Фотографија: Симоне Калица

 

Понеделник 9.7.2018

[17.00] Топол љубовен базар No.32 // Кафе Бар Љубов

Да го почнеме летото со едно базарче на топло време. Овој пат понеделнички, таман во пауза од гледање фудбали и пред да се разбегаме по одмори. Креативците кои ќе ве пречекаат во нашиот мал естаблишмент се:
– Va Dot
– Cactus Design
– Elena Ristovska
– Foreground totebags
– MORPHO
– УрбанЕра /UrbanEra/
– Kaiya Bath & Body
– Anechi’s Atelier
– Ani Soro
– кожарска индустрија Horvat.

Ние спремаме ладно пиво и коктелчиња, пуштаме добра музика, а вас нека не ве плаши топлото време… елајте си да се дружиме.

 

[00.00] Havana Mondays со Bionda band //  Летна Хавана

Уште една работна недела е пред нас, а овој пат Ви закажуваме дружба со еден од нашите омилени бендови. Овој понеделник ќе слушаме многу поп-рок хитови изведени од Bionda, а стандардно ги имаме и пијачките кои се на 50%.

 


 

 

 

Вторник 10.7.2018

[11.00] Денот на Тесла // Изложбен центар – Матка

Прослава на роденденот на таткото на наизменичната струја и бројни други футуристички пронајдоци, Никола Тесла! Бидете и вие дел од „Денот на Тесла“ и големиот број активности кои ќе бидат интересни за сите.

Агенда и распоред на активности:

11:00 – 12:00 часот
– „Гига мега бајка“
Teatar za deca i mladinci – Skopje
*препорачлива возраст: 5-14 години; големина на група: 100

12:00 – 13:00 часот
– Креативна работилница за пишување “Приказни за електрицитетот”
Biljana Crvenkovska
*препорачлива возраст: 9+ години; големина на група: до 30

– Уметничка работилница „Никола Тесла и електричната енергија”
проф. Jana Jakimovska
*препорачлива возраст: 6+ години; големина на група: до 30

– Предавањe „Моќта на електрицитетот“
проф. Филип Парталовски
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30

13:00 – 13:10 часот
– Проекција на краток документарец „Тесла ја користи моќта на Нијагарините водопади“
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30

13:10 – 13:40 часот
– Пауза за ручек
*сите учесници

13:40 – 14:40 часот

– Експерименти:
> безжичен пренос на енергија
> високо фреквентна наизменична струја
> радио пренос
проф. Владимир Стефановски
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30

– Изработка на макети од Lego®
Young Engineers Skopje Macedonia
*препорачлива возраст: 5+ години; големина на група: до 30

За присуство и доколку ви е потребен организиран бесплатен превоз, задолжително пријавете се на http://matka.com.mk/tesla-den/ најдоцна до 08.07.2018. За повеќе информации, обратете ни се во директна порака или јавете ни се на 072/ 935 – 105

Влез: бесплатен

 

[11.00] Concept turns 5 // Концепт 37

Овој вторник Концепт полни 5 години! Музика. Специјално кафе + изненадувања!

 

[19.00] Навиваме и се забавуваме со НЛБ Банка! // Рок Кафана Рустикана 2.0

НЛБ Банка и Visa по повод Светското првенство во фудбал, организираат промоции во Вашите омилени локации исполнети со забавни игри, многу подароци и разни изненадувања!

Локација вторник 10.07.2018, во 19 часот:
Рок Кафана Рустикана: https://www.facebook.com/rustikana2.0/
Колектив: https://www.facebook.com/kolektivbar/

 

[20.30] Ирена Пејовиќ: Ти си мобилна архитектура // Музеј на Современа Уметност

Отворање на 10 јули, 2018 во 20:30 ч.

Мултисензорен настан кој кореографира движења преку комбинирање облека, модуларни форми, предлози, како што се: фотографскиот објект и звукот како место, материјалноста како настан, техниките на организација во природата и организација на луѓето, и она што се појавува.

Ти си мобилна архитекрура e тековно истражување низ средините на движење.

Ти си мобилна архитекрура – нема фиксно значење и нема фиксна форма. Делото е мобилно, затоа, значењето треба да биде во мобилноста.

Тоа е хаптичен простор, мазен простор каде што ветрот свири, дрвото пука и бара сите да учествуваат во неговото создавање.

Се бара отворен процес на создавање, за да се овозможи дело што е живо, форма која е во формирање.

