Понеделник 6.2.2017

[21.00] Неделна програма // Рок Кафана Рустикана 2.0

*Понеделник – Happy Monday со Natalija Danailova за среќен почеток на неделата 🙂 Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. InThe Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 8 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок
– Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Jovan Kucinovski во соработка со Тиквеш.
– Класичен рокенрол со Ringroad со старт после 21:30

*Сабота
– Македонски евергрини со Lili Chilli од 15:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период.
– Кума и Црни акустично со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

 


 

 

 

Вторник 7.2.2017

[17.00] Стартапи од цела Македонија, обединете се! // Seavus Incubator

Startup Macedonia и Seavus Incubator ги повикуваат сите стартапи од цела Македонија да ни се приклучат на стартап дискусија во вторник, на 07.02.2017 во инкубаторот! Oвој настан е дел од Startup Europe Week – Skopje 2017. #SEW17

Време е да им дадеме глас и на стартапите од другите градови, не само од Скопје. Има фантастична стартап сцена во Македонија и сакаме да ја запознаеме и здружиме.

 

[20.00] Product design exhibition // Public Room

„ВКУСОТ НА ТЕКСТИЛОТ”
Продажна изложба на македоснки пионерски брендови.

Една група на многу млади и смели ентузијасти предводени од искусни дизајнери и менаџери формираат 10 нови македонски бренда ги претставуваат пред пошироката јавност. Станува збор за за иновативни производи каде носечки материјал е текстилот, и кои имаат две или повеќе функции. Сите производи се со огромен пазарeн потенцијал, што ветува некаква иднина во поглед на опстанок на младите брендови и нивен понатамошен развој.
Изложбата е резултат на пет- дневна работилница за време на Неделата на дизајн во Скопје 2016 и шеесет дена продукција и промоција на истото.

Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на кралството на Холандија, Дизајн центарот Јавна соба и Институтот за дизајн и инжинеринг на облека при Технолошко-металуршки Факултет – Скопје .

 


 

 

 

Среда 8.2.2017

[20.00] Taste of Italy  // Public Room

Во рамките на проектот Вкусот на Скопје за зголемување на локалните кулинарски навики, Public Room ви претставува едно мошне уникатно гастрономско искуство!
Марк де Јонг заедно со тимот на Public Room ќе приготвуваат рецепти од два италијански региони – Венето и Тоскана.
Вечер на храна и вкусoви кои создаваат магија во вашата уста.
Незаборавна вечер за сите љубители на месо.

Цена: 880 денари.

 

[20.00] Изложба на астрофотографии „Поглед во недоглед“ // Музеј на Град Скопје

Трета изложба на астрофотографии, насловена „Поглед во недоглед“.

На изложбата ќе бидат претставени фотографии од ѕвездени траги, ноќни пејсажи, објекти од Сончевиот систем, бројни маглини и ѕвездени јата, блиски и далечни галаксии… Фотографиите се направени од членовите на Друштвото на локации во Македонија и Европа во изминативе 3 години.

 


 

 

 

Четврток 9.2.2017

[19.00] Ladies Night | Педесет нијанси потемно // Cineplexx Skopje

Погледнете го филмот „Педесет нијанси потемно“ и уживајте во вечерта намената само за вас!
Повеќе информации наскоро 🙂

 

[19.00] Соларис // МНТ

Режисер: Андриј Жолдак

Сценографи: Моника Пормале и Андриј Жолдак
Костимограф, асистент-сценограф и видео-концепт: Даниел Жолдак

Улоги:
Крис Келвин – Дејан Лилиќ
Реја – Дарја Ризова
Крис (дете) – Дарио Ефтимовски
Реја (дете) – Калина Трипкова
Снаут – Александар Ѓорѓиески
Сарториус – Александар Михајловски
Таткото – Славиша Кајевски
Мајката – Арна Шијак
Слугинката – Драгана Левенска

*Слободен влез за студенти

 

[19.00] Феминизам и дистопија – разговор за „Приказната на робинката“ // ЛГБТИ Центар за поддршка

Во ова издание на читателскиот клуб ќе има дебата со професорката Калина Малеска (катедра за Англиски јазик и книжевност) за еден од најпознатите романи на Маргарет Атвуд, „Приказната на робинката“ (“The Handmaid’s Tale”).

