Ако ви понудиме книга за читање, во која се зборува за убиство, во време кога се слави Halloween, и нема да ви е така чудно, нели?! Се фативме за насловот на книгата, „Убиство во хотел Босфор“, кој патем многу ни наликуваше на култната „Убиство во Ориент експрес“ на Агата Кристи. И тука нема сомневање.

Авторот веќе игра и со насловот на книгата поврзувајќи ја со најдобриот крими писател, кој има напишано 66 детективски романи, третирајќи содржини полни со убиства, хорор приказни, суровости и секакви –ми –ти ликови. Е сега, ако сé уште сакате да читате вакви содржини, тогаш вистинско време е за оваа книга.

Актерска екипа се собира во Истанбул (впрочем речено толку многу пати се спомнува Истанбул во сите јазични варијатни на именка и придавка- Истанбулски, што после читањето на оваа книга нема шанси да го згрешите во правописна смисла и евентуално да го напишете со М), за да снима филм. При нивното доаѓање се случува убиството на режисерот на филмот, а главниот лик, кој е сопственик на книжарница што продава детективски романи, се наоѓа во средината на сите случувања.

 

b47172eb-42b6-4114-b329-d7cd7f065977

 

Зошто е добро да се читаат детективски романи?!

Ми ја ставија пред нос Агата Кристи уште во основно школо од Градската Библиотека, каде што редовно позајмував книги. Жената што работеше таму ми рече: „Исчитај ја Агата, за да можеш да навлезеш во суштината на пишувањето на еден уметнички текст.”

Тогаш не ја сфатив, ги исчитав со жар и будност додека не се откриеше кој е убиецот, а верувајте тоа А. Кристи добро знае да го прави. Мислев дека само сакаше жената да ме навлече да читам одреден тип на романи.

Денес мислам дека целосно ја сфаќам пораката: Детективските романи всушност се врв на пишувањето, на творењето на уметничка литература, особено проза. Зошто?! Затоа што мора да му најдат место на секој детал.

Тц, не може да пројде ништо незабележано. И мора да биде сето тоа професионално поткрепено од повеќе области. Значи пишувачот на детективски романи мора да ја има совладано цела материја претходно од областа за која пишува за да не му избега некоја реченица, која патем не би требало да ја има. Знаете, во таквите романи нема ништо случајно, ама баш ништо случајно. Сите детали и информации се таму ставени намерно. Авторската генијалност е да ги стави во точно време и место во романот, односно во случувањата. Случајности има само во животот. Во детективските романи има само парчиња од загатка. А вие само замислете дека си играте puzzle. Го знаете моментот кога веќе сте ги наредиле сите парчиња од мозаикот и ви се потврдува она што сте го претпоставувале веќе подолго време, па на сиот глас велите: „Е знаев, знаев, дека вака ќе излезе, дека Тој/Таа е убиецот!“ Ете за тој миг читаме, за тој миг кога сте полни самодоверба заради вашата добра проценка и аналитичност што сте ја покажале и што сте го извежбале умот да внимава на деталите. Ете за тие вештини ми зборувала жената од Градската библиотека.

Ете затоа, „Убиство во хотел Босфор“ треба да ја имате в раце. Ќе ја најдете во книжарницата „Антолог“ или дојдете вечер на литературна журка во „Јавна соба“, понеделник, 31 октомври, 20 часот, каде што турската писателка Есмахан Ајкол ќе ја добие првата награда „Букстар“ за најчитана книга во 2016 година.

 

Comments

comments