Понеделник 4.6.2018

[20.00] MAMMA MIA //  Македонски Народен Театар

Музика и текст: Бени Андерсон | Бјорн Улвеус
Текст: Кетрин Џонсон
Режисер: Наташа Поплавска

Улоги:
Софи Шеридан – Нина Деан/Јана Стојановска
Дона Шеридан – Биљана Драгиќевиќ – Пројковска
Сем Кармајкл – Кире Ѓоревски
Бил Остин – Трајче Ѓоргиев
Хари Брајт – Владимир Јачев
Скај – Никола Наковски/Петар Стојанов
Тања – Арна Шијак
Рози – Тања Кочовска
Лиза –Александра Павлова
Ели – Билјана Јовановска/Ангела Димитрова
Пепер – Стефан Спасов
Еди – Александар Михајловски
Свештеник – Борјан Тетиев

MAMMA MIA!
Преку хитовите на АББА се раскажува комичната приказна за тинејџерка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки островски рај.
Фактот што над 50 милиони луѓе ширум светот се вљубени во ликовите, приказната и музиката ја чини MAMMA MIA! претстава за врвно уживање! Мајка. Ќерка. Тројца потенцијални татковци. И патување низ просторот кое нема никогаш да го заборавите!
Авторката, Кетрин Џонсон, го развива дејството на оваа весела и интересна приказна на прекрасниот грчки остров. Во пресрет на свадбата, желбата на ќерката да го открие идентитетот на татко ѝ ги враќа назад на островот тројцата мажи од минатото на мајка ѝ коишто за последен пат го посетиле пред 20 години.

Цените на билетот се следни:
1-5 ред – 1000 ден.
6-11 ред – 1200 ден.
12-17 ред – 1000 ден.
1 галерија – 800 ден.
2 галерија – 600 ден.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[21.30] Weekends are overrated. // Рок Кафана Рустикана 2.0

Понеделник – Jazzy Pop Rock со New Indigo со старт после 21:30

 

[22.00] In The Mood: Live & Acoustic // Кино Карпош

Секој понеделник во месец мај во Кино Карпош
In the mood [blues duo] Live & Acoustic

 

[23.59] Bionda // Летна Хавана

Уште една работна недела е пред нас, што значи дека повторно ќе се дружиме со бендот кој стана заштитен знак на понеделничките свирки во Скопје. И овој понеделник ќе слушаме многу поп-рок хитови изведени од Bionda, а стандардно ги имаме и пијачките кои се на 50%.

 


 

 

 

Вторник 5.6.2018

[16.00] Skopje Calling week // Че Кафе Бар

Да ја зачиниме неделава во Че а?
Со пријателите од Avalon Produkcija си организираме настанЧЕ каде што победниците ќе добијат влезници за Skopje Calling.

Направивме катче кај нас и треба да си поиграме.
Имаме смешни прашања кои вие ќе ги влечете, но за да се одговори ќе треба да се јавите на другар/ка и тие да одговорат за вас.
Најсмешните одговори кои ќе бидат објавени во албум на Фејсбук ќе се лајкуваат и победниците добиваат гратис влезници.

Имаме вкупно 20 влезници за 4те различни денови – од вторник до сабота си ja играме играва и избираме по 5 победници дневно. На крај, картите за победниците ги влечеме по случаен избор.

 

[20.00] Астални проекции #40 // Менада

Драги свои,

Стигнавме до 40-тите Астални проекции. Со нив ја завршуваме оваа сезона, а веројатно ќе се одјавиме и на малку подолго време. По тој повод, овој вторник во „Менада“ ќе ја прајме „големата“.

Поканивме еден куп луѓе за кои сметаме дека овие четири години беа важен дел од Асталните проекции, а тие, бидејќи „сме остајле место“, нѐ удостоија и ја прифатија нашата покана.

Овој вторник на сцената во „Менада“ ќе се појават:

Катица Ќулавкова, Никола Маџиров, Јовица Ивановски, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Николина Андова Шопова, Иван Шопов, Биљана Стојановска, Д.А. Лори, Владимир Лукаш, Јулијана Величковска, Калина Малеска, Дарко Лешоски, Јосип Коцев, Жарко Кујунџиски, Сеида Бегановиќ, Снежана Стојчевска, Сања Михајловиќ Костадиновска, Душко Крстевски, Искра Донева, Диме Данов, Ива Дамјановски, Андреј Ал-Асади, Александар Станојков, Зоки Спијач, Славица П. Диневска, Александар Маџаровски, Перо Сарџоски, Габриела Милкова, Никола Џилвиџиев, Митко Апостолов, Катерина Гогова, Рина Јанкуловска, Викторија Ангеловска и многу, многу други.

