Фотографии: Дејан Бошковски
Видео: Зоран Зонде Стојановски
Модели: Ивана Гелева, Горјана Кулишевска, Андреј Клинчаров и Mio Petersson
Каскадер: Шанти Шев
Облечени во новата колекција на Катарина Лука (KaLi Rose) „Soul On Fire“

 

 

 

„Soul On Fire“ е најновата колекција на KaLi Rose, брендот зад кој стои младата модна дизајнерка Катарина Лука.

Катарина е светски патник, а најчесто живее на релација Македонија – Бали – Шведска. Нејзините креации се произведуваат во Македонија и Бали а инспирацијата за името е од Индија но, и естетиката на брендот, затоа што Кали е хинду божица, „кал“ е санскритскиот збор за време, а „калу“ на индиски значи црна боја (која доминира во „KaLi Rose“).

Креациите на Катарина Лука првпат ги забележавме пред половина година на Модниот викенд во Скопје, и веднаш нѐ освоија со пост-апокалиптичниот стил. Ни се допадна начинот на кој се дрски и футурустички, а истовремено носат безвременска црна елеганција. Може да се купат онлајн на Etsy.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments