Понеделник 5.12.2016

[18.00] Мојот суперхерој е мајка // ГЕМ Клуб

Во пресрет на кампањата 16 дена активизам за спречување на насилство врз жените, Центарот за младински активизам- КРИК и People to People International – PTPI Skopje, Macedonia Community Chapter , се приклучуваат кон кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата” и ја покренуваат темата за структурното насилство со коешто се соочуваат жените- мајки на децата со попреченост.

На трибината „Мојот суперхерој е мајка“ ќе се говори за опресијата над жената од општеството преку лични примери. Во фокусот на настанот ќе биде улогата на жената, на мајката, но и на мајката на дете со попреченост, како еден засебен идентитет којшто самиот по себе бара многу пожртвуваност земајќи го предвид инфериорното општествено уредување.

 

[19.00] Repeal Party // Speakeasy

Најголемиот настан за оваа година во Speakeasy…
Прослава на Repeal Day, односно крајот на прохибицијата. Како секоја, така и оваа година Speakeasy организираат тематска забава во духот на 20тите.
Оваа година најлудо до сега, со тројца ди-џеи и специјални SL Sessions ( selected works of masterminds played strictly on vinyl) Bojan Chakra; V.L.Ado и Igor Spiroski

П.С. 20s inspired dress code is required!

 

[19.30] Контра Кадар СК33: Witness for the Prosecution,тема: Правда // Кино Култура

Дали правдата е слепа?

Witness for the Prosecution е една од најдобрите адаптации на романите на Агата Кристи на големото платно. Ненадминливиот раскажувач Били Вајлдер(BIlly Wilder) заедно со прекрасната актерска екипа, предводена од Марлена Дитрих, не води низ еден интересен заплет, кој на крај не остава да се прашуваме, каде е правдата?

Дали правдата е воопшто возможна? Што всушност претставува правдата? Со цел да одговориме на овие прашања кои филмот отворено ги поставува свое гостување ќе имаат професорите од Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Ана Димишковска и доц. д-р Ристо Солунчев.

Влез: Бесплатен

 

[20.00] Docucroata – Денови на хрватскиот документарен филм во Скопје // Кинотека на Македонија

Заедницата на Хрвати во Македонија во соработка со Хрватскиот аудиовизуелен центар и Кинотеката на Македонија организира Денови на хрватскиот документарен филм во Скопје на 5, 6 и 7 декември 2016 година.

Во овие три вечери ќе имате можност да гледате избор од најновите хрватски документарни филмови, а темите кои ќе ни ги доближат овие филмови ќе бидат повод за дискусија по проекциите.

Програма на линкот во насловот.

 

[21.00] Неделна програма  // Рок Кафана Рустикана 2.0

*Понеделник – Камбек на New Indigo во 2.0 и еден малку по Jazzy понеделник. Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. In The Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 6 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Јован и Ташко во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.
Класичен рокенрол со Ringroad со старт после 21:30

*Сабота – Македонски евергрини со Lili Chilli од 14:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период. R’n’R 101 со Ringroad. Кума и Црни акустично со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

 


 

 

 

Вторник 6.12.2016

[14.00] Ликовната критика денес / годишен симпозиум на AICA Македонија // Музеј на современа уметност – Скопје

Настанот е во организација на Управниот Одбор на АICA Македонија.

Во рамки на програмата на симпозиумот ќе се случи доделување на наградата „Ладислав Баришиќ“ за најдобар истражувачки проект од областа на ликовната критика на овогодинешниот добитник Велимир Жерновски, како и презентација на неговото истражување „Шарена револуција!? (Контекстуални предизвици на граѓанскиот отпор и уметниковиот активизам)”.
Другиот дел од програмата се состои од работна сесија насловена „Улогата на ликовната критика во ерата на дигиталните медиуми“ по концепт и модераторство на Нада Пешева.