За музиката ќе бидат задолжени витезите од ВИС „Тркалезна маса“.
Ќе има и торти.
Дојдете како би се занесуеле.

 

[20.30] Tuesday Jazz Night // Бруклински

Skopje Jazz Inc.

 

[21.30] Weekends are overrated. // Рок Кафана Рустикана 2.0

Вторник – Chick ‘n Heineken Tuesday – Промо пакети на пилешки крилца или прсти (со избор од 3 варијанти на вкусови) и 2 Хајнекен 0,5 по цена од 400 денари (регуларна вредност 500 денари)

 

[23.59] Шизи во вторник со SureShotz // Летна Хавана

Ново шизење не очекува овој вторник во Havana Summer Club. И овој пат ги имаме Shorty P и Irie Scratch со многу hip-hop, r`n`b и funk, а како по обичај, тука се и пијачките кои се на 50%.

 


 

 

 

Среда 6.6.2018

[10.00] Музеј на илузии во Скопје // Илузиум

Вчудоневидено, необично. Несекојдневно доживување, незаборавна авантура.
Забава за сите возрасти.
Немаме класично отварање, започнуваме со работа на целодневна база, веднаш!
Три спрата исполнети со илузии, многу забава и поинакво доживување.

Музејот на Илузија ги отвара вратите на 6ти Јуни!

 

[16.00] Burger Party so Chef Angelo i DJ Goce Saf // Цреша Бар

Во среда имаме хедонистичко патување со Шеф Ангело кој ќе ни орави различни бургери во боја, кои ќе ги задоволат и најпребирливите, а Диџеј Гоце Саф ќе ни пушта музика за шизење. Забавата почнува од 16:00 а трае до 00:45.

Резервации: 026152666 / 075490825

 

[19.00] Skopje Cinema City – The Summer Edition // Кинотека на Македонија

Од 6 – 10 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржи летното издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити. За време на петте фестивалски денови ќе бидат прикажани 15 филмови од најразлични продукции и кои во себе ќе обединуваат повеќе под-теми иако музиката го зазема централното место.

Во изминатите години Фестивалот им оддаде почит на Дејвид Боуви, на Леонард Коен и на Крафтверк, а оваа година Скопје Синема Сити ќе му оддаде почит на големиот јапонски филмски композитор Руичи Сакамото, преку прикажување на филмот „Coda“ во режија на Стивен Номура Шибле. Филмот се прикажа премиерно на филмскиот фестивал во Венеција во 2017, а се прикажа и на Берлинале во февруари оваа година.

 

[21.30] Weekends are overrated. // Рок Кафана Рустикана 2.0

Среда – Blues & Whiskey Wednesday – За блузот се задолжени Saso Gorgevski и Nikola Jimmie Petrovski aka InThe Mood, а одбрани видови на виски се на промо цена од 100 денари.

 

[22.00] Исцелител – кино на отворено // Градски Парк Скопје

Град Скопје, Кино Милениум и МКЦ ве канат на бесплатна проекција на хитот за 2018 – Исцелител на Ѓорче Ставрески! Обезбеден е превод на филмот на англиски јазик. Градскиот парк е супер локација за филмско уживање под ведро небо!

 


 

 

 

Четврток 7.6.2018

[17.00] Easy Summer // Ерор колектив

MALAKAMILA, нашиот нов македонски бренд, со нова пролет/лето колекција наречена “Easy summer”. Природни материјали, комфорни кроеви, за прелабаво лето.

(не)лабавo аудио: DJ Flooder

Четврток во error kolektiv

[19.00] Минимализмот во филмската музика // Младински Културен Центар

Гледај.мк со задоволство Ве поканува да учествувате на предавањето на Влатко Галевски: Минимализмот во филмската музика. Предавањето се случува во состав на циклусот на работилници за филмска и театарска критика, подржани од МКЦ.

Влез – слободен

[20.00] Студентска изложба, ФОН Универзитет // Младински Културен Центар

Чест и задоволство ни е да Ве поканиме на годишната студентска изложба на Факултетот за дизајн и мултимедија, ФОН Универзитет.
На изложбата ќе бидат поставени студентски дела на студентите од прв и втор циклус на студии од трите области: графички дизајн, мултимедија и моден дизајн.

отворање: 7 јуни 2018, 20 часот
локација: Младински културен центар, фоаје на кино Фросина

 

[20.00] Вечерен Рафтинг и Ласертаг // Ласертаг Македонија

Соберете ги пријателите и правете нешто различно овој четврток. Дојдете на Вечерен Рафтинг и Ласертаг во Кајак Кану Клубот во градскиот парк во Скопје.
Настанот е во организација на Ласертаг Скопје и Kayak Revolution.

