Добиј копија од книгата „На крајот на денот” на Kazuo Ishiguro од Книжарница ТРИ. Лајкни го статусот на Facebook и тагни го твојот пријател/ка (во Facebook коментар) на кого би му се допаднала оваа книга. Добитникот ќе биде одреден на 10.3.2017 (петок) во 12.00 часот.

Повеќе сакате филм или книга? Што ако е филмувана книгата што сте ја прочитале? Тежнеете да правите компарација меѓу книгата и филмот? Сакате првин да ја прочитате книгата или да го гледате филмот па да ја читате книгата?

Нам ни се случи првин да го гледаме филмот (и тоа години наназад) и после да одиме во Издавачкиот центар ТРИ“, во просториите на кафе-книжарницата „ТРИ“ (Дебар маало) на ул. „Аминта Трети“ бр. 33, и од полиците да си ја најдеме книгата. Арно ама не бевме свесни во моментот за тоа дека си ја бираме книгата чија филмувана верзија сме ја гледале одамна.

И гледаш дека како што читаш сѐ некако познато ти е: и дијалогот и настаните… и си велиш: Зарем е можно да ми се случува Déjà vu? И пробуваш да анализираш на план на нарација па согледуваш дека има две наративни линии кои се следат: линија на ЛИК – индивидуален аспект на видување на нештата, лична историја и биографија, и општествено-социјална, односно линија на колективната историја во време пред и по Втората светска војна. И си велиш: „па добро, си прочитала многу текстови, јасно е дека е можно да ти биде нешто познато или да се препознаваш во други текстови, што не значи дека ова дело е помалку уникатно“. Моментот кога самото дело споменува и други веќепостоечки текстови, или се повикува на постоечки документи, материјали, историски потврдени и објавени, зборуваме за постапка на интертекстуиалност што му дава на делото печат на реализам.

 

 

Иако немам обичај нешто многу да ги паметам имињата на ликовите, туку самата постапка на авторот при описот на ликовите, сепак нешто тука ми „мирисаше на веќе слушнато/видено“. Па зедов да си повторам некои од филмуваните дела на Достоевски, Толстој, Чехов, макар и во руска варијанта, но не, никако да успеам да се сетам.

Кога веќе дојдов до сцената на смртта на таткото на главниот лик и страшно-добриот опис на неговата воздржаност, строгост и со ниту една црта на лицето не покажа никаква емоција, туку заради принципот и запазувањето на вистинската вредност продолжи со својата ЗАДАЧА и должност да му служи на својот господар како добар батлер- Еурека: филмската адаптација на овој роман, снимен во 1993 година со главните улоги на Anthony Hopkins и Emma Thompson, номиниран за дури осум награди од Филмската Академија.

Па зарем е можно да не се сетам на филмот The remains of the day?! Брилијантната изведба на ликот на батлерот од страна на Anthony Hopkins не верувам дека не сте го виделе во овој филм. Но, мора да ве предупредам: книгата воопшто не е иста како филмот, тука имате многу повеќе емоции. Едноставно, оти додека во филмот истовремено ви се случуваат повеќе кадри и ситуации, во книгата мора да ги доживеете едно по едно. Оттука, (да си поиграме малку со тафтологијата) на крајот од денот Ви ја препорачуваме „На крајот од денот“ од Kazuo Ishiguro. Нема да згрешите ако одите по „Партизанска“ и скршнете десно кон Издавачкиот центар ТРИ“, во просториите на кафе-книжарницата „ТРИ“ (Дебар маало) на ул. „Аминта Трети“ бр. 33. Книгата е добитник и на Букеровата награда за оригинално новелистичко книжевно дело.

 

#SmartIsTheNewSexy  #ВљубениВоКнигата #ОдУмотНаЛилјана

#ВерувамВоЉубовНаПрваСтраница #ЧитамЗначиПостојам #RebornBookClub

 

Comments

comments