 

[20.30] Вторник За Журка // Кафе Само

Пошто и вторничка журка е кул.

 

[20.30] Васо на тивко // Форплеј

Вторнички, без некоја идеа за искачање или големи очекувања. Пијачки на 30%, добар вајб пуштен на најјако.

 

[00.00] Шизи во вторник со SureShotz // Летна Хавана

Нов вторник и ново шизење на подиумот во Havana Summer Club. Shorty P и Fitty Flow се овој пат позади грамофоните, а позади шанкот се пијачките на 50%.

 


 

 

 

Среда 11.7.2018

[17.00] 5 години Национален младински совет на Македонија // Цреша Бар

Ова време 2013 година беше основан Националниот младински совет на Македонија, од група млади ентузијасти со визија за независен, автономен и инклузивен младински сектор кој ги претставува младите во Македонија.

Па по тој повод дојдете на прославувањето на 5те години од основањето на Националниот младински совет на Македонија во Цреша бар.

 

[19.00] Residents meetup #1 // Епицентар

Audiobahn заедно со Epicentar ве покануваат на live video stream настан со вашите локални електронски изведувачи.

Ќе настапат во мешан редослед:
Machki
Flooder
Micajkov
Apostolski
Ana Malo & Baloski
Bodan Jamakoski

Подгответе патики за денс.

 

[21.00] Wish.Ko // Радио Бар

Среда е ден за дџ сет на Wish.Ko.

 

[21.00] Gypsy Jazz – Difference can be onе // Јавна Соба

Караванот на Мадам Фортуна е интеркултурен музички проект кој во среда,
11. јули се стационира на терасата на Public Room каде со почеток во 21:00 часот ќе одржи концерт на отворено во придружба на македонски музичари кои заедно ќе ја претстават убавината на џипси џез музиката. Овој настан има улога да ја потенцира уметничка сила на ромската заедница и да ги претвори предрасудите во сфаќањa дека различноста може да значи додадена вредност насекаде. Влезот за концертот е секако слободен.

Соба енциклопедија: Gypsy Jazz е стил од џез музиката која генерално е прифатена дека е започнта од џипси гитаристот Jean “Django” Reinhardt во Париз и околината во периодот на триесеттие години на претходниот век. Самиот жанр се развива со текот на времето, така современите музичари од џипси џез вклучуваат напредни техники на продукција, ефекти и многу варијации на инструменти. Вклучувањето на хармониката во модерниот џипси џез отсликува поразвиен музички стил, со подлабока хармонија во однос на формата на песната, а станува помалку традиционална.

Martin Balogh (Словачка)-Хармоника
Неврус Бајрам (Македонија) – Гитара и Бас гитара
Chadi Abou El Ghar (Белгија / Египет)- Баритон саксофон
Синан Демировски (Македонија) – Кларинет
Myrna Mens (Белгија) – Виолина

Jeanneke Van Roeyen (Белгија) – Виолина
Anouk Sanczuk (Белгија) – Виолина
Niels Arnoult (Белгија) – Хармоника
Manal Manoola (Белгија) – Соло вокал
Robert Mihalik (Словенија) – Соло гитара
Драган Теодосиев (Македонија) – Перкусионист

 


 

 

 

Четврток 12.7.2018

[19.30] Облакодер – Премиера // Синеплекс

Овој четврток, премиерата на најновиот блокбастер на Двејн Џонсон ве очекува во Cineplexx.
Двејн Џонсон е во улога на бивш водич на тим на ФБИ за спасување заложници и е воен ветеран. Акција, адреналин и одличната глума на Двејн ве очекуваат во кино. Очекувајте повеќе инфо наскоро…

 

[21.00] Fluid // Радио Бар

Овој четврток е наменет за Флуид.

 

[23.00] DVS1 – 18Years Balance // Сектор 909

Оваа година е прослава по повод (18 години) од основањето на Баланс и од првата легендарна забава која се одржа во Охрид/Градиште со Дерик Меј. Главната цел и мисија на Баланс од секогаш била промовирање на креаторите на детроитскиот техно звук како што се Derrick May, Juan Atkins, Kevin Saunderson, Carl Craig,Kenny Larkin, Stacey Pullen и др. На 12 јули во клубот Сектор 909 ќе гостува DVS1 (USA, Minneapolis).

