После огромниот успех на првите две летни проекции на отворено во Градски парк Скопје, овој четврток и петок, на исто место, со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи проекција на два филма.

Септемвриските изданија на „кино на отворено“ продолжуваат со проекции на филмовите „Irrational Man“ (13.09.2018) на Woody Allen и „La Grande Belleza“ (14.09.2018) од режисерот Paolo Sorentino во Градскиот Парк во Скопје, односно на Школка.

Влезот за проекцијата е бесплатен, а од страна на организаторите ќе биде обезбеден превод за филмот на англиски јазик, како и lotus chairs/bean bags. Храната и пијалоците се на „сметка“ на посетителите, а се разбира, и отпадоците за кои се очекува посетителите самите да се погрижат.

 

Comments

comments