Програма:
1. Трки со рафт по Вардар – 8 на 8
2. Тимски натпревар во Ласертаг – 8 на 8
3. Пукање со Airsoft пиштоли
4. Храна и пиење за сите учесници
5. Музика од 20:00 до крајот на настанот

Цена: 1200 денари од лице

– Можат да се пријавуваат тимови од максимум 8 лица
– Индивидуално пријавените и помалите групи ќе бидат распоредени во тимови од 8 лица
– Рафтингот се одвива на реката Вардар, од мостот Обединети Нации до Кајак Кану Клуб во градскиот парк и е со времетраење од 30 минути.
– Ласертаг игрите се одвиваат во Ласертаг Арената и се со времетраење од 45 минути.
– Секој учесник ќе има можност да пука со реплика – AIRSOFT пиштол во мети – 2 шаржери – 30 топчиња
– Секој тим од 8 лица добива 2 фамилијарни пици и 16 лименки пиво. (2 парчиња пица и 2 пива од лице)
– Сите учесници ќе добијат ваучер за 20% попуст за рафтинг турата Ново Село-Велес

За оддржување на настанот потребно е да има доволен број на пријавени учесници. Во случај на недоволно пријавени учесници, настанот ќе се одложи.

 

[20.30] Еврејска вечер // Форца вински бар и ресторан

Eврејскиот народ со векови е познат по уметноста на готвење, а рецептите на еврејската кујна раскажуваат за начинот на живот, националните вкусови, историјата и традициите на овој народ.

Во четврток (07.06.2018) со почеток од 20:30 часот, ве покануваме да го почуствувате гастрономскиот спој на вкусови и традиции на еврејската култура, исполнета со врвни специјалитети и сефардска музика во живо! Ветуваме незаборавна вечер на еврејската култура, вечер на храна и музика кои создаваат магија за сите сетила!

Резервирајте со порака во инбокс или на: 02 3071 200 | 078 445 068

 

[21.00] Corpus Queer: тела на отпор 1980-2018 | Del LaGrace Volcano // Музеј на современа уметност

Corpus Queer: тела на отпор 1980-2018
Изложба на фотографии
Del LaGrace Volcano
Со Дј сет на Hada Blam. (https://goo.gl/Q6nyBr)

Меѓународниот фотограф, Дел Лагрејс Волкено, ги преточува родовата варијација, сексуалната поврзаност и телесните мутации во постојан предмет на обработка подолго од триесет години. Фотографиите на Волкено ја сценираа конструираноста на родот и богатиот диверзитет на телесните морфологии, достапни за тие што навистина сакаат да ги побараат, на начин кој длабоко одекна во – односно кој им претходел, влијаел и придонел за суштинско здружување на – новите лезбиски, квир, транс и интерсекс теории. Како фотограф и мислител, Волкено покажува исклучителен интерес родот/полот да се прикаже како крајно перформативен, но и интимно отелотворен

Волкено е водечки квир културен творец, а во моментов работи на теми поврзани со интерсекс видливоста, родот како систем на повинување, критички поглед кон нормите при воспитување на деца и како да се создаде заедница во услови на културни поделби.
„Како родово различен визуелен уметник ги проучувам „технологиите на родот“ со цел да ги истакнам а не да ги избришам хермафродитските траги на моето тело. Се именувам себеси. Намерна мутација и дизајнирана интерсексуалност. Верувам дека границите треба да се пречекоруваат се дури не се изгради мост по кој сите ќе може да поминеме“. – Дел Лагрејс Волкено.

 

[21.00] In The Mood // Форплеј кафе

После кратка пауза, блузот се враќа во Форплеј. Ќе уживаме во еднакво квалитетна музика, но во расцутено Дебар Маало на летната тераса, Исто е, ама не е исто.
Jameson е верен другар на блуз сесиите и во пролетната сезона, нормално по другарска цена.
In The Mood

 


 

 

 

Петок 8.6.2018

[17.00] Аперитиво во јуни // Кино Карпош

Музика на винил w/ Бојан Чакра

+ Промотивни цени на селектирана група на вина од винарија Тиквеш
+ Промотивна ценa на Jameson
+ Вкусно мезе кое ви е веќе добро познато

 

[17.00] Skopje Street Festival #6 // Градски Парк Скопје

Skopje Street Festival

 

[20.00] Прва самостојна изложба на Геновева Качуркова // Младински Културен Центар

Геновева Качуркова е родена во Скопје, на 17.5.1984 година. Завршила студии по Маркетинг на Универзитетот Шефилд во Солун. Работи долго време како вокал на електронската музичка сцена, соработува со артисти и продуценти од различни континенти. Нејзиното име може да се најде на неколку изданија за престижни издавачки куќи за електронска музика.
Потребата да се изразува себеси во различни области на уметноста пред неколку години и отвара нови хоризонти, кога почнува активно да се занимава со сликарство.

