Пред 6 години, Kanye West го промовираше тогаш новиот албум „My Beautiful Dark Twisted Fantasy“, преку инвентивна маркетинг стратегија – во период од 15 недели (пред официјално да излезе албумот), Kanye објавуваше по една нова песна, секое петочно попладне или саботно утро. Целата оваа кампања беше наречена „G.O.O.D. Fridays“.

Сега, додека Kanye се спрема да го објави својот нов албум (кој би требало да се вика „SWISH“ и кој можеби ќе пристигне во февруари), по се изгледа ќе ја искористи истата маркетинг-тактика. Така да, очекуваме по една нова песна од Kanye на почетокот од секој викенд.

Денес тој ја пушти првата. Слушнете ја тука.

 

 

Comments

comments