За книгата самата авторка ќе каже дека е роман за она што би можело да се случи доколку опресивните политики усмерени кон жените „би биле доведени до својот логичен крај“. Атвуд тематизира една тоталитарна теократија каде што сите придобивки на феминизмот се укинати. Како резултат на државен удар кој ја соборува владата на САД, се воспоставува Републиката Галад на чие чело стои христијанска фундаменталистичка војска. Жените се главната цел на
режимот – нивните права и лични слободи се укинати, не им е дозволено да работат, да поседуваат имот или да остваруваат интимни врски кои не се дозволени од републиката.

 

[21.30] ЧЕтврток // Че Кафе Бар

Од 7 ќе се случува Beer & Code, со презентации, минглање и после фино културно зезање со Чакра.

 

 

Премиерно издание на Тамара за 2017та. Четврток е денот, С26 е местото.

 

[23.55] Викенд Програма // Епицентар

Четврток, 09 Февруари
Sonja Ismail
George Lee GT

Петок, 10 Февруари
Bodan Jamakoski
Dusko Janevski

Сабота, 11 Февруари
EDDY RAMICH
Andrej Micajkov

 


 

 

 

Петок 10.2.2017

[16.00] Lucky Friday // Public Room

Вино, мезе, дружење, муабети, боса нова звуци ~
Вашата омилена сорта вино од Bovin, Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%

Резервирајте си место за вашето друштво на 02 6092650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/lucky-friday-wxbUv.

 

[21.00] Соголи мe, концертна промоција на новиот албум и 20 год. јубилеј // МКЦ

По нешто повеќе од седум годишна албумска пауза, String Forces имаат нов албум, „Соголи ме“.
Ова ќе биде двоипол-часовен настан на којшто, покрај целиот нов албум, ќе има и прошетки по сите претходни четири албуми, како никогаш досега.

Карти (200/300 денари): МКЦ, MkTickets.

 

[21.00] Филип Стефановски // Винил

Филип е една од најдобрите и највеселите причи во Винил. Секогаш го чекаме со ќеиф и тој секогаш испорачува. Се гледаме во петок.

 

[21.00] Rock & Roll со Вера Јанковиќ // Цреша Бар

Музички селекции на Вера Јанковиќ.

 

[21.30] Yarl // Кафе Браво

(Највише) британски hard n heavy, соодветно во Кафе „Браво”, петок од 9:30 па надаље.
Влез беспари.

Yarl:
Елена Ставреска – вокал
Виктор Танасковски – гитара
Андреј Коларовски – бас
Кристијан Тодоров – тапани
Никола Коларовски – клавијатура

 

[22.00] Showroom: Kabadayas // Public Room

Овој петок уживаме во авторските композиции од најновиот албум на триото Kabadayas: Зоран Костадиновски- гитара, Џоле Максимовски- бас гитара, Дино Милосављевич- тапани.

Не ја пропуштајте оваа вечер на милување од гитара ~https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/showroom-kabadayas-YAgMk
02 6092650
contact@publicroom.org

 

[22.00] Friday I’m In Love // Кафе бар Љубов

Љубовџии и љубовџики од музичка и од алкохолна вероисповест, по повод утрешниот голем верски празник „прв ден викенд“, ќе има свечена литургија во храмот на Љубовта, под името Friday I’m In Love.
Литургијата започнува во 22ч. а ќе биде одржана од великомаченикот севселенски Јанконен.

 

[23.00] Orlando Voorn // С26

Петочко лудило со Oralndo Voorn = NightVision/ Devine Records = local suport – Tomi Bojadzi.

 

[23.55] Andreas Hz Bday Bash feat. LAG [Mord / RS] *special 3h set* // Капан Ан

Btkrsh празник за фановите на квалитетниот и бескомпромисен техно звук! Кога е роденден – нека биде техно роденден!

По пауза од 2 години, гостување на Lag – миленик на скопската публика и моќен DJ и продуцент кој со своите миксови и серијата изданија за Mord Records се етаблира како водечка сила на новиот бран техно артисти.

 

[23.59] Machup Fridays // VOX Night Club

Dj Irie Scratch и Dj Nasty (SureShotz Entertainment) се позади грамофоните овој петок на твојот омилен подиум.

