Вторник 3.1.2017

[21.00] Џем сесија – 1ва од 2017, 33та по ред // Че Кафе Бар

Џемањето си останува традиција и оваа година, прво на ред во 2017та, а 33то од самиот почеток!
Доста одмаравме од саботата, идеме понатаму со нови дочеци, пример ќе се спремаме за Бадник и Божиќ.
Позајмете го вашиот глас, свирачки момент или вашето присуство, за успешен вторник!

 


 

 

 

Среда 4.1.2017

[21.00] Conspiracy Live // Old School Cafe

Conspiracy е млад Thrash Metal бенд кој е формиран во февруари 2016та година. Членовите на бендот се исклучително млади и спремни момци кои напорно работат на музиката која ја љубат.

Бендот е составен од:
Stefan Trajkoski – гитара/ вокал
Davor Kapac – гитара
Иван Димишков – бубањ и
Milosh Blagojevic – бас гитара
Повелете на првата самостојна свирка на младите металци!

 


 

 

 

Четврток 5.1.2017

[21.30] Day Off – The Next Generation, live & acoustic // Кафе бар Љубов

Краток љубовен дијалог:

– Уште не почнала 2017та ко шо треба, а ние веќе на репертоар имаме опасна свирка.
– Кој ќе свири?
– Day Off – The next generation.
– Кога?
– Во четврток.
– У колку саат?
– У 21.30.
– Пиење има?
– Е шо да има бе у кафич??
– Топ, доаѓаме.
– Супер, ве чекаме.


[23.00] Скопска ситуација // С26

ДЏ сетови на нашите легедни Гоце САФ и Чваре.

 

[23.30] Значи после огините се оди во Маракана! Vol. 2 // Клуб Маракана

После бадниковиот оган, во Маракана на пивце 🙂

Влез: Бесплатен

 

[23.59] Fire Poetry // Капан Ан

Fire Poetry: огнена поезија и пагански ритми на подиумот со Шурбе, Hypertech и Andreas Hz.

– Shurbe
http://boshfest.com/2015/08/11/shrube-dj-set/?lang=Mk

– HyperTech
https://www.mixcloud.com/HyperTech/

– Andreas Hz
https://www.mixcloud.com/andreas-hz/

Старт на полноќ, влез 100 ден.

 


 

 

 

Петок 6.1.2017

[16.00] Lucky Friday // Public Room

Вино, мезе, дружење, муабети, боса нова звуци ~
Вашата омилена сорта вино од Bovin, Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%

Резервирајте за вашето друштво…
02 6092 650, contact@publicroom.org

 

[21.30] Петок  // Public Room

Cвирка. Поп-рок. Празнично дружење.

Резервирајте за вашето друштво
02 609 2650, contact@publicroom.org

 

[22.55] Uran B. // Епицентар

Uran B. е роден во Приштина – една “џунгла” од бетон, а љубовта кон електронската музика кај него е посилна и од бавниот напредок во неговата земја во однос на електронската сцена. Но, секогаш подготвен за предизвици, уште од својата 14-та година се насочува кон дигиталната електронска сцена и прераснува во еден од пионерите на Косово.

Локална поддршка: Ана Мало

Влез: 200 денари

 

[23.00] Bukacha & Dejan Dex // С26

ДЏ сетови на Bukacha & Dejan Dex. Петочко освежување во С26.

 

[23.55] PMG Event #Level4 Mirko Popov*Violeta Kachakova // Капан Ан

Прекрасно музичко патување, кое ќе ви ги открие лавиринтите и мистериите на прекрасните македонски пирамиди и светилишта, каде што се закопани огромни македонски богатства и гробот на Александар Македонски.

 


 

 

 

Сабота 7.1.2017

[12.30] Ексклузивен Божикен концерт со Џулијан Рахлин! // МОБ

Диригент/Солист: Џулијан Рахлин – виолина (Австрија)
Програма:
G. Rossini: Увертира од операта „Крадливата страчка“
F. Kreisler: Убавиот рузмарин*
F. Kreisler: Минијатурен виенски марш*
J. Strauss: „Виенска крв“ валцер оп. 354
P. I. Tchaikovsky: „Танцот на цвеќињата“ од балетот „Оревокршачка“ оп. 71
F. Kreisler: Љубовна тага*
F. Kreisler: Љубовна радост*
P. I. Tchaikovsky: Панорама и Валцер од балетот „Заспаната убавица“ оп. 66
L. Godowsky: „Стара Виена“
M. Glinka: Увертира од операта „Руслан и Људмила“

 

[23.00] George Lee & Wish.Ko // С26

ДЏ сетови на Lee & Wish.Ko. Сабота никогаш не била иста во С26.

 

[23.59] Funky Fresh 024 // Капан Ан

Прв Funky Fresh настан за 2017-та!
Сабота 7.1 во клуб Капан Ан.
Повеќе инфо следува наскоро…

 


 

 

 

Недела 8.1.2017

[18.00] Sunday Listening Sessions vol.14  // Винил

Волуме 14 од Sunday listening sessions во Винил, а прво годинава.

Старт во 18ч. па се до крај на работно време. Шемата останува иста – се вртат цели страни од лонгплејки и без диџеј жонглирања се слуша внимателно селектирана музика што жанровски најчесто му припаѓа на џезот.

 

 

Comments

comments