На 6 јуни во Градски парк Скопје се одржa проекција на отворено на македонскиот хит „Исцелител“, која беше организирана Град Скопје, Кино Милениум и МКЦ и од посетена од околу 5000 луѓе. Втората ваква проекција ќе се одржи на 21 јуни.

Овој четврток, со почеток во 22.00 часот, на ледината близу 8 чешмички (просторот помеѓу споменикот на Гоце Делчев и јужната трибина на Градски стадион), на истиот простор од првата кино проекција од серијата, ќе се случи проекција на македонскиот документарен филм „Avec l’amour“ на режисерот Илија Цветковски и продуцентот Атанас Георгиев.

 

 

„Avec l’amour“ ја раскажува приказната на Дионис, скромен, фамилијарен човек, професор по биологија во Неготино. Неговата најголема пасија се автомобили, па оттаму станува колекционер на олдтајмери, а неговата цел е да отвори музеј во својот роден град. Дионис наиудува на потсмев, негодувања и финансиски проблеми, но неговата љубов и желба се посилни.

Влезот за проекцијата е бесплатен, а од страна на организторите ќе биде обезбеден превод за филмот на англиски јазик, како и lotus chairs/bean bags, храната и пијалоците се на „ваша сметка“, и се разбира, сите отпадоци, како и минатиот пат, ќе треба самите да си ги соберете и фрлите во отпадните канти.

 

Comments

comments