Фотографиите се од нашето интервју со Дина Дума објавено 13.02.2017

 

Кинотека на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт кина во Европа од страна на блогот Spotted by Locals.

На блогот за патувања, Spotted by locals, се објавени водичи за вкупно 71 град кои се креирани од вистински локалци од градот за којшто пишуваат, го зборуваат локалниот јазик и споделуваат за нивните омилени места во градот.

Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично се запознаваат со локалците кои пишуваат за нивниот блог. Можеби не е The Guardian или The New Yorker, но сепак сме возбудени што парче од скопската културна сцена се наоѓа на листа за „најдобрите работи во Европа“. 

 

 

Во продолжение е извадок од статијата на Spotted by Locals наречена Europe’s best Art House Cinemas во кој се наоѓа Кинотеката, а чиј автор е Бојана Трајковска:

„Скопје има прекрасно арт-кино во кое се чувствувате како во музеј на филм. Кинотеката главно се фокусира на независниот филм и документарци. Речиси секој месец се одржуваат ретроспективи и филмски ревии посветени на филмови од одредена земја. Кинотеката е посветена на презентирање на суштинската филмска уметност“.

 

Comments

comments