Понеделник 9.10.2017

[12.00] Недела на книжевност од германското јазично подрачје // Или Или

Почитувани, овој месец во Скопје и низ останатите градови во Македонија можете да ги погледнете најновите остварувања од германската кинематографија, а тимот на Или Или од 09 до 14 во нивната и Ваша книжарница оди во потрага по возбудливи книжевни приказни од германското јазично подрачје. На менито се книги на неколку автори од Германија, Австрија и Швајцарија, чиј матичен јазик, секако, е германскиот. За подетални информации, клик на линкот погоре.

 

[18.00] Посета на планетариум // МКЦ

Одлична шанса да го посетиш планетариумот и да доживееш 50 минутно визуелно предавање на тема сонце, ѕвезди, соѕвездија, планети, видливост од нашиот град, како и од други атрактивни набљудувачки точки на планетата Земја.

 

[20.00] Distilled Emotion: Neuromancer’s Tokyo // Public Room

Изложба на серија постери на Зориа Петкоска кои се една виезулна поезија базирана врз научнофантастичниот роман Неуромансер на Вилијам Гибсон.

 

[20.00] “Бесконечни морфолошки варијации” // КИЦ

Изложба на Цртежи и Графики на Лидија Вујисиќ. Изложбата трае до 14.10.2017.

 

[21.00] Into the Noir //  Рок Кафана Рустикана 2.0

Into the Noir со Tonal, ноќ посветена на инструментални џез/блуз звуци.

 


 

 

 

Вторник 10.10.2017

[10.00] Јавна Дебата „Не оставај на друг, дојди за чист воздух” // МКЦ

Светската недела на вселената ќе биде финализирана со јавна дебата на тема која сите нѐзасега – загадување на воздухот.

Пријави се тука : http://bit.ly/ДебатаЧистВоздух

Оваа јавна дискусија е поддржана од програмата ‘NASA Datanauts’, во склоп на open.NASA која што претставува соработка со неколу индивидуалци од целиот свет со цел подобро искористување и промоција на отворените податоци за генерирање на иновации и решавање на глобални проблеми.

 

[19.00] Movie Nights // Public Room

Започнува сезона посветена на европски филм!

Прв на распоред е проекцијата на унгарскиот филм „Kontroll” од 2003 -тата.

Филмот се фокусира на дневните борби на група инспектори – контролори на карти во метро, во подземниот систем базиран на (и сниман во) метрото во Будимпешта.
Станува збор за приказна за чудниот млад човек Bulcsú, колегите инспектори од неговиот тим, без исклучок сите допадливи ликови, инспектори од ривалскиот тим… Покрај тоа ова е и уште една приказна за љубовта.

Режија: Нимрод Антал
Жанр: Комедија/ крими/ драма
Времетраење: 105 мин.
ИМДБ оцена 7.7

Влезот за проекцијата е слободен.

По завршување на филмот имаш отворена покана да се придружиш на филмска дискусија и дружење.
Уживање во разговор, чаша вино и кашкавал, на промотивна Movie Night цена од 350 ден.

 

[20.00] Свадбата на Фигаро // МНТ

Автор: Пјер Бомарше
Режисер: Леван Цуладзе

Улоги:
Нино Леви – Грофот
Николина Кујача/Сашка Димитровска – Грофицата
Сашко Коцев – Фигаро
Сашка Димитровска/Дарја Ризова– Сузана
Томе Витанов – Дон Бартоло
Марија Новак/Снежана Коневска – Руси – Марчелина
Драгана Костадиновска– Фанчета
Славиша Кајевски – Керубин
Ивица Димитријевиќ – Дон Гусман

*Цената на билетот е 300 денари

 

[21.00] Tribute Tuesday //  Рок Кафана Рустикана 2.0

Претпразничен трибјут дуел на Bowie vs Queen и Хајнекен од 0,5л за 100че.

 

[23.55] HyperTech & Martchin // Капан Ан

10.10.17 Вторник (спрема неработна среда) во клубот Капан Ан целовечерно двајца резиденти на клубот со еклектични музики за подиум:

* HyperTech (D2 / Течна Кујна / Funky Fresh / BTKRSH)
* Martchin (BTKRSH)

Старт на полноќ, влез 100 ден.

 


 

 

 

Среда 11.10.2017

[12.00] Стопли Срце // Нано Бар

Другари, на 11ти Октомври од 12 часот во Нано Бар ќе има хумана забава  со наслов „Стопли срце”, Антифашистичка културно-забавна манифестација. Ќе се донираат јакнички за деца, собрани од неколку здруженија на граѓани, воедно и презентација на нивната работа. Ќе ве забавуваат диџеи и музичари со акустични инструменти.