Почнувајќи со илегални забави во Минеаполис пред две децении DVS1(Zak Khutoresky) постепено се искачи на пиедесталот како еден од највозбудливите диџеи и продуценти на денешницата.
Сопственик на клуб и дискографска куќа, страствен креатор на sound системи, резидент DJ во Berghain и Panorama Bar, DVS1 во буквална смисла на зборот е инволвиран во сите сфери на електронската музика.
Неговата колекција од преку 30.000 плочи доволно зборува за неговата посветеност кон house и techno звукот.

Билети во претпродажба во кафичите Излет, Кино Карпош, Винил и Синдикат по цена од 300 денари.
На влез 300 денари до 01:00, после 01:00 часот 500 денари.

 

[00.00] Dj Statik Selektah // Епицентар

После три години, Dj Statik Selektah, повторно доаѓа во Скопје!

Човекот кој работи со дел од нај големите светски хип-хоп имиња, вклучувајќи ги Wiz Khalifa, 2 Chainz, G-Eazy, Run The Jewels, Wale, Joyner Lucas, Curren$y, Julez Santana, Eminem, Nas, Royce da 5`9“, John Legend, G-Unit, Action Bronson, Lauryn Hill a е главен диџеј на Joey Bada$$, по втор пат доаѓа во Скопје, повторно во организација на SureShotz Entertainment.

Тричасовниот DJ сет на годината, е закажан за четврток (12.07), a стартот е на полноќ и тоа на подиумот во клубот Epicentar. Билетите ќе бидат во продажба пред настанот на билетарата на клубот, по цена од 150 денари. Како локална поддршка ќе бидат Shorty P и Irie Scratch.

 


 

 

 

Петок 13.7.2018

[17.00] Friday Happy Hour // Дистрикт Бар и Ресторан

Секој петок happy hour во Дистрикт бар и ресторан! Од 17-20 часот, со секој купен коктел вториот го добивате гратис! Резервирајте на 071 238 522.

 

[17.00] Perutnina Ptuj // D.J. Goce Saf // BackYard Lounge Bar & Kids Area

Тимот на Backуard во соработка со Fat Kitchen и Perutnina Ptuj Macedonia ќе ви подготват:
– Тако (Пилешко и Мисиркино)
– Ржнич ака Суфлаки у Тортиља (Пилешко и Мисиркино)
– Пилешки Крилца на Backуard начин.

Fat Kitchen или Цаце наш со функција на д сос мејкер!!!

D..J. Goce SAF повторно позади грамафоните и покрај скарата.

 

[21.00] Мaci, Wish.ko и Gramophondzie // Радио Бар

Петочко лудило во Радио Бар со музики на Maci, Wish.Ko и Gramophondzie.

 

[21.00] Македонски Шлагери со ДЈ Тоше Велјанов // Јавна Соба

Петок 13ти за е среќен ден како среќна среда, како 7ца на лото, како ветер во јули, како сонце во јануари.
Со македонски шлагер, насмевка и коктел ќе се испраќа Тоше на одмор.

 

[23.55] PMG party со Nino Naumov, Kachakova и Popov // Капан Ан

Вистинско уживање за сите љубители на квалитетна електронска музика.

 


 

 

 

Сабота 14.7.2018

[11.00] Тропски цени // Креативно студио Преплет

40% 30% 20% попуст што те боцка да дојдеш во Преплет!
Дојдете на саботно дружење каде што сите производи ќе бидат намалени и со тропски цени, ќе се слуша летно музиче, ќе се служи чипсче за закуска и освежителен пијалок за жедно пазарување!

 

[17.00] Women can! // Концепт Центар – Една може/ Една прави

ЖЕНИТЕ МОЖАТ! е проект кој таргетира и вклучува жени, девојки и девојчиња од сите генерации, и деца на жените-мајки, кои се интересираат за креативно практицирање на женско културно и социјално, интердисциплинарно самојакнење.

Прокетот ЖЕНИТЕ МОЖАТ! има за цел да ги зајкне учесничките, да ги информира и стекне со знаење и вештини за разбирање на родовите нееднаквости, во контекст на оптественото функционирање, но и во контекст на индивидуалните права.

ЖЕНИТЕ МОЖАТ! воведува уникатни приоди и методологии за да ја подигне свеста на учесничките за различните нерамноправни улогуги и одговорности на жените и мажите во секој поединечен контекст.
Исто така, проектот ќе овозможи граѓанска едукација за правата, потребите и препораките за воспоставување на родова еднаквост, теоретски, практични и креативни интердисциплинарни, неформални работилници.