Подетална програма на линкот во насловот

 

[20.00] Изложба на Спин и Светлосна врска // Public Room

Студиото Спин и Светлосна Врска ве покануваат на заедничка изложба на која ќе бидат претставени нови и свежи дизајни .

Студиото Спин ќе ги презентира дизајните од последниот проект Ретро Визија, чија главна цел и овојпат е подигнување на еколошката свесност на конзументот за реупотреба на стариот мебел, предмети и материјали кој се дел од секојдневјиот отпад.

Светлосна Врска е проект кој има идеја да направи поврзување помеѓу традиционалната македонска применета уметност односно македонскиот народен вез и современиот индустриски дизајн и да создаде уникатни парчиња мебел за домот, во случајов столни лампи и лустери.

 

[20.30] Sketch Letters Forms Wall: pop-up exhibition by HROM // ул. Никола Парапунов бр. 43, Скопје

Скица Букви Форми Sид
Прва изложба на Hrom со која ја заокружува својата 20 годишнина од активно присуство на локалната и интернационалната графити сцена. На оваа изложба ќе бидат изложени дела креирани во 2016. година. Делата претставуват простор на трансформација и спојување меѓу форми и букви.

 


 

 

 

Среда 7.12.2016

[19.00] „Ловци на светулки“, Вера Калин – Официјална Промоција // Концепт 37

Тони не забележува оти неговата жена веќе некое време не се насмевнува. Зоја решава да ја истури од себе тајната што со години ја робела расклокотена во дамарите. Сенката на Мерима повеќе не се исцртува на џамот од куќата на крајот на патот. Живко не е тука да ја пречека својата сопруга кога таа, после многу години, се враќа дома.

Ова се приказни за непредвидливоста на иднината, за загубените надежи и за несопирливата борба со сеништата на стварноста.

После „Бездомникот со златен часовник“ грст нови ликови ги отвораат своите куфери полни приказни на Булеварот на Книгите.

 

[20.00] Taste Holland // Public Room

Најдобро ќе се запознаете со холандската култура преку пробување на нивната традиционална кујна и специјалитети.

Шефови: Paul Houthuijzen, Albert de Gelder & Katerina Nikolik
Цена на менито: 900 денари од особа
Карти: Public Room, 50 Divizija 22 или contact@publicroom.org

Мени:
– Стартер : Erwtensoep met spek – Pea soup
– Мени бр. 1: Stamppotten met gehaktbal en witlofsalade- Meatball, stampot, hutspot, chicory salad
– Мени бр. 2: Konijnenpeper met rode kool- Red cabbage with rabbit
– Десерт: Appeltaart en stoofperen – Dutch apple pie

EET SMAKELIJK!

 

[21.00] Guest Bartender-Vasil Peevski(Speakeasy Bar) Marie Brizard Globa // Кантина

Васил Пеевски е новото освежување во картата за коктели. Оваа среда ќе имаме чест најдобриот наш и 4ти на Светскиот Куп да ни открие 4 нови коктели. Изборот е направен од негова страна, и е со цел презентација на коктели кои се служат со храна.

 

[21.00] Музика во Планетариум: Kraftwerk | Ralf und Florian // МКЦ

Kraftwerk – Ralf und Florian (1973)
Планетариумска проекција: Даниел Анастасов

Билетите (100 денари) се во строго ограничен број и достапни на билетарата на МКЦ.

Третиот албум на Kraftwerk е прекрасен предвесник и патоказ за иднината. Опуштено и разиграно истражување на можностите на електронската музика.

 

[21.30] Гоце САФ // Цреша Бар

Пред празнично со Гоце САФ во Цреша. Let’s GO!

 

[23.00] Todd Terry // С26

ДЏ сет на Todd Terry, а локална поддршка од Маци. Среќна среда во С26.

 

[23.55] Dusko Janevski & Bodan Jamakoski // Епицентар

ДЏ сетови на Душко и Бодан во предпразнично расположение во Епицентар.