 

[21.00] Whiskey & Blues //  Рок Кафана Рустикана 2.0

8 вида на виски/бурбон по промо цена од 100 денари и блузање со Saso и Jimmie а.к.а. InThe Mood блуз дуо.

 

[21.00] Wednesday //  Public Room

Put on your dancing shoes ^_^
Музичкото мени го склопи ConstantinV, а ќе има deep house музиче и по нешто од techno звуците 🔊

Резервирај на следниот линк:
https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/wednesday-public-room-7DKfw

 

[22.00] Damir Puh //  С26

3 Гонга ви најавува ексклузивна концертна промоција на деби албумот на Дамир Пух со насловот “Recollection”. Бидете и вие дел од атмосферата што ќе ја создаде гитарата на Дамир Пух и неговиот извонреден бенд.

 


 

 

 

Четврток 12.10.2017

[16.30] Thirstdays со Skopsko Smooth // Концепт 37

After-work Thirstdays со Skopsko Smooth продолжуваат во Concept 37! Во четврток на агенда е…

 

[18.00] Book promotion: The startup mixtape with Elliot Adams // Seavus Incubator

On 12th of October we will have the pleasure to welcome Elliot Adams from Techstars and Hult International Business school – San Francisco campus, as he promotes his newest book The Startup Mixtape.

The Startup Mixtape is a book dedicated to unravelling the complexities of building a technology startup that’s poised for scale. Based on over 100 interviews with VCs, startup founders, and executives, it combines their knowledge and experience with the best practices of startup ecosystems in Silicon Valley and beyond.

The talk will demystify three points that every startup founder has:
1. What’s a Startup vs. a Small Business
2. How and Why to “Do Things that Don’t Scale”
3. What Startup Investors are Looking For

 

[18.30] Отворен час со Синоличка Трпкова // Public Room

„Отворен час со…” е новата програма на Театар за сите. Ќе се случува еднаш месечно и ќе биде тематски одредена.

Освен поранешнитe и тековните посетители од групите за возрасни и средношколци, на Отворениот час ќе може да присуствуваат и сите оние кои ќе сакаат да дознаат нешто повеќе за темата на часот!

Филмската актерка и професорка на Факултетот за Драмски Уметности, Синоличка Трпкова, ќе биде нашата прва гостинка на првиот Отворен час на тема: разлики и сличности помеѓу филмското и театарското актерство.

 

[19.00] Eric Gales // Station 26

Настап на Eric Gales. Организција: 3Gonga.

 

[21.00] Валкан Експрес //  Рок Кафана Рустикана 2.0

Акустична дружба со дечките кои досега ги гледавте само на афтерворкови – Jordan Pilatov и Аце а.к.а Валкан Експрес.

 


 

 

 

Петок 13.10.2017

[13.00] Скејт во Влае – cash for tricks // ByPass Cafe

Во сабота, 14.10.2017 во Порта Влае, ByPass CafeXMKD.comRed Bull и Popcorn Skate Co. организираат скејт контест. Полека, но сигурне се враќа возењето скејт во западниот дел од градот, на платото на Порта Влае ќе има добра забава, возење и многу трикови, pop-up shop и добра музика што ќе ни ја пушта DJ Irie Scratch.

 

[17.00] Friday the 13th Lans, Game over, Vladodlak // Цреша Бар

Петок 13-ти е среќен ден затоа Цреша бар започнува со славењето од 17:00 часот со afterwork и сет на Владодлак. Потоа од 21:00 продолжуваат Game Over и Ланс до 01:00 по полноќ.

 

[17.00] Хип Хоп #Ретвитниоброк број 134 // Backyard Lounge Bar

Чујте и почујте драги сограѓани!
И овој петок ќе има собиранка ќе се готви, ретвита и мрда со прст! Се собраа хип-хоперите да готват заедно со екипата на Ретвитни Оброк! ДЈ Гоце ги покани Џака, Страјк, Паки, Чваре, Оки Доки, Дрази Драгс, Илич и други да вртат плочи и плескавици, да скречаат по рингли и скари и да се погрижат да ни биде забавно и вкусно!

Ќе биде обезбеден прибор за работење, сецкање, мешање, пакување и хигиенски ракавици – ваше е да дојдете, ретвитате, шизите, мрдате со прст и да готвите со нас!

 

[17.00] Fridaymeister //  Рок Кафана Рустикана 2.0

Од овој викенд петоците добиваат друго име – FRIDAYMEISTER!

Целодневна дружба со Jägermeister – шотови и mix drinks по промо цени секој петок.

Музичката програма е следна:
– Кириличен рокенрол за афтерворк со момците кои ги знаете главно од четвртоците – Audioskopje. Старт после 17:00 часот;
– Класик рок едукација со професорите: Gjore Andonov, Saso Najdovski и Zlatko Boombar Mihajlovski a.k.a Ring Road. Старт после 21:30 часот.