Резулат на ЖЕНИТЕ МОЖАТ! е промена во перцепциите и знаењата, и мотивација за:

1. Водич во основи на родови науки,
1.А. жени во медиуми: диети, иделано женско тело, портретизација, ДР. Ирена Цветковиќ

2. Женски права, женско движење и активизам,
2.А. Жени и активизам на социјални медиуми, Наташа Доковска,

3. Женски работнички права
3.А. Ана Василева, феминистка, активистка

4. Родово базирано насилство
4.А. семејно насилство, Билјана Настовска, феминистка, активистка

5. Женски граѓански организации низ партиципативни процеси во демократско општество,
5.А. жени во политики. Др. Дијана Стојановиќ Ѓоргиевиќ
5.Б. Ивет Ѓоргиева, активистка

6. Културолошки родови димензии,
6.А. Др. Ана Мартноска

7. Женска уметност и артивизам.

ЖЕНИТЕ МОЖАТ! е интердисциплинарен проект кој ги обединува академските знаења, практичните примени низ живото искусување и креативноста, во служба на осознавање и дејствување кон родово рамноправно општество.

Сите права над проектот се во интелектуална сопственост на координативниот тим и истите се заштитени преку агенција за заштита на авторски права.
Проектот се имплементира преку единствената „грас рут“ граѓанска организација „ЕДНА МОЖЕ!, а со поддршка на Министерство за Култура на Република Македонија.

Со љубов,
тимот на „Една може!“

Пријавување: https://docs.google.com/forms/d/1NNDGBXw4uQeDQxyiqkpYVson0zFhZclJoHifxzeXPCE/edit

Следуваат дополнителни информации.

 

[21.00] Darko Markovski // Радио Бар

Сабота е ден наменет за Дарко Марковски.

 

[21.00] We. Love. Cocktails! // Јавна Соба

Жена, мајка, диџејка. Уште една хероина премиерно во Јавна Соба!
Соња Исмаил ќе размрдува оваа сабота со нејзините извонредни миксови. За освежување порачајте си коктел по летна цена од 100 ден!

 

[23.50] Synthetic // Сектор 909

Sektor 909 presents Synthetic

Line up
Thomas Numan
G.Kouros
Pixels On Space – live

 

[23.59] Мирко Попов // Епицентар

Сабота во Епицентар 5 часовен DJ сет на Mirko Popov .

 


 

 

 

Недела 15.7.2018

[12.00] Еко-здружување // Школка Градски Парк

Дали сакаш да бидеш шизик и да учествуваш на натпревар за намалување на отпад?
Дали сакаш да се дружиш и да разменуваш книги и облека? Или можеби сакаш да научиш нешто, да направиш муабет со некој што има искуство на некој од инфо-штандовите? Ако некоја активност ти „фаќа око“ ViridiQ е тука и спрема одличен настан за тебе во овие долги летни денови!

Нашиот три-сегментен настан ќе се одржи на 15.07. во Градскиот Парк (кај Школка) каде ќе може да освоите кул награди, да научите куп нови работи или пак да се подновите со кул книга за на плажа или парче облека!

За да учествувате во натпреварот пријавете се најдоцна до 13.07.2018, до 23:59 со пополнување на апликацискиот формулар на овој линк: https://goo.gl/forms/ldyCy0WfR72KukrI2

Побрзајте и пријавете се бидејќи бројот на учесници е ограничен, а предизвиците неверојатни!
Агенда:
Натпревар
– Регистрација на учесниците за натпреварот
– Поздравен говор,објаснување на натпреварот
– Започнување на натпреварот
– Завршување на натпреварот и доделување награди
– Дружба и освежување

Инфо-катчиња
-Штандовите се отворени од 12:00 do 15:00, достапни за информации и дружба

Размена
-Размената за облека и книги отворена од 12:00 до 15:00

Зошто баш ваква работилница?
-Отпадот кој го создаваме завршува на депониите кои ја контаминираат почвата, дел од исцедоците завршуваат во водните површини и во воздухот кој секојдневно го дишеме. Освен што ја загадува природата тој влијае негативно и од економска гледна точка бидејќи сите набавени ресурси во нашите домови не се искористени пред истекот на рокот. Згора на тоа Македонија е земја во која 450.000 лица не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден, а се фрлаат 5000 тони јадлива храна годишно.

<< Кога ќе го пресечеме последното дрво, кога ја уловиме последната риба и кога ќе ја загадиме последната река, конечно ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари! >>

Придружете ни се и чекор-по-чекор да се подобриме самите себеси и нашата околина! Ве очекуваме!

 

Comments

comments