Добиј копија од книгата „Пат” на Miguel Delibes од Книжарница ТРИ. Лајкни го статусот на Facebook и тагни го твојот пријател/ка (во Facebook коментар) на кого би му се допаднала оваа книга. Добитникот ќе биде одреден на 27.04.2017 (четврток) во 12.00 часот.

Не знам дали насловот „ПАТ“ (шпански – El Caminо,  што потсетува на насловот на една песна од Gipsy Kings) или точакот на насловната (планирам веќе подолго време да си купам точак) ме привлече да ја купам книгата.

Едноставно, некогаш книгата ја купувате оти некако ве допира, а и самите не знаете како и зошто. Авторот нималку познат за мене, додека не го изгуглав – Miguel Delibes – современ шпански автор, со над 20 дела и признанија, меѓународна почит за неговата книжевна оставштина и значајни награди за достигнување во книжевноста: „Сервантес“, наградата „Надал“, „Принцот од Астуријас“, итн. Доволно информации за да се најде книгава на сечии полици…

Она со што воодушеви авторот во овој роман, за приказната за едно дете кое се подготвува да замине на пат, е тоа што вие читате роман чии дејства се случуваат во само една ноќ, а всушност се опишуваат случки за период повеќе од десет години.

Близу дванаесет години раскажани во дванаесет часа непроспиена ноќ на главниот лик.

Маестраелен е потегот, дотолку што вие и не сте свесни дека времето на раскажувањето не соодветствува со времето во кое тече приказната.

 

Miguel Delibes

 

Таквото поимање на времето, како културна категорија, овде делува како линеарно претставување на еден историски, социјално-општествен контекст на случување на настаните. Но, всушност е една ретроспектива за веќе поминато време. Нема да најдете таков опис на нештата освен на филм, каде што многупати ја користат оваа техника, т.е. постапка со секцирање на времето во дискурсот на епизоди кои навидум линеарно „си течат“, а всушност е една фина ретроспектива. Ќе се изгубите во тој временски вакуум од прашања „Чекај сега, кога се случило ова? Аха, значи ова е сега, а ова што го зборуваше всушност се сеќава?“

Кога ќе ја прочитате книгата Вам ви се случува токму оној момент кога излегувате од кино-салите штом сте гледале филм кој го „меша“ времето на дискурсот и времето на приказната/настаните во неа.

Времето на дискурсот е, во некоја смисла, линеарно време, додека пак времето на приказната е плуридимензионално. Повеќе настани можат да се одвиваат истовремено; меѓутоа, дискурсот задолжително мора да ги постави во низа едни со други.

Таквата постапка само ја олеснува работата за полесно да се направи адаптација за телевизиски серијал и филмска адаптација на овој роман со најпознатиот шпански режисер Ana Mariscal .

Филмска постапка од ваков тип е и времето на раскажувањето во „Пред дождот“ од Милчо Манчевски, а ќе ја препознаете и во некои филмови на Pedro Almadovar.

Книгата ќе ја најдете во Книжарница „ТРИ“, во просториите на во Дебар маало, на ул. „Аминта Трети“ бр. 33.

#SmartIsTheNewSexy  #ВљубениВоКнигата #ОдУмотНаЛилјана

#ВерувамВоЉубовНаПрваСтраница #ЧитамЗначиПостојам #RebornBookClub #ИсклучиНотификации #ПродолжиДаЧиташ 

 

Comments

comments