 

[20.00] Не се клади на Енглези // МНТ

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ
Режисер: Синиша Евтимов

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.
Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

Улоги:
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Билетите ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата во МНТ

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

 

[20.30] Интровертност – изложба на фотографии од Влатко Деков // Concept 37

Concept 37 и Paratissima Skopje започнуваат со серијата колаборативни настани на кои ќе се презентираат делата на домашните уметници. Почетокот на оваа соработка ќе започне со изложбата на фотографии наречена „Интровертност’ од Влатко Деков.

Денешниот свет ги фаворизира екстровертните луѓе. Креиран е според нивни норми и воопшто не е сензитивен за луѓето кои не се гласни, кои не зборуваат со секого за своите чувства, кои не се експонираат во јавноста, за луѓето кои најпрво чувствуваат а потоа преземаат акции.

 

[22.00] Shamba Jazz Trio // Бруклински Џез Бистро

Викендот започнува со Шамба Џез Трио (Бојан Петков – гитара, Пенче Кралев – бас, Славчо Коцев – тапани). Бидете во Бруклински, расположени за убава музика и одлично мезе.

Резевирајте на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на фејсбук профилот на Бруклински.

 

[22.00] Audiobahn – Diah – Live Video Stream // Излет

Продолжува серијалот со Audiobahn. Овој петок на гости е младата, талентирана и убава DIAH.

 

[23.59] Онија // Браво Бар

Поштовани публикуме, овој петок Онија ќе си посвират во Браво Бар па улетајте на дружба и пијачка.

 


 

 

 

Сабота 14.10.2017

[12.00] Акустичен доручек со Minstrel’s Gallery // Жданец

На 14ти октомври (сабота), во 12:00 на пладне, ќе се случи акустичен настап на отворено, проследен со доручек што ќе го подготвуваат нашите другари. Настанот ќе се одржи на брдото над населба Жданец, едно од нивните омилени места за дружење и гозба.

Збирно место: 11:30 пред ул. Девол 23б (Кај гитаристот и флејтистот пред куќа). Од таму до брдото има околу 15ина минути пешачење.

Тие што ќе доаѓаат со автомобили, пожелно е да ги паркираат доле во населба.

 

[13.00] 19 Години Џез.Фм [100.8] // Излет

Џез.фм слави роденден.
Целодневен настан на кој ќе настапат:
* Бојан Петков трио + гости
* The Boppers
* Бојан Чакра
* Игор Спироски
* Uzun Baba

 

[14.00] Бургер промо //  Рок Кафана Рустикана 2.0

Стандардно бургер промо од 14:00 – 18:00 и 20% попуст на сите бургери, а вечерта дружба со Marko Kuma Markovic и Владимир Чадиковски – Црни. Старт после 21:30 часот.

 

[20.00] Танц на рацете – отворање на изложбата на Сергеј Андреевски // Галерија Акантус

Почитувани пријатели,

Со особена радост би сакале да ве поканиме на отворањето на самојстојната изложба на академскиот сликар Сергеј Андреевски, „Танц на рацете“.

Марина Лешкова, куратор на оваа изложба ќе напише: „Пред нас се делата на Сергеј Андреевски кои ја носат пресудната улога во неговото творештво, а тоа се доживеаните спомени од детството. Во сликите целиот опус се нанижува во една логична нитка, матрица пренесена од неговите древни претци на македонското поднебје. Каде и да е тој е дома, сликите се неговиот дом.“

 

[22.00] Toni Kitanovski & Asan Rashid // Бруклински Џез Бистро

Во Бруклински, во сабота (14.10.2017), те очекува забава која што ќе ти ја исполни вечерта со различна, маркантна музика и највкуснотоо мезе.

Резевирајте на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на фејсбук профилот на Бруклински.

 

[22.00] Saturday // Public Room

Кате Веск Квартет те носат на одлично музичко патување со звукот на Peggy Lee и Sarah Vaughan.

Кате Веск – вокал
Сашо Николовски – клавијатура
Зоран Павловски – бас
Антоние Весковски – тапани

 

[22.00] ∆|Tr Native State // Nano Bar

Come to create together an ∆ltrNative State
An ∆ltrNative State where the present will be gone, fantasy would be part of the reality so we could take the brakes off.  An ∆ltrNative State where we will think clearly and not thinking at all… and it would feels right…
An ∆ltrNative State where we will stop trying to control things and we will go somewhere else…

 

[23.00] George Adi at Skopje Dance // Минус Еден

GEORGE ADI (SHIFT Digital Audio / Non Collective)
Thessaloniki, Greece

https://soundcloud.com/george-adi
https://www.facebook.com/GeorgeAdiOfficial

Влез: 300ден @Kino Karposh

 


 

 

 

Недела 15.10.2017

Наскоро..

 

Comments

comments