 


 

 

 

Сабота 11.2.2017

[11.00] Повторно заљуби се // Креативно Студио Преплет

Краток месец – многу причини за прославување!
Драги наши пријатели, по повод нашата преселба во новото кративно студио и по повод денот на љубовта, па и по повод денот на св.Трифун, би сакале да ве поканиме на мала забава во нашето ново Преплет местенце.
На настанот ќе имаме нова љубовна колекција на производи, специјално спакувани љубовни зборчиња и се разбира изненадувања за секој што ќе дојде. Ќе ни биде многу, многу драго доколку и вие бидете дел од забавата и заедно наздравиме, споделиме љубов и се опиеме од среќа!

 

[23.00] U-Recken // СЦ Борис Трајковски

Традиционално првата SUN Production журка во годината е во втората сабота од февруари…
Оваа година имаме специјален настан, промо журка за Tree Of Life Festival и гостувањето на еден од најплоднитеартисти во моментов

U-Recken – Dacru Records / Israel
www.facebook.com/urecken
www.soundcloud.com/u-recken
www.electreelife.com

Специјален гостин, најголемиот македонски амбасадор во моментов:

DJ Djantrix – Digital Om Productions
www.facebook.com/DjDjantrix
www.soundcloud.com/djantrix

Домашна поддршка SUN Production djs:

DARE
SOUNDKILLAH
HUMANOID

Влез: 350 денари, на врата 400 денари

 

[23.55] Soulful Discharge with Darko Stepic / D.Lite / Snah // Капан Ан

Резидент drum`n`bass вечерта Soulful Discharge се враќа повторно во Капан Ан. Музика преку целиот drum`n`bass спектар!

line-up:

– Darko Stepic
https://soundcloud.com/darkostepic

– D.Lite
https://soundcloud.com/d-lite-5

– Snah
https://soundcloud.com/hansshc

Старт на полноќ, влез 100 денари.

 


 

 

 

Недела 12.2.2017

[11.00] Social Sunday // Public Room

Поминете убаво и безгрижно социјално попладне со вашето семејство користејќи ја можноста за бесплатна анимација за најмладите краетивци со дрвените играчки од програмата на Melissa & Doug. Децата на возраст од 2 до 4 години ќе бидат воодушевени да научат како се подготвува појадок, како се отвораат и затвораат патенти, копчиња, рајбери…
Децата од 5 до 7 годиишна возраст ќе можат да ја развиваат сопствената слика со колекции на стикери и печати.

А родителите може да уживаат на каучите од прогрмата на „Просторија” и „Фејдом”.

Сите учесници се дел од наградна игра на која ќе можат да освојат дрвена играчка од програмата на Melissa & Doug!

 

[16.00] Работилница за Основи на фотографија // Центар за обука ЕВА

50% – РАБОТИЛНИЦА ЗА ОСНОВИ НА ФОТОГРАФИЈА
Зачекорете и вие во светот на фотографијата!

Центар за обука ЕВА за сите љубители на фотографијата организира работилница за ОСНОВИ НА ФОТОГРАФИЈА на која со помош на нашите искусни предавачи ќе имате можност да се запознаете со тајните на фотографијата, да научите како да го извадите максимумот од вашите фотоапарати и ефикасно да ги пренесете своите идеи во моќни фотографии!

Пријавување и информации на contact@tc-eva.com и 078/23 13 23 и 02/ 3 256 262 или во просториите на Центар за обука ЕВА, Центар – Скопје, секој работен ден од 14:00 до 22:00 часот.

 

[19.00] The Bridal Fashion Night // Скопје Мериот Хотел

Скопје Мериот хотел ќе биде вистинското место за вистинските невести на 12 февруари каде што по петти пат ќе се одржи „The Bridal Fashion Night“ со почеток во 19:30 часот. Настанот кој веќе традиционално го организира тимот на Моден викенд Скопје ќе биде целовечерен моден водич и можност двојките во хотелот да го најдат своето совршено место за свадбениот ден.

Идните невести кои сакаат да присуствуваат на настанот треба да испратат име и презиме, како и детали кога сакаат да организираат свадба на weddings.skopje@marriott.com или на Фејсбук страницата @skopjemarriott најдоцна до 10 февруари. Бројот на места е ограничен, а идните невести можат да присуствуваат со уште едно лице.

 

[23.59] Just Dilla vol. 2 // Капан Ан

По втор пат забава по повод животот, делото и наследството на веројатно најголемиот хип хоп продуцент на сите времиња – James Dewitt Yancey или попознат како J Dilla / Jay Dee.

Just Dilla vol. 2 со:

– Гоце САФ
– Чваре
– Drazi Drags

Старт на полноќ, влез 100 денари.

 

Comments

comments