Геновева манипулира со колоритот и нанесувањето на бојата, секој нејзин гест има сопствена експресивна моќ, една нејзина линија во однос на останатите визуелно возбудува и дава асоцијации за одредено расположение.Нејзината експресија ја манифестира со сликање на главите… Во портретот таа најдобро го изразува расположението во кое интуитивно, можеби свесно го запишува својот душевен живот.Очите како главен показател на емоции, спокој и нежност кај Геновева се со израз на осознаен ентитет. Таа е извонреден емпиристички колоритен сликар, кој е во тенденција да го зголеми просторот на израз.

 

[21.00] Јас, Селма // Младински Културен Центар

Четвртата и последна реприза на монодрамата „Јас, Селма“ за оваа сезона е закажана на 8.јуни од 21.00 часот во Џебно кино, МКЦ.

После изведбата, во бифето пред кино Фросина, ве покануваме на она што порано се нарекувало Тркалезна маса, односно, разговор со актерката и режисерот за претставата. Модератор на дискусијата е Атанас Димитров.

Монодрамата „Јас, Селма“ е колаж од девет сцени за бегалката од Дамаск и актерката Симона од Скопје: за нивната прва средба, за вљубувањето на Селма во едно момче од протестите, за (не)вклопувањето во скопскиот живот, но и за нејзината желба да замине од овде, откако ќе поминат цели девет години.

Игра: Симона Спировска
Режија и текст: Милош Б. Андоновски
Монтажа на звук: Сашко Потер Мицевски

Цената на билетот е 200 ден. Резервација можете да направите на 02 311 5225 или да испратите меил на bileti@mkc.mk или да го купите директно на билетарницата на Младинскиот Културен Центар.

 

[21.30] DJ Lans // Цреша Бар

Диџеј Ланс е позади грамофоните во Цреша Бар.

Резервации: 026152666 / 075490825

 


 

 

 

Сабота 9.6.2018

[10.00] Ридско-Брзинска Трка Водно // Водно

Официјално, првата трка од Ридско-Брзинскиот државен шампионат на Македонија се вози на 09-10.06.2018!

 

[13.00] KILLA Brand Launch // Јавна Соба

Brand launch and Pop Up Shop на KILLA.

Добредојдени се сите кои се чуствуваат урбано и сакаат да бидат поинакви од секојдневната монотонија, ве покануваме на нашиот Прв Настан од овој карактер, и сакаме да бидете дел од нашата приказна.
На промоцијата ќе бидат претставени нашите 4 модели од летната колекција на маички со Кратки Ракави (Oversized Streetwear)
*Greta
*Zelda
*Akilah

www.killla.com

killa.officiall

 

[17.00] Women can! // Концепт Центар Една Може- Една Прави

Жените можат! е проект кој таргетира и вклучува жени, девојки и девојчиња од сите генерации, и деца на жените-мајки, кои се интересираат за креативно практицирање на женско културно и социјално, интердисциплинарно самојакнење.

Прокетот Жените можат има за цел да ги зајкне учесничките, да ги информира и стекне со знаење и вештини за разбирање на родовите нееднаквости, во контекст на оптественото функционирање, но и во контекст на индивидуалните права. Жените можат воведува уникатни приоди и методологии за да ја подигне свеста на учесничките за различните нерамноправни улогуги и одговорности на жените и мажите во секој поединечен контекст.
Исто така, проектот ќе овозможи граѓанска едукација за правата, потребите и препораките за воспоставување на родова еднаквост, теоретски, практични и креативни интердисциплинарни, неформални работилници.

Пријавување:

 

[19.30] Bolzer ~ Shock Troopers ~ Садо Зора // Младински Културен Центар

Terrorvoid Promotions во соработка со Здраво Млади, ви ги претставуваат Bolzer! Еден од најуникатните бендови моментално на светската метал сцена. За комплетен холокауст на вашите сетила ке се погрижат Садо Зора и Shock Troopers!
Морбиден дум метал и вртлог појавен од темни облаци.
Карта 400 ден во претпродажба, 600 ден на денот на концертот!!!

 


 

 

 

Недела 10.6.18

[11.00] Extreme POWER City Tuning Show No.2 // Арена Борис Трајковски

Тимот на EXTREME POWER CITY – SKOPJE по првиот успешен настан и оваа година организира меѓународен настан кој ќе го одбележи месецот и годината на CAR револуцијата во Р. Македонија.
Во својата програма нуди целодневна забава како за натпреварувачите така и за посетителите.

Контакт:
email: epc.skopje@gmail.com
– Ико +389 78 26 96 52
– Дејан +389 78 31 91 31

 


 

Comments

comments