Добиј копија од книгата „Другата“ на Марија Лозаноска од Клуб Матица. Лајкни го статусот на Facebook и тагни го твојот пријател/ка (во Facebook коментар) на кого би му се допаднала оваа книга. Добитникот ќе биде одреден на 16.2.2017 (четврток) во 12.00 часот.

Дали некогаш ви се случило, сакајќи да ја слушнете „The other side” од Evanescence, YouTube да ви ја понуди „The other side“ од Bruno Mars или „The other side“ од Pendulum или „The other side” од Billy Ray Cyrus, или уште мал милион песни со исти наслови?

Ние избројавме точно 7 музички синглови со ист наслов „The other side”. Ама не звучат сите исто, нели?!

Иако сите музички синглови носат ист наслов, воопшто не пеат за иста тема, ниту пак пренесуваат иста порака. Различни музички стилови, различни вокали, а сепак истиот наслов е причина да откриете што ги разликува еден од друг. Тоа може да го направите ако ги гледате и официјалните видео-записи на овие музички синглови. Раскажувајќи ви видео-приказна, секој музички сингл ќе ви раскаже поинаква приказна.

Истото ни се случи и со книгите: Најдовме две книги од македонски жени –авторки, кои на својот роман му го дале истиот наслов: „Другата“. И тоа веќе нѐ поттикна да ги прочитаме и двaта романа.

Наградата „Рациново признание” ја добива Лилјана Ефтимова за романот „Другата” во 2006 година и обработува тема за „Другоста“ од повеќе аспекти. Она што е карактеристично за овој роман е што раскажува фотографски – како да ви зумира делче по делче од сетингот, како да го доловува секое ќоше од наративната приказна, раскажувајки и она што е ВО сликата и она што е НАДВОР од неа. Го опишува и присутното и празното. Да имаше видео-запис овој роман веројатно немаше да одлепиме очи од него.

 

 

Наспроти тоа,  вториот роман со ист наслов – „Другата“, новиот роман на Марија Лозаноска, во издание на Club Matica, раскажува за случките на една Ненси која едноставно се бори со самодовербата. Ние тука воопшто не сретнавме постапка на „детални описи“, напротив имате филмска проекција на дејства кои се редат едно-подруго, но не навлегувате во големи детализации и психологизации и просторни описи кои сакаат да бидат дел од ликот, како во првиот роман со истиот наслов.

Она што ги спојува, освен истиот наслов, е и вметнатиот графички издвоен наратив кој го има тук –таму во двата романа и игра доста значајна улога (ќе го препознаете оти е напишан во italic font) – во музиката тоа би го нарекле „втор вокал кој звучи како да се пее во дует, но не се истакнува на музичката сцена за да биде самостоен“.  

Овој дел е вториот глас, односно потсвеста или под-текстот во рамки на текстот. Расцепувањето на гласовите (и во музиката и во литературата) е всушност постапка на раслојување на главниот лик – на можна психологизација и импликација на внатрешни борби. Интересно е што и двете авторки ја употребиле истата постапка за сосема различни теми и на сосема различен начин во романот. Всушност, тој „разглас“ Лозаноска го користи како мотивираност на лик за нејзините постапки. Како и да е, најубавите песни секогаш се испеани во дует, нели?!

Ние овојпат ви ја препорачуваме за читање и уживање во поетските двогласја на „Другата“ од Лилјана Ефтимова, печати „Југореклам“ Скопје, 2002; а ви ја подаруваме „Другата“ од Марија Лозаноска, издавач МАТИЦА МАКЕДОНСКА, Скопје, 2016.

Прочитајте ги сепак и двата романа и одлучете чиј „дует“ пее подобро.

#RebornBookClub #ОдУмотНаЛилјана

 

Comments

comments