 

[23.59] Ехо Од Далечното Минато #12 // Капан Ан

Ова 12-то издание започнува со серија тематски настани посветени на funk / soul / jazz / disco / rare grooves наследството на посебни делови од светот кои ќе бидат тематски обработени во посебни изданија на „Ехо Од Далечното Минато„. Овој пат стартот е со Funked Up East – музичкото наследство од `60,`70,`80-ти години на минатиот век на земјите од источна Европа, земјите позади „железната завеса„. Сето ова ќе биде презентиратно од резидент екипата во состав:

DJ Гоце САФ
DJ Чваре
DJ HyperTech

Старт на полноќ, влез 100 денари до 01ч. потоа 150 денари.

 


 

 

 

Четврток 8.12.2016

[19.00] Growing: Book&Exhibition // Private Print

Промоција на новото издание на PRIVATEPRINT и изложба по тој повод во студиото на PRIVATEPRINT во Скопје. Изданието е уметнички проект – книга на Дарко Алексовски, насловен “GROWING”, составена од цртежи и текст целосно авторски осмислени од Дарко Алексовски. Како дополнување на книгата ќе биде поставена авторска изложба (инсталација) на авторот.

 

[20.00] Гласно! – Промоција на албум на Визија // МКЦ Клуб & Ресторан

Промоција на најновиот албум на Визија, насловен како Гласно!. Влезот е бесплатен, а албумот ќе се продава по промотивна цена.

 

[21.00] ЧЕтврток со Бојан Чакра // Че Кафе Бар

ЧЕтврток му припаѓа на Бојан Чакра.
Бојан си везе културно музиче, милина за уши.

 

[22.00] Silver glitter [noise] // Калдрма

Буката на Melani Digit. Четврток. Калдрма. Дојди

 

[23.55] Traumer // Епицентар

Traumer [Desolat, Cocoon, Gettraum / France]
residentadvisor.net/dj/traumer

Local support: Viktor Apostolski

Влез: 250 МКД

 


 

 

 

Петок 9.12.2016

[16.00] Lucky Friday  // Public Room

Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi – 2 шишиња или 2 чаши наливно вино, по цена за едно!
Надополнети со вкусна храна и боса нова за опуштено дружење после напорна работна недела!

 

[18.00] Black Johnnie Friday with 2 Cool Cats // Кантина

Релаксирано после работа. За помош тука е Johnnie Black 😀
Music like the end of the world!

Dr. Jazz – Игор Спироски
Mr. Tegla, Dalton – Владимир Павловски

 

[19.00] Таксират Фестивал 2016 // Метрополис Арена

Македонско „Ол-стар“ финале на Таксират 18!
Архангел, Кирил Џајковски, Санаториум, Фолтин и Чиста Околина на иста сцена, во иста вечер!

За заокружување на годинашното издание, Таксират ја претставува главната вечер на фестивалот, како „Ол стар“ вечер со најголемите македонски музички имиња во живо! Во знак на одбележување на 18 години од фестивалот и во непопуларно време за македонската музика која се соочува со тешки предизвици, Таксират со огромно задоволство, на големата бина во Метрополис Арена ќе ги претстави легендарните македонски музички уметници кои ги поставија темелите во музичкиот развој за сите следни генерации кај нас, со остварувања кои ги надминаа границите на земјава!

 

[23.55] Fecky Farris & Wish.KO // Епицентар

Петочки со Wish.KO и Farris во Епицентар. Добар старт на викендот.

 


 

 

 

Сабота 10.12.2016

[20.00] Твитернагради 2016 // Кино Култура

Настанот е од отворен карактер и сте поканети сите.

#твитернагради се годишен настан кој оваа година ќе се одржи по петти пат по ред. Повелете да видиме кој ќе ги освои наградите оваа година. А во меѓувреме гласајте на нашиот сајт http://blokirame.mk/.

