1968 беше година која го размрда целиот свет.

Во САД се протестираше против учеството во војната во Виетнам, во Париз се бараше културна револуција, Чехословаците дигаат бунт против комунизмот на ССР, во Белград се бунеа против растот на црвената буржоазија и бараа поправеден социјализам… А во сите овие бунтови, забележлива е револуцијата за сексуалните слободи и половата рамноправност.

Ова лето изминува половина век од бурната 1968 година. По тој повод во Кинотека на Македонија организира: „Филмови за ’68: Половина век од полов(н)ата револуција“. Така, на 17-ти септември (понеделник) ќе има проекција на чехословачкиот филм „Случај за неискусниот џелат“ од 1970 година. На 18-ти септември ќе биде прикажан бугарскиот филм „Агресијата“ од 2015 година. Следните два дена ќе има проекции на познатиот „Dreamers“ (2003 година) и документарни филмови од СФРЈ „Избор од филмски новости“. Настанот ќе заврши на 21 септември (петок) со новиот македонскиот документарен филм „Утопија“ (2018 година).

Сите проекции започнуваат од 20.00 часот. Детали за филмовите има тука.

Настанот е во организација на Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Чешка во Македонија, Чешкиот центар во Софија и Македонската радио и телевизија.

 

Comments

comments