017

[18.00] Изложба – Хелидон Ѓерѓи // Национална Галерија „Чивте Амам“

Хелидон Ѓерѓи (роден 1970 во Тирана, Албанија) е современ уметник кој работи во различни медиуми. Студирал на Академијата за уметности во Тирана. Со отворањето на границите на Албанија во 1991 година, се преселил во Италија, каде што понатаму ги проучувал визуелните уметности и се стекнал со диплома од Академијата за ликовни уметности во Неапол, Италија. Во 1997 година, тој се преселил во Чикаго, каде што се усовршил во теорија и практика на уметноста на Универзитетот во Чикаго. Во моментов живее во Њујорк и предава на SUNY Old Westbury.

 

[19.00] Wiggle London/Terry Francis&Eddie Richards //„Плажа Оревче“

Кафе Пабло и dy-na-mix ви преставува Wiggle журка на Плажа Оревче, Охрид, клубска вечер кoja веќе долго време има посебно место во срцето на британската aндергроунд сцена.

Откако првично почна да се одржува на месечна основа на повеќе локации низ Лондон, кои често се држеа во тајност, клубот израсна и се разви преку својата политика за промовирање на оригналниот дух на Асид хаус движењето; каде атмосферата е непретенциозна, озвучувањето е громогласно и каде апсолутно сите се забавуваат. Wiggle е неспоредлива ноќ и постојано е чекор пред времето, и по 22 години игра на висока нога, Terry Francis, Eddie Richards и Nathan Coles продолжуваат натаму да го нудат тек-хаус звукот на иднината.

Влезници:
Кафе Пабло
Кафе Излет во Скопје
Плажа оревче во Охрид
по цена 250 денари
врата 300 денари

 

[21.30] Jukebox Babe // La Cana

ДЏ сетови и џубокс ствари.

 

[23.59] Востаничко SureShotz шизење // Летен клуб Хавана

Вторничко Sure Shotz шизење во летниот клуб Хавана не трпи паузи. Овој пат во пресрет на празникот Илинден, ќе се случи востаничко шизење со Shorty P и Nasty позади грамофоните, и стандардните подароци во вид на 50% на пијачки. Влезот е бесплатен.

 


 

 

 

Среда 2.8.2017

[08.00] Tour De Lake(s) // Охрид

2 езера на 2 август

Овој Илинден подгответе се за велосипедска тура која во еден ден ги обединува Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Галичица.

Должината на турата е 150 км со почеток во Охрид кон Св. Наум, Поградец и Мала Преспа во Албанија, Стење, Отешево, Галичица, Охрид.

Во турата може да учествува секој кој се чувствува подготвен да извози со велосипед во еден ден 150 км, кој располага со исправен велосипед и кој ќе ги почитува советите и инструкциите од страна на водичите на групата. Возењето е по асфалт и изобилува со нагорнини па се препорачува учесниците да бидат во добра физичка подготвеност и со активно возење велосипед во текот на сезоната.

За оние кои не се чувствуваат подготвени за 150 км, ќе можат да бидат дел од групата која после Поградец ќе продолжи за Лин, Ќафасан, Струга и Охрид. Скратената тура е со должина од 90 км и претставува кружна тура околу Охридското Езеро.

За минувањето на границите е потребно да се носи лична карта или пасош.

Турата почнува и завршува на плажата Buffalo Beach (плажата за одбојка на песок) за каде е предвидена забава по напорното возење.

За турата не се плаќа котизација и добредојден е да вози без било каков надомест секој оној кој е во можност да дојде во Охрид за 2 август.

 

[21.00] Hardwell на Ohrid Calling 2017 // СРЦ Билјанини Извори

Глобалната суперстар диџеј ѕвезда Hardwell за прв пат ќе настапи во Македонија, во рамките на фестивалот Ohrid Calling 2017, на 2ри август на стадионот „Билјанини извори“.

Високотиражниот хитмејкер со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи. Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија. 

 

[21.00] Kain & Melissa // Китино Кале, Кичево

На 2-ри август настапуваат KAIN и MELISSA нa Китиното Кале. Преку нивниот авторски стил и со поддршка од публиката за македонската независна алтернативна музичка сцена, дефинитивно овој Илинден ќе прерасне во квалитетно музичко издание.

https://www.facebook.com/kainmacedonia/

https://www.facebook.com/Melissa-Macedonia-official-163480410361045/

Цените на билетите ќе бидат 100 денари.

 

[23.55] Bandix // Клуб Маракана

Журка со Bandix !
Влезот со претходно направена резервација до 01:00h е бесплатен.

Резервации на Club Marakana во инбокс, или преку SMS на 075 274 032
Почеток: 01:00 h

 


 

 

 

Четврток 3.8.2017

[23.00] The Ringtones // Клуб Маракана

Мала промена во составот. Овој пат на тапани ќе го видите Damjan Danevski, а на бас веќе го запознавте – Mario Simonovski

Почеток: 01:00h
Влезот е бесплатен за сите со резервација до 01:00h
Резервации: СМС на 075 274 032 или во инбокс

 


 

 

 

Петок 4.8.2017

[12.00] Danny Howells // Плажа Оревче

По десет години од последниот настап во Македонија, еден од најистакнатите глобтротери на хаус музиката – Danny Howells на 4 август доаѓа на Plaza Orevce – Плажа Оревче!

Диџејот со 30-годишно искуство, чии звуци се редовно на репертоарот на најдобрите светски клубови, подготвува специјален, незаборавен четиричасовен сет на брегот на Охридското езеро!

Сите приходи од настапот на Danny Howells одат во поддршка на Асоцијацијата на активисти за права на животните (ААПЖ)
Жиро-сметка за дополнителни донации:

ААПЖ Скопје
210 066786960188
Тутунска банка

 

[12.00] Outdoor festival When in Krusevo // Крушево

Прв оutdoor фестивал во Крушево на Крушевското езеро!

Повелете на рекреација, спорт и многу забава во најаутдор градот во Македонија и на Балканот!

When in Krusevo, започнува на 4-ти, а ќе трае до 6ти Август. Вклучува тури во МТВ, планинарење, како и повластени цени за тандем параглајдинг!

Детална програма во линкот погоре.

 

[23.55] Bandix // Клуб Маракана

Овој петок забава со Bandix! 🙂

Резервации на Club Marakana во инбокс, или преку SMS на 075 274 032
Почеток: 01:00 h

 

[23.55] Викенд програма // Епицентар

Петок, 4-ти Август:
Fecky Farris
DJ Vaso

Сабота, 5-ти Август:
Sonja Ismail Ognenoska
George Lee ET

 


 

 

 

Сабота 5.8.2017

[20.00] Full Moon Experience Vol.2 // Охрид

Почитувани

Фри Пас Охрид повторно се враќа со планинарење на месечина. Грабнете го вашиот ранец и планинарете. Придружете се под месечевата светлина. Единствена можност да го видите градот од високо осветлен од месечината.

*100 денари учество.
*Дополнително за транспорт

 


 

 

 

Недела 6.8.2017

Наскоро…

 

Comments

comments