 

[20.00] Донеси сам фотографија + проекција на „Global Videos“ // Младински Клуб

Paratissima Skopje и уметничката мрежа Stichting White Cube од Холандија, овозможуваат проекција на кратки филмови на тема „Човекови права“.

Оваа година и Скопје ќе биде дел од проектот „Global Videos“, чија идеја е селектираните 28 филмчиња од различни автори и земји да бидат истовремено пуштени во повеќе држави низ светот.

Во склоп на проекцијата, се отвара и изложба, па затоа, поканети се сите вљубеници во фотографијата да учествуваат со свое авторско дело кое ќе го донесат да биде дел од изложбата, на тема „Време“ .

Повеќе детали за начинот на пријавување во линкот од настанот.

 

[20.00] Aна Дурловски во „Лучија од Ламермур  // МОБ

Лучија од Ламермур – ГАЕТАНО ДОНИЦЕТИ

Билети на билетарницата на МОБ 02/ 3118 451 и
Онлајн www.mob.mk

Диригент: Џанлука Мартиненги (Италија)
Режисер: Лев Пулиезе (Италија)
Костимограф: Марија Пупучевска

Настапуваат:
Лучија: Ана Дурловски
Енрико: Марјан Јованоски
Едгардо: Зоран Сотиров
Артуро: Марјан Николовски
Рајмондо: Александар Стефановски
Ализа: Николина Јаневска
Нормано: Јане Дунимаглоски

 

[21.00] K4 Absolut Party  // Public Room

Музичка селекција на ДЏ Дарко и Absolut водка за 100 денари.

 

[21.00] Млади за Скопје #3 – Концерт на Мариналеда // МКЦ

По двата фантастични концерти на Cóntact 59 и Metanoia, продолжуваме со Млади за Скопје #3 – концерт на младите панк-рок херои Мариналеда!

– МАРИНАЛЕДА
Бенд длабоко инспириран од парадоксите на денешното време и револтирани од глупавоста ечат отворени акорди полни со искреност. Влијанија од Husker Du, Savages, Т.Б. Трачери и ХАХАХА, возење точак, кооперација и билијард на жетони. Гитара/вокал – Марко Новески. тапани – Владо Крстевски, бас гитара – Благоја Камчевски. Мариналеда (Андалузија) е град во кој сите сакаат да живеат, Мариналеда (Скопје) е бенд кој сите треба да го чујат.

Карти во претпродажба: 100 ден
Карти на денот на концертот: 150 ден

 

[21.30]  Jazz Night Jam With Oliver Duev & Co. // Кантина

Што се случува во сабота во Кантина?
Џез трио, на чело со The Master Оливер Дуев. Секоја сабота одбира музичка екипа со цел динамичност и различен репертоар, а со самото тоа несомнено ќе уживате во неповторлив перформанс.

За исполнување на сите наши апетити Кантина нуди превкусна храна во комбинација со вината Chardonnay и Cabernet & Merlot – Oak Edition на Тиквеш.

 

[22.00] Концерт на Тотално Опуштање  // Кафе Браво

Влез: Слободен
Кој сака може да си набави маица и ЦД од новиот ТО албум „Јали човек, јали мотор“.

 

[22.00] I Speak Winese // MAD Kitchen & Bar

Предизборен молк со Темјаника Special Selection и даска сирење по цена од 800 денари.
Музика: Linna UGG, директно од Бруууклин!

 

[23.55] Sonja Ismail & Darko Markovski // Епицентар

Оваа сабота во Епицентар атмосферата ќе ја загреваат Sonja Ismail и Darko Markovski.

 


 

 

 

Недела 11.12.2016

[10.00] 13ти Божиќен базар – CraftART // Хотел Арка

Повеќе од 30 креативни занаетчии и ракотворци ќе се претстават со рачно направени производи и додатоци, меѓу кои рачно изработен накит, производи од стакло, чанти и модни додатоци.

Производите ќе бидат на продажба од 10 до 20 часот. Влезот е бесплатен и сите се добредојдени.

